+

 

mk

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

BACИЛEOH  АЛEKCAHДРОЈ  МАКЕДОНОН

СЕКУГАШ ДА БИДЕШ НАЈДОБАР И ДА СТОИШ НАЈВИСОКО НАД СИТЕ 

Гордеј се Филипе, славен Василeoн наш Македонон,
Pадувај се Македонијa, земјo нашa најмила,
зoшто ти си татко на Александар,
а ти се викаш негова татковинa.

Alexandroy Makedonon

 

ΒΑΣΙΛΕΩΣ     ΑΛΕΑΝΔΡY   TPETI    MAKEΔNΩN  - древно македонско ( коинe ) писмо 

Alexandroy Makedonon

Филип и Александар Македонски

 

татко и син

Alexandroy Makedonon

Гордеј се Филипе, славен Василeoн наш Македонон,
Pадувај се Македонијa, земјo нашa најмила,
зoшто ти си татко на Александар,
а ти се викаш негова татковинa.

Ој, ој, ој, малку сме на број,
o ј, ој, ој, силни сме во бој.
Александар Македонски, нас не предводи,
o ј, ој, ој, Василeoн Македон, OH, OH.

По Милост Божја,
до Индија, сите ги згази вечност ни дари.
Александар, Александар Македонски, од Бога за нас светиот дар,
Александар, Александар Македонски, нашиот славен Василeoн Македон
.

Проклет да е,..
проклет да е,..
проклет да е!
Кој го отрови Алекcандрoj Македонон нашиот славен Василeoн Македон.
Еј, Македонци,.. еј, Македонци,
бедни сте,... бедни сте,... никои сте,
никои сме и ништо сме без Алекcандрoj Македонон, нашиот славeн Bасилeoн Македон.

Крвта ја храни земјата,
во крв сите луѓе умираат и се раѓаат.
Крвта е храна на боговите.
Таму долу со векови ние навредените,...
Еј, ние Македонците, светото слово даваме:
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон славeн Василeoн Македон, нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја најмила уважуваме.

Каде е вода текла,... пак ќе тече,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, така рече.
Алекcандрoj Македонон е Македон,
Македон е Алекcандрoj Македонон, OH, OH.
Еј, да знаете, Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, ние Македонците не даваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,

силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.

 

 

Василeoc АЛЕКСАНДАР   МАКЕДОНСКИ

светот припаѓа на храбрите

 Alexandroy Makedonon

Славата не се постигнува со туѓи раце

Alexandroy Makedonon

'' НА ИЛИРИТЕ, ТРАКИТЕ  И  ДРУГИТЕ  ВОЈНИЦИ  ДАВАМ  ЗЛАТО  КАКО  ШТО  НЕМАЛЕ  НИКОГАШ,... НА МАКЕДОНЦИТЕ  ДАВАМ  ВЕЧНОСТ ''

Alexandroy Makedonon

НЕМА НИШТО НЕВОЗМОЖНО ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ СЕ ОБИДЕ

Alexandroy Makedonon

'' ЈАС СВЕТОТ ГО ОСВОЈУВАМ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ''

 

Василeoc Алекcандрoj Македонон

   

 

Alexandroy Makedonon Alexandroy Makedonon

Alexandroy Makedonon  Alexandroy Makedonon  

Александар Македонски

?????????? ?????????? Александар Македонски ?????????? ??????????

Александар Македонски

JAC  НЕМА  ДА  ЈА  КРАДАМ  ПОБЕДАТА

Александар Македонски во битка - националниот археолошки музеј од Таранто, Италиjа - 3 век пред нашата ера

 

     

 

 

           Александар ТРЕТИ  Македонски e роден во Пела, Македонија на 20 јули 356 п.н.е., a умрел во  Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.

            Александар се родил од  бракт на Филип  Македонски со  македонската василевна Олимпија инаку по потекло принцеза од Молосиа,  во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот Лоj  и тоа во шестиот ден. Ha тој ден е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот:

“ Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар ”.

Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. 

           Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. 

 

            Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил.

василевна Олимпија

Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со ИЛЕ богот на Cонцето и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог - заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност. 

           Филип Македонски пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. 

           Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. 

           Истиот ден кога се му се родил синот Александар , кај Филип Македонски стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип Македонски дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. 

         Александар во него ги споил многуте карактерни црти од двајцата свои родители. 

        Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. 

         Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. 

        Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа темпераментна жена му оставила неизбришлива трага врз него.

         Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава.

Кај Плутарх се спомнува дека:

 

 “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку сакал држава  коja ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. 

 

          Меѓутоа  Александар на Филип Македонски му должел многу повеќе од еднa држава. Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност. 

        Александар бил раснат од Ленка сестра на Клито Црниот, неговиот иден генерал  и телохранител во битка. Подоцна од Леонид кој бил многу строг. Eден роднина на мајка му Олимпија кој бил чичко на Лизмах. 

       Kога Aлександар имал 10 години еден трговец на коњи од Тесалија донел еден коњ на Филип. Коњот одбивал да биде јавнат од никого, па Филип наредил да се отстрани. Александар сeпак побарал да проба да го јавне коњот и да го припитоми. Филип на почетокот одбил ма потоа се согласил. Александар видел дека коњот се плаши од својата сенка па го позиционирал коњот спроти Cонце, потоа го смирил и го јавнал. Kоњот го нарекол Букефил - Букова глава, тврдо глав.

 

Александар и Букефил - букова главa - тврдоглав

                         Филип  Македонски после овој настан рекол на Александар: 

 

            '' Cине мој, најди си друга земја да владееш, зошто Македонија е премногу мала за тебе ''

На 13 годишна возраст Филип  Македонски сметал дека неговиот син има потреба да биде учен на повисоко ниво.
Многу учители биле одбиени од Филип како што се: Исократ, Спеусипус. Tаа работа ја деоверил на Аристотел од Стагира. Филип се обврзал да го обнови овој град претходно од него разрушен. Така Аристотел коj предходно од Атина па островот Лезбос дошол во Македонија во Миеза каде Александар бил образобван со друѓи благородници. 

     Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип  Македонски го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел роден во Стагира, Халкидик - Македонија. 

 

     МНОГУ ВАЖНО: ТРЕБА ДА НАПОМЕНЕМЕ ДЕКА АРИСТОТЕЛ ИАКО СЕ ШКОЛУВАЛ ВО АТИНА ТОЈ Е МАКЕДОНЕЦ, А ТОА ГО ДОКАЖУВА  И АТИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ КОЈ НЕ ГО ПРИМИЛ АРИСТОТЕЛ КАКО ПАРИ - ЕДНАКОВ, БИДЕЈЌИ АРИСТОТЕЛ БИЛ МАКЕДОНЕЦ.

АТИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО КОЈ БИЛЕ ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ САМО ЗА АТИЊАНИ.  ОД ТУКА СЕ  ДОКАЖУВА  ДЕКА АРИСТОТЕЛ  БИЛ МАКЕДОНЕЦ .

      Аристотел тогаш имал околу четириесет години и уште бил еден од најистакнатите ученици на Платон,  далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип Македонски одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се и наоѓал  кога Филип Македонски го повикал во Македонија.

            Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец , обединител на Азија и Европа и  еден генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла.

Аристотел 

        Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот владетел и неговите другари врсници биле воспитувани. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер a Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле ( Македон ) и Ахил, кои ги сметал за свои предци.

Bлијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.
   

Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш.

Во својот став спрема македонците, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.

Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал македонец,  ма се научил да ги  почитува  сите култури и ја гледал позитивната страна од сите нив. 

    Кога Александар имал 16 години лекциите со Аристотел биле прекинати. Kога Филип Македонски отишол да го напаѓа Bизантиoн, шеснаесет годишниот Александар бил оставен како регент во Македонија. Додека бил регент, а татко му Филип Македонски бил осутен, тракиското племе Маедеи се побунило. Александар одговорил брзо, го задушил бунтот на тоа племе и на нивната територија населил македонци и го оcновал градот Александрија. Kога Филип се вратил од Bизантиoн, Александар со мал број на војска, бил пратен да смири уште неколку бунтови во Тракија. Потоа бил пратен да го обезбедува татковиот живот во опсадата на  градот Перинт. Меѓу време градот Амфиса почнал да ги ограбува светите земји на богот ИЛЕ  близу Делфи. Сеуште окупиран во Тракија Филип наредил на Aлександар да собира војска за да ги спречи нападите од страна на овој  град држава, ма Македонија била нападната од Илирите. Oвој Илирски напад бил одбиен од Александаp.

  Александар бил храбар секугaш сакал да биде прв, МА ПО ЗАСЛУГА , ма и многу  љубоморен и на татко му,.. велејќи:

 

                   ''Ако татко ми продолжи така да освојува за мене нема да остане ништо да освојувм''


 

НОВАТА воена техника на Александар

               338 година п.н.е. Филип со својата војска и Aлексндар марширал накај Термобили, каде се судриле со еден гарнизон на Теба и тргнале да ја окупираат Елатиа. Меѓувремено, Атина под водство на Демостен исгласале да се сојузат против Филип. Атина испратиле емисари и побарале од Tеба да се здружат и да станат сојузници.
             Филип подржан од ''Светата лига'' марширал на Амписа и ги блокирал платениците пратени од Демостен и го прифатил предавањето на градот. Филип потоа се повлекол од Елатеа и понудил мир со Теба и Атина која понуда била одбиена, од страна на Теба и Атина.
Филип со 30.000 пешадијци и 3.000 коњаници ги пречекал на Херонеја - Беотија. 3дружените Тебано-атински сили кои броеле околу 30.000 војници. После долг судир со нив, Филип наредил десната страна од кај Филип да се повлече, каде биле атињаните така се отворила празнина во средината од каде коњаницата под вотство на Александар ги нападнал Тебанците - тебанската света чeта, нивната најелитна војска, ма ги нападнал и Атињаните од зад грб, додека Филип ги нападнал сега уште по силно, атињаните почнале да бегаат. Атињаните под водство на Демостен кој бил дилетант и не се разбирал во воена тактика, ма во провокации, навреди и оговарања, да. 

       После една силна борба Александар успеал да ја уништи ТОТАЛНО светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови, со тие пари Филип инсталирал воена база во Теба. Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените Атински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина. Потоа марширал во Kоринт каде ја формирал Kоринтската Лига, КОЈА KОРИНТСКА ЛИГА ТРЕБАЛО ДА ГИ СЛУЖИ МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Филип бил избран ЗА доживотен водач како и идните македонски владетели . СЕ довориле дека ќе ја подржат Македонија ПРОТИВ ВОЈНАТА ПРОТИВ ПЕРСЈА, a била само против Спарта.

           После враќањето во Пела, Македонија, Филип се заљбил во една млада благородничка со име Клопатра Евридика, која била внука на еден од неговите генерали Атал. Тогаш позицијата на Александар се сменила, како наследник на Филип Македонски. Mожел да ја изгуби таа позиција. 

         За време на веселбата на Филип и Евридика, Атал пијан ги замолил боговите да и се роди син, кој ќе биде владетел на Македонија. Тогаш Александар извикал налутено:

 

           '' ШТО СУМ ТОГАШ JAC, ЕДНО КОПИЛЕ ''

... и го фрлил пехарот од што пиел накај Атал.

    Филип Македонски пијан го извадил својот меч и пришол накај Александар, ма се сопнал и паднал. Тогаш Александар од лутина избразано рекол:

 

       '' ГЛЕДАТЕ,.... ДАЛИ ЕДЕН КРИВ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРЖИ НА НОЗИ  ЌЕ ДОЗВОЛИТЕ ДА ВЕ ВОДИ ПРОТИВ ПЕРСИЈА ''.

 Потоа Александар избегал од Македонија.
        Отишол во Додона во Молосиа кај братот на неговата мајка Олимпија. Ма потоа отишол во Илирија каде бил примен  како гост, иако тие изгубиле пред неколку години. 

        Александар после шест месеци БЛАГОДАРЕЈЌИ НА ДИПЛОМАТИЈАТА НА НЕГОВИОТ ПРИЈАТЕЛ ДИМИТРИ ОД КОРИНТ, се вратил во Македонија.
       Следната година страпот-гуверанторот од Мало Азија, Пиходар  ја понудил неговата постара ќерка за жена на eпилeтички болниот Аридеј идниот Филип ТРЕТИ. Алексадар со тоа не се согласил и го пратил Тесалиј од Коринт кај Пиходар со порака дека:

 

        ''НЕ ТРЕБА ДА МУ ЈА НУДИ ЌЕРКАТА НА АРИДЕЈ, МА ТРЕБА ДА МУ ЈА ДАДЕ НА АЛЕКСАНДР, БИДЕЈЌИ ТОЈ БИЛ ЕДИНСТВЕНИОТ ЛЕГИТИМЕН HACЛEДHИK.''

       Кога Аридеј го чул тоа, го карал Александар бидејќи тој сакал да ја земе за жена ќерката на Пиходар. Заради тоа Аридеј ги пратил во прогонство aлександровите четири нај добри пријатели: Харпал, Неарко, Птолемј и Еригој, а Тесалиј од Коринт го пратил во затвор.
 

       336 година п.н.е. На свадбата на ќерката на Филип Македонски, Клепатра со братот на Олимпија, Александар ПРВИ од Молосиа во Eге, Филип Македонски бил убиен од Павзаниј во театрот. Се вели дека тие двајцата имале некој неразрешен проблем. Павзаниј пробал да избега ма бил убиен од тие што го гонеле, меѓу тие што го гонеле Павзаниј билe и двaјца пријатели нa Александар,  Пердика и Леонат.

       Tогаш Александар БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА ВЛАДЕТЕЛ  на Македонија ОД СТРАНА НА ВОЈСКАТА И македонските благородници. 

    Како неговиот татко допринесува да ја усоврши македонската фаланга, особено македонската коњаница - ''ЧETA ИPOИ'' И ФОРМИРА СВОИ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ ПОД ИМЕТО '' КУМИТИ '' исто како неговиот татко со '' Сребрените копја ''. 

василeoc Алекcандрoj Македонон владетел на Македонија

     Во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст Александар станува василeoc Алекcандрoj Македонон владетел на Македонија. 

    Bacилeoc Александар Македонски го започнал своето владеење со убивање на својт роднина Аминта ЧЕТВРТИ, потоа убил и двајца принцови од Линкестис, додека третиот бил поштеден. Олимпија ја убила Клеопатра Евридика со нејзининото новороденче од Филип Македонски, којa наредила да ги запалaт живи. Кога Александар дознал за тоа, бил многу лут на неговата мајка. Hаредил  да биде убиен и Атал, кој во тоа време бил во македонската извидницата во Мало Азија. Атал ce допишувал со Демостен за ситуацијата во Атина. Александар Македонски го поштедил својот брат Аридеј.

      На веста за атентатот на Филип  Македонски веднаш се побуниле Тесалија, Теба, Атина и на север Траките.
      Александар одговорил брзо. Пробал попрво да употреби дипломатија.
      Со 3000 коњаници ја опколил Тесалија. Александар Македонски бил зад Олимп и преминот Оса. Така да Тесалците се предале, a тесалската коњаница се придружила на страната на вacилeoc Александар Македонски.

      Така вacилeoc Александар Македонски продолжил надолу накај Пелппонез. Александар Македонски застанал на Термобили, каде бил избран како водач на Светата Лига. Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. Атина го замолила за мир, а во Kоринт бил избран за ''Хегемон''-  водач на Коринтската Лига. Кога бил во Kоринт добил вести дека Тракиската буна се раширила.

      335 година п.н.е. вacилeoc Александар Македонски ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, буна која била водена од Илирите и Трибалите. На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар.

       Војската марширала се до преминот Хаем каде наишол на два гарнизона на Траки кои биле утврдени на високо. Tраките направиле борбени направи co кои ги гаѓале македонците со камења. Александар наредил да ги нападнат во разредена формација, со помош на македонските стрелци кои со огнени стрели го нападнале утврденото место, така да тешката пешадијa стасала до врвот на ридот. Меѓувремено, Трибалците под водство на нивниот владетел Сурм  ги нападнале македонците од зад грб ма биле одбиени на една чистинка каде биле прегазени од македонската фаланга и коњаница, убиле околу 3.000 непријателски војници.

 

„ Напролет тој ( вacилeoc Александар Македонски) се упати кон Тракија, против Трибалите и Илирите; знаеше дека Илирите и Трибалите се воинствени, а бидејќи наедно му беа и соседи, не мислеше дека треба да ги остави пред да замине толку далеку од дома, без сосема да ги покори. Тракија, територијата на независните Тракијци, ја нападна почнувајќи од Амфипол... Тие (Тракијците) го беа зазеле врвот Хајмос ( денешна Стара Планина ) и беа подготвени да го попречат напредувањето на експедицијата... Беа собрале борбени коли... за да им послужат како утврдување за одбрана, ако бидат притиснати. Исто така, планираа... онаму каде што е најстрмна гората, да ги втурнат колите кон македонската фаланга....

... И се случи токму така, како што заповеда и предвиде вacилeoc Александар Македонски. Имено, едниот дел од бојните коли се размина со фалангата, а другите стркалувајќи се преку штитовите, направија малку штета ни еден не умре под бојните коли. И тогаш, кога видоа дека бојните коли, од кои најмногу се беа плашеле, не можат да им наштетат, Македонците се охрабрија и со боев вик им се нафрлија на Тракијците. Александар Македонски пак заповеда стрелците од десното крило да дојдат пред останатата фаланга од која ќе фрлаат стрели врз Тракијците при секој нивен напад. Самиот тој ги зеде луѓето од гардата, штитоносците и Агријаните и ги поведе на левото крило. Таму стрелците ги одбиваа со стрелите Тракијците што се спуштаа напред и фалангата со борба одблизу немаше големи тешкотии да ги измести од нивната позиција лесно облечените луѓе и слабо вооружени барбари. Меѓутоа, тие не го дочекаа Александар Македонски, кој напаѓаше од лево, туку го фрлија оружјето и фатија да бегаат кој кај може по планината. Од нив загинаа илјада и петстотини луѓе; живи беа фатени малкумина, сепак беа заробени сите жени што ги следеа мажите, а и децата, со сиот плен.

Александар го испрати пленот во приморските полиси...  самиот, пак, минувајќи преку врвот, се упати кон Хајмос кон Трибалите и пристигна кај реката Лигин на растојание од три дена марш од Истар кон Хајмос. Сирмос, кралот на Трибалите... Кога се приближи Александар Македонски, на тој остров пребегаа и Тракијците, соседи на Трибалите, па и Самиот Сирмос заедно со неговата придружба; но многу Трибали избегаа назад кон реката.

Кога слушна за нивното движење, тој ( Александар Македонски) се врати да ги нападне Трибалите, што ги најде веќе залогорени. Фатени на тесно, тие се распоредија вдолж клисурата на реката. А Александар Македонски ги нападна распоредувајќи ја фалангата во длабока формација...

Александар Македонски лично ја поведе против центарот на противникот фалангата од пешадинци и преостанатата коњица, што ја беше построил пред фалангата. Додека траеше престрелката меѓу двете страни Трибалите не отстапуваа. Но кога збиената фаланга тргна со напад кон нив, и коњаниците веќе не ги напаѓаа само со копјата, туку и со телата на самите коњи паѓаа врз нив од сите страни, тогаш тие се дадоа во бегство низ клисурата кон реката. Три илјади беа загинале при бегството, а и преживеани беа фатени малку, зашто пред реката имаше густа шума и ноќта што настапуваше им оневозможи Македонците јасно да ги гледаат и безбедно да ги следат.

Птолемај вели дека од самите Македонци загинале единаесет коњаници и околу четириесет пешадинци.

На третиот ден од таа битка Александар Македонски стаса до реката Истар, најголемата река во Европа, тука, на устието, Александар ги презеде бојните кораби, кои му беа пристигнале од Bизантион преку Понт Евксински за пловење по реката... Тој ги натовари со стрелци и со тешко вооружени пешадинци и се упатија кон островот, каде што беа избегале Трибалите и Траките...

Затоа Александар Македонски ги повлече трупите и реши да го премине Истар, за да ги нападне Гетите...

... А Гетите не го издржаа ни првиот напад на коњаниците, зашто ним им се стори неверојатна смелоста на Александар Македонски толку лесно и за една ноќ да ја премине реката Истар, најголемата река, без да направи мост преку реката; а застрашувачка беше и згуснатоста на фалангата co силен - нападот на коњицата... Гетите повторно го напуштија лошо утврдениот град, качувајќи на коњите онолку деца и жени, колку што можеа да издржат на плеќите. Тогаш заминуваа што подалеку од реката кон пустината. Александар Македонски пак, го зазеде градот и сиот плен што го беа препууштиле Гетите... Откако го разурна градот, на брегот на Истар им принесе жртва на Се Спаситeл, на Херакле ( Македон ) и на самата река Истар...

Притоа кај Александар Македонски пристигнаа пратеници од другите автономни племиња крај Истар и од трибалскиот владетел Сирмос. А дојдоа и од Келтите, што живеат во Јонскиот залив. Келтите беа крупни и горди едни на други, но сите изразија желба за пријателство со Александар Македонски.

На сите им даде и од сите прими покази на доверба... Тој ги именува како пријатели, склучи сојуз со нив и ги испрати дома...”

Аријан, Александровата Анабаса..., кн. 1, предговор, 1,стр 2-5;

       Пота се упатиле кон Дунав. Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав. На изненадување на македонците, 14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците. Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот владетел Глауки се дигнале на бунт против македонците.

Александар Македонски и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум. Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината. Филота еден македонски генерал и пријател на Алксандар Македонски бил блокиран во Тауланти. Александар Македонски веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота. Александар Македонски бил блокиран од Илирите и Таулантитe. Теренот бил многу нерамен. Македонците почнале да го викаат своjот борбeн повик па тaулантите се исплашиле и побегнале во нивниот град. После извидницата на Пелиум, Александар Македонски се повлекол тактички нo ноќта го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.

      Додека Александар Македонски водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт.

       Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово. 

 

Кога слушна за настаните во Теба (бунтот во Теба против Александар Македонски и Македонците), Александар Македонски сметаше дека треба да се разберат сериозно, зашто одамна се сомневаше во Тебанскиот полис и беше многу загрижен за обидот на Тебанците; бунтот можеше да се прошири и кај Лакедајмонците и кај некои други на Пелопонез и пред се кај Ајтолците. Заради тоа  за седум дена  стаса во Тесалија. Оттаму за шест дена влезе во Бојотија, додека не пристигна во Онхест со целата војска.

...Следниот ден Александар Македонски стаса до Теба... Таму се залогори, давајќи им можност на Тебанците да се предомислат и да испратат пратеници кај него. Тие пак беа далеку од тоа да покажат некаква понизност... Така, излегувајќи од државата, коњаниците и голем број лесно вооружени војници се упатија против логорот и стрелаа врз предните стражи, а и убија неколкумина Македонци. И Александар Македонски испрати лесно вооружени војници и стрелци за да го одбие нивниот напад... Следниот ден тој ( Александар Македонски ) ја покрена целата војска и ги опкружи портите што водеа во Елевтера и во Атика. Александар Македонски пак, сметајќи дека повеќе доаѓа како пријател кај Тебанците одошто како непријател, чекаше залогорен близу Кадмеја...

...Потоа Пердика беше погоден и тешко беше излечен од раната. Неговите луѓе, придружувајќи им се на Александровите стрелци, ги притиснаа Тебанците и ги следеа Тебанците додека не се повелкоа кон Хераклејон. Но кога Тебанците повторно се вратија со боев вик, Македонците се дадоа во бегствто. Штом Александар Македонски разбра дека неговите војски се во бегство, а дека Тебанците при гонењето се со растурен боев ред, им ја спротивстави фалангата во боев ред. Тебанците беа притиснати внатре во портите и толку многу се разбегаа, што при бегањето кон градот не успеаја да ги затворат портите. Така, Македонците што ги гонеа влегоа со нив во ѕидините...

Бидејќи Македонците ги притискаа од сите страни и Александар Македонски се појавуваше де од една, де од друга страна, тебанската коњица се втурна кон полето, а пешадинците се спасуваа кому како ќе му се згодеше. Потоа,  во бесот Македонците, не само Тебанците, туку и Фокидците и Платајците и останатите Беотијци, иако не се бореа  co  Тебанците, ги убиваа без каков и да е ред…

Овој тебански пораз и според големината на загубениот полис и според острината на дејството и општо земено, не помалку заради неочекуваноста на настанот и за победителите и за победените, онолку колку ги уплаши самите учесници во настанот, ги уплаши и сите други непријаели на Македонија. Сикелискиот пораз на Атинците, иако според многубројноста на убиените му донесе не помалку беда на полисот, сепак бидејќи војската им беше уништена далеку од домот, а мноштвото од неа беше составен од сојузници наместо од домашни војници и им остана полисот, па и подоцна се бореа со Лакедајмонците, со сојузниците и со великиот владетел ( се мисли на Персија )...

Од друга страна, кај Тебанците востанието беше кренато набрзина и необмислено и до заземањето дојде без мака за освојувачите и со многуброен колеж, како што се случува за сродни народи заради стара омраза. Целосното поробување на полисот, којшто беше меѓу првите по сила и воена надмоќност во Пелопонезот, сосема природно беше доведувано во врска со божески бес: дека Тебанците на долго и на широко го отплаќаат предавството во Персиските војни…

Александар Македонски реши да им ја довери Теба на сојузниците што учествуваа во нападот: да се распоредат во Кадмеја, а полисот да го срамнат со земјата, територијата да се раздели меѓу сојузниците, а да се сочуваат светилиштата; децата, жените и преживеаните Тебанци да се поробат, освен свештениците и свештеничките и оние што им биле пријатели на Филип Македонски и на Александар Македонски, или пак домаќини на Македонците...

Штом останатите непријаели на Македонија разбраа за судбината на Тебанците, Ајтолците испратија пратеници, племе по племе за да добијат прошка.

Атинците избраа 10 пратеници од сите Атинци, луѓе познати по пријателските односи со Александар Македонски, и ги испратија кај него да му ги пренесат ненавремените честитки од граѓаните на Атина, што се вратил безбедно од походот на Илирите и Трибалите и што ги казнил Тебанците за востанието. Александар Македонски претежно со пријателски тон му одговори на пратеништвото, но напиша едно писмо, во кое ги бара: Демостен и Ликург, Хиперејда, Полиеукт и Харит, зашто нив ги обвинува за поразот кај Хeронеја и за грешките  што подоцна се направени при Филиповата смрт, против него и Филип Македонски . Тој исто така им покажа дека се виновни за тебанското востание не помалку од самите Тебанци востаници.

Атинците не ги предадоа овие луѓе, туку испратија второ пратеништво кај Александар Македонски, молејќи го да го смали бесот кон оние што ги побара.

Александар Македонски постапи така, можеби  заради почитта кон полисот, или заради тоа што брзаше за походот против Азија и зад себе сакаше да остави дека може да му ce верува.

                      УНИШТУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ДРЖАВА ТЕБА

         Александар Македонски само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга. Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле  и не  дошле на помош на Теба која истата сметала на нивната помош.

         Генерал Пердика ја нападнал главната порта на Градот откато го разбил отпорот Александар Македонски со остатокот на македонската фаланга влегле во градот, македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја, не штеделе никој. Убиле 6.000 тебанци а 30.000 продале како робови. Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови - сојузниците на македонците. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени. 

       После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13.500 војска да ги надгледува градовите држава, илирите, траките и се упатил кон Хелиспонт - Дарданелите.

  генералот Антипатaр

                    ПPИЧИНА ЗА BОЈНАТА СО ПЕРСИЈА

     МНОГУ ВАЖНО  Е ДА СЕ СПОМНЕ Е ДЕКА ПИЧИНА ЗА BОЈНАТА СО ПЕРСИЈА Е ПРЕТХОДНАТА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ПЕРСИСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ, БИДЕЈЌИ МАКЕДОНИЈА БИЛА ОКУПИРАНА И ОПУСТОШЕНА ОД ПЕРСИСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ... во таа војна Македонците добиле подршка и од Коринтската Лига, МА НЕ ОД  СПАРТА,... НЕ ЗА НЕКАКВИ ТУЃИ ИНТЕРЕСИ КАКО ШTO САКААТ ДА КАЖАТ НЕКОИ ДРУЃИ.

  светите местa на македонците  

 

      Најважни богови за македонците пред да ја земат Христијанската Вера па и други вери биле вератa во БОЖИЦАТА МАЈКА - МА ( ЗЕМЈАТА ) и ИЛE БОГОТ НА СОНЦЕТО ( СОНЦЕТО ). 

     ГЛАВНО КУЛТНО МЕСТО НА БОГОТ ИЛЕ БИЛO ВО ХРАМOT НА ПЛАНИНАТА ОЛИМП - храм кој се наоѓал на северната страна на  планината Олимп и  каде македонските владетели ги приредувале Олимписките игри. Богот на сонцето Иле  бил обожаван и од другите народи ма и во форма на друго име. 

     ДОДЕКА ГЛАВНО КУЛТНО МЕСТО СО ХРАМ - храм кој се наоѓал на источната страна на Родопските Планини, КАДЕ СЕ ОБОЖАВАЛА ГОЛЕМАТА МАЈКА МА БИЛО НА МЕСТОТО ХИПЕР - ИКОН - НАЈ - СВЕТОТО МЕСТО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ,  кое место било спомнато и во книгата на Meлeгeнe ( Хомер ): Илиада и Одисеjа за време на војната во Илион ( Тројанската војна ). Значи Македонците биле големи обожаватели на Големата Маjка Ма и ОД ТУКА: МАКЕ ДОН И ЈА  - Македонија - земја на Божицата Мајка. На тоа место дошол и младиот македонски владетел Александар Македонски каде свештениците му прескажале дека ќе го освои светот, a  походот против Персија ќе биде успешен.

 

                               Падот на Персија    

  

   Само што спаднал од бродот поминувајки го теснецот кај Дарданелите, застанал на брегот во Мало Азија,  Александар Македонски извикал: 

'' КАКО  ШТО  ИМА  ЕДНО  СОНЦЕ  НА  ЗЕМЈАТА,  ЌЕ ИМА  И  ЕДЕН  ВЛАДЕТЕЛ ''

и го забодел копјето во земјата.

 

МАКЕДОНОН  ВАСИЛЕОНДOH  МАКЕДОНИЈА ( ЦАРСТВО НА ЦАРСТВАТА - МАКЕДОНСКТА ИМПЕРИЈА )

        Армијата на Александар ги миналe  Дарданелите  со околу 42000 војници  од кој 25 000 македонци , 7000 илири и траки. Oстатокот микс од  5 - 7 000 војници  од Коринтската Лига и платеници,  кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија. 

Заменик на Александар Македонски бил Парменио, други по важнни команднти биле: Пердика, Kратер, Kоен, Мелеагер, Антигон и синот на Пармениo, Филота.

       МА И СИТЕ ДРУГИ КОМАНДАНТИ НА ДРУГИТЕ ВОЕНИ ЕДИНИЦИ БИЛЕ МАКЕДОНЦИ.... СИТЕ БИЛЕ ПОД КОМАНДА НА МАКЕДОНЦИ

      Александар Македонски веднаш бил пречекан од Персијците, Ситридат, Митридат, Мемнон од Роди  кај реката Граник.

 

                                 БИТКАТА НА РЕКАТА  ГРАНИК   

        Mај, 334 п.н.е била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја. 

   -  Македонците и нивните  сојузници под водство на Александар Македонски со околу 5.000 коњица и 26.000 пешадија.

    -  Персијците под водсво на сатрапии  со околу 12.000 пешадија, 4.000 – 5.000 јонски  платеници (сонародници на атињанитe) од Мало Азија  и 15.000 коњица. 

        Броевите прилично варираат зависно од изворот ( македонци од 18.000 до 43.000 ), ( персијци од 23.000 до 50.000 ).

        Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум ( близу денешен Ергили, Турција ), кај преминот на реката Граник (денешна Бига Кај).

        Персијците , Ситридат, Митридат, Мемнон од Роди и други  ја поставиле коњицата пред пешадијата и се пoзициoниpaлe на ( источниот) речен брег.

        Војската на Александар Македонски ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар Македонски веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден ( по предлогот на заменикот на Алeксандар Македонски, Парменион).

        Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени од Јонија  од Мало Азија - сонародници на атињаните и остатокот преживеаните од Херонеја  20.000 вкупно. 

      Александар Македонски ги водел елитните коњички придружници - ЧЕТA ИPOИ во закрилен јуриш додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.   

       Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар Македонски почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи.

персиска коњица

Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар Македонски и неговите телохранители, иако Александар Македонски бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клитo. Александар Македонски набргу се освестил.

     Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.

     Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле 2000 пешадија во заробување, а отприлика 1.000 коњица и 3.000 пешадија биле убиени, главно при бегањето. 

атински платеник кој се борел на страната на персијците, биле многу мотивирани

     Од 20.000 јонци од Мало Азија  - сонародници на атињаните  преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови.

         Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна суперсила. Непосредните ефекти од битката биле воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците. 

         По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар Македонски го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас ( денес Бодрум во Турција ) Александар Македонски успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Роди и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар Македонски ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиxодар. Од Халикарнас Александар Македонски продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина ( близу денешна Анталија - Турција ), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар Македонски го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. 

              Во античкиот град Гордиум, Александар Македонски го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „владетел на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.

 

Тој го назначи Калас за сатрап во областа каде управуваше Арсит, наредувајќи му на населението да ги плаќа истите даноци како оние што му ги плаќаше на Дариј; од Барбарите што беа слезени од планините да му се покорат, побара сите да се вратат дома. Тој го испрати Парменион да го заземе Даскилејон ( Даскилејон е главниот град на Хелеспонтска Фригија, со која дотогаш управувал Арсит, кој по битката кај Граник се самоубил, н.б.), што овој го направи, бидејќи посадата беше заминала од градот.

Арриан., 1, 17, 1-2 (Аријан, Александрова  војна, Загреб, 1952, превод  М. Стахулјак)

Даскилејон

АЛЕКСАНДАР ГО ПРЕТВОРА ГРАДОТ АСПЕНД ОД СЛОБОДЕН ВО ЗАВИСЕН ГРАД

Александар им нареди на Аспендијанците да му ги испратат видните луѓе како заложници, да ги дадат коњите што ги ветиле како и 100 таланти наместо 50, да му се потчинуваат на сатрапот што тој ќе го именува, да им плаќаат годишен данок на Македонците и најпосле да прифатат распит за територијата на нивните соседи за што беа обвинети дека ја држат  бесправно.

Арриан., 1, 27, 1-4 (француски превод Цл. Преауџ).


    

               Армијата на Александар Македонски ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис 

  

                                 Битка кај Ис   333 п.н.е  

  

    ГОВОРОТ НА АЛЕКСАНДАР НА МАКЕДОНЦИТЕ  И ДРУГИТЕ ВОЈНИЦИ ПРЕД БИТКАТА: 
 

        '' НА ИЛИРИТЕ, ТРАКИТЕ И ДРУГИТЕ ВОЈНИЦИ ДАВАМ ЗЛАТО КАКО ШТО НЕМАЛЕ НИКОГАШ.... НА МАКЕДОНЦИТЕ ДАВАМ ВЕЧНОСТ '' 

       - Македонците и нивните сојузници, под водство на Александар Македонски. Војска: 5.000 коњица, 26.000 пешадија.  

 

        - Персијците од водство на Дариј 3, Арсам, Реомитро, Атизиј, Бубак, Сабак со 30.000 јонци - сонародници на атињаните од Мало Азија  платеници, 40.000 пешадија ( 10.000 бесмртници персиските кралски телохранители - нај елитната војска на Персија ) и 20.000 коњица. 

бесмртници персиските кралски телохранители

        Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно. 

Александар Македонски тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.

Додека Александар Македонски бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз кој сеуште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар Македонски ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар Македонски добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар Македонски решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.

персиска пешадија

 

Mногу современи историчари тврдат дека персиската пешадија била слабо вооружена, дека повеќе надбројната, и до тогаш непобедена, страв и трепет за друѓите, персиската војска '' билa детска игра '' за македонците... ма тоа не е точно,.. едноставно за супериорноста на македонците е дека македонската фаланга била совршено извежбана, високо мотивирани и што е нај важно водена од нај способниот војсководец во тоа време Македонскиот вaсилеос Александар Македонски.... додека персијците биле предводени од нивниот персиски владетел Дариј 3 - ти, кој немал најверојатно никаква воена подготовка... го излагале дека бил полубог.


Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар Македонски да нападне.
персиски стрелеци

      Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар Македонски заради тоа што Македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар Македонски. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно ритче на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар Македонски. 



      Александар Македонски чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар Македонски ја бранел. Александар Македонски чекал 16 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар Македонски бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар Македонски бил приморан да маршира кон него.

       Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар Македонски и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион. 

       Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа  јонскате платеници 12.000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мало Азија ,  Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале другиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар Македонски ( оваа формација била слична на буквата  Γ ). Аријан дава претерана бројка од 20.000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници   и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската  воена формација видена во битката кај Граник.


        Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар Македонски набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар Македонски да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар Македонски пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.

       Потоа Александар Македонски се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници - '' чета ирои '' и дирекно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сe додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците околу 80.000  и гонењето од страна на Македонците. Македонците загубиле близу 500 војници.
         Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј. 

 

      Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар Македонски уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.    

           Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, a бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки: Статеира иДрипети, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство.

После битката на Ис, кога отишле да ја посетат заробената фамилијата на Дариј, кралицата Сисигамбa по грешка клекнала да се моли на Хефестион за нејзините животи,.. бидејќи бил по висок, а и двајцата биле млади и носеле скоро иста облека. Кога ја увидела грешката таа го замолила Aлександар Македонски да и прости, ма, Александар Македонски рекол:

 

'' НЕ СТЕ ПОГРЕШИЛЕ МАЈКО  И TОЈ Е АЛЕКСАНДАР ''.

 Продолжувајќи по брегот на Средоземното море  Александар Македонски гo освоил  Тир ( денешен Либан ).

       Во почетокот Тир сакал да се предаде на Александар Македонски,.. Александар Македонски сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир... Таа желба на Александар Македонски била одбиена од гувернерот на Тир.

 
Опсада на Тир

       

Во 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база. Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар Македонски поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар Македонски бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна  срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.  

  

 

   Hа крајот како ништо  да не се случило отишол да се помоли во храмот на Херакле.

                   Писмото од Дариј 

   За време на опсадата Александар Македонски примил писмо од кралот Дариј 3-ти со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство од 1000 таленти и му се заблагодарил на Александар Македонски за нивната благосостојба. Дариј исто така понудил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде алијанса и пријателство кое би било во взаемен интерес.

    -  Генералот Парменион го посоветувал Александар Македонски да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар Македонски: 

 

Јас би прифатил, да бев   Александар. 

    - Александар Македонски на тоа одговорил: 

 

И јас, да бев Парменион!"

                         Како одговор на писмото од Дариј, Александар Македонски одговорил: 

 

   '' Вашите предци извршија инвазија на Македонија  и така ни наштетија без ние први да им  наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Македонците и другите, преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на сите  за мене, за да ги втурнете во војна против мене и им пративте пари на спартанците пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив .

      Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши  сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и ''по милост божја'' јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен. Tие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.


    Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија. Hе ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете владетел, застанете на нозе и борете се за правото, не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте. ''

       Кога Александар Македонски стигнал во Газа во Ерусалим градот бил под опсада,.. на крајот македонците стигнале до светиот храм,.. Храмот бил опколен со еврејски војници на чело со еден стар свештеник со бела коса и брада ма во раката држел еден меч. Aлександар Македонски пријдел до свештеникот, му се поклонил и ветил дека светиот храм ќе биде поштеден и ако сакал можел да ја шири еврејската вера по целата македонска империја,..
     Македоннските генерали зачудено го прашале Александар Македонски:

 

   '' Kако е можно тој да се поклонува на еден старец?...
     

Александар Македонски одговорил:

 

''НА СОН СОНУВАВ ДЕКА ОВОЈ СТАРЕЦ ЌЕ MИ ПРОРОЧИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВOJAM ПЕРСИЈА''

Свештеникот му рекол на Александар  Македонски дека ќе му направи ''ВЕЧЕН СПОМЕНИК '' ... така  ТОГАШ: 

 

ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ЕВРЕЈСКИ ДЕЦА ВО ТАА ГОДИНА АКО БИЛЕ МАШКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДАР, А АКО СЕ ЖЕНСКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДPА. 

Cамите индни еврејски свештеници го земале името Александар, а Александар Македонски и ја гарантирал слободата на вера .
   

Од тогаш Евреите го славеле Александар Македонски како ослободител од Персијците,.. 

 Занимливо е тоа што денес Алекдандар Македонски е во меморијата на тие луѓе таму, НО КАКО ТОЈ  ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ,.. бидејќи  Александар Македонски имал дијадема на лик од јарешки рогови... така што го имитирал CE.

      

монета со ликот на богот CE - од Еге 

 

Македонците го знаеле дејството на опиумот и во древните времиња,.. а македонските владетели се облекувале во наметки во пурпурна боја како бојата на лисјата од афион.

 

    Александар Македонски го имитира богот Ce ( не Зе или Зеус )

 

Во 332.год.п.н.е. Александар Македонски се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите  сили кон Египет.

 

По воената кампања околу заземањето на Милет, Александр Македонски имал потреба малку да ја одмори својата војска од напорните војувања, истовремено било потребно да се даде време ранетите и болните повторно да се вклучат во воените операции, од тие причини, еден полк составен од изнемоштени и ранети војници бил пратен горе во Фригија каде што ранетите и болни Македонци опкружени со бројните стада овци, боровите шуми и Фригите кои зборувале на нивниот македонски јазик, се чуствувале како дома во Македонија, што допринело истите мошне брзо да ги залечат раните и излечат болестите.

Имаме две информации, една автентична од Херодот и една пренесена од Харолд Ламб. И во двете информации недвосмислено се укажува на фактот дека Фригите потекнуваат од Македонија каде се викале Бриги, а јазикот им е ист со јазикот на Македонците.

 

Херодот во “Историја, Полимија – книга 7, гл.73.”. има запишано:


“ Фригите имале опрема мошне слична на пафлагонската, и тие многу малку се разликувале. На Фригите по кажувањето на Македонците во времето додека живееле во Европа и биле соседи на Македонците, им било име Бриги, а кога се преселиле во Азија, ги промениле во исто време и татковината и името и се нарекле Фриги.

Eрмените биле наоружани исто како и Фригите, затоа што се потомци на Фригите. И двата овие народи ги предводел Артахмо, кој бил оженет со ќерката на Дарие.”

       

Александар Македонски, пак се упати кон Египет, каде што беше и порано и марширајќи од Газа на седмиот ден пристигна во Пелусиј во Египет. Неговата флота пловеше едновремено од феникија до Египет. И во Пелусиј ги најде закотвени корабите. Персиецот Масака, кој беше сатрап на Египет поставен од Дареј, кога разбра  и за настаните  во битката кај Ис и за срамното бегство на Дареј, како и дека и Феникија и Сирија и голем дел од Арабија беа заземени од Александар Македонски... Го прими пријателски Александар Македонски во градовите и во земјата....

...Преку пустината стаса во Хелиопол. Оттаму ја премина реката ( Нил ) и пристигна во Мемфис. Од Мемфис заплови долж реката, удолу кон морето... Запре на местото токму каде  што сега се наоѓа градот Александрија, наречен според Александар Македонски. И му се стори дека местото е многу убаво за да се изгради град и дека градот ќе биде напреден. И го обзеде жед за работа, самиот го постави основниот план за градот и каде треба да се постави агората, колку храмови треба да се изградат... Kаде треба да се постави околната ѕидина...

....По ова, Александар Македонски го обзеде силна желба да го посети Амон во Либија… Александар Македонски се чувствуваше како некаков ривал на Персеј и на Херакле ( Македон ) , зашто водеше потекло од обајцата; но исто така тој сметаше дека потекнува од Амон, како што митовите упатуваа дека и Персеј и Херакле потекнуваат од Cе. Токму со таква мисла се упати кон Амона, за да научи повеќе за себеси, или пак да каже дека навистина научил...

Штом настапи пролетта, Александар Македонски се упати од Mемфис во Феникија... Кога стаса во Тир откри дека флотата веќе го беше чекала за да го пресретне....

... Самиот пак тој веќе се упати угоре кон Тампсак и кон реката Еуфрат...

... Оттаму продолжи кон внатрешноста... Низ земјата што се нарекува Месопотамија....

... Откако ја напушти Тигри, мина преку земјата Атурија... На четвртиот ден извидниците му јавија дека на полето се појавиле коњаници...Откако ја распореди војската, тргна како за битка...

Аријан,  Александровата  Анабаса..., кн.3, 2-3 , стр.70-75;

Поход на Египет

Во Александровите походи на исток учествувала и пајонската лесна коњаница предводена од Аристон. Притоа, Александар Македонски и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт.

332 Александар го ставил Хефестион како командант на неговата флота, кој имал за задача да го прати од море во Газа. Задачата не била лесна, а бидејќи флотата билa составена од разни народи. Во Газа при опсадата требало да се истоварат машините за опрcада, а теренот бил многу тежок.

Плутарх пишува: 

 

Во тој момент Александар добил вести од Атина дека атињаните и спартанците се кренале на бунт, Александар му напишал за тоа. Така Хефестион бил пратен да изврши една извидница. Хефестион се сретнал со Аристо да договори мир меѓу Александар и Демостен и спартанскиот aвaxтo Агис 3-ти. Тие биле добро наклонети за оваа идеjа и времено Хефестион ги спасил македонските интереси во градовите држави.

По завземањето на градот Тир (или Сидон) во 332 година п.н.е. и Газа, бил отворен патот кон Египет. Притоа, градовите во Феникија, Палестина и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар Македонски за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил храмот на богот на Сонцето Амон Ра, ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и фараон.

Неговиот војсководач Парменион му предлагал на Александар Македонски да ги прекрати натамошните воени походи, но тој бил цврсто решен конечно да ја уништи големата персиска држава.  

Во таа 332. и следнатa 331. год., Александар Македонски бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон - египетски бог на сонцето, од Египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар Македонски често се повикувал на Амон како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на Птолoмејската династија.

      За време на двете години по битката кај Ис Александар Македонски продолжил со окупација на Медитеранскиот брег и Египет. Потоа од Сирија тргнал накај срцето на Персиската империја. Таму ги преминал Еуфрат и Тигар без да наиде на каков било отпор.

Напуштајќи го Египет, Александар Македонски продолжил кон Асирија и на 01. 10. 331. год.п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во Битка кај Гавгамела.

 

 
На 1 октомври 331 година п.н.е. македонската фаланга на Александар Македонски ја победи персиската војска на Дариј - 3 - ти

Целата војска на Дареј броеше: 40.000 коњаници, 100.000 пешадинци, 200 борбени коли, неколку слона.... Со ваква војска Дареј се залогори кај Гавгамела крај реката Бумод...

Дареј, пак, кога му беше јавено дека Александар Македонски веќе тргнал, ја распореди војската како за битка. И Александар Македонски ја водеше војската распоредена во боев ред..

Александар Македонски ... во таа битка, нагласи:

 

''не станува збор ни за Долноземска Сирија ни за Феникија, дури ни за Египет, туку дека таа ќе биде пресудна за превласта  над цела Азија''.

Всушност и немаше голема потреба да ги поттикнува на големи подвизи со долг говор зашто ним таа им беше вродена, туку повеќе заради тоа што секој во себеси треба да мисли за редот во опасноста и за целосниот молк... и за силниот боев вик... мудро да ги следи заповедите и брзо да ги пренесува до боевите редови; најсетне, да си има на ум секој, дека од неговото невнимание зависи опасноста за сите, а дека од неговата доследност зависи целосниот успех. Со овие зборови и слични ним, тој накратко ги охрабри, а војсководците му одговорија да има верба во нив. Потоа заповеда војската да се нахрани и да си отпочине.

Перманион дошол кај него во шаторот и го посоветувал ноќе да се нападнат Персијците... А Александар Македонски пак одговорил:

 

'' Cрамно e да се краде победата, и дека Александар Македонски треба да победи отворено и без измама....

Александар Македонски по правило ризикувал во неговите битки, но сепак сметал дека ноќта е премногу опасна, а исто така при поразот на Дареј,

'' скришниот напад под превезот на ноќта би бил оправдување за Дареј да не признае дека е полошиот командант на полошата војска''.

Војската на Дариј беше распоредена на следниов начин:

на нејзиното лево крило стоеја бактријските коњаници и со нив Даите и Арахотите. По нив се построија Персијците... следеле Сузуците, а по нив Кадусијците... Од десното крило пак, биле построени коњаниците од Којлесирија и од Месопотамија... и Мидијците,... Партите и Саките,... Тапурите и Хирканите и.... Албаките и Сакесините. Во центарот во кој се наооѓал самиот цар Дариј и неговите роднини, застанале телохранителите... Слоновите и педесет српоносни коли кои биле сместени близу царскиот одред на Дариј... атино - јонските наемници биле построени од двете страни на владетелот и Персијците во близина, токму спроти македонската фаланга...

Војската на Александар Македонски била построена на следниов начин:

нејзиното десно крило го зафаќала македонската коњица на ''хетаироите'' - хетајрите, а пред неа застанал владетелскиот одред, под водство на Хефестион, бил командант на телохранителите на Александар Македонски, кој не била владетелска единица ма БИЛЕ ЗАДОЛЖЕНИ ДА ГО ШТИТАТ ВЛАДЕТЕЛОТ ВО БИТКА. До тоа време бил задолжен Kлито.... Командант на целата коњица на ''хетаироите'' бил Филота, син на Парменион. Напред со фалангата на Македонците застанал првиот помошен одред на штитоносците на македонската коњица, а по нив други штитоносци, предводени од Никанор, син на Парменион... На левото крило од македонската фаланга стоел одредот на Кратер, син на Александар, а и самиот Кратер заповедал со левото крило на пешадијата... построени коњаниците на сојузниците, на чело... Еригиј, син на Ларих. До нив... биле Тесалијците, под водство на Филип, син на Менелај. Со целото лево крило раководел Перменион, татко на Филота а околу него биле распоредени фарсалските коњаници...

Таков бил распоредот на александровите сили од страната на фронтот. Но тој поставил втора линија, за да биде неговата фаланга двострана... Александар Македонски им заповедал на командантите од вториот боев ред, штом ќе забележат, дека Парсијците ги опкружуваат нивните луѓе, да се насочуваат спроти нив и да преземаат удар на барбарите. Онаму, пак, каде што фронтот правел свиок... било да се повлече фалангата во длабочина, или да се стесни, на десното крило биле построени половината од Аргијаните од владетелскиот одред... Натаму доаѓале македонските стрелци... и стрелци од т.н. наемници-ветерани... Пред Аргијаните и пред стрелците со лак, биле построени извидниците коњаници... и Пајонците... Но пред целиот боен ред стоеле коњаниците-наемници на Менид... Пред владетелскиот одред... застанале половината на Аргијаните и стрелците на Балакрос. Овие делови од војската зазеле позиција спроти спасоносните коли...

Војските од целиот десен табор беа распоредени од Александар Македонски на следниов начин:

на левиот крај ... на тоа крило беа построени Траките, под водство на Ситалк, а по нив сојузните коњаници... Пред сите војски од тој сектор од фронтот била построена наемничката коњица... под водство на Андромах... Тракијските пешаци биле додадени како засилување. А целата војска на Александар се состоела од 7.000 коњаници и околу 40.000 пешаци.

Откако двете војски се приближиле една до друга, можело да се види како Дариј и персиските телохранители... и Индијците и Албанците и.. Криријци... се наоѓале токму наспроти Александар Македонски и неговиот владетелски одред.

Тогаш Александар Македонски откако го поттикна своето десно крило да оди се понапред, ја поведе својата војска, а Персијците тргнаа напред, давајќи му најголема тежина на своето лево крило.... Кога виде дека Македонците се преместуваат на испресечен, стрмен терен, Дариј се уплаши да не излезат бесполезни неговите српоносни бојни коли, па му заповеда на предниот дел од десното крило да го нападне со коњаниците левото крило, со кое заповедаше самиот Александар Македонски и да му го попречи натамошното движење.

Потоа Александар Македонски им заповеда на Пајонците... и на наемните одреди да влезат во борба против Скитите, како последица на што барбарите беа одбиени... Меѓутоа Бактријците, а и другите делови, приближувајќи им се на Пајонците и на странците... и успеаја да ја продолжи борбата на коњицата. И паднаа многумина војници на Александар Македонски, потиснати од големиот број Персијци... Но Македонците ги издржааа и нивните напади и напаѓајќи ги според борбените единици, го растурија нивниот борбен ред.

Во меѓувреме, Персијците ги пуштија нивните српоносни борбени коли директно на Александар Македонски,... да го растурат борбениот ред на фалангата. Но тука најмногу се излажаа: зашто веднаш штом се приближија започнаа да ги гаѓаат со копје Аргијаните и копјоносците под водство на Балакро... И така се случи и колите да останат неоштетени, но и оние против кои беа упатени... Но подоцна и овие коли беа совладани од коњаниците на Александровата војска и од владетелската телесна стража.

Кога Дареј веќе ја донесе целата пешадија, тогаш Александар Македонски заповеда Арет да ја нападне коњицата што вртеше во кругови околу нивното десно крило. Самиот тој ја водеше во колона својата војска; но кога коњицата беше испратена да им помогне на оние што се вртеа околу десното крило и некако оставија празнина во боевиот ред на Персијците, се зададе накај нив празнината и правејќи клинообразен боев ред од коњицата на Придружниците - Чета Херои и од делот на фалангата што беше распореден на тоа место, ги поведе двојно и со силен боев вик директно на Дареј.... дојде до борба гради в гради; но тогаш коњицата на Александар Македонски и самиот Александар Македонски силно нападнаа на непријателот, всушност тепајќи ги со тупаници и сечејќи им ги со копја лицата на Персијците. А македонската фаланга, збиена и застрашувачка со македонските копја, веќе се нафрли врз нив и на Дареј... се наоколу му се стори страшно и самиот тој прво се заврте и бегаше. Се преплашија од силниот напад на Аретовата војска и оние Персијци, кои се обидуваа да го блокираат десното крило со коњите.

На ова место навистина имаше големо бегство на Персијците, а Македонците ги следеа и ги убиваа бегалците....

... беше јавено дека левото крило на Македонците е во неволја... и таму дојде до жестока акција... самите Персијци заробеници, кога навлегоа им се придружија во акцијата и се нафрлија врз Македонците. Сепак, командантите на војските што ја сочинуваа резервата за првата фаланга... мудро се повратија на челото, според првичните наредби и така се појавија во позадината на Персијците; и таму убија многумина од оное што ги беа опколиле животните со опремата. Некои пак се отклонија и избегаа. Персиската војска пак на десното крило, немајќи претстава  за тоа дека Дареј веќе избегал, јавала околу левото крило на Александар Македонски и нападнала на војската на Парменион.

На ова, Македонците пред се беа меѓу два огна. Парменион му испрати на Александар Македонски... гласник... дека неговата војска се наоѓа во очајничка положба и дека и е потребна помош. Кога му беше тоа јавено на Александар Македонски, престана со бркањето, и откако се сврте со коњицата од Придружниците - Чета Херои, се зададе кон десното крило на Персијците. И прво нападна на непријателските коњаници што бегаа, а од нив на Партиајците и на Индијците, како и на Персијците... И тука се одви една од најжестоките коњички борби од целата битка... Персијците се свртеја и челно се судрија со Александровите војски... секој гледаше да си го пробие патот низ се што ќе му се испречеше... Без прошка сечеа и беа пресекувани како борци кои не се борат за победата на друг, туку за сопствениот спас. И тука паднаа околу 60 придружници на Александар и беше ранет од една стрела во раката и самиот Хефастион, како и Коeн и Менида. Но Александар Македонски притоа се додржа. И оние Персијци што се провлекоа низ војските на Александар Македонски се разбегаа како без глави. Но Александар Македонски сега беше подготвен да се судри со непријателското десно крило. И тука Тесалиската коњица, славно борејќи се, не беше подолу во борбата од АлександарМакедонски, но бидејќи веќе беа побегнале барбарите од десното крило, кога Александар Македонски се судри со нив, Александар Македонски се поврати и повторно почна да го гони Дареј... И војските на Перменион ги гонеа противниците што бегаа пред нив....

Од Александровите војски загинаа над стотина луѓе, а од рани и од стрес при гонењето на илјада коњи... А од барбарите се велеше дека загинале триста илјади, но дека поголем од умрените бил бројот на оние што биле заробени, како и слоновите и борбените коли што не биле уништени во битката... И се оствари пророштвото на Александар Македонски, дека во истиот месец во кој месечината ќе се помрачи, ќе дојде и до битката на Александар Македонски и до неговата победа...

Веднаш по битката Дареј се зададе... кон Медија, а со него избегаа бактријските коњаници... персијците од владетелското семејство... 2.000 странcки ( атињани ) платеници.

...И не се излажа Дареј, зашто откако замина од Арбела, Александар Македонски веднаш тргна кон Bабилон... кога Bабилонците масовно го пресретнаа, со свештениците и главатарите, секој од нив со дарови  го нудеа и градот, и тврдината и богатството. Кога Александар Македонски пристигна во Bабилон, им заповеда на Bабилонците да ги изградат повторно храмовите што ги беше урнал Ксеркс...

...Од Bабилон до Суза Александар Македонски стаса за дваесет дена. И откако пристигна во градот и го зеде богатството околу 50.000 таленти од сребро и сето останато од владетелска сопственост... и сето она што Ксеркс го беше донел од походот во Европа.

Откако се покрена од  Суза и мина преку реката Паситигар, ја нападна земјата на Уксијците.....

По ова тој се упати кон Медија беше разбрал дека Дареј е таму...

Александар Македонски, кога cфaти дека не може со брзото гонење да го стаса Дареј, остана таму пет дена и ја одмори војската.... кога го слушна тоа, Александар Македонски поита уште побрзо... за Дариј разбра дека е навистина заробен и дека е носен во затворена кола и дека власта му била предадена на Бес...

Оние што го заробија Дареј, решија, дека ако разберат дека Александар Македонски ги гони, ќе му го предадат Дареј на Александар Македонски, за да се здобијат со неговата наклонетост.

Ако разберат дека Александар се вратил, ќе соберат што е можно поголема војска за да можат здружено да ја одбранат државата...

Откако го чу тоа Александар Македонски реши да продолжи со најголема брзина...”

Аријан,  Александровата  Анабаса..., kn.3,  8-16 , str.75-85;


Битка кај Гавгамела  

 

Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3 - ти - Персија. Битката исто така  и се нарекува Битката кај Арабела. 

  - Македонци и сојузници под водство на Александар со 7.250 коњица и 40.000 пешадија. ( Според Аријан ) 

  - Персијци под водство на Дариј веројатно со 20.000 главно тешка коњица, 230.000 пешадија ( вклучувајќи околи 10.000 јонски  платеници ). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многу побројни од македонците.

Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.

Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, јонски платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда ( Јаболконосачи или Бесмртници ), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.

На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци.

Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, xирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.



Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар Македонски, а левото на Парменион. Александар Македонски се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар Македонски. Платеничката коњица биле исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците,  платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар Македонски го задава решавачкиот удар десно. 

македонската фаланга - cмoтpa



Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и  платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците.

Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.

македонската фаланга

македонската фаланга - cмoтpa

македонската фаланга - cмoтpa

          

    За време на битката Александар Македонски употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв.

Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар Македонски го натeрал Дариј да нападне ( и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен ), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил принудeн да нападне. 

македонската фаланга



Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „ стапица за глувци “, каде што биле запрени со копјата од задните редови.

Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни. 

македонската фаланга

македонската фаланга

македонската фаланга

македонската фаланга

         Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар Македонски полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар Македонски ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар Македонски ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар Македонски на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи. 

 

македонската фаланга

македонската фаланга

македонската фаланга



Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и јонскате платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејки се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.

македонската фаланга

македонската фаланга


            По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар Македонски и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4.000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови.

Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници. Бактријската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2.000 јонски  платеници исто така им се придружиле.

Сега Персиската иммерија била поделена на две половини – Источна и Западна.

 Александар Македонски  се прогласил за Големиот ГОСПОДАР (титулата на Дариј ), '' ВACИЛEOH '' - ГОСПОДАР HA ГОСПОДАРИTE, ВACИЛEOH АЛЕКСАНДРOJ MAKEДOHOH. ( ВAC - ИЛE - OH ).

      При неговот бегство, Дариј одржал говор пред остатокот од неговата војска. Тој планирал да оди источно и да регрутира нова војска за напад врз Александар Македонски додека тој одел накај Вавилон. Истовремено Дариј пратил писма до неговите источни сатрапии во кои тој побарал од нив да му останат верни.
     Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар Македонски го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана 

    По оваа битка Александар Македонски бил крунисан за владетел на  Азија во Арабела ПО МИЛОСТ БОЖЈА ,.. што било по азиски ( персиски ) обичај 



Потоа Александар Македонски тргнал кон Вавилон.

македонската фаланга вo Вавилон

 Од Вавилон, Александар Македонски се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар Македонски ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос).

 

'' Планот на Александар Македонски беше да го колонизира крајбрежјето на Персискиот залив и островите; тој всушност проценуваше дека ова подрачје би можело да биде исто толку богато како и Феникија. Неговите поморски подготовки всушност беа усмерени против Арапите, под изговор дека тие биле единствените од сите народи кои не му испратиле пратеници.

Всушност според мое мислење, тоа беше затоа што тој сеуште беше гладен за нови освојувања.

Кога се спушташе кон Bабилон, го пресретнаа пратеници од Либијците, кои што му честитаа што станал владетел на Азија и му дадоа круна, а исто така од слични причини му пристигнаа и пратеници од Pим, од Бретијците, Левканите и Тиренците. Се вели и дека Кархедонците ( Картагинците ) испратиле пратеници, а пристигнале и други од Ајтиопија и од европските Скити  и  Келти  и Иберци, за да склучат договори за пријателство.

На Македонците и Хелените ( xелените како религија а не како нација ) тогаш навистина за прв пат се сретнаа со нивните имиња и со нивната спрема. Некои од нив, велат, го замолиле Александар да им покаже што мисли за разликите меѓу нив. А Александар, претежно и самиот сфати, а така мислеше и неговата придружба, дека е господар на сета земја и на сето море.

Историчарите Аристид и Асклепијад, што се вбројуваат меѓу оние што ги опишале делата на Александар Македонски, додаваат дека на Александар Македонски му дошле и пратеници од Рим. И дека, прорекол дека ќе бидат моќни во иднина''.

Извор: Аријан,  „Александровата  Анабаса”, книга 6, 15 , стр. 220-221

 
    ПОРТИТЕ НА ПЕРСИЈА

Е еднен премин тесна клисура за патот кон Персеполис. Tука Војската на Александар Македонски била нападната од Персијците под водство на генералот Ариeл Барзанес на врвовите на клисурата  кај местото Нарос длабоко во преминот , фрлале со камења врз македонските војници под што тие биле принудени моментално да се повлечат за да се реорганизираат.
      - Ова е прв пат да македонската фаланга од водство на Александар Македонски да се повлекува во битка

Персијците биле многу горди за овој потфат...

     Битката уште е во сеќавање на локалната популација во тој регион. Александар Македонски не Е сакан од Персијците,.. што е и нормално,.. Мајките таму и ден денешен ги плашат децата ако не слушале '' ЌЕ ДОЈДЕЛ AЛЕКСАНДАР ДА ГИ ЗЕМЕ ''


Aлександар Македонски бил многу лут зошто не ја забележал cтапицата... Од локалните затвореници изнудил информации за друг премин со име Ариел, така што на тој начин можел да ги заобиколи перcијците и од зад грб да ги нападне. 

 

Во 9 навечер наредил на армијата да го помине тој премин под нај голема тајност и тишина. Kога стигнале на врвот на 7 - 8 000 метри имало една чистина каде се одмориле. И испланирале околу полноќ: 3 пешадиски бригади: АМИНТА, ФИЛОТА И КOЕН  под команда на Кратер требало да се вратат  на преодот каде биле персијците од каде нападнале првиот пат и да нападнат од таму. Александар Македонски со коњаницата, една пешадиска бригада и стрелци од позади персијците требало да ги нападнат биле околу 5 - 6000. 
3000 под команда на генерал Птоломеј останале како резерва. Тоа биле Cребрените Kопја телохранителите на Александар Македонски.
Така организирани почале да се приближуваат кон персијците,.. било многу темно а и студено имало и снег,.. некои oд младите војници дури и плачелe ма билe храбрени од постарите.

      Персијанците биле опколени и биле победени а на персискиот предавник Aлександар Македонски му дал 40 таленти од злато.

 Потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска, таму заробиле 4000 тони злато. За време на нивниот претстој во градот, '' избил'' пожар во палатата на Ксеркс и се ''проширил'' низ остатокот од градот.  

    По освојувањето на Персеполис, Александар Македонски ја продолжил потерата по Дариj. До тогаш, Персискиот владетел веќе бил заробен од Бес, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар Македонски наближувал, Бес наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5 - ти и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар Македонски.

         Hа местото: ГЕРД АБ - ''КАДЕ ИМА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ''. Дариј бил смртно ранет од Бес,.. бил најден од македонските извидници завиткан во една покривка во крв . Дариј оставил порака во која го замолил Александар Македонски да се грижи со неговата фамилија со чест.

            Александар Македонски на Дариј му приредува раскошен закоп како што доликува на еден владетел.

     Буната во Атина и РАСПУШТАЊЕ на војниците од Коринтската Лига  од Александровата Македонска Фаланга

     ВО МОМЕНТ КОГА ОДЕЛО СЕ ВО РЕД Александар Македонски добил вести од Македонија. Aтињаните се побуниле подржани од Спартанците,.. Александар веднаш му пратил пари на Антипатар кој во тоа време бил во Тракија кој со парите собрал војска и ги поразил здружените атињани и спартанци. При тоа загубил 4000 македонски воjници додека го убил спартанскиот aнax-крал Агис - 3 - ти и 5000 атино - спартански  војници, со тоа ги ставил пак под '' контрола''.

     На веста за победата на Антипатар, Aлександар Македонски дал наредба да се распуштат војниците од Коринтската Лига  во служба кај него но им дозволил на доброволците да останат како платеници. 

      Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бес, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар Македонски низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени, Бес во 329., а Спитамен во 328 г.п.н.е.  

   ОСВЕТА КОН ПОТОМЦИТЕ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ

       Гонејки ги неговите непријатели во Узбекистан и на патот кон Самаркан се случило чуднa работа.... некаде во тие ридови во едно градче Бранкадл, Александар Македонски со фалангата наишoл на мал град со луѓе cо европска физиономија а и зборувале  јонски. Hивните предци живееле на  источната приморска зона на Егејското море - Јонија. Потомците на овие луѓе биле свештеници на храмот од Дидеми, a нивните предци 150 години пред биле соработници со персијанците кога Македонија била под Персиска окупација.

            Следното утро Александар Македонски дошол со дел од македонската фалангa во градчето преправајќи се дека бил пријателски настроен,.. наскоро започнал колеж ,.. се додека не бил убиен и последниот од нив,  македонците срамниле и запалиле СЕ ДУРИ И ГРОБОВИТЕ НА МРТВИТЕ.

         УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА  МАКЕДОНСКАТА  војна на Персија всушност БИЛА ОСВЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВРЗ  ПЕРСИЈЦИТЕ И  ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА ПРЕД 150 ГОДИНИ  од страна на ПЕРСИЈЦИТЕ. 

 

БРАКОТ  СО РОКСАНА 

       329 година п.н.е.  ЈА ЗЕМА ЗА ЖЕНА РОКСАНА  Бактриската принцеза Роксана - Рошанак на Бактриски,.. таа била ќерка на локалниот водач,  
Александар Македонски се вљубил во неа и ја земал за жена. 
Дел од македонските генерали биле протв тоа,,.. Па затоа Александар Македонски го праќа Парменио во Вавилон да се грижи за позадината.

Предаството на Филота

Но највеќе македонските генерали биле незадоволни кога Aлександар Македонски регрутирал Персјанци во македонската фаланга.
Филита синот на Парменио дури пробал и да го отруе,.. бил откриен и суден заедно со неговите соработници.
    

          Дел од судењето е забележано: 

 

         - Александар Македонски најпрво го погледна Филота и рече:

''Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик ( македонскиот )?''

Филота одговори:

''Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со ( axajcки ) истиот јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат.''

Потоа, Александар Македонски рече:

''Гледате ли, Филота си го мрази татковиот ( македонски ) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик.''

( Курциус Руфус, 6, c.36 ).

  Филота бил осуден на смрт заедно со татко му Парменио,.. иако отсутен, кој во тогашно време се сметало кај Mакедонците како одговорен за постапките на својот син,.. Парменио бил убиен од Kлито. 

ПРВИОТ СИН НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

    327   ce  раѓа ПРВИОТ СИН НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ,  Херакле од неговата кункубина Барсина .

      Александар Македонски го продолжува освојувањето,.. во местото Kалаш (денес позната како земја на неверниците) и Хунза ги остава старите, болните и ранетите војници и мал дел од војската заедно со благајник.

ОСВОЈУВАЊЕТО НА СЕВЕРНА ИНДИЈА  

 

           Александар Македонски ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар Македонски конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар Македонски ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар Македонски лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар Македонски да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар Македонски бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40.000 воини биле заробени.

Асакеноисите му се спротивставиле на Александар Македонски со армија од 30.000 борбени кочии, 38.000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар Македонски бил сериозно ранет во потколеницата.

Кога поглаварот на Масага загинал во битката, командата над неговата војска ја преземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар Македонски за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар Македонски не само што ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар Македонски го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

    При крајот на битките кои ги водел Александар Македонски во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар Македонски постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар Македонски го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

    Hа карпите на местото '' ХАС РАТИ СУЛТАН '' високо околу 4500 метри а последните 1000 метри било многу стрмно и непристапно,.. Таму непријателите мислеле дека биле безбедни така што му праќаат едена порака на Александар велејќи:

 

''САМО АКО МОЖЕШ ДА ЛЕТАШ ЌЕ МОЖЕШ ДА ГО ЗАЗЕМЕШ МЕСТОТО '' . 

Ма 300 доброволци успеале да се искачат на тоа место и од зад грб да ги нападнат... Така што после Александар Македонски му рекол на локалниот водач:

 

''ГЛЕДАШ ДЕКА ЈАС ИМАМ КРИЉА ДА ЛЕТАМ ПА ВЕ ОСВОИВ''



Александар Македонски против Асакеносите:

 

''Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.''


Сисикотос, кој му помогнал на Александар Македонски во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.

Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Во текот пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. 

Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени” топоними: реката Батајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојница. Самиот Енисеј бил наречен Крвава река, исто како и северниот Гдански полуостров наречен Крвава земја.

Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За да го спаси народот самата му се предала на Александар. Синот од него го таа го нарекла истотака Александар.

Откако го совладал Аорнус, Александар Македонски ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 г.п.н.е.  

По конечниот пораз на Ахеменидската империја под водство на Бес и Спитамен во 328 п.н.е, Александар Македонски почнал со походи на разните индиски кралеви во 326 п.н.е. Според некои извори Александар Македонски имал 120.000 војска, додека според други војската не броела повеќе од 35.000 војници, од кои коњицата била една третина.

Главниот багажен караван поминал преку Киберскиот премин, но помала група војници под команда на Александар Македонски преминале преку север, освојувајќи ја тврдината кај Орно (денешен Пир-Сар, Пакистан) по пат. Во раната пролет следната година, ги соединил своите сили и се сојузил со Таксил (познат и као Амби), кој бил крал на Таксила, против неговиот сосед, кралот на Хидасп.

Битката кај Хидасп


Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.

 - Македонци, персиски и индиски сојузници под воство на Александар Македонски со околу 4.000 коњица и 50.000 пешадија и 2.700 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога. 

  - Пор со 200 бојни слонови, 6.000 коњица и 30.000 пешадија.  

         Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан. 

македонската фаланга

македонската фаланга

Пор влaдeтeлот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар Македонски почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар Македонски собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сe уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син. 



Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар Македонски пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите.

македонската фаланга


Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар Македонски. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Така Александар Македонски морал да ја промени неговата стратегија.  

македонската фаланга

Александар Македонски ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар Македонски го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.

македонската фаланга - cмoтpa

 

Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар Македонски успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата, се предал. 

македонската фаланга

македонската фаланга

македонската фаланга

 



Пор бил еден од многуте Индијци кои го импресионирале Александар Македонски. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар:

 

'' како би сакал да биде третиран.''

Одговорот бил:

 

„какo владетел“, така отогаш и се однесувле македонците со Пор

Пор бил висок речиси 210 см..


  

македонската фаланга

македонската фаланга


Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар Македонски изгубил дури 4.000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат. 

 

Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар Македонски. И покрај тоа што Пор бил поразен, Александар Македонски му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалеката точка кај што Александар Македонски стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.

Иако Александар Македонски успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.

Kако резултат на оваа битка Александар Македонски основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар Македонски, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.

           Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓалa моќноcтa на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар Македонски запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.

           После битката со Пор, моралот на војската на Александар Македонски опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар Македонски имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри ( 32 фурлонга ), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови.

Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62.

 

Bојниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, никој од нив отпрвин не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им одржал говор во кој ги потсетил за сите достигнувања што ги добиле со походот против Персија.


Коен  бил еден од најдоверливите генерали на Александар  Македонски. Го­дината на неговото раѓање е непозната, но се смета дека починал во 326 година пред Христа. Тој го придружувал Александар за време на походот во Азија, со тоа што есента 334 година пред Христа се вратил во Македонија заедно со други војници и офицери кои добиле одмор, по што пак се придружил на Македонската војска (во малоазискиот Гордиум) Тоа било пролетта 333 година пред Христа. Потоа учествувал како командант на пешадијата и фалангата во најзначајните битки на Александар. Сепак во пишаните извори Коен останал запаметен по својот говор што го одржал пред Александар и кој во голема мера е зачуван од страна на  историчарот Аријан.

 

По овој негов говор офицерите долго молчеле, а потоа Коен, собрал храброст и му се обратил. Коен му рекол на Александар дека офицерите се преблагодарни и задоволни од она што досега го постигнале и добиле од својот владетел, но дека сепак дошло време да се стави крај на натамошните напредувања. Меѓу другото Коен рекол:

„ Вие го знаете бројот на  Македонците кои го почнаа ова освојување, а можете да видите и самиот колку останаа денес. Тесалијците ги испративте дома од Бактрија бидејќи знаевте дека нивните срца не се повеќе внесени во оваа работа. Овде вие мудро постапивте.

 Други  беа населени во новите градови што ги основавте во кои тие останаа не сосема по своја желба. 

Останатите, заедно со нашите Македонци, останаа да ги споделуваат опасностите и тешкотиите на војната. Некои од нив беа убиени, а некои онеспособени заради тешките ранувања, при што беа оставени во разни делови на Азија, каде мнозина од нив умреа заради болест. И така само неколкумина останаа од големата армија, главно со нарушено здравје. Нивната виталност и решителност исчезнаа. Секој од нив сака да си ги види родителите повторно ако се сѐ уште живи или своите жена и деца. Сите тие копнеат по семеен живот и дом, надевајќи се дека нема да живеат веќе во сиромаштија и оскудност, туку славни и богати со богатството што Вие им го обезбедивте. 

Не обидувајте се да водите луѓе кои немаат веќе волја да Ве следат. Ако нивните срца не се внесени во тоа никогаш во нив нема да го најдете стариот дух и старата храброст. Поарно посветете се на враќање кај Вашата мајка и дом.... А потоа, ако посакате, повторно можете да превземете експедиција против Индијците на исток или, ако сакате, кон Црното Море или кон Картагина и либиските територии. 

Ваше е да одлучите. Други единици на  Македонци ќе Ве следат - млади и свежи единици ќе ги заменат Вашите ветерани.“ (Аријан, цит. дело, стр. 292 - 298).

Коен на крајот укажал дека секој треба да знае кога да запре со некоја работа. Присутните офицери му аплаудирале, а Александар разочаран им рекол дека оној што сака, може да си оди дома. 

Потоа, како што е познато, Александар налутен се повлекол во својот шатор потајно надевајќи се дека офицерите ќе се предомислат. Но, откако тоа не се случило, тој ги известил офицерите дека одлучил војската да престане со освојувањата и да се врати назад.

И овој говор на Коен, Аријан го превзел од изгубената историја на Птолемеј.

         Александар Македонски, после состанокот со неговиот офицер Коен, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад.

Александар Македонски бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар Македонски после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едeн од налетите на утврдувањета Александар Македонски бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќие дека нивниот владетел е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар Македонски, а главницата продолжила со движење. 

            - Тука Роксана на Александар раѓа и син но за жал мртов.

       Поголемиот дел од својата армија Александар Македонски ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неархo, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).

        Александар Македонски дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил Еумен како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еумен станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еумен) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.

монети од Mакедонската Империја

монета од поxодот во Индија

монета од поxодот во Индија

монета од поxодот во Индија

монета од поxодот во Индија, со воени инновации

монета од поxодот во Индија

монета од поxодот во Индија, со воени инновации

 

        После походот во Индија  

Патувајќи за Суса, Александар Македонски открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример.

Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени Персиски обичаи, како и воведувањето на Персиски офицери и војници во војската. 

 

„ Потоа Александар Македонски, неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли едно од јаболките кои лежеа на масата кон Клитo и го погоди, а потоа почна да го бара својот меч. Но еден од неговите телохранители, Аристофан, го сокри пред тој да може да го дофати, а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи, кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на македонски јазик да се соберат трупите на сребренитe копја - неговитe телохранители (а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа. Овој човек подоцна го гледаа со голема почит, бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж.

Но Клитo не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од салата. Но, тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:

„ Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада! „

И така конечно, Александар Македонски успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители, го фрли кон Клитo додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.“

Појаснување : Цитатот од Еврипид е всушност дофрлање и провокација кон Александар Македонски и македонската гарда. Со цитатот од Еврипид, Клитус сакал да посочи на лошите обичаи кои ги наметнале новите владетели на Елада - Македонците.


ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА АЛЕКСАНДАР

Александар Македонски се качил на еден подиум, и со сета одлучност да почне жестока реторичка расправија, им викнал на Македонците:
      

 
 

- Целта на мојот говор не е да ве спречам да се вратите дома  што се однесува до мене, вие можете да се вратите дома секогаш кога ќе посакате.

Целта на мојот говор е да ви откријам каков вид на луѓе станавте сега и каква е благодарноста која ја упатувате на оние кои ви дарија толку многу богатство и величественост.
Пред да говорам за тоа што јас сторив за вас, дозволете ми да започнам со мојот татко, Филип.
      - Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини.

Тој ве најде кога со малку успех се браневте од Илирите, Трибалите и Тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст,  храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.

Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше.

Тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кои не само што се грижеа за вашата безбедност, туку ја донесоа и зората на новото време на културата и живеењето.
Од робови и од осиромашени поданици, тој ве направи владетели не само на вашата земја, туку и над варварите кои претходно ви се закануваа со опустошување на вашите имоти и со зграпчување на вашите придобивки.


Тој ве направи владетели на Тесалијците, од кои секогаш имавте длабок и смртен страв. Со победата над Фокијците, тој го обезбеди нашиот пристап кон Пелопонез преку патишта кои беа широки и проодни, а не тесни и непристапни.

Тој ги понижи Атињаните и Тебанците до толку голема мера  а во тој поход, јас лично му помогнав кај Херонеја така што наместо овие нации постојано да ја напаѓаат Македонија и да им плаќате данок на првите и да живеете како вазали на вторите, тие сега се потпираат на нашата помош и интервенција за да ја обезбедат нивната сигурност.

Тој навлезе на Пелопонез и откако обезбеди контрола врз нивните работи, беше избран за главен заповедник на цел Пелопонез во експедицијата против Персијците, слава којашто не ја присвои само за него, туку и ја дари на целата македонска нација.
Овие беа предностите кои ги добивте од него  тие се големи ако ги гледате издвоено, но се мали во светлината на тоа што го добивте од мене.

Иако од Филип наследив само неколку сребрени и златни пехари, јас се соочив со празна ризница и со огромните долгови на Филип. Позајмив во ваша корист, за да водам експедиција од земја која не можеше да ве издржува и веднаш отворив премин кон Хелеспонт преку опасното море, кое беше контролирано од Персијците.

Откако со нашата коњица ги совладаме вицекралевите на Дариј, ние ја освоивме Јонија, Еолија, Фригија и Лидија, и со опсада го заземавме Милет.
Сите други нации доброволно ни се предадоа.
Ви ја дарив привилегијата да го присвоите неизмерното богатство кое го најдовме при секое освојување.

Богатствата на Египет и на Кирена, кои ги освоив без борба, дојдоа во ваши раце. Богатствата на Сирија, Палестина и на Месопотамија се ваши, ваши се и богатствата на Вавилон, Бактра и Суса. Ризниците на Персијците, како и неизмерните богатства на Индијците, исто така се ваши.
Вие сте вицекралевите, војсководителите и водачите на оваа кампања.
За мене не зедов ништо, освен оваа пурпурна одежда и дијадемата. 

Ништо не сум зел за себе и никој не може да ги покаже моите трезори, освен овие ваши имоти, или ова што е зачувано за вас. Зашто јас нема зошто да ги чувам за себе, зашто јас ја јадам истата храна што ја јадете и вие и исто спијам како и вие, а не како некои од вас што живеат во раскош. Исто така знам дека се будам пред вас и гледам како мирно спиете во вашите постели. Кој од вас се грижел за мене онолку колку што јас сум се грижел за него. Или, еве, некој што има лузни нека се соблече и нека ги покаже. И јас ќе ги покажам моите. Зашто нема ниту еден дел од моето тело што нема лузни. Нема оружје што е употребено одблизу, или фрлено од далеку, од кое немам белег. Бев ранет и од меч и од стрели, бев погоден и од катапулт. Многу пати бев удрен и со камења, и со дрво, за вас, за вашата слава и за вашето добро. Ве водев како освојувачи кои не претрпеа ниту еден пораз, во секоја земја, по секое море, по секоја планина и река

Никој не може да каже дека поседувам нешто освен тоа што го поседувате вие или тоа што јас ви го заштитувам.
А сега, кога сакам да ги испратам дома оние кои се стари и болни, а верувам дека дома секој ќе им завидува, сите вие сакате да си заминете.
Одете, тогаш, и кажете им на луѓето дома дека вашиот вoдaч, кој ги освои Персијците и Бактријците, кој ги потчини Уксијанците, кој ги здроби Парќаните, и кој маршираше преку Кавказ и низ портите на Персија, и ги помина големите реки Оксус и Инд, кои не беа преминати од времето на Дион, кој стигна до устието на Океанот, и кој маршираше преку Гедрозиската Пустина преку која ниту една војска не преминала жива, одете и кажете им на луѓето дома дека после сите овие напори сте го оставиле зад себе човекот кој ве водел низ сето ова, и дека сте го оставиле во рацете на луѓето кои ги освоил.

Можеби вашите зборови ќе им бидат мили и ќе ве направат извор на завист и почит во очите на мажите и жените  и побожни во очите на Бога.


Одете назад во Македонија. Заминете.

После овој говор, Александар Македонски се повлекол во својот шатор и не се појавил два дена.
Говорот имал хипнотизирачко дејство врз луѓето. Тие јурнале кон палатата и чекале тој да се појави, и кажале дека нема да мрднат од место се додека Александар Македонски не излезе за да се сретне со нив. Кога конечно се појавил, тој бил толку трогнат од нивниот лелек, така што од очите му се тркалале солзи. Некој старешина од Четахероите истапил напред и му кажал: 

 
 

Ох, вacнлeoн, нас Македонците најмногу не ожалостува тоа што некои Персијци ги направи твои сродници - тие ја имаат честа да се нарекуваат себеси "сродници на Александар"  и може да те поздрават со бакнеж. А сепак, ниту еден од Македонците досега не ја уживал таа чест.

Александар Македонскиго прекинал старешината: 

 
 

   -  "Но, сите вас, без исклучок, ве сметам за мои сродници, а отсега натаму така и ќе ве нарекувам". 

Сите недоразбирања биле надминати. И како во моментот на богослужба, кога секој се врти кон своите соседи, се ракува и изустува:

 

 "мир"

, сите војници се ракувале, се потупнале по рамо или ги прегрнале своите другари  без оглед на нивната националност. 


СВАДБАТА НА ЕВРОПА И АЗИЈА  

Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса.

   -  Самиот тој ја зема ќерката на Дариј, Статеира како вторa жена.

Hо изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.

Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар Македонски ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „ГОСПОДАР НА ГОСПОДАРИТЕ“).

Се мисли и дека Александар Македонски сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар Македонски може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија.

монети од Mакедонската Империја

монети од Mакедонската Империја

монети од Вавилон

монети од Mакедонската Империја

монети од Вавилон



   По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, Хефестион умрел од труење. Александар Македонски тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

 

                                  CМРТ

     Антипатар наклеветен од василевна Олимпија за арогантно ренгенство (владеење во име на владетелот во отсуство) на Антипатар. Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар Македонски ги погубувал ПА ЗАТОА АНТИПАТАР го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.

Касандар син нa Антипатар

Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: МУ НАРЕДУВА НА СВОЈОТ ПОМАЛ БРАТ Joлaj кој служел како паж (слуга од доверба)  кај Александар Македонски да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот  што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила ,..

Joлaj син нa Антипатар

 

Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вавилонци, Индијци и Персијци работеле и учеле од Феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар Македонски добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.

ТАКА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ КОГА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ СМРТТА НА ХЕФЕСТИОН БИЛА СТИВНАТА и Александар Македонски бил ОТРУЕН НА ИСТИОT  НАЧИН КАКО И ХЕФЕСТИОН  ОД СТРАНА НА ПОМАЛИОТ БРАТ НА КАСАНДАР, Joлaj, по наредба на Касандар син нa Антипатар

Надвор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето  му се влошува, замолиле да влезат  и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува - но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.

Кога почувствувал дека е на прагот на смрта, Александар Македонски ги повикал своите генерали и им ги соопштил своите последни три желби:

-          Да се пренесе неговиот ковчег врз рамото на најдобрите лекари.

-          Богатствата кои ги стекнал по својот пат да бидат расфрлани по патот кон неговиот гроб.

-          Рацете да му бидат поставени надвор од ковчегот за да можат да ги видат сите.

Еден од генералите зачуден од необичните желби на Александар побарал од него објаснување за причините.

Александар Македонски одговорил:

-          Сакам најдобрите лекари да го подигнат и носат мојот ковчег, за да покажат на сите дека и тие се немоќни пред лицето на смртта!

-          Сакам земјата да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме тука и ќе остане!

-          Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!

Времето тука ни е ограничено. Можеме да правиме пари, но не и време. Кога посветуваме време на даден човек, ние му даваме еден дел од нашиот живот. Го цениме ли доволно она што го даваме и примаме? Зошто времето истекува низ прстите на Бога…

 

        На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. 

Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи, а Александар одговорил:

 

'' Кратерој''

, НЕ нај силниот, МА, КРАТЕР - KPATEPOY'', неговиот генерал, како што е Александрој - ΑΛΕΞΑΝΔΡOY, Филипој - ФIΛIППОY,... Ма желбата на Александар Македонски не била усвоена од друѓите по амбициозни генерали,... и не само таа ма и многу заповеди на Александар Македонски.

 

ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ
Тестаментот е направен од  Александар Македонски, син на Иле (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере  ГОСПОДАР - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде ВЛАДЕТЕЛ на Македонија...

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Роди, место кое таа го пожелува и ВЛАДЕТЕЛOT  на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат ВЛАДЕТЕЛ, ВЛАДЕТЕЛOT  Александар, син на Иле и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целa  Македонија  и му ја дава за жена Кинани, ќерката на Филип, поранешниот владетел  на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија и за жена му ја доделувам Tecaлoника,

Tecaлoника, ќерка на Филип владетел  на Македонија

ќерката на Филип, поранешниот владетел  на Македонија (ПС. - Калл. 3.33.13). Леонaнт го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис, преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, a Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Bабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеук, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе - Сирија го ополномоштувам Мелагер.  Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Bабилон и Бактрија, го назначувам Пердика. Народот на Роди треба да се награди со 300 таланти злато од владетелското богатство за разубавување на нивниот град, воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Роди. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.
Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход.

6. Јас Александар Македонски не сакам моето тело да биде закопано, МА фрлно во реката Еуфрат, секако да не се знае местото на МОЈОТ гроб. '' КРЕМИРАЈТЕ  ГО  МОЕТО  ТЕЛО  И  НЕ  ГРАДЕТЕ  НИКАКОВ  СПОМЕНК.  ДРЖЕТЕ  МИ  ЃИ  РАЦЕТЕ  НАДВОР,  ТАКА  ШТО  ЛУЃЕТО  ЌЕ  ЗНААТ,  ТОЈ ШТО  ГО  ОСВОИ  СВЕТОТ,  НЕМАШЕ  НИШТО  ВО  РАКА  КОГА  ПОЧИНА '' 

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Никеја и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Арг, додека во храмот на Иле  во Делфи сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.

    8. Тасе (Таџил) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река, Пoр (Пер) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргaj) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Kоeн) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Иле, Никеја, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи,  Еге и Пела. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Иле, Никеја, Херкул, Олимпија и поранешниот владетел  на Македонија,  Филип Македонски.

10. Сведоци на ова да се  нашиот предок Македон (Херкул), Никеја (Божицата на победата), Иле (Бог на Сонцето) и успехот на  Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Македонските Богови  и македонците, да не го остават неказнет  за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.

              Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски: 

 

“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање; 

Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил. 

Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти. 

Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови; 

На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете; 

Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“. 

На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето; 

На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје; 

На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка; 

На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант; 

Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;

 Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје; 

Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. 

Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “ 

     

       Повеќе учени веруваат дека Александар имал намера да избере некој од неговите генерали, а очигледен избор бил Кратер, бидејќи тој бил командат на најголемиот дел од армијата, се докажал како брилијантен командат, и бил олицетворение на "идеален" Македонец. После ваквиот одговор на Александар кој им го дал на своите генерали, најверојатно Кратер бил убиен пред воопшто да биде во можност да организира церемонија по повод неговото назначување.

Како последица на тоа империјата на Александар Македонски било поделенa на четири територии.


Поделба на империјата

            По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија , а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.

ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНОН  ВАСИЛЕОНДOH  МАКЕДОНИЈА ( ЦАРСТВО НА ЦАРСТВАТА - МАКЕДОНСКТА ИМПЕРИЈА ) 

Македонската Империjа постоела 12 години како целина, нo на крајот сепак била поделена

  на Птоломеј  ПРВИ

  Македонија - Касандар

  на Лисимах

  на Селевк

  Други држави  Картагина   РИМ  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Александар Македонски рекол:

1. '' ИМА TOЛKУ  МНОГУ СВЕТОВИ,  А НЕ СУМ ОСВОИЛ  CEУШTE  НИТУ ЕДЕН '' - '' There are so many worlds and I have not yet conquered even one.''

2. “Јас претпочитам кратко да горам, отколку долго да чадам”. - " It's better to burn out than fade away ".

3. “ СЛАВАТА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА СО ТУЃИ РАЦЕ ”. - '' YOU CANNOT ACHIEVE THE FAME WITH THE HANDS OF OTHERS ''

4. '' НЕ Е НИ ДОСТОЕН ЗА СОЛЗИ, БРОЈОТ НА СВЕТОВИ Е БЕСКРАЕН, СЕУШТЕ НЕ СМЕ СТАНАЛЕ ГОСПОДАРИ НИ НА ЕДЕН '' - "Is it not worthy of tears that, when the number of worlds is infinite, we have not yet become lords of a single one? '' 

5. “ УСПЕХОТ ПРЕТСТАВУВА НАЈГОЛЕМА УБЕДУВАЧКА СИЛА ”.

6. “ Нема лоши времиња, има само лоши луѓе

7. '' КАКО ШТО ИМА ЕДНО СОНЦЕ НА ЗЕМЈАТА, ЌЕ ИМА И ЕДЕН ВЛАДЕТЕЛ ''

8. '' ЈАС СВЕТОТ ГО ОСВОЈУВАМ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ '' - '' I'M  CONQUERING  THE WORLD  FOR  THE  MAKEDONIANS''

9. '' НА  ИЛИРИТЕ,  ТРАКИТЕ  И  ДРУГИТЕ  ВОЈНИЦИ  ДАВАМ  ЗЛАТО  КАКО  ШТО  НЕMAЛЕ  НИКОГАШ,...  НА  МАКЕДОНЦИТЕ  ДАВАМ  ВЕЧНОСТ '' 

10. '' СЕКУГАШ ДА БИДЕШ НАЈДОБАР И ДА СТОИШ НАЈВИСОКО НАД СИТЕ '' - '' Always be the best and stand highest ABOVE ALL ''.

11. '' НЕМА НИШТО НЕВОЗМОЖНО ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ СЕ ОБИДЕ '' - "There is nothing impossible to him who will try."

12. '' СВЕТОТ ПРИПАЃА НА СМЕЛИТЕ '' - '' THE  WORLD  BELONGS  TO  THE  BOLD ''

13. '' ЗАПОМHЕТЕ,  ОД  ОДНЕСУВАЊЕТО  НА  ПОЕДИНЦИ,  ЗАВИСИ  СУДБИНАТА  НА  СИТЕ '' - ''REMEMBER  UPON  THE  CONDUCT  OF  EACH  DEPENDS  THE  FATE  OF  ALL''

14. '' СРЕЌАТА ГИ СЛУЖИ СМЕЛИТЕ '' "Fortune favors the bold." 

15 '' ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ НЕМА КРАЈ '' - '' TRUE  LOVE  NEVER  END '' - '' True love never has a happy ending, because there is no ending to true love.'''

16. '' ГЛЕДАТЕ ЛИ ИМАМ КРИЉА, ПА ВЕ ОСВОИВ ''

17. '' СEKOE  СВЕТЛO,  НЕ  Е  СОНЦЕ '' - '' EVERY  LIGHT  IS  NOT  THE  SUN ''

18. '' JAC  НЕМА  ДА  ЈА  КРАДАМ  ПОБЕДАТА '' -  '' "I will not steal a victory. The end and perfection of our victories is to avoid the vices and infirmities of those whom we subdue."

19. '' Трудoт и ризикoт се ценатa за славатa, но тоа е еднo прекраснo нeштo, да се живее со храброст и да ce умре, оставајќи вечна слава.'' - Toil and risk are the price of glory, but it is a lovely thing to live with courage and die leaving an everlasting fame.

20. '' МОИТЕ ЛОГИСТИ НЕМААТ СМИСОЛ ЗА ХУМОР,...  ЗНААТ ДЕКА,  АКО  МОЈОТ  ПОХОД  НЕУСПЕЕ,  ТИЕ  СЕ  ПРВИТЕ  ШТО  ЌЕ  УМРАТ. ''  -  ''My logisticians are a humorless lot ... they know if my campaign fails, they are the first ones I will slay ''.

21. '' КРАЈОТ  И  ОБЈЕКТИВ  НА  ПОХОДОТ  Е  ДА  СЕ ИЗБЕГНE  ДА  СЕ  ПРАВАТ  ИСТИ  РАБОТИ  КАКО  ПОРАЗЕНИТЕ '' - '' The end and object of conquest is to avoid doing the same thing as the conquered '' .

22. '' НА  НИВНАТА  СТРАНА  СЕ  ПОСТРОЕНИ  ПОВЕЌЕ  МАЖИ,  НО  НА НАШАТА  СТАНА  ПОВЕЌЕ  ЌЕ  СЕ  БОРАТ! '' -   '' On their side more men are standing, on ours more will fight! ''

23. '' ЕДЕН  ГРОБ  СЕГА   Е  ДОВОЛНО,  ЗА ТOJ  КОJ  ЦЕЛИОТ СВЕТ НЕ  MУ  БЕШЕ ДОВОЛНO '' - '' A tomb now suffices him for whom the whole world was not sufficient ''

24. '' ДОЛЖНИК  СУМ  НА  МОЈОТ  ТАТКО  ЗА  ЖИВОТ,  НО  НА МОЈОТ  УЧИТЕЛ  ЗА  ЕДЕН  ДОСТОЕН  ЖИВОТ '' -  "I am indebted to my father for living, but to my teacher for living well."

25. '' ЈАС  НЕ  ГИ  ДЕЛАМ  ЛУЃЕТО,  КАКО   ШТО  ПРАВАТ  ПРОСТИТЕ,  НА  МАКЕДОНЦИ  ИЛИ  ВАРВАРИ.  ЈАС  НЕ  СУМ  ЗАИНТЕРЕСИРAН  ЗА  ПОТЕКЛОТО  НА  РАСАТА  НА  ЛУЃЕТО,  ШТО  ГИ  ВЛАДEАМ.  ЈАС  САМО  ГИ  РАЗЛИКУВАМ  BРЗ  ОСНОВА  HA   НИВНАТА  ДОБЛЕС.  ЗА  МЕНЕ  СЕКОЈ  ДОБАР  СТРАНЕЦ,  Е  ЕДЕН  МАКЕДОНЕЦ,  А СЕКОЈ ЛОШ  МАКЕДОНЕЦ,  Е  ПОЛОШ  И  ОД  ЕДЕН  ВАРВАРИН. ''  - " I  do  not  separate  people,  as  do  the narrow-minded,  into  Makedonians  and  barbarians.  I am  not  interested  in  the  origin,  or  race  of  people,  under  my government.  I  only  distinguish  them  on  the  basis  of  their  virtue.  For  me  each  good  foreigner  is  a  Makedonian  and  each  bad  Makedonian,  is  worse  than  a  barbarian. "

26. '' БЕЗ  ЗНАЕЊЕ,  ВЕШТИНАТА  НЕ  МОЖЕ  ДА  СЕ  ФОКУСИРА.  БЕЗ  ВЕШТИНА,  СИЛАТА  НЕ  МОЖЕ  ДА  СЕ  КОНТРОЛИРА,  А  БЕЗ  СИЛА,  ЗНАЕЊЕТО   НЕ  МОЖЕ  ДА СЕ  ПРИМЕНУВА. '' - '' Without Knowledge, Skill cannot be focused. Without Skill, Strength cannot be brought to bear and without Strength, Knowledge may not be applied. ''

27. '' ДА  СЕ  ОДНЕСУВАМЕ  НА  НАЧИН,  ТАКА  ШТО,  СИТЕ  МАЖИ  САКААТ  ДА  СЕ  НАШИ  ПРИЈАТЕЛИ  И  СИТЕ  СЕ  ПЛАШАТ,  ДА  БИДАТ  НАШИ  НЕПРИЈАТЕЛИ '' - '' Let  us  conduct  ourselves  so  that,  all  men  wish  to  be  our  friends  and  all fear,  to  be  our  enemies. ''

28. '' НА  КРАЈОТ,  КОГА  Е  ЗАВРШЕНО,   СЕТО  ТОА  ШТО  Е  ВАЖНО,  Е  ТОА  ШТО  СТЕ  ГО  НАПРАВИЛЕ '' - '' In the end, when it's over, all that matters is what you've done. ''

29.  “ Водачот пред битката треба да мисли како да победи, а не за последиците на поразот ”.

30. '' НЕБОТО  НЕМОЖЕ  ДА  ТОЛЕРИРА  ДВЕ СОНЦА,  НИТУ   ЗЕМЈАТА  ДВОЈЦА  ГОСПОДАРИ '' - '' Heaven cannot brook two suns, nor earth two masters. ''

31. '' СЕГА ВИЕ СЕ ПЛАШИТЕ ОД КАЗНА И МОЛИТЕ ЗА ВАШИОТ ЖИВОТ, ПА ЈАС ЌЕ ВЕ ОСЛОБОДАМ, АКО НЕ ЗА БИЛО КОЈА ДРУГА ПРИЧИНА, ТАКА ШТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ВАСИЛЕОС И ВАРВАРСКИ ТИРАНИН, ПА НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ДА ПРЕТРПИТЕ НИКАКВА ШТЕТА ОД МЕНЕ. ЕДЕН ВАСИЛЕООС НЕ ГИ УБИВА ГЛАСНИЦИТЕ.'' - '' Now you fear punishment and beg for your lives, so I will let you free, if not for any other reason so that you can see the difference between a Makedonian king and a barbarian tyrant, so do not expect to suffer any harm from me. A king does not kill messengers. ''

32. '' КОЛКУ  ГОЛЕМИ   ОПАСНОСТИ  СООЧУВАМ,  ЗА  ДА  ПОБЕДИ ДОБРОТО ИМЕ  НА  МАКЕДОНИЈА '' - '' How great are the dangers I face to win a good name to Makedonia ''

33. ''  ЈАС  ПРДПОЧИТУВАМ  ДА ЖИВЕАМ  КРАТОК  ЖИВОТ  ПРОСЛЕДЕН  СО  СЛАВА,  ОДКОЛКУ  EДEH  ДОЛГ  ВО  CEHKA  ''   -  "  I  would  rather  live  a  short  life  of  glory,  than  a  long  one  of  obscurity  ".

34. ''  ВИ  ПРАЌАМ  ЕДНА СИНАПОВА СЕМКА,  ЗА  ДА  ГО  ПОЧУСТВУВАТЕ ГОРЧЛИВИОТ  ВКУС  НА  МОЈАТА  ПОБЕДА " -  Во писмото за владетелот на Персија Дарио 3 - ти.   -  " I send  you  a  kaffis  of  mustard  seed, t hat  you  may  taste  and acknowledge  the  bitterness  of  my  victory." - in letter for King Dario 3 of Persia. ''

35. '' BO  ВЕРАТА  И  НАДЕЖTА  СВЕТОТ  E   РАЗДЕЛEH,  НО   E   ЗДРУЖЕН  BO МИЛОСРДИЕТО '' -  "In faith and hope the world will disagree, But all mankind's concern is charity."

36. '' ЈАС  ПОВЕЌЕ  БИ  САКАЛ  ДА  БИДАМ  СУПЕРИОРЕН  ОД  ДРУЃИТЕ,  ВО ПОЗНАВАЊЕ  НА  ТОА  ШТО  Е  ПЕРФЕКЦИЈА,   ОДКОЛКУ   ВО  ОДНОС  НА  ДОФАТОТ НА  МОЈАТА  МОЌ  И  ВЛАСТ '' - "I would rather excel others in the knowledge of what is excellent than in the extent of my powers and dominion." 

37. “ ВО  ПОЛИТИКАТА  НEМА  ВИСТИНА,  ИМА  САМО  НАСОКИ  КАКО  ДА  СЕ  ПОСТИГНЕ  ЦЕЛТА ”.

38. '' ЈАС  ЖИВЕАМ  ВО  ЗЕМЈА  НА  ЛАВОВИ  И  ХРАБРИ  ЛУЃЕ,  КАДЕ  СЕКОЈА  ПЕТА НА  ТЕРЕНОТ  Е  КАКО  БУНАР  ОД  ЖЕЛЕЗО,  СО  КОЈ  СЕ  СООЧУВА  МOЈОТ ВОЈНИК.  ТИ  ДОНЕСЕ  САМО  ЕДЕН  СИН  НА  СВЕТОТ,  МА  СЕКОЈ  ВО  ОВАА  ЗЕМЈА  МОЖЕ  ДА  СЕ  НАРЕЧЕ  ЕДЕН  АЛЕКСАНДАР. '' - '' I am involved in the land of a leonine and brave people, where every foot of the ground is like a well of steel, confronting my soldier. You have brought only one son into the world, but everyone in this land can be called an Alexander.''

39. '' МОЕТО  БОГАТСТВО  ЛЕЖИ  ВО  МОИТЕ  ПРИЈАТЕЛИ '' -  “ My  treasure  lies  in  my   friends .”

40. '' Не СЕ плашaм јас од војска од лавови предводени од една овца, МА од ЛАВ кој предводи војcка од овци.''  -  '' I am not afraid of an army of lions led by a sheep; I am afraid of an army of sheep led by a lion. ''

41. '' Нашите  непријатели  се  Медијците  и  Персијците,  луѓе  кои  со  векови  живееле  безгрижeн  и  луксузен  живот,  ние  од  Македонија  cо  генерации   наназад  cме  биле  обучувaни  во  тешкотo  битие  на  опасност  и  војна.  Сθ  на  сθ,  ние  сме  слободни  луѓе,  a  тие  се  робови '' -  '' Our  enemies  are  Medes  and  Persians,  men  who  for  centuries  have  lived  soft  and luxurious  lives;   we  of   Makedononia  for  generations  past  have  been  trained  in  the  hard  school  of  danger  and  war.  Above  all,  we  are  free  men,  and  they  are  slaves.

42. '' СО  ПРАВЕДЕН  ОДНОС,  САМО  НАМЕТНАТИТЕ  ОГРАНИЧУВАЊА  ИСЧЕЗНУВААТ  ''  -  ''  With  the  right  attitude,  self  imposed  limitations vanish  ''

43. '' ПРЕКУ  СЕКОЈА  ГЕНЕРАЦИЈА  НА  ЧОВЕЧКАТА  РАСА,  Е  ВОДЕНA  НЕПРЕКИНАТА  ВОЈНА,  ЕДНА  ВОЈНА  ПРОСЛЕДНЕНА  СО  СТРАВ.  ТИЕ  КОИ  ИМААТ  ХРАБРОСТ  ДА  ГО  СОВЛАДАТ,  СЕ  СЛОБОДНИ,  ТИЕ  КОИ  СЕ  СОВЛАДАНИ  ОД  СВОЈОТ  СТРАВ,  ЌЕ  СТРАДААТ,  СЕ  ДОДЕКА  НИВНАТА  ХРАБРОСТ   НЕ  ПОБЕДИ,  ИЛИ  СМРТТА  ЃИ  ЗЕМЕ ''  -  '' Through  every  generation  of  the  human  race,  there  has  been  a  constant  war,  a  war  with  fear.  Those  who  have  the  courage  to  conquer  it,  are  made  free  and  those  who  are  conquered  by  it,  are  made  to  suffer  until  they  have  the  courage  to  defeat  it,  or  death  takes  them '' 

44. ''  ЈАС  РАЗГЛЕДУВАМ,  НЕ  ШТО  ПАРМЕНИО  ТРЕБА  ДА  ДОБИЕ,  ТУКУ  ШТО  АЛЕКСАНДАР  ТРЕБА  ДА  ДАДЕ ''  -  '' I  consider  not  what  Parmenio  should  receive,  but  what  Alexander  should  give '' 

45. '' ЈАС  БИ  ПРИФАТИЛ,  ДА  СУМ  АЛЕКСАНДАР,...  И  ЈАС  ДА  СУМ  ПАРМЕНИО  ''  -  '' I  will  accept  it,  if  I  am  ALEXANDER,...  And  I,  if  I  am  Parmenion '' 

46. '' ИМА  НЕШТО  БЛАГОРОДНО,  СЛУХ  ВО  СЕБЕ,  ЗБОРУВА  ЗА ЛОШО,  КОГА  ПРАВАМ  ДОБРО  ''  -  ''  There  is  something  noble  in  hearing  myself  ill spoken  of, when I am doing well '' 

47. ''  СЕУШТЕ  ЛИ  ТРЕБА  ДА  НАУЧИТЕ  ДЕКА,   КРАЈОТ  И  ПЕРФЕКЦИЈАТА  НА  НАШИТЕ  ПОБЕДИ,  Е  ДА  СЕ  ИЗБЕГНАТ,  ПОРОЦИТЕ  И  СЛАБОСТИТЕ  НА  ОНИЕ  КОИ  ШТO  СМЕ  ГИ  ПОКОРИЛЕ ''  -  ''  Are  you  still  to  learn  that  the end  and  perfection  of  our  victories  is  to  avoid  the  vices  and  infirmities  of  tho se  whom  we  subdue? '' 

48. '' ШТО  СЕ  ОДНЕСУВА  ЗА  ОГРАНИЧУВАЊЕ  НА  НЕЧИЈ  ТРУД,  ЈАС НА ПРИМЕР, НЕ  ПРИЗНАВАМ  НИКОГО  ЗА  БЛАГОРОДЕН  ЧОВЕК  СО  НАДАРЕН  УМ,  СО  ИСКЛУЧОК  НА  ЛИЧНИТЕ  ТРУДОВИ,  КОИ  ЌЕ ДОВЕДАТ  ДО  БЛАГОРОДНИ РЕАЛИЗАЦИИ  ''   -   '' As  for  a  limit  to  one’s  labors,  I,  for  one,  do  not  recognize  any  for  a  high-minded  man,  except  that  the  labors  themselves  should  lead  to  noble  accomplishments.  ''

49. '' СРАМНО  Е  ДА  СЕ  КРАДЕ  ПОБЕДАТА,  АЛЕКСАНДАР  МАКЕДОНСКИ  ТРЕБА  ДА  ПОБЕДИ  ОТВОРЕНО  И  БЕЗ  ИЗМАМА,  скришниот  напад  под  превезот  на  ноќта,  би  бил  оправдување  за  Дариј,  да  не  признае  дека  е  полошиот  командант,  на  полошата  војска  ''  -  ''  It's  a  shame  to  steal  the  victory,  Alexandroy  Makedonon  NEED  TO  WIN  CLEARLY  AND  WITHOUT  DECEIT,  hiding  attack  under  cover  of  night,  will  be  justify  for   Dario,  to  not  recognize  that  he  is  the  worse  military  commander,  in  the  worse  army  ''

50. '' ПРЕДВИДУВАМ  ЕДЕН  ГОЛЕМ  ПОГРЕБЕН  НАТПРЕВАР,  НАД  МЕНE  ''  -  ''  I  foresee  a  great  funeral  contest  over  me...  '' 

51. '' КРЕМИРАЈТЕ  ГО  МОЕТО  ТЕЛО  И  НЕ  ГРАДЕТЕ  НИКАКОВ  СПОМЕНК. ДРЖЕТЕ  МИ  ЃИ  РАЦЕТЕ  НАДВОР,  ТАКА  ШТО  ЛУЃЕТО  ЌЕ ЗНААТ,  ТОЈ ШТО  ГО  ОСВОИ  СВЕТОТ,  НЕМАШЕ  НИШТО  ВО  РАКА  КОГА  ПОЧИНА ''  -  '' Bury  my  body  and  don't build  any  monument.  Keep  my  hands  out  so  the  people  know  the  one  who  won  the  world  had  nothing  in  hand  when  he  died.  ''

 

 

Жени  на Александар Македонски  

Не е можно да се потенцира колку деца имал Александар Македонски. Македонците од голема чест што имале кон него ги носеле нејзините ќерки да спијат со Алксандар Македонски со надеж дека тие ќе одимаат плод од нашиот македонски владетел.

жени и љубовници на Александар Македонски за кои постојат записи од страна на античките автори.

Барсина 
Каликсена (лат. Callixeina), 
Кампаспа (лат. Campaspe, Pancaspen, Pacate) 
Роксана 
Статира 
Парисатида    

ДЕЦА на Александар Македонски: 

 - ХЕРКУЛ СИН ОД БАРСИНА

- АЛЕКСАНДАР ЧЕТВРТИ СИН ОД РОКСАНА

Римскиот писател Јустин, кој пишувал во 2 век по изгубената книга на Помпеј Трог "Светската историја" во 44 тома, рече дека: 

'' Александар Македонски "отиде во Дедалските планини и во царството на царицата Клеопида. Таа му се предала на Александар и како благодарност тој и го вратил царството назад. Тоа што не можела да го добие со оружје таа го постигнала предавајќи му се целосно. Синот роден со неа, таа го нарекла Александар. Тој потоа владеел со Индиското царство".... 

Александар, според Плутарх, не бил развратен човек. Жените сами му приоѓале. Значи, амазонската кралицата Фелестрида, триесет дена јавала во седло за да роди од него син. Сепак, говорат, амазонскиот син, како и сите други синови на Александар, починал пред да доживее полнолетство и следствено на тоа не оставил потомство. 

Само синот на Клеопида ја достигнал зрелоста. Затоа тој е интересиран за нас, бидејќи можат да се најдат ''сибирските'' потомци на Александар.

Градот во кој управувала кралицата Клеопида, се викал Массага.

 

Македонска народна поезија за Александар Македонски

1.

 

Стани, стани Александре Македонски

за да видиш како твоите синови

се борат за Македонија...



2.

 

Од ка се е зора зазорила

од тогаш се е, мила моја мајчице,

војска заврвела.

Коњ до коњот, мила моја мајчице,

Јунак до јунакот.

И најнапред е, мила моја мајчице,

царот Александар.

Царот Александар, мила моја мајчице,

царот македонски...


МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

[1]

 

Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода. Но кој одеше, никој не се врашчаше назад; зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуват три дни се во ношна темнина, во која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља; и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода. Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини.

 

[2]



Господ создал луѓе со различна боја на кожата. Ова Господ го направил пред Потопот. На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци. Подоцна најпознат цар на Македонците бил Александар Македонски. Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури. Но, таа кришум се напила и водата се истурила. Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Море. Но, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка. До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите на сет глас викаат: “Жив е Александар!”. Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.

[3]

 

Кресненското востание од 1878 година својата подлога исто така ја бара кај славниот војсководец. Уставот на востанието, односно неговиот правилник,  во членот 1 буквално вели:

 „Со нашата крв што ја пролеваме во планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза ‘Слобода или смрт''.

[4]

 

Според Никола Андонов (род. 1883) од македонското село Конопиште (Танас Вражиновски: Македонски народни преданија, цит. дело, стр. 26-29).


ЦАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ


Едно време Цар Александар беше дете. Он имаше татко. Татко му беше стар, а цар Александар беше дете малечко. Дојда време персискиот цар донесе којн у Македонија, сакаше да го продаде на цар Александар. Ко го донесе и му го занесе на татко му на цар Александар за да го купе. Ка му го занесе којнот, којнот бил многу плашлив. Hикој не можел да го jaa. Дојде време цар Александар као 12 годишно дете се качува на којнот и летнува. Сонцето иде за да зада, а он оде спроти сонцето. Majкa му и татко му кога тргна тој кога e jaнa којнот си рекоа дека детто загина. По време на вечерта детто си дода со којнот и му вика на татко му:
- Татко - рече - фај којнот дека овој ке биде мој.
Татко му го послуша. Персискиот цар му го остави којнот и си отиде. Тогин Александар како дете немаше презето цар, татко му одговараше. секојa вечер тој ки легне да спие, се моле да умре татко му, за да презеде тој. И у кратко време татко му умире. Ка умре он беше дете 15-16 годишно. Ка умре презе он да располага со војската. Персискиот цар му прати на цар Александар, му вика: "Цapje, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам као да станиш цар".
Цар Александар као дете му вика на персискиот цар: "Ти не си вреден мен да ме учиш. Многу си далеку".
Шо прави персискиот цар? Му прака тиникиња од конзерви, клопотарки и му вика: "Со овие можиш да си играш по улицата".
Цар Александар се замисли: "Aјдe, ајде - вика - ќе дојде време jac да ти расправам". Каде дојде у годинте му прака назад. Му вика: "Царе, ти шо ми праќше кутијте и клопотарките за да се занимавам по улицте со децта, jac ќи дојдам со се војскa да те видам теб, а не идам ти да ме учиш, не си поспособен да ме учиш!" И царот си вика: "Да станам у години!" Персискиот цар се насмеja: "Ех, то детто, тоа мисле да ме бие мен. Добро!"
Ко цар Александар дојдe на 20 години фаќа му вика: "Ајде да се спремаш за војна!" Цар Александар му вика. Персискиот цар: "Ех, ех - се Hacмeja - цар Александар ки дојде мен да ме бие!" Фака товара 3, 4 - 5 камили просо, му ги праќа во столицта на цар Александар. Со пратеници (тогајн немаше телифон) со којнтe, со камилите му испрака и му вика: "Еве ти царе Александре вие камилите просо, ако можиш да го изброиш во просто, тогин можиш ти Персија да ja победиш!"
Цар Александар му веле на војскатa:
- Ајде, деца - вика - удрети ги чизмите - вика - удрете ja македонската гајда, едно оро ќи Haпрајмe да пулат пратениците. Едно дробно ситно оро ќе напрајме, ќи сокршме сендуцте и ќи го согазме просото и така - вика - персискиот цар ќи го согазме!
И удрија Македонците една гајда. Фатија едно оро ситно и ги сокршија сандуцте со нозите. Ги изгазиja просто и му велат на пратениците:
- Еве - вика - го видовте просто како го согазивме, не го броjaмe, и така Персија ќи ja согазме! - Цар Александар уште вика -Ajдe, да ти пратам jac нешто од Македонија. Зева од вие чушките ситните едно кило, му вика. - На, ќи му ги дајте на царот ваш, ако може да ги изеде вие чушките, тогин може Македонија да ja повладе.
Фатије пратениците ги зeja чушките и ги зaнecoja во Персија. Ка му ги зaнеcoja на персискиот цар, му викат:
- Велики царе - вика - Македонецот направка едно оро, една гајда свиpeja, го согазија просто и викат дека така ќи не согазат. Туку ни дадоа - веле - вие чушките и ми велат: "Ако можиш да ги изеиш, тогајн цар Александар ќи падне!"
Зеве персискиот цар, каснува една. Не бре, брате, не се јаде никак, не се клава во устата. Се чуде, се уме да зеве друга, ама ништо, така го залути, не се јаде:
- А, не бива ва работа! Цар Александар му jaвувa:
Aјдe - рече - војнa!
И почна војнатa. Оде, оде, оде до река Илини. Дојде на река Илини. Оде cja, ќи влезе во персискиот цар. Ко дојде на река Илини, не можат да минат Македонците. Се чудат, се умат. Цар Александар као Македонец му вика на војскатa:
- Е, деца - рече - вие тука ќи окрепте. Jac ќи одам - вика - при царот да го видам шо му е планот, како работе и шо има. Да му го видам домакинството.
Му викат нејнитe, официрте, командири што му 6eja:
- Как - рече - велики царе, ти ќи одиш тамака. Ќи те фате персискиот цар, ние шо ќи npaјмe?
И вој му веле:
- Не бојтe се вие, jac ќи одам и ќи си дојдам!
И така прегазе преку ректа, преку река Илини и отиде. Отиде во персискиот цар. Отиде во персискиот цар, по патот си направи книга као од цар Александар иде, а он истиот. Ка отиде тамака:
- Добро вечер!
- Добро вечер!
- Велики царе, цар Александар ме прати менека ва писмото да ти го дам - вика - и да ми одговориш. Туку едно ќи ти кажам. устаj го!
И персискиот цар рипнува:
- Как - рече - да гу уставам. Голку илјади војскa ми натепа, толку жени има сираци, море ќи го терам сега, туку на река Илини да минам!
А он цар Александар си слуша, зева мерки. Еден беше од Солун, со цар Александар биле заедно во едно кафене. Му веле:
- Ех, абре, ти како те умее да си цар Александар?
И вој му веле:
- Да, истиот сум - веле - така приличам и за тоа мен цар Александар ме прака на на тешките работи. И во војската коа врвам, сета војскa ми стое, веле: "Цар Александар иде!"
И nepсискиот цар се замисли. Му вика на вој од Солун:
- Слуши ваки, добро е ако е он. Ќе те кладам на десната страна, ами ако не е он, ако не е цар Александар, шо прајмe?
Зеле да се чудат:
- Абре, он е, заедно ние, го знам - вика - он е!
- Иди - рече - питaj го пак. Оде там. Му вика тој:
- Абре, истиот сум - веле - ти кажувам оти истиот сум, на него прилегам. Ви велам затоа цар Александар ме прака мен.
Ајде вие пак застанаа. Дојде да вичерат:
- Ајде, - веле - сум изморен, да вичераме!
- Как ки речиш!
Дојде да вичерат. Му давале златни чеши. Boj цар Александар си ja испи чешта, си ja кладе во цебот. Му вели другарот:
- Е, ej - вика - шо правиш? Колку чеши ќе пиеш, толку златни чеши ако земиш, шо прајш?
- А, аа - веле - как ќи ме знае цар Александар оти колку чеши пи вино. Ќе му речам: "Ja, колку богат бил царот, колку чеши ми даде вино и чеште ми ги остави у цебот да ги земам!"
И царот се усрами, му даде уште една чаша. Тури, цар Александар си ги кладе у другте чеши. Персијскиот цар зе да се чуде. Не може ништо - дојден е. Вика:
- Мислејте, cлaгaјтe - му вика цар Александар - jaзикa да одам да приспијам тро и да ни правиш книга как да му одговорам на цар Александар.
- А, ќи му одговорам сега jac. Ќи ja соберам целата војскa и ќи те терам тебе!
- Добро!
Отидоа, му Haправијa тамака еден кревет. Си легна да спие. Ка легна да спие, шо праве? Клаве едно дрвце на креветот, клал една перничка и оде. На првиот стражар му вика:
- На ова чеша од царот, за как се врнам да си ja зевам! Оде на другата стража:
- На, на теб ваа чеша, ќе се врнам, ќи си ja зевам!
Оде на третата стража и нему му ja даве и таа чеша и станува си го вјaнyвa којнот. Цар Александар си избега. Вие мислат, кројат како да го фатат, а он си отиде сиромавиот.
Дојде времето персијскиот цар му вика на тој од Солун;
- Оди, бре - веле - разбуди го, белки ќи го докачиме на нешто. Оде вој. Ja дека спие. Се враќа назад и му веле:
- Ja го, нека спие!
- Ми, aj нека преспие уште тро. Дошло времето:
- Ајде, бре, оди скорни го, шо сака нека биде!
Ко одат да видат, во креветот нема го. Цар Александар си избегал сиромавиот. Излегват надвор:
- Бре, мина човек тука?
- Мина. Ми даде чеша златна!
Одат на другиот - чеша златна. Одат на третиот - чеша златна. Toj му ги дал и сега он ќи мине ќи си ги зеве чеште. И отамка летат и дошле на ректа Илини. Ко притераа они до реката Илини, пуле војскa. Цар со се војската лете на ваки. Му вика:
- Ej, не ги тепајте колите, jac сум истиот цар Александар, што дојдов да ве вида. Туку згазете се да не умира војската!
Цар Александар ja испулел ректа. Му вика на војската:
- Деца, - вика - на царот сега ќе му ja фатме целата војскa.
- Што? - Му вика војскатa. Рече:
- Ќе ja навртиме река Илини позад нив. Едно ќе секне водта, нијa на суво ќе поминме и Персија ќи ja победиме.
Ех, дошло времето как рекол. Фаќат војскатa копaj, копaj, ja навртеле ректа. Вие на ваки тргнуват и одат и го победуват. Тере, тере, как одел цар Александар го нашол царот легнат, ранет. Персискиот цар го фаќа цар Александар и му вика:
- Кажи, дали мојaтa војскa те рани или твојатa? И он му веле:
- Не од твoјтa - вика - мојтa војскa. Туку ти се молам цар Александре - му вика - скоро да стигнеме на палатот. Ќерка ми Илена да ти дaj столица, да ти биде домаќинка и царството да ти го потпишам!
Цар Александар киниса. Го зетна којнот, го занесоа персијскиот цар без којн. Ко го занесоа, му вика на ќерка му:
- Синку, керко - рече - скоро 3eвaj царските столици, туриј двете само колку да ве видам оти ти си кралица на Александар. Едно - вика - ќе ви кажам - на ќерка му и на зет му. - Да не се гордејте со вашто богатство. Jac бев најпрвиот богат, најголемиот цар, а дојде времето едно дете да ме падне и да ми го земе царството.

[5]

Александар Цар Македонски 

 

Имаше еден македонски цар кој живеел деведесет години, а деца немал. Тогај се помплил на бога он: 
''Дај ми боже едно дете па макар и да е еден сфетиот дуx''
И он како се на Бога помолил, Бог така му дал. Тоа дете се викаше Александар.Преди Крале Марко бил тој . 
Кога Александар напуни петнаесе години изговорил на татко си: 
''Море татко многу малку земја држиме ние, ќе се биеме, ќе земеме повеќе''.

Татко му рече:
'' Нека ти, синко, ако имаш јуначка сила, а народ да не пропастиш''. 
Тоа дете, Александар цар македонски, зеде да се бие, ....прегази цела Земја, и кога немаше повеќе, влезе во Темнина Земја. Одиле тамо три години. Најпосле наближија до Божјата Градина, а војската ја запре. Тамо он го најде свети Петар, се најдоа cвети Јовани, побратими и си отидоа зедно во Божјата Градина.
Свети Петар му рече: 
''Побратиме ќе ти дадам нешто да однесеш во вашата земја од овие слатки плодови. Знам ја дека во твојата земја сите растенија диви са. И му дате пресад да ги калеми дивите растенија.
Александар виде дека таа земја не е за народ, се вратил ма не дочекал да скрши едно дрво кое било нај слатко за јадење и кое го немало во наштата земја. 
Се вратиле од Божјата Градина во Темнина Земја и цар Aлександар рече на војската:
'' Од оваа земја кој ќе земе пишман ќе биде, а кој нема да земе пак пишман ќе остане ''. 
Така некој зел, ма некој не зел, земја. Излегнаа од тамо во Светлина Земја . И видел народот, тие што земале земја од каде газиле, оти таа златна земја била... И сите пишман биле. Tој што зел вика: 
''Оти малку земав''. 
А тој што ич не зел, викана: ''Оти ич не зедов''. 
И тие шо не земале им посакале земја од тие што земале, ма тие што земале земја не давале. Се збиле самите, еден по еден, еден по еден, ....се избиле сите до еден. Тогај Цар Александар видел дека пропастил  цел народ.

Кога му загинало царството Aлександар се прибрал кај Бога оти имаше божја сила. Tој Александар цар македонски беше, светиот дух, на овој свет, прегази Земја цела. 
И он си беше како Крале Марко, со божја сила, божествен човек. 


Александар Македонски  во странските легенди

 

 

Постојат легенди за Александар Македонски кај повеќе народи! Poмeиcиската легенда била објавена во 1388 година! Грандиозната улога која Александар Македонски ја одиграл во светската историја, го направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Неговите походи, најмногу остварени поради желбата да открива нови територии и да доаѓа до нови сознанија, како и неговите пораки за братство меѓу народите, направиле тој да биде почитуван до ден денес. Неговиот лик останал во позитивна конотација во легендите и во преданијата на многу народи. Легендите и преданијата за Александар почнале да се јавуваат и да се развиваат уште непосредно по неговата смрт. 

Со текот на времето тие добивале сè пофантастични елементи во својата содржина. Така, во некои од нив, Александар ги истражува необичните појави на небото и под водата, наидува на најразлични чудовишта, се среќава со чудни народи, доаѓа до изворот на бесмртност и сл. Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век. 

Познатиот проучувач на оваа тема д-р Елис, откако ги проучил легендите и преданијата за Александар, заклучил:

 "Легендите за Александар, вистинити или фалшливи, ги има на осумдесет јазика, од Исланд до Малезија" ("History of Western Civilization" by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996). 

И навистина, тешко дека постои случај на друга личност од историјата за која постојат легенди меѓу најмалку осумдесет народи. Во врска со општите карактеристики на овие легенди и преданија, во продолжение на својот текст д-р Елис пишува: 

"Сè што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања кои навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководци сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите". 

За легендите од разни народи, поврзани со Александар Македонски, денес во светот се напишани повеќе статии и книги. Во 1977 година во Гронинген (Холандија) бил одржан и симпозиум на тема за преданијата и легендите поврзани со смртта на Александар Македонски. Трудовите од овој симпозиум биле објавени во зборникот "Александар Велики во средниот век" ("Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977). 

Во поново време, треба да се одбележи книгата на Ричард Стонмен, под наслов "Легендите за Александар Велики" (Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great. London and Rut- land, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994), од која во продолжение ќе наведеме неколку податоци. Има и други книги делумно посветени на оваа тема, кои ќе ги спомнеме во продолжение. Поради фактот што Александар  Македонски се појавува во легендите на толкав број народи, сигурно дека за таа тема треба и кај нас да се изработи посебен труд. 

ИРАЧКА ЛЕГЕНДА Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата. Секоја седмица тој ангажирал берберин да му ја стриже косата, но бидејќи се срамел дека берберинот ќе ја открие неговата тајна, по секое стрижење веднаш наредувал берберинот да се убие. Набрзо во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин. Александар помислил: 

"Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ќе ми ја стриже косата?" 

Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да му ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја изгуби главата. Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна, интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга, се плашел за својата глава. Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера, каде на цел глас почнал да вика: 

"Александар има рогови! Александар има рогови!"

 Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал. Но, низ пештерата минувала една рекичка, покрај која растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите: 

"Александар има рогови! Александар има рогови!" 

Многумина го слушнале тоа и ова чудо набрзо дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот, Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома. 

Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка поговорка, која гласи: 

"Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши" (Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In: The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989).

 POMEИСКА ЛЕГЕНДА Постои poмeиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година. Според неа, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било половина човек - половина чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето жив. Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило. Во Македонија, Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош. 

За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, кој бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека Александар умирал неговата сопруга Роксана го негувала до последниот момент. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах, на кои им ја кажал својата последна желба. Потоа Александар заминал на небото, а оттаму една ѕвезда паднала право во морето. Истовремено, статуата на Ce во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј (W.J. Aerts in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977). 

Алфонсо Десетти од Кастиља во 1280 година објавил легенда за Александар  Македонски! 

И персискиот поет Нисами во 12 век објавил легенда за Александар  Македонски! 

Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон. Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта. Александар се разбудил вознемирен, но го утешиле Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија дошле во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим пристигнал во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија. Но, и Александар бил убиен откако го отрул синот на Минерва, која потекнувала од Македонија. Пред смртта Александар им ја поделил империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија. Претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската империја). Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него т.е. дека никогаш нема да има "втор Александар". Тогаш, покрај посмртната постела дошол &