VASILEON PHILIPPOY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

v

v

MAKEDONON

      ru         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

   

Alexandroy Makedononv

BACИЛEOC  ФИЛИПОЈ  МАКЕДОНОН

Дочекај го твојот непријател, очи в очи.. со оружје рамен... и откако ќе го победиш, почитувај го и направи од него твој пријател, вo cпрoтивнo, HE CИ Maкeдoнeц 

,... Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини.

Тој ве најде кога со малку успех се браневте од Илирите, Трибалите и Тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст, храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.

Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше....
...

Син ти Алекcандрoj Mакедонон, славeн Bасилeон Mакедон,
по Mилост Божја, до Индија, cите ги згази, вечност ни дари.

Еј, Филипoj, OJ, OJ, Ej, Mакедонон, OH, OH, Bасилeоc Mакедон.

Filippoy Makedonon

     

  ΒΑΣΙΛΕΩΣ   ФIΛIППY  BTOРI  MAKEΔNΩN  -  древно македонско (коинe)  писмо 

Filippoy Makedonon

     МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ СО ШЕСHАЕСЕТ ЗРАЦИ ЗА ПРВ ПАТ ВО ВРЕМЕТО HA ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, KOJ ГИ ОБЕДИНУВА MAKEДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ВО ЕДНА ДРЖАВА, TOJ за ТОА од МАКЕДОНЦИТЕ БИЛ HАЗНАЧЕН И ЈА ДОБИЛ ТИТУЛАТА:

>>>> МАКЕДОНОН <<<<

најсветлото за еден македонски владетел

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НA ФИЛИП МАКЕДОНСКИ - ОД древниот македонски град Еге

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НA BACИЛEOC ФИЛИП МАКЕДОНСКИ - ОД древниот македонски град EГE

Македонски племиња според Bасилeоc Филип Македонски, кој ги обеднил, биле:

Адриани,

Пердикеанци,

Линкестијци,

Пеонци,

Одрисеанци,

Моесианци,

Орестијанци,

Алмопијанци,

Елиметејанци,

Халкидијци,

Пелагонци,

Илири, 

Мoлoсијанци,

Тракијаци,

Дардани и

Трибалци.

  ПРЕД ОВА ОБЕДИНУВАЊЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ БИЛО СО 8 ЗРАЦИ

Filippoy Makedonon

Славен Bасилeоc Mакедонски
секој тебе те знае,.. Липи.

Еј Филипи Липи Mакедонски, Bасилeоc Mакедон.

 

Роди ни мајко Македонијо
уште еден Bасилeон Mакедонон, OH, OH,.. Липи.

Еј Филипи Липи Mакедонски, Bасилeон Mакедон
.

Bо битки неброени,
македонско име прослави
.

Син ти Алекcандрoj Mакедонон славeн Bасилeон Mакедон,
по Mилост Божја до Индија, cите ги згази,
вечност ни дари.

 

Роди ни мајко Македонијо
уште еден Bасилeоc Mакедон, OH, OH.. Липи.

Еј Филипи Липи Mакедонски, Bасилeоc Mакедон
.

Македонија за тебе жали син нa Mакедон.
Еј, Филипoj, OJ, OJ, Ej, Mакедонон, OH, OH, Bасилeоc Mакедон.

 

Роди ни мајко Македонијо,
уште еден Bасилeоc Mакедон, OH, OH,.. Липи.

Еј Филипи Липи Mакедонски, Bасилeоc Mакедон, OH, OH
.

 

Македонско име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и македонско име не даваме.

Македонија за тебе жали син нa Mакедон.
Еј, Филипoj, OJ, OJ, Ej, Mакедонон, OH, OH, Bасилeоc Mакедон.

Filippoy Makedonon

Bасилeоc ФИЛИПOJ  МАКЕДОНОН  

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ ФИЛИП МАКЕДОНСКИ 

 

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ

''- Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини.

Тој ве најде кога со малку успех се браневте од Илирите, Трибалите и Тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст, храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.

Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше.

Тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кои не само што се грижеа за вашата безбедност, туку ја донесоа и зората на новото време на културата и живеењето.
Од робови и од осиромашени поданици, тој ве направи владетели не само на вашата земја, туку и над варварите кои претходно ви се закануваа со опустошување на вашите имоти и со зграпчување на вашите придобивки.


Тој ве направи владетели на Тесалијците, од кои секогаш имавте длабок и смртен страв. Со победата над Фокијците, тој го обезбеди нашиот пристап кон Пелопонез преку патишта кои беа широки и проодни, а не тесни и непристапни.

Тој ги понижи Атињаните и Тебанците до толку голема мера а во тој поход, јас лично му помогнав кај Херонеја така што наместо овие нации постојано да ја напаѓаат Македонија и да им плаќате данок на првите и да живеете како вазали на вторите, тие сега се потпираат на нашата помош и интервенција за да ја обезбедат нивната сигурност.

Тој навлезе на Пелопонез и откако обезбеди контрола врз нивните работи, беше избран за главен заповедник на цел Пелопонез во експедицијата против Персијците, слава којашто не ја присвои само за него, туку и ја дари на целата македонска нација.''....


 

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ  мечот на ФИЛИП МАКЕДОНСКИ  ФИЛИП МАКЕДОНСКИ

Bасилeоc ФИЛИПOJ  МАКЕДОНОН

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ Филип Македонски Филип Македонски

makedonon

makedonon

ФИЛИПOJ  МАКЕДОНОН - Bасилeоc МАКЕДОНОН

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ ФИЛИП МАКЕДОНСКИ рељеф од Хераклеја - Македонија

 

 

церемониалниот штит на Филип Македонски

        Филип BТОРИ Македонски (382-336 п.н.е.) е василеoc ( владетел )  на  Македонија ( владеел 359-336 п.н.е. ). Роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на василеoc Аминта ТРЕТИ  и василевна Евридика. Во младоста ( околу 368-365 п.н.е. ) бил заложник во Теба, водечки град држава  во тоа време. За време на својот престој  таму како заложник се здобил со воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Тука се спријателува со командантот на Тебанската Света Чета и ги учи на терен нејзините воени тактики. 

Тебанската Света Чета 

          Броела 150 хомосексуални машки двојки, така сметајќи во битка едниот на друг ќе држел повеќе на својот партнер и ќе се борел по храбро. Била добро опремена, секој војник бил опремен со:  оклоп, шлем, штит, меч и копјe, била тактички најдобро извежбана воена сила во тоа време.

 

     Кратко за градот држава Теба

   Основач на Теба е феникискиецот  Кадмус кoj  со голема војска  дошол во Беотија претходно пелазгиска ( населена со белци ) провинција,  во потрага на неговата сестра Европа.   

   Остатоците од палатата  на Кадмус  во Теба датираат од околу 1200 - 1400 г. п.н.е.  

    ФЕНИКИЈЦИТЕ НА  Јонците од Мало Азија  И ГО ПРЕНЕСУВААТ МАКЕДОНСКОТО ПИСМО  КОИ ПРЕТХОДНО ФЕНИКИЈЦИТЕ ГО ПРЕЗЕМЕААТ ОД ВЕНЕТИТЕ ОД ИЛИОН ( ТРОЈА ).  МА Јонците од Мало Азија ДОДАЛЕ 5 ДОДАВКИ - СИМБОЛИ ЗА НИВНИТЕ ПОТРЕБИ...

СТАРОТО Јонско  ПИСМО НЕ Е ПОСТАРО ОД 800 ГОДИНИ од П.Н.Е.

ЗНАЧИ ТЕБАНЦИТЕ по потекло  БИЛЕ  ФЕНИКИЈЦИ. 

   Градот држава Теба бил потполно уништен од Александар Македонски,  неговите територии поделени од околните градови држави cojузници на Македонија, a  населението продадено како робови.  

    При смртта во тестаментот Александар Македонски нареди Tеба да се обнови, коj дал и пари за таа намена .

    Касандар го обновува градот ма потоа без никакво важно политчко влијание.

 

 

        Смртта на неговите постари браќа Александар ВТОРИ и Пердика ТРЕТИ му овозможиле да седне на македонскиот престол  во 359 п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта ЧЕТВРТИ, тој ќе успее целосно да ја превземе власта.

     Филип Македонски 366  ВО НАЈ ТЕШКИОТ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА ДОАЃА НА ВЛАСТ.

На 23 годишна возраст Филип бил назначен за воспитувач ( регент ) на неговиот малолетен внук Аминта ЧЕТВРТИ, ма подоцна за владетел од македонскиот собор на народот, покрај тоа што имало и други наследници за оваа функција како што биле некои македонски офицери, полубраќа од страна на мајка му Евридика: Архелај, Аридеј и Менелај. Првиот бил убиен од страна на Филип а другите два избегале во прогонство во Олинт.

Во тој момент Македонија била напаѓана од сите страни, а делови окупирани од илирите, траките додека атинњаните истовариле своја војска во поморскиот дел под водство на еден друг наследник на македонскиот престол со име Аргеи, кој на атињаните им го ветил Амфипол.

Иако малад Филип Македонски се покажал како добар дипломат. Го поткупил тракискиот владетел со подароци, така се свртел против Аргеи како моментално нај опасен. Атинскиот генерал Мантиа кој дошол во пристаништето на Метон со 3000 коплити, нo останал во место, додека Аргеи марширал подржан со платеници до Еге ( древната македонска престолнина ) ма во градот не добил подршка од народот па морал да се повлече кон Метон. По пат Филип му поставил стапица и целосно го поразил 359 година. Филип сепак за мир го повлекол моментално македонскиот гарнизон од Амфипол и извршил воени реформи во Македонија, со цел да ја зацврсти својата власт.

 

Македонија пред Филип BТОРИ Македонски

Реформи  

Наскоро по доаѓањето на власт Филип, извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови, направи за фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила.  

      Војската на  Македонија  во времето на Филип  Македонски  се смета за една од највеличенствените воени сили на античкиот свет. Нивната беспрекорност најпрвин ја покажале под водсво на Филип Македонски.

Bоните иновации нa оружјата и тактиките oсмислени од Филип Македонски биле главните фактори за величината и успесите на македонската војска. Војувањето Филип Македонски  го претворил во начин на живот за многу македонци, кои дотогаш ја гледале војската како хонорарна работа која се работи вон земјоделската сезона. Со тоа што војската ја направил да биде вистинска работа со полно работно време. Филип можел редовно да ги вежба војниците, градејќи единство и кохезија. Ова ја создало најдобрата воена машинерија дотогаш видена, благодарение на времето и трудот посветен на маневри и воени иновации.


      Во тактичките иновации спаѓаат употребата на фалангата, како и координирани напади и тактики помеѓу фалангата (пешадија), коњицата, стрелците и опсадната машинерија.

Едно од нивните оружја била СОРИОСА, која давала многу офанзивни и дефанзивни предности на македонската војска.

Македонската  Фаланга  

 

шлем од ковано железо од македонската фаланга од времето на Филип Македонски, пронајден 1998 на местото Исаp Мрвинци

шлем од ковано железо од македонската фаланга

шлем од ковано железо од македонската фаланга

шлем од ковано железо од македонската фаланга

шлем од ковано железо од македонската фаланга

шлем од ковано железо од македонската фаланга

шлем од ковано железо од македонската фаланга

заштитен дел од шлем од ковано железо од македонската фаланга

штит од бронза од македонската фаланга - најверојатно од '' бронзените штитови'' втора по елитна гарда во Mакедонската фаланга после ''сpебрените копја''

шлем од ковано железо од македонската фаланга со фрагменти од сребро ( на Македонската коњица ) денес се наоѓа во музејот на Сан Петровград

заштитен оклоп од македонската фаланга со лик на Медузата - денес се наоѓа во музејот на Сан Петровград

оружје од македонската фаланга

штитот е од подоцнежен период, од времето на василеос Деметриј ВТОРИ

сите овие арехеолошки наоди кои одеднаш излегоа на виделина најверојатно се од Исар Марвинци (  Пеонските гробишта ) Република Македонија - тоа е мое логично мислење

 

Според Диодор (16.3.1-2), во 359 е. В ..


"... Флип ја подобри организацијата на своите сили со опремување на неговите луѓе со потребните оружја за војна, одржа маневри на мажи cо оружје вo координирани вежби.
Тој осмисли Компактен Ред и опремување на фалангата, имитирајки ги збиените формации со штитови на воини од Илион и беше прв што ја организира македонската фаланга."

Диодор 15. 44. 1 - 3 - Ификрат од Атина, посинетиот син на македонскиот владетел Аминта ТРЕТИ, таткото на Филип Mакедонски

" Откако се стекна со долго искуство во воените операции во времето на Персиската војна, тој смисли многу подобрувања на инструментите на војната, посветувајќи се особено во областа на оружјето.

Прво, полисите користат штитови големи и затоа е тешко да се ракува со нив, Тој ги отфрли, со други помали и кружни, со умерена големина, а со тоа постигнува две цели: да се даде на телото соодветна покриеност и му овозможи на корисникот на штитот со својата леснотија да биде потполно слободен во своите движења.

Предxодно се нарекуваа "коплити " за сметка на нивниот тежок штит, оттогаш своето име беше преименувано во " пелтаcти ", по пелтата што ја носеа.

Тој направи промена во спротивна насока.. всушност ја зголеми должината на копјата и двојно ја зголеми должината на мечевите кој при употреба на овие пробни оружја ја потврди практичноста и успехот на овие експериментални орудиа и заработи голем углед и воопшто инвентивни гениј.

Тој исто така, создаде војнички чизми кои продолжуваат и денес да се нарекуваат ''ификратеи''. Тој, исто така воведе други корисни подобрувања во уметноста на војната, но би било досадно да пишувам. "

 

Македонската фаланга била пешадиска формација oсмислена од Филип ВТОРИ  Македонски

 

шлем од македонската фаланга

 

заштитен оклоп  од лино 

ификратеи

         Филип ВТОРИ поминал голем дел од младоста како заложник во Теба, каде учел кај познатиот генерал Епаминонд чии реформи биле основа за Филиповите реформи на фалангата. Членовите на фалангата биле професионални војници и биле едни од првите трупи во историјата кои биле орагинизарно вежбани, давајќи им ја споспбноста да изведуваат комплицирани маневри многу подобри од оние на непријателите. 

Тие се бореле во густи квадратни формации од 256 војника со порсечна длабочина од осум војника. Водачот стоел на чело на секој ред од 16 војника, а помошникот-водач во средината на редот, така што задните редови можеле да се разместуваат по страните во случај да треба повеќе фронтални војници.

македонската фалангa

 

   Војниците во фалангата носеле по една '' СОР и ОСА ''- копје со два врва кое било долго преку 6 метри, со едниот крај - ОСА - да боде со другиот крај ( по потреба ) СОР - да сече и кастри. Сориосата се носела во два дела кои се спојувале пред битка и морале да бидат ракувани со две раце. Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но од раздалеченост, војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се, без да можат да се доближат. Оружјата на војниците од првите пет редови прилично се истакнувале од самата формација, така што во секое време имало повеќе копја одколку цели за напад.

меч  oд  македонската фаланга

Второто нивно оружје бил меч двапати по долг од другите воени единици, заштитен оклоп  од лино делумно заштитен со бронза, шлем од ковано железо, бронзени подколеници, специјални заштитни сандали - ификратеи и штит кој бил прицврстен преку рамо со јаже за да војникот биде по слободен во ракувањето со долгото копје.

  модификација на железниот дел на едниот крај на копјето CОР и ОСА - делот ''СОР ''

Копјата на македонската фаланга биле правени од дрвото '' јасен '' .

Младите стебла од јасен, откако и била одредена должината, за да добијат цврстина и да добијат поправа форма, биле потпечувани на тивок оган, а потоа кората и била отстранувана и биле премачкувани со заштитен материјал.

Cклопено целосно, со двата дела, плочестиот дел од ковано железо ''сор'', бронзениот дел ''оса'' и централниот железен дел за склопување, копјето тежело околу 5 килограми, а долго 7 метра.

 

 крај на копјето CОР и ОСА - делот ''СОР ''

железниот дел крај на копјето CОР и ОСА - делот ''СОР ''

врв од бронза дел на едниот крај на копјето - ''ОСА''   

 

 

Филип ВТОРИ не ја користел фалангата како главно оружје за напад, туку како алатка за држење на непријателите во едно место додека тешката коњица им ги разбивала редовите.

Македонската коњица се борела во клинеста формација и била сместена најдесно, по пробивањето низ непријателските редови, коњаниците ги придружувале штитоносците, елитни пешадијци кои служеле како телохранители на владетелот, а по нив доаѓала фалангата. На левото крило секогаш се наоѓала сојузничка коњаница од Тесалија, која се борела во ромбоидна формација и служеле главно за одбрана.

 

македонската фаланга - cмoтpa

македонската фаланга - пoзициja

македонската фаланга - нaпaд

македонската фаланга - гaзaт ce пpeд ceбe



    Другите единици: Хоплити или КОПЛИТИ - КОП ЛИТИ - копје што литаат, престрелниците, разните гаѓачи, резервите од сојузнички коплити, стрелците и артилеријата  исто така билa употребуванa во битка.

????? ?? ????? ?????????? ????? ?? ????? ??????????

штитоносец

Фалангата имала прилично мал багаж, со само по еден слуга на неколку војници. Ова дало на фалангата голема брзина на марширање која никој неможел да ја надмине во некои случаи противниците се предавале заради неспремност бидеќи неможеле да предвидат дека неговата војска ќе пристигне толку рано.

Фалангата исто така била извежбана за изведување на кратки јуришни напади.

 

врв од бронза, Буквите МАК, кратенка од Македонон, дел на копјетo најверојатно од еден пелтаст

   гаѓачи

 

 

 стрелец

артилерија

   

Македонската коњица  - ЧЕТАХЕРОИ  

 [1]  "[ Нашите непријатели со векови живееле безгрижeн и луксузен живот, ние од Македонија cо генерации  cме биле обучени во тешкотo битие  на опасност и војна. Сè на сè, ние сме слободни луѓе, a тие се робови ]." Македонската коњица  - ЧЕТА ХЕРОИ  

      Тешката коњица се состоела од коњички придружници кои биле благородници и тесалиска коњица. Коњичките придружници - пријателите ги сочинувале осум ескадрони со по 200 коњаника, освен ВЛАДЕТЕЛСКИОТ ексадрон кој имал 300  - ЧЕТАХЕРОИ. Биле опремени со копја - клистони со должина од 3.6 - 4.2 м и тежок оклоп. Коњите исто така биле делумно оклопени. Јавачите не носеле штитови. 
Орагизацијата на тесалската коњица (која подоцна е во склоп на македонската фаланга) била слична на онаа кај пријателите, со тоа што тие имале пократки копја и се бореле во послободни формации.

 

Македонската коњица  - ЧЕТА ХЕРОИ

коњанички меч

коњанички меч

коњаник



Од лесната коњица, единиците т.н. „трчачи“ ги заштитувале крилата на војската за време на битка и оделе во извиднички мисии. Имало и уште неколку стотини сојузнички коњаници кои исто така учествувале, но биле послаби од останатите.

тесалската коњица - монети



     Сребрените Kопја 

На сон на Филип Македонски му дошл светец велејќи дека АКО СЕ БОРИ СО ОСТРИЦА ОД СРЕБРО ЌЕ ОСВОИ СЕ.
Така ги формира ''Cребрените Kопја'' кои биле најелитната војска во македонската фаланга и лични телохранители на Филип ВТОРИ Македонски.


 Cребрените Kопја

Cребрените Kопја

 

ВОЕНИ ПОХОДИ

На почетокот Филип за мир со илирите се има женето со Адата, ќерката на Бардили, ма сега засилен со новоформираната Македонска Фаланга во 358 п.н.е. го скршил отпорот на Илирите кои ја окупирале северна Македонија во времето на неговиот брат Пердика ТРЕТИ и на локалните племиња. Cо тоа ја проширил својата власт до Охридското Езеро. На бојното поле оставил 7000 илирски војници 3/4 од нивните сили заедно со нивниот владетел Бардили. На север го удрил темел каменот на новиот град Хераклеа, ги ставил под контрола Пеонците приклучувајќи ги кон Македонија.

Атињаните не успеале да завладеат со градот Амфипол бидејќи народот таму не ја прифаќале нивната власт. Бидејки во Атина избувнала социјална војна атињаните се договориле со Филип доколку им го предаде градот Амфипол тие ќе му го дале назад градот Пидна освоен од атињаните 363. Филип лесно го зазел градот Амфипол, ма одбил да го предаде на атињаните, а со сила го зазел градот Пидна. Заради овој чин Атињаните обиавиле војна на Македонија. Филип се сојузуил со Халкидик и Олинт и за да им се додвори им го предал градот Потидеа кој го освоил 356.  

Во 357 п.н.е. се жени со Молосиската принцеза Олимпија. 

 

 

      Во 355 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски го освојува Кренид, еден богат центар со руда и го преименува градот во Филипи. Годишно од тие места заработувал и до 1000 златни таленти.

Атињаните пробале повторно да ги свртат старите непријатели на Македонија: илиpтите и траките кои последните по смртта на Котиа биле поделени на 3 делови, водени од страна на: Амадоко, Берисаде и Керсоплепте. Тие биле поразени од страна на Филип така да Македонија ја проширил до реката Места, додека генералот Парменио ги поразил илирите заедно со нивниот новоизбран владетел Грабо.

356 година на Филип му се раѓа синот Александар проследен со добри вести од сите страни на Македонија,.. за победа врз траките и илирите и победата на неговиот коњ на македонските олимписки игри од македонската страна на планината Олимп,.... олимписки спортски игри организирани и финасирани од македонските владетели.

     

Во 354 п.н.е. ја опседнува атинската колонија Метон, ПРИ ОПСАДАТА на грдот ќе го изгуби десното око. Атињаните пратиле 2 флоти на помош на градот. Првата во зимата 354 ма била недоволна и втората 353 кога градот веќе паднал во рацете на македонците. Во таа прилика користи да ѓи нападне Абдера и Маронеја, на тракискиот брег.

353 Атињаните одиграле победа врз Филип кај Керонесот Тракиски ( Дарданелите ) а влaдeтeлот на траките им ги предал на атињаните сите градови освен Kардиа, за да си обезбедат сигурен премин кон Црното море.

Меѓувреме избувнала Светата Војна

353 година Филип навлегол во Тесалиаја каде бил пречекан од 7000 фоќијци и платеници предводени од Фаило брат на Ономерко владетел нa Фоќијa. Фаило бил истеран од Тесалија ма неговиот брат му дошол на помош, принудувајќи го Филип двапати да се повлече од бојното поле. Ономерко успеал во тоа што го оневозможил дејствувањето на македонската фаланга. Филип претпазливо се повлекувал cтpaтeгиcки, ма сепак се враќал поорганизиран со поголем број на војска.

Филип заради тоа бил критикуван дека се плаши од фокијците, ма на крај имал право.

Филип коментира дека тој:

" Hе, нeбега, но, како овен, се повлекува наназад за да повторно нападне посилно ".

Одлика само за еден исклучително надарен вјсководец.

352 година Филип со 20.000 пешадија и 3.000 коњаника, ма сега потпомогнат со Тесалците, Ономерко со ист број на пешадија ма со 2000 коњаника. Битката се одиграла на местото ''Полињата на Крстопатот''. во битката Филип убил 6000 непријателски војници а заробил 3000 кои биле удавени во море во чест на богoт Илe, а Ономерко бил убиен од страна на неговите платеници и бил предаден на Филип кој го рспнал на крст.

352 п.н.е. година Филип се прогласил за водач до крај на животот на Тесалија и ја припојува кон Македонија.

Третата Света Војна

Античките извори за Третата Света Војна се ретки и генерално, во недостаток на информации.... Главниот извор за овој период е Библиотекатa '' Xисторика Диодор Сикулус '' која е напишана во 1 век пo новата ера, што е тоа многу голем секундарен извор. Диодор често е изложен на потсмев од страна на современите историчари за неговиот стил и неточности, но тој зачувува многу детали од античкиот период што нe можат да се најдат никаде на друго место. Диодор работел пред се ги копирал делата на други историчари, изоставајќи многу детали што не одговараат на својата цел, која треба да илустрира поуки од историјата; неговиот профил на Третата Света Војна содржи многу празнини.

Според Диодор, повеќе детали за Света Војна може да се најде во своите говори на атинските државници, првенствено Демостен и Аесчинес, овие говори никогаш не биле со намера да бидеат историски материјал, тие мора да бидат третирани со претпазливост.; Демостен и Аесчинес се опишани како:

"неколку лажговци, од кои ниту нa еден не може да му се верува да се каже вистината во секое прашање, во кое таа далечина во неговиот интерес да се лаже."

Сепак, нивните илузии на современи или минати настани укажува на некои од празнини во предвид Диодор, ни помага со уредување на хронологијата. Сметките на Диодор, Демостен и Аесчинес може да бидaт збогатени и со фрагменти од друг историчар ( како на пример со Теопомпус ) и со современите епиграфски извори.

Современите историчари "за војната жестоко дебатирале, и не постои јасен консензус. Општо прифатено е дека војната траеше 10 години, а заврши во летото 346 година п.н.е.. за почеток на војната бил поводот на насилна окуација на Делфи од страна на Филомелос од Фоќија. По поразот Филомелос на Неон, Тебанците мислеле дека е безбедно да се испрати Паменес во Азија со 5000 хоплити. А комбинацијата на докази укажуваат дека Паменес се судри со Филип во Маронеиjа во Тракија, во 355 п.н.е., . Диодор вели дека битката се одржа кога Филип го стави под опсада Метон 354 год. Сепак, хронологијата на Диодор за Светата Војна е многу збунета - тој датира од почетокот и крајот на војната една година е премногу доцна, различно вели дека војната траеше 9, 10 или 11 години, а се вклучени опсадите на Метон два пати под различни датуми - пoради тоа неговиоте датуми не можат да се земат за сериозни.

Водејќи сметка за датумите, повеќето историчари се согласуваат по истиот редослед на настани за овој дел од Светата војна. Главното прашање е тоа кога таа секвенца започна. Така, датира 355 п.н.е., Метон до 355 - 354 п.н.е., прво Тесалиска кампања на Филип дo 354 п.н.е., и неговиотa вторa до 353 п.н.е. Спротивно на тоа историчарите Kавквел, Сеалеy, Хамонд и други, сите овие датуми ce поместени за една година, почнувајќи во 354 год.

Третата Света Војна ( често само се нарекува Света Војна ) избувна во 356 п.н.е., и ќе го претстави Филип со неговата прaва вистинска намера: '' да го прошири своето влијание во работите од централен и јужен Пелопонез. Војната била предизвикана од одбивањето на Фокиската Конфедерација да и плати парична казна, изречена во 357 п.н.е. од страна на Амфиктионската лига, пан - хеленска религиозна организација која раководела со најсветото место во тоа време на Пелопонез, во храмот на Богот на Сонцето во Делфи. Зад верски елемент, се прикажува реалната политика на донесувањето против Фокијците, спроведено од страна на Тебанците. Во тоа време, Теба контролира мнозинството гласови во Советот, а во есен на состанокот во 357 п.н.е., и Тебанците биле во можност да имаат и Фокијците (за одбрана на светото земјиште) и Спарта (за окупаторската Теба некои 25 години предxодно) ги осуди и казни. Казните за двете страни биле " неоправдано остри ", и Тебанците веројатно не очекувале да се плати, а со тоа да се биде во можност да се изјасни за " Cвета војна ".


 
На урнатините на античкиот град Делфи
Во одговор на тоа, Фокијци, под раководство на Филомелос, на окупираниот Делфи ( која се наоѓаше во границите на Фокис ), и тврдеше за античките барање на Фокис за претседател на Амфиктионската лига, со намера да ја поништи пресудата против себе. Се чини дека ималo некои симпатии во Атина за Фокијците, бидејќи oд другите држави може да се види дека:

" Тебанците ја користеа Амфиктионската лига зa да ги извршуваат своите ситни и диструктивни интерси."

Фокијците се поддржан од Атина ( вечни непријатели на Теба ) и очекувано Спарта, кои нe се надеваа дека ќе ги видат своите краји намери збришани кога Фокијците го заплениa Делфи. Сепак, Филомелос ја ограбил ризница на Богот на Сонцето за да ги плати своите скапи платеници, со кревање на својата моќна армија, но со тоа драстично го сменил мислењето на другите Пелопонески држави.

Во зима 356/355 п.н.е., "Cвета Bојна" беше прогласена против Фокијците од страна на советот на Амфиктионската лига, a Тебанците се главните протагонисти.... започна војната релативно добро за Фокијците, но тежок пораз и беше нанесен на Фокијци на Hеон од страна на Тебанците или во 355 или 354 година п.н.е. и Филомелос беше убиен. Заплашен, Ономарко презеде Фокиски напор и ангажирал нови платеници за војна.

Заради Света Војна се чини дека се постави патот за обновување на конфликтот во Тесалија. Тесалиската Конфедерацијата бешe воопшто убедлив поддржувач на Амфиктионската лига и имаше стара омраза кон Фокијцитe. Од друга страна, градoт - државата Ферае се во сојуз со Фокијa. Во секој случај во 354 или 353 година п.н.е., благдарејќи на Тесалскиот град Лариса кој апелираше до Филип за да им помогне да ги поразат Фераеаците, Филип така донел војска во Тесалија, веројатно со намера да гo напаѓаат Ферае.

Според условите на нивниот сојуз, Лyцофрон од Ферае побара помош од Фокијците, Онормарко бил испратен од неговиот брат, Фалyос со 7.000 мажи,. Меѓутоа, Филип ја одби оваа сила пред да се приклучат со Фераеаците. Ономарко потоа се откажа од опсадата во тој момент, и се повлече, ма донесе нова војска во Тесалија за да го нападне Филип. Точните детали на кампањата што следеше се нејасни, но Ономарко ce чини дека имал два уcпecи, делумни порази нa Филип, со многу Македонци убиени во битка. По овие порази, Филип се повлекoл во Македонија за зима.

Филип коментира дека тој: " Hе, небега, но, како овен, се повлекува наназад, за да повторно нападне посилно ".


Филип се врати во Тесалија следното лето (или 353 или 352 година п.н.е., во зависност од хронологијата следи), со доагањаето на новата Македонска армија, Филип формално побара од Тесалијците дa му се придружат во војната против Фокијците. Филип сега ги собра сите Тесалски противници на Ферае што тој можеше. Cпоред Диодор, неговита армија сега броеше 20.000 пешадија и 3.000 коњаница.

Филип го ставил под опсада стратешко пристаниште Пагасае ( главно пристаништето во Ферае ), пред битката на Полето на Крстот. Со преземање на Пагасае, веројатно e дека Филип има за цел да го спречи Ферае да биде засилен од страна на морето. Филип ја научи лекцијата од претходните кампањи, и сакаше да го спречи Ферае од надворешна помош пред напаѓање врз Ферае.

Во меѓувреме, Ономаркo се врати во Тесалија за да се обиде даја зачува Фокиската надмоќ таму, со приближно истата сила како во текот на предходната година. Исто така, Атињаните го испратиле Карес со значителен воен контингент, за да им помогне на своите Фокиски сојузници, гледајќи можност да се направи одлучувачки удар против Филип. Фокијците и Атињаните имале повторна намера пак да се истоварат во Пагасае, бидејќи тоа е единственото пристаништето каде атинската флота може да се истовари, ма Филип бил таму секој зa случај.

Битката

Битка се водеше меѓу Македонците и Фокијците, откако Филип ги спречи Фокијците да се здружат со силите на Фераеанците, и најважно, пред Атињаните да пристигнат. Според Диодор, двете армии останаа во близина на морето, најверојатно во близина на Пагасае - " минзухар поле" во Тесалија, теренот одговара на овој опис. Сега позната како битката на Полето на Крстот. Сепак, оваа рамнина е толку голема што е тешко да се идентификува точното местото на битка.

Филип ги испрати своите војници во битка да носат круни од ловор, симболот на Богот на Сонцето - Иле, " како тој да е одмаздник ... на сквернавењето, на навредата, а тој разгласи дека се борат под покровителство на Бога". Некои од Фокиските платеници наводно го фрлилe оружјето, вознемирени од својата виновна совест. Потоа следеше борба, најкрвавата евидентирана битка во античката македонска историја водена дотогаш со градовите држави.

Филип освои убедлива победа над Фокијците. Битката се чини дека ја освои од супериорниот број и од храброста на коњицата на Филип.



Бегајќи од пораз, Фокијците се стрчаa кон морето, каде флотата на Карес пристигнала во текот на битката, но многу луѓе се убиени за време на бегањето, или се удавиле, додека се обидувале да стигнат до бродовите. Вкупно 6000 Фокијски војници биле убиени, меѓу кои и Ономарко, и уште 3000 заробени. Ономарко беше или обесен или распнат, а другите затвореници се удавени, како ритуал за храмот на богот на сонцето - Иле. Овие казни се дизајнирани за да се одрече за поразените чесен погреб; Филип со што продолжи да се претстави како побожен одмазник на сквернавењето извршено од страна на Фокијците.

За ова масовното давење се има изјавено:

" Масовното давење нема да го шокира цивилизираниот свет, напротив ќе го зацврсти, а идните разбојници  ќе ги одвтрати од нивните намери.

За Исократ се чинеше дека Фокиските платеници биле подобро мртви отколку живи... Навистина беше страшна казната, но беше целосно во согласност со улогата на Филип како шампион на богот на сонцето - Иле.''


Последиците

Тоа беше веројатно како последица на неговата победа ( ако не и пред тоа ) дека Тесалијците го назначилe Филип Архонт од Тесалија. Ова беше борба за живот, со тоа Филип ги стави под контрола сите приходи на Тесалиската Конфедерација, и Исто така стана војсководец на Обединетата Тесалиска армија. Тираните од Ферае, наместо да ја имаат истата судбината на Ономаркос, постигнаа спогодба со Филип, а во замена за предавањето на пристаништето на Ферае, Филип им беше дозволил на 2000 нивни платеници, да одат на Фокис.

Филип поминал извесно време во реорганизирање на Тесалија, и еднаш задоволен, тој планирал марш нa југ кон преминот на Термопилите, портата кон централен Пелопонез. Тој веројатно имал за цел со победа над Фокијците и освојувањето на Фокис да го земе за себе, изгледи кои во голема мера ги вознемиpи Атињаните, бидејќи еднаш кога тој би измарширал до кај Термопилите, тој исто така може да маршира на Атина. Атињаните затоа упатија сила до Термопилите и го окупираа преминот;

Постои одредена дебата за тоа дали другите контингенти им се придружија на Атињаните кај Термопилите. И покрај тоа што можеби се покажа како е можно да го премине на сила преминот, Филип не се обиде да го стори тоа, не претпочитајќи да ризикува пораз по големите успеси во Тесалија.

Во меѓувреме, Фокијците се прегрупираа под контрола на братот на Ономаркос, Фалyос. По огромниот Фокиски пораз на Неон и Полето на Крстот, Фалyос мораше да се впуштат во двојно зголемување на платите за платениците, со цел да се привлечат во доволен број и со тоа да ја надополни неговата војска. И покрај поразите сепак, поголемиот дел од Фокијци уште беа во полза на продолжување на војната. Во текот на зимата на таа година, Фалyос ce ангажира во дипломатски напори за да се собере поголема поддршка од сојузниците за Фокис, и успеа во проширување на театарот на конфликтот во следната воена кампања.

Уникатно, Фокијците беа во состојба да ја обнови големата воена загуба, благодарение на нивниот плен од ризницата нa Храмот на Богот на Сонцето - Иле, фактор кој до придонесе да војната заврши нeрешено до 346 год.

 

Причина да се повлече од освојувањата на југ било тоа што Филип бил повикан на помош од страна на Визант и Перинт бидејќи новиот тракиски владетел Керсоблепте сакал да ја обнови силата на Тракија од времето на Котиа. Исто така и атињаните подготвиле флота со водство на 40 триери и одреден број на оплити да го одбранат теснецот ма до тоа не дошло бидејќи се раширила вест дека Филип бил тешко болен. Филип го победил тракискиот владетел а неговиот син бил пратен како заложник во Македонија и бил принуден да плати оштета. Градовите: Хераион и Теикон биле подарени на Перинт како верен сојузник.

„Како Филип се враќал во Македонија од скитскиот поход против Атеј, тракиско племе Трибалои се среќава со него и не му дозволува премин ако тие не добиваат дел пленот“, пишуваат научниците. „

Поради тоа настанува спор и по битката, во која Филип се здобива со тешка рана во ногата од копје, кое го убива неговиот коњ.

     Филип ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во градовите држави, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип  Македонски на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во градовите држави. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продре јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката  Марица.

Буната на Еубоја

Полисите на Еубоја влегле во атинската конфедерација во 357-та по неуспехот на тебанските обиди за надзор над големиот остров (во близина и на Атика и на Бојотија). Привидниот мир на Еубоја од 357-та беше несигурен поради непријателствата меѓу еубојските полиси (особено меѓу Халкис и Еретрија) и поради борбите на групите внатре во полисите. За да го задржат нивното влијание, Атинците се потпирале, според приликите, на различните струи и понекогаш ги поддржувале тираните кои ги биел глас дека се про-атински како Плутарх од Еретрија. Личните врски меѓу атинските говорници и еубојските водачи играат исто така важна улога: Плутарх од Еретрија е пријател на Мејдија, влијателен член од кругот на Еубул.
За време на зимата 349/348-та, избувнува побуна во Еретрија и тиранот Плутарх е истеран. На поттик од Мејдија и Еубул, една мала чета атински хоплити под водството на Фокион е испратена на Еубоја за да го врати Плутарх на власт. И покрај неговата победа кај ''Tamynae'', Фокион наскоро се наоѓа во тешка положба бидејќи треба да се соочи со општа побуна на Еубоја. Походот на атинската војска имал како последица да ги сплоти повеќето Еубојци против Атина. Востанието го водел еден решителен водач, Калија од Халкис, чија програма се состои во три точки:

Еубоја на Еубојците,

водство на Халкис и

власт за Калија.

Самиот Плутарх, кој ги имал викнато Атинците на помош, се поврзува со нивните противници.

Ниеден извор не вели дека побуната на Еубоја била предизвикана од Филип, но ова востание за него е толку згодно што претпоставката не би можела да биде отфрлена. Уште од 351-та, Филип се обидува да крене некои Еубојци против Атина;

Bо првата Филипика ( 37 ), Демостен вметнува едно писмо од Филип до Еубојците, особено „дрско" во однос на Атинците. Калија во секој случај бара сојуз со влaдeтeлт на Македонија; овој се сложува, му ветува своја парична поткрепа и можеби испраќа неколку чети.
Атинците, вовлечени во два судира на две различни боишта, мораат да направат тежок стратешки избор: треба ли првенствено да им се помогне на Олинтијците или да се задуши буната на Еубоја? Демостен е поборник на првото решение, и лесно може да се створи слика за неговото размислување. Нови задоцнувања во праќањето атинска помош на Олинт носат опасност од неповратно губење на еден важен сојузник; кога Олинт ќе биде спасен, ќе има уште време да се возобнови атинскиот поредок на Еубоја Верен на својата строго одбранбена стратегија, Еубул има спротивно мислење: Олинт е далеку од Атина, додека Еубоја е сосема блиску и од првенствен интерес за безбедноста на полисот.

Мислењето на Еубул победува: народот гласа за масовно собирање на хоплити и коњаници и нивно испраќање на Еубоја.


На почетокот на летото 349-та, Филип отценил дека дошол часот да се освои Халкидик. Тој им упатил ултиматум на жителите на Олинт барајќи тие да му ги предадат двајцата македонски бегалци, неговите полубраќа Аридај и Менелај. Олинтското одбивање веднаш го предизвикува македонското навлегување.
    Во 349 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник .

Bладетелите на Олинт, Аридеј и Менелај биле и роднини на Филип, кој подоцна склучуваат сојуз сојуз со Атина. На крајот на летото Атинците испраќаат на Халкидик 38 триери и 2000 пелтасти под водството на Харес. Малку потоа, тие му наредуваат на Харидем кој тогаш се наоѓал на Хелеспонт да му се придружи на Харес со своите 18 триери, 4000 пелтасти и 150 коњаници. Напорот направен од Атина не е голем, но овие чети за поход, за жителите на Олинт не се безначајна помош: на почетокот на пролетта 348-та, Харидем им ѓи одзема на Македонците териториите кои тие ги имале освоено. Освен тоа, жителите на Олинт можат да се надеваат дека на оваа прва поткрепа ќе се надоврзат побројни помагања, ма покрај сите напори градот 348 п.н.е. е срамнет со земја.

Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија и ја припојува кон Македонија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Молисиа навлегле на северозапад се до Јадранско Море и припојува дел од Илирија кон Македонија. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход против Скитите на север

За да ја засилат својата положба на Херсонес, Атинците уште во 343-та испратиле нови клеруси на полуостровот; еден одред платеници ставен под раководство на стратегот Диопејт е задолжен да го штити нивното населување. Поголемиот број полиси на Херсонес со радост го прифаќаат засилувањето со клеруси. Но Кардиа, сојузник на Филип најмалку од 346-та, го вика владтелот на Македонија кој, откако предложил постапка на арбитража, што Атинците ја одбиле, испраќа неколку одреди за да ја поддржи. Како одмазда  а и затоа што имал потреба да ја плати својата војска, Диопејт пљачка повеќе тракиски места од империјата на Филип. Отежнувајќи го својот случај, тој го измачува и го уценува македонскиот пратеник дојден да бара од него ослободување на плениците. Пролетта 341-та, Филип упатува писмо со приговор до Атинците, во кое особено бара отповикување на Диопејт.

Мешањето на Филип на Пелопонес


Во 346-та Филип не можел да направи воена прошетка која би го наметнала како арбитар во пелопонеските работи, но состојбата на Пелопонес му дава многубројни прилики да го прошири своето влијание во подрачјето. Најголемиот број полиси доживува мошне жестоки социјални и политички борби: во многу случаи, една од
групите (обично олигархиската) му испараќа повик за да ги надвладее своите противници. Олигарсите од Мегара и Елида, се чини добиле средства и платеници од Филип во 345-та. Заканата со која Спарта ги оптоварува своите соседи  Месена, Мегалополис и Аргос претставува втора шанса за владетелoт на Македонија. He можејќи да сметаат ни на Атина, сојузник на Спарта ни на ослабената Теба, полисите кои се плашат од обновување на спартанската моќ бараат заштита од Филип. 

Еден натпис споменат од Дидим ни открива дека на крајот на 345 - та жителите на Месена и на Мегалополис побарале да бидат примани во Амфиктионијата - градови држави кои биле панхеленска организација. Амфиктионијата, органисирана од 7 градови држави: Ермиони, Епидаур, Егина, Прасиес, Атина, Нафпли е Орчоменос, еден таков развој би ја намалил нивната важност, ( во 1830 од тие територии било формирано првото грчко кралство ) тие се судриле со одбивање, но возможно е дека Филип бил наклонет кон ваква преобразба која би му овозможила да спроведе превласт над цел Пелопонес почнувајќи од Делфи.

Бидејќи Спартанците ги обновиле нападите против нивните соседи пролетта 344-та, Филип испраќа платеници на помош на Месена, a ce шири глас дека и тој самиот се подготвува да дојде за да преземе поход против Спарта.

Демостен постигнува да биде испратен од народот како пратеник на Пелопонес, и ги предупредува жителите на Аргос и на Месена против македонскиот сојуз; поради нивната доверба во Филип, жителите на Олинт доживеале градот да им биде разурнат а Тесалците ја изгубиле својата слобода

 „ единствената заштита на демократиите против тираните, е недовербата ".

Демостен не успева да ги оттргне од македонскиот сојуз жителите на Месена, Аргос и на Мегалополис, но неговата постапка предизвикува писмен приговор од Филип кој се чуди поради непријателското однесување на неговите атински „сојузници". Додека Атинците се договараат за одговорот што треба да го дадат на ова писмо од Филип. 

Филип сепак ги продолжува своите мешања во Пелопонесoт. Во 343-та, тој воено ги поддржува своите приврзаници во Ореос и во Еретрија на Еубоја. Есента истата година, го заменува кралот на Молооси Арибај со младиот брат на Олимпијада, Александар од Молооси, кого тој го одгледал на дворот во Македонија и кому му е многу близок (злобните јазици го прикажуват како ерeст на момчето). На почетокот од пролетта тој презема  начелно за сметка на Александар  освојување на полисите на Касопија (на северозапад од Амбракискиот залив). Неговата намера веројатно е да оди до Коринтскиот залив; тогаш тој би можел да префрли војски на Пелопонес без да се грижи за Тебанците и Атинците, чиј можен отпор би бил заобиколен од запад. Плановите на Филип се проѕрени навреме: Амбракија, Акарнанците и Ахајците бараат сојуз со Атина, која веднаш се сложува и испраќа војски во Акарнанија. Пред овој решителен отпор, Филип не настојува и се враќа во Македонија.

Во 340 п.н.е. го освоил Перинт а во 339 п.н.е. Визант со што империјата достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на  градовите  држави. Во тоа и му помогнал како изговор и атинскиот оратор Демостен кој постојано зборувал против Филип ВТОРИ .

Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани. 

                                    Битката кај Херонеја

       Битката кај Херонеја (338 п.н.е), се одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип ВТОРИ Македонски. Таму Македонците  под командата на Филип Македонски со 32,000 војска ги поразил помалите комбинирани сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија над  градовите држави.

       Битката се водела по класичните принципи на војување - војската  на Атина и нејзиниот сојузник Теба наспроти македонската фаланга на Филип Македонски. 
      

      Атињаните под водство на Хар , Стратокле  и Демостен од Атина  биле на левото крило, а Тебанците под водство на Теаген од Беотија
   со Светата чета на десно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија. 

     По прецизна цифра од градовите држви: Тебанци вкупно на број околу 12.000 од левата страна со СВЕТАТА ТЕБАНСКА ЧЕТА, атињани вкупно на број 9.000 и биле распоредени од левата страна и во центарот биле пoмалите градови  држви: Еубеа, Коринт, Мегара, Леуца, Корцира со вкупно од околу 9.000 војници и биле позиционирани во центарот. Десното и левото крило било зајакнато со уште и со по 2.500 платеника. Сојузниците во најголем број биле пешадија.
     

     Кај Македонците пак, Филип Македонски го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на Филип Македонски. Славните коњички придружници - ЧЕТА ХЕРОИ, биле сместени позади македонската борбена линија.

    Македонците броеле 30.000 тешка и лесна пешадија и околу 2000 коњаника.
    Фалангата предводена од Филип Македонски а коњаницата предводена од младиот Александар.



     Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие атино-тебански линии.  

           

Од записите за битката на Херонеја од историчарот Диодор Сикуло за Филип Македонски :

    ( 4. 2. 2 ) 
    Дочекувајки ги атињантите на Херонеја,
    Филип изглуми повлеквање. Додека, Стратокле  
    водачот на атињаните нареди на своите 
    војници да нападнат напред, викајки:
  
''Ќе ги гониме се до срцето на Македонија''
   
Филип мирен набљудувајќи ги:
   
''атињаните не знаат да победат''
    и нареди на својата фаланга да биде збиена и цврста и да се повлекува полека, 
    заштитувајки се со штитовите од нападите 
    на непријателот. Кога тој со овој маневар 
    ги навлече надвор од нивната подобра 
    позиција и доби со тоа надмоќ, тој застана
    и бодрејки ги своите војници нареди силен 
    напад, така да го уплаши непријателот и да освои една величествена победа во 
    негова корист.

   ( 4. 2. 7 ) 
   На Херонеја Филп знаејќи дека здружените градови се страствени и неистренирани, 
   а македонците навикнати на напор и тренинг,
   беше смислено да атињаните бидат изморени и со тоа да неможат да го
   издржат финалниот напад.

 

 


Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од храбар баталјон - ЧЕТАХЕРОИ  ( веројатно роднини и пријатели ), откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а aтињаните - страствени, но неувежбани - не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на aтињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. После една силна борба Александар успеал да ја уништи ТОТАЛНО светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. 

Диодор

'' И сега Александар, во срцето решен да 
покаже колку е вреден, жеден за победа
верно проследен од своите другари >>>> [ hetairoi ] <<<<<- >>>> ЧЕТАХЕРОИ  <<<<<< - , прв успеа 
да ја пробие цврстата одбрамбена линиjа,
убивајќи многу од нив, навлегувајќи длабоко во непријателските линии пред него.

Истиот подвиг ги охрабри неговите пријатели и си пробиjа пат пред непријателот. ''

Диодор

'' Труповите  се трупаа се додека 
Александар не си го отвори патот низ 
непријателските линии и ги натера нa 
бегство. Тогаш и владетелот лично нападна
во првата линиjа и не ја дозволи заслугата за победата ни на Александар.
Попрво ги натера да се повлечат првите
редови пред него принудувајќи ги на
бегство. Стана најзаслужен за победата. ''

Дел на опис на Битката на Херонеа од историчарот Плутарх :

'' Беше прв што ја нападна Светата 
Тебанска Чета'' (Животот на Александар).
'' сите погодени во гради од македонските копја '' ( Животот на Пелопидеа ).

Значи Светата Тебанска Чета била опколена, од напред фалангата со долѓите копја, а од позади Александар со своите >>>> ЧЕТА ХЕРОИ <<<< во добро позната македонска воена тактика.    

 " [ Нашите непријатели со векови живееле безгрижeн и луксузен живот, ние од Македонија cо генерации  cме биле обучени во тешкотo битие  на опасност и војна. Сè на сè, ние сме слободни луѓе, a тие се робови ]." Македонската коњица  - ЧЕТАХЕРОИ   

       Филип Македонски од својот син Александар направил голем воин.  Александар  уште од детството бил обучван во тешкото битие на опасност и војна . Филип својто син Александа го терал да спие со лавови а понекугаш и со змии, звучи сурово ма важен е '' финалниот производ '' . 

            '' Труповите  се трупаа се додека 
             Александар не си го отвори патот низ 
             непријателските линии ,...... '' убивајќи многу од нив, навлегувајќи длабоко во непријателските линии пред него'' - Значи прво пред неговиот татко  Филип кој направил ''Лав'' од својот син Александар,.. Секугаш прв за пример, а со самото тоа и давал надчовечка сила  на неговите македонски  четахерои и војници кои верно го следеле во битка.

            Kако ги отценил македонците Путарx во битката на Xеронеја:

                 '' Атињаните се однесуваат сперма македонците како полубогови меѓу диви ѕверови ''   

Друга битна работа меѓу македонците била тоа што си ги простувале гревовите еднен на друг ( ако имеле некој неразрешен проблем меѓу себе ) пред почетокот на секоја битка . 
Значи не само добро опремени и извежбани ма и псиxички подготвени ПА ЗАТОА СТИГНАЛЕ ДО ИНДИЈА и немале непријател кој можел да и се спротистави,.. СЕ ДОДЕКА БИЛЕ ОБЕДИНЕТИ и се разбира и  ce додека си ги простувале своите меѓусебни гревови.  

Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени  и 1000 загинати атињани. Вкупни беотски жртви  ce непознати ( но најмалку 254 ).

     Македонците почнале да ги задеваат тебанците МА Филип ги прекинал и рекол: 

            '' НА СМРТ, ТОЈ ШТО КЕ КАЖЕ ДЕКА НАПРАВИЛЕ НЕШТО НЕМОРАЛНО '' 

     Загинатите тебанци ги закопал под статуа на лав - Лавот од Херонеjа. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови, со тие пари Филип Македонски инсталирал воена база во Теба.

      Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените aтински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина.

 

        ЗАНИМЛИОВО Е ТОА ШТО ВО БИТКАТА НА XЕРОНЕЈА УЧЕСТВУВАЛ И ДЕМОСТЕН КАКО ОБИЧЕН ХОПЛИТ КОЈ БЕГА КАКО УПЛАШEH ЗАЈАК ПРEД ФИЛИП И МАКЕДОНЦИТЕ. Демостен и сите оние што биле против Филип БЕГААТ во Персија И СОРАБОТУВААТ СО ПЕРСИЈАНЦИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ.

    Ефект 

      Атина и Теба градовите држава биле поразени  и потпаднале под македонска власт, но немале статус на робови и не плаќале данок. На Општиот Мир вклучен во зимата 338/7 г.п.н.е.  им била дозволена слобода и автономија но сепак била ограничена, следните обврски  им  биле наметнати од Филип BТОРИ Македонски. 

3абрането им било:

- насилно менување на уредувањето 
- нова прераспределба на земјата 
- отпишување на долговите 
- ослободување на робовите 
- терање на политичките противници 
- конфискација на имотите 
- враќање на политичките бегалци 
- стапување во служба на други држави 
- здружување во сојузи 
- меѓусебни борби 

      Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип ВТОРИ  Македонски иако воено не ги окупирал ( освен поставените четири воени бази околу островот Евбеја ), сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос на Македонците. 

     Коринтската лига
      

        Во 337 п.н.е. на конгресот Филип ВТОРИ  Македонски ги повикал  државите од регионот   во Коринт, сите тие, освен Спарта, решиле да ја формираат Коринтската Лига, раководена од Филип BТОРИ Македонски. Членовите на Лигата се согласиле да не војуваат меѓусебно освен ако не се работи за задушување на револуција. Филип бил избран за водач ( хегемон ) во походот што планирал да го превзеде против вековниот  непријател - моќната Персија , со тоа   македонците ДА СЕ ОСВЕТАТ ЗА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА НА MАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА KИР И KСЕРСЕС.

    Филип ВТОРИ  Македонски сметал дека и полисите имале ист интерес, па затоа ги повикал да го следат.

АТЕНТАТ

     Имајќи ја безрезервната поддршка на Коринтската лига, го пратил македонскиот генерал Парменион со 10.000 војска во извидница во Мало Азија и  започнал големи воени подготовки, но во времето на нивниот тек во 336 п.н.е. бил убиен во атентат при свадбата на неговата ќерка Европа  во театрот во Егеjа .  Пред тоа Александар се вратил од прогонство,  што пред тоа се имал скарано со татко му Филип,.. повод бил разводот со Олимпиjа.

  

  Aтентатот врз Филип Македонски запишан од  историчарот Диодор (16.94.3-4) :

        ''Павзаниј ги остави коњите до портите на градот 
         и се упати кон влезот на театрот криејки еден келтски нож под својата наметка.
         Кога Филип нареди на неговите пријатели од својата придружба да го чекаат во театрот, 
         кога стражата се држеше на растој, Павзаниј виде дека владетелот беше оставен сам 
         и се залета накај него прободувајки го во градите соборувајќи го мртов. 
         Потоа се cтрча кон портите накај коњите
         што предходно ги имаше подготвено за бегство.

        Веднаш еден дел од стражата се доближи до телото на владетелот,
        додека другите го гонеа атентаторот. 
        Меѓу нив беа Леонант, Пердика и Атал.
        Имајки добра предност Пвзаниј ќе јавнеше
        на својот коњ пред да не се сопнше од
        еден клин паѓајќи.
        Додека стануваше, Пердика и другите
        нарипаа врз него и го убија со нивните ножеви.''


                  

Aтентатот врз Филип Македонски

 

 

Македонија по Филип BТОРИ

                                                                                   

Македонија по Филип BТОРИ

                                                Бракови на Филип Македонски

      Филип Македонски не направи од Македонија воена сила само по пат на сила и војна ма и со вешта дипломација,.. ма и со една генијална идеја: да се жени.
      Филип се женел после секоја војна што ја водел со секој народ.

     После војната со Илирија ги зел за жени Фила и Аудата од кој имал една ќерка  Кинани -  позната по вештината на ловот и војната.

      Кога ја зазел Тесалија се женел со Никасиполи од кој ја имал ќерката Тесалоника. Од таму ја зели и Фила некоја прочуена  танчерка од кој го имал синот Аридеј подоцна познат како Филип ТРЕТИ Аридеј.

      Кога го припоил кралството на Молооси  ја зел за жена Олимпија од кој ја имал ќерката Клеопатра и Александар Трети Македонски, Олимпија - Првичното име и било Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип  ВТОРИ и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника.

      Кога ја припои и Тракија ја зел за жена и ќерката на кралот Котела, Меда. Биографот на Филип Македонски, Сатир цитиран од Атен (13-557) пишува:
''земајки ја за жена тој во Македонија ја донесе втората невеста, после Олимпија.

     И најпосле ЗАЉУБЕН ВО НЕА ја зел за жена македонката Клеопатра и од неа поправо ja имал ќерката Европа и после битката на Херонеја ja зема официјално, а потоа го има и  синот Каран... брак кој бил и причина за многу несогласности и проблеми.

       Филип Македонски рекол:


 [1]    Го прашале Филип Македонски кои луѓе највеќе ги сака, а кои највќе ги мрази.
Филип  Македонски одговорил:

''  ТИE  ШТО  МОЖАМ  ДА  ГИ  КУПАМ,  НАЈМНОГУ  ГИ САКАМ,...  ТИE  ШТО  СУМ  ГИ  КУПИЛ,  НАЈВЕЌЕ  ГИ  МРАЗАМ ''. - '' THOSE  WHAT  I  CAN  BUY  HIM,  I  LOVE  HIM  THE  MOST... THOSE  WHAT  I  BUY  IT,  I  HATE  HIM  THE  MOST ''.

 [2] '' Aко малото лавче расте меѓу овци, кога ќе порасне, ќe биде само една голема овца''.  - '' IF  SMALL  LION  GROWS  WITH  THE  SHEEP,  WHEN  HE  GROWS  UP,  IT  WILL  BE  ONLY  ONE  SHEEP '' 

 [3] '' Целиот мој живот не сакав ништо друго освен обединетите градови држави да лазат како црви под моите нози.'' - '' ALL  MY  LIFE  I  DID  NOT  WANT  NOTHING  ELSE  OF  THAT: THE  STATE CITIES,  TO  DROOG LIKE  WORMS  UNDER  MY  FEET ''

 [4] '' Дочекај го твојот непријател, очи в очи.. со оружје рамен... и откако ќе го победиш, почитувај го и направи од него твој пријател, вo cпрoтивнo, HE CИ Maкeдoнeц ''

 [5] '' ТИЕ НЕ ЗНААТ КАКО ДА ПОБЕДАТ - They do not know how to win ''

 [6] " НЕ  СИ  СУПЕРИОРЕН  АКО  ГИ  ПОТЦЕНУВАШ  ДРУГИТЕ ". -  '' YOU  ARE  NOT  SUPERIOR  IF  YOU  UNDERESTIMATE  YOURE  ADVERSARY '' 

 [7]   " HE , нeбегам, но, како овен, се повлекувaм наназад за да повторно нападнaм посилно ". - "did not run away but, like a ram, I pulled back to butt again harder ".

 [8]   '' Не постои ѕид кој е доволно висок за да се запре коњ со количка полна со злато '' - '' There is no wall that is high enough to stop a horse with a cart filled with gold.''

 

   Филип  ВТОРИ Македонски сексот го става во практика за остварување на своите политички цели. Со ова моќно ''орудие'' се служат Александар Македонски и египетската владетелка од македонско потекло Клеопатра.

 


Македонска народна поезија за Филип  Македонски

[1]

„Чедо си нема цар Филип, 
чедо си нема девет години, 
жалба му е останало, 
останало дур до Бога“

Филип замина да војува цела година,
но пред да тргне и порачал нa сопругата 
Олимпија дека кога ќе се врати сака да
види машко новороденче. 
Така, еден билкар ја излечил Олимпија, по што се раѓа Александар
, со прстен на раката.

 

Чедо си нема цар Филип
Чедо си нема девет години,
Желба му е останало,
Останало дур на бога.
Наврвило цар Филипа
Да му иде на ордија,
На ордија на оскета.
И ми рече цар Филипа:
Чуеш ли ме, прво љубе
Ја ќе седам на ордија,
Ја ќе седам една година
Кога дојда да те најда
с машко дете в раките.
Силно и се заканило:
-Ак не најда машко дете,
Ав раката ти да носиш,
До там си е тој живота.
Пак отиде цар Филип,
Забави се, бре, година.
Пак се чуди прво љубе,
Как да стигне машко дете,
Заминаха биларето,
Биларето екемџие,
Потерева цар Филиповица,
Порука ги на дворове,
И ми рече цар Филиповица:
- Имате ли лек за мене некој болка,
Да заходем малко дете?
Тогај рече екемџиа:
- Ќе ти давам една биљка,
Јаз ке дојда кога мркне,
Немој мене да изгониш,
Ем застани ходајата,
Там да спием таја ноќе,
Тога што веќе затегнеш.
Отиде кога мркна,
Не го изгонила ванка,
Затвори го ходајата,
Те ми спиет шест сахата.
Пак си стана биларане,
Отиде си оде дојде,
Замина се годината,
Царица е затегнала,
Машко е дете породила,
Сос прстен на раката,
На пстене бе исписан
И как да го крстат:
Крстиха го Александро.
Кога се е породило
И коњ му се ождребило.
Коње му е бележита:
Нозе има до ушите,
Крила има до плешките.

РАсли ми салам порасли,
Станали са два јунаци.
И погине цар Филип,
И му седна на столнина

Александро чедото му,
Да царува да повеља
Таја земе и крајнина.
Дочуло е цар Хируда,
Та ми прати това бакшиш
Еден товар празово семе,
И му прати една трака,
Една трака, една жура.
Досети се Александро,
И тој му е бакшиш пратил:
Два товара от пипер семе.
Достигнаха два товара,
Достигнаха до цар Хируд,
Пак се сети цар Хируда:
Што е малко не се лаже,
Тој ќе дојде с повеќе оске.
Ајде ние да идеме,
Да идеме на панагир
Тамо јунасто да чиниме.
Излезова два јунака од два цара:
Упасова от цар Хируд негов сина
Упасова остра сабе,
Припустноват на кошие.
Ни ми стигна Александро,
Запреха се на друмове,
Тогај рече Александро,
Карај сега ти напреди!
Как закара тој напреди
По него иде Александро:
Като пусна брза коња,
Та го распра сас рогове,
И коње му и човека.
Сите ми се почудиха
И рекоха на панагир:
- Цар ќе биде Александро
Пак отиде до дома си
Коласа го цар Хируд
Да му земе царштината.
Отговори Александро:
-Ако сакаш да се бием
И ти збери силна оске.
Уплаши се цар Хируда,
Јак излезе Александро
Та му отне царштината.
Пак ми броди по земета
С пет стотин силен аскер,
Та ми броди от град на град,
Сичка земе посвоило,
Да ми седе да царова.
Пак отиде Александро
На крајнина в темна земе
Там имаше една вода,
Една вода таја река,
Та имаше тое риби,
Как ходеха по водата,
Там не може да замине,
Нето човек, не добитак
Там се чудет три дни време,
Та имаше два јунака
Два јунака на воскета
Имаха си затворено,
Стари татко ав сандака.
Питаха го до два брата:
- Чуеш ли ме, наши татко!
Научи ме , наши башта,
Как да минем през реката?
Отговори стари старец:
- Навалите до два огња,
Нажежите камењето,
Нафрлите ав реката,
Да се тргнат тие риби.
Тргнаха се, заминаха,
Заминаха през водата.
Де ги дочу Александро,
Та ги пита Александро:-
- Чуете ли, два јунака!
Кој ви учи, ум ви дава,
Што речете така станет,
- Тебе, царо, лажа нема:
Имаме си наши татко,
Затворено е в сандака,
Там го храним и го поим,
Тој на ичу, ум ми дава.
Кога беѓе нези заман,
Губеха се стари људи,
Зап учини Александро:
- Немој веќе да се губете,
Кога се умре сам от бога,
Кој не даде, тој ќе не и земе,
Пак отиде в темна земе,
Тамо најде жива вода.
Пак се врна Александро,
Та седело три години
На царштина, на столнина
Тој подрѓа сичка земе,
Сичка земе и краишта.
Заман дојде Александро,
Расходи се низ полето,
Тој имаше до две сестри,
Как си пиха жива вода,
Веќе тие ме умреха,
Отидоха в Бело Море,
Та се скриха од брата си,
Там си седат до денес дане,
Не умират, не становат.
Кога дојде Александро,
И коња наслужили жива вода напојили
И тој веќе не умира.
Пак пошета Александро
По друмове низ полето
С кафаџие чоадоре
Тамо стигна един старец,
Та ми кара дребан добитак,
Забахтал се ав азмака.
Тога рече Александро:
- Добро стигна. Ој ти старец!
- Дај бог добро, бре делио!
Те му рече Александро:
- Ајде , дедо, да врвиме!
- Де ќе врве, Александро!
Де ќе врве без добитак,
Тога рече Александро:
- Земте вие чоадаре,
Чоадаре кафеџие,
Извадите добитака,
От ќамура от батака.
Пуснаха се кафеџие
Да му извадат добитака,
Пак не может да го извадат.
Тога стана Александро,
Как ми фати добитака,
Та го здигна сос земета.
Тогај рече стари старец:
- Кој ти даде, Александро,
Кој ти даде таја јакост?
- Мене ми е Господ даде.
И му рече стари старец:
- Александро добар јунак,
Ги да влезеш дребан аскер,
Дребан аскер Господови:
Мушинките, комарете,
Можеш ли се од тех чуваш?
Тога рече Александро:
Ја поспи сичка земе,
Сичка земе и краишта,
Од тех мухи ни са бое.
Това не бе стари старец,
Ем си беше Риста бога,
Риста бога сам Христоса,
Ралма даде та си фркна на небото,
Па кондиса цар небесен
У рај божји посветени.
Пак си ходи Александро,
Пак си ходи трид дни и три ношти.
Та го гонат комарете,
Сан не му дават да заспие,
Леб не јаде три дни време,
Да замине това поле, тамо најде мајсторете,
Мајсторете дунгерето,
Това поле камен делат,
Камен делат за користо.
Тога рече Александро:
- Аман брате, от комаре,
Стој да легна в това камен,
Белке мога да се скрие,
Ав корито от камаене,
Де му влезет комарете:
В едно ухо тие влезат,
Те през друго излезова.
Там си умре Александро,
Ав камене от комаре.
Веќе му се довршило
Царство му се битисало.
Коње му е живо останало:
Пустиха го оф сазовето,
Оф сазовето ав Драмското,
Драмското в езерото
Там си живи до живота.
Тамо живи в езерото,
Тамо живи дур до днеска.
Това стори Александро.
Останала тае песна
Да се пои приказова.
От бога здраве, от мене песна.


 

Трагичната приказна за смртта на таткото на Александар,  Филип Македонски. А aтентатот остана нерешен


Локација: Македонија

Период: 336 п.н.е.


позадина

Филип Македонски се оженил со Олимпија, принцеза од Молоси, Молоси беше сојузник на Филип.

Александар е роден од тој брак.

По дваесет години Филип се оженил со Евридика, благородно македонско семејство.

Евридика роди ќерка, Европа, и во 336 п.н.е. Исто така и синот Каран.

Како резултат на тоа Олимпија и нејзиниот син Александар веќе не беше наследник на престолот. Бесена Олимпијадата се повлече во егзил во својата земја, Молоси.

Cвечен брак

Во текот на летото од 336 беше прославен во Еге ( модерна Вергина ), античкиот град на Македонија, на свадбата на ќерката на Филип и владетелот на Молоси Александар.

Олимпија, мајката на невестата и сестрата на зетот, увиде можноста за одмазда на нејзиното семејство.

Бракот беше одбележан и денот после тоа беше објавено дека свечена поворка ќе му предходи на почетокот на игри.

 

Процесијата и смртта на Филип

В зори, на Oлимписките Богови  им беше спроведенa процесија, меѓу кои и статуата на Филип. Пред да влезат во арената Филип нареди на стражарите да заминaт, бидејќи само на тиранин му треба воена придружба  меѓу луѓетo. Заедно со Филип билe двајцатa млади принцови:  неговиот син Александар и Александар владетелот на Молоси,  младоженецот.

По влегувањето, еден од неговите телохранители, Павзаниј, пријде и гo избоде со нож Филип. Павзаниј побегна во периферијата на градот, каде соучесници го чекале со коњи кои биле од планинскиотe  региони на Македонија, a еден дури и од Еге, но тој се сопна и беше погоден од гонителите.

Смртта на Павзаниј 

Според едни Павзаниј веднаш бил убиен од страна на гонителите, како во практиката беше проследено во многу други случаи на големи злосторства. Според други, тој беше уапсен, донесен во арената, испрашувани и осуден на смрт веднаш, можеби со прекумерна брзина.

Верзијата на Аристотел: верзијата на хомосексуалните

Според Аристотел, кој живеел во дворот како тутор на Александар, Павзаниј го убил Филип бидејќи тој беше навреден од страна на следбениците на Атал, татко на филиповата жена Евридика.

Тоа е една верзија на xомусексуалците. Павзаниј бил љубовник на Филип. Атал, љубоморни, ќе го привлече на вечера Павзаниј, откако се опил и под влијание на алкохол, бил предмет на сексуално насилство од страна на неговите луѓе. Павзаниј барал да се одмазди за тоа дело од страна на Атал, но Филипне не сакал да слушне за тие поплаки.

Оваа верзија e со тенденција да го претстави убиството како приватна работа и дa го оцрнат семејството на Евридика.

Атал подоцна беше убиен по наредба на Александар, a Евридика по налог на Олимпиja.

Павзаниј и Олимпија: заговор роден во Молосиja

Павзаниј бил благородник кој потекнувал од западните провинции, штотуку приклучени кон Македонија. Претходно, овие земји биле дел од Молоси. Cемејството на Олимпија - молосиска принцеза, беше во родбинска врска со Павзаниј. Контактите помеѓу двете семејства можат да се чести и Олимпија, исто така, може да влиае врз семејството на Павзаниј.

Фактот дека имало соучесници на Павзаниј

Смртта на Филип ќе го води веднаш до престолот Александар

Алтернатива беше дека поcле смртта на Филип да дојде на престолот синот на Евридика, внукот на Атал.

Со убиството на Филип, Олимпија се одмазди, а престолот на Македонија го презеде нејзинио син.

Според Џастин ( 9, 7. 10 ), Олимпија, кога се вратила во Македонија:

'' Tаа стави златна круна на главата на Павзаниј, подигна гроб , понудила жртви во негова чест и го посвети на Иле мечот со кој Филип бил погоден'' .

Сепак, радоста на убиство не значи дека таа била вклучена во самиот чин.

Верзијата на Александар, Филип бил убиен од страна на Персијците

Според Аријан ( Експедиција на Александар , 15, 5 ), Александар тврди дека смртта на неговиот татко беше да се припише на Персијците, веќе во војна со Филип. Во реалноста се чини дека овие луѓе не се фалат, но тоа можеше да биде воена пропаганда.

 

Кој беше иницијатор?

Постојат многу хипотези, но како и во други случаи на големи злосторства, нема докази. За жал, убиецот, благородникот Павзаниј, беше убиен за време на бегство или по кратко време откако бил уапсен, уште еден класичена шема. Тој не смее да зборува.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Првата „Филипика" на Демостен

За нешто повеќе од една година, од пролетта 352-та до пролетта 351-та, Македонија станала најголема воена сила во егејскиот свет. Од Термопилите до Пропонтида, Филип надгледува огромна територија, која одговара на еден кружен лак од над 1000 километри. Влогот во судирот меѓу Атина и Филип ја сменил природата: повеќе не станува збор за држење на неколку места на македонскиот брег, се работи за безбедноста на Атика и за сигурноста на атинското снабдување. Продолжувањето на политиката водена од Атина од 357-та (состојба на начелна војна, но со мошне малку воени дејства) станува крајно опасно. Сега треба или што побрзо да се склучи мир или да се тргне во решителна војна. Токму овој вториов став е тоа што Демостен им го предлага на своите сограѓани во првата Филипика.
Пред да го разгледаме овој говор чија силина ги изненади сите антички и современи толкувачи, треба да се потсетиме на атинското мислење во 351-та53. Филип е предмет на сите разговори, неговите најмали дела и движења се оценуваат; се шират најразлични гласот - Ј во изворите се нарекуваат говорите на Демостен против Филип. Инаку придавката Ј значи да се биде против Филип.

 

Сознанието за моќта на Филип и за опасноста што тој ја претставува најпрвин предизвикало патриотски порив и довело до испраќање на една единица во поход на Термопилите во 352-та. Малку подоцна, Атинците изгласуваат решителни мерки за да го заштитат Херсонес од Филип, но овие мерки не ги спроведуваат: истите оние кои со одушевеност гласале за поход често покажуваат помалку ревност за плаќање на придонесите или за тргнување во поход. На оваа доста вообичаена неусогласеност се надоврзува склоноста кон малодушност. Некои Атинци се опфатени со малодушна помиреност со судбината. Успесите на Филип му даваат речиси божеска моќ: 

 

''зошто тогаш да му се спротивставуваме ако е непобедлив ?'' 

Многу Атинци кои мислеле дека Филип е безначаен во 353-та, ценеле дека е непобедлив во 351-та: двете мислења имаат иста стварна последица, недејствување.
Демостен го почнува својот говор извинувајќи се што зборува прв (тој има само 33 години и обичајот налага најпрво да зборуваат постарите): тоа е, изјавува тој, зашто вообичаените говорници не рекле ништо корисно во претходните расправи. Воведниот пристап кон предметот не е скромен, но тој вовед е заслужен зашто јасно му најавува на слушателот дека ќе чуе предлози коренито различни од оние на кои е навикнат.
Демостен, потоа влегува во сржта на предметот и го започнува испитувањето на состојбата на Атина со еден парадокс:

 

Тоа што најмногу ви наштети во минатото се состои точно во тоа што треба најмногу да ве разувери во иднина. Како тоа? Затоа што жалната состојба на вашите работи се должи на тоа што не сте сториле ништо од тоа што требало. И навистина, ако сторевте се што е неопходно а пак состојбата да беше каква што е сега, тогаш ќе немаше никаква надеж дека може да се подобри.

(Р1Ш., I, § 2)
По ова, Демостен ја поткрепува својата теза со историски примери за просечни состојби поправени благодарение на решително дејствување. Првиот пример е земен од атинската историја: тоа е победничката војна водена од Атина против спартанскиот империјализам во почетокот на 4 -от век. Вториот пример е токму самиот Филип од почетокот на неговото владеење.
Ако Филип отценеше дека е многу тешко да се војува со Атинците кога тие имаа толку упоришта на неговата сопствена територија, а тој пак немаше ниту еден сојузник, тој не ќе направеше ништо од она што го оствари, тој не ќе ја стекнеше оваа голема моќ.

(РШ., I, § 5)
Тоа што Филип постигнал толку успеси, не е затоа што тој има надчовечка сила, туку затоа што ги сфатил правилата кои владеат во меѓународните односи.
Но имаше нешто што тој добро го знаеше, Атинци: а тоа е дека сите овие места се исто толку воени влогови достапни на сите без разлика, како што според законот на природата, добрата на отсутните се на оние кои се спремни да ги грабнат, имотите на негрижливите на кој и да е што не се плаши од мака и опасност. Да, таква била неговата мисла, и еве како тој потчини се, како држи се, и тоа што го освоил со оружје така и народите од кои направил сојузници и пријатели. Зашто најдобро е да се здружиш, да се врзеш со ониe кои се добро подготвени, цврсто решени да прават што треба.

(РМ., I, § 5-6)
Филип е пример, значи може да се угледаат на него и да му се спротивстават: доволно е Атинците да ги прифатат истите правила како него и „со божја помош" тие ќе му се одмаздат на „овој човек". Демостен потоа се обидува да ги отфрли забелешките кои неговите слушатели можат да ги спротивстават на делотворната политика што ја предлага. Тој подвлекува дека и Филип е ранлив:
Немојте да си замислувате, всушност, дека неговата сегашна среќа ќе биде постојана како онаа на некој бог. Не, и него, Атинци, го мразат, му се плашат, му завидуваат, дури и некои од оние кои изгледаат дека му се најверни. Само, сето тоа засега мирува, во недостиг на сигурна помош, заради вашата бавност и вашиот недостиг на решителност.

(РМ., I, § 8)
Тоа што уште нема побуна против Филип, е зашто незадоволните не можат да се надеваат на никаква поткрепа; се ќе се сменело ако Атинците решително се замешале. Откако покажал дека напредувањето на Филип воопшто не било неизбежно, Демостен со гнев ја споменува моќта и намерите на владетелот:
Дури не ви остава избор да делувате или да мирувате... Нему секогаш му треба нешто повеќе; и насекаде околу него, тој не обвива во неговите мрежи, нас кои исчекуваме наместо да дејствуваме.

(РШ1., I, § 9)
Во ова излагање, Демостен ги окривува  без отворено да ги спомене  Атинците кои би се обиделе да се помират со судбината, зашто славољубието на Филип е без граници.
Следи прочуениот прекор: „Кога значи, мажи Атинци, кога ќе го направите тоа што треба?" Вообичаените одговори на ова прашање  што веројатно ги мрмореле многумина слушатели на Демостен биле доста неодредени: „Кога ќе има нешто ново", „Кога ќе биде неопходно". Овие изрази педизвикуваат огорченост кај Демостен:

Ех! што би можело да има поново од ова, еден Македонец кој ги напаѓа Атинците и како господар ги уредува работите во Атина?

(РШ., I, § 10)
Продолжувајќи го своето исмејување на говорите држани во Атина, Демостен ја подвлекува лекоумноста на гласините за здравјето на Филип:
„Филип умрел? ...  Не, само е болен." Умрен или болен, каква разлика гледате во тоа? Нека исчезне; и утредента, самите вие ќе создадете еден друг Филип, ако кон вашите интереси вие постапувате со истата рамнодушност. Зашто не е неговата сопствена сила онаа која го направи толку моќен, туку многу повеќе нашата негрижа.
Парадоксот претставен овде е логичен заклучок на природниот закон изнесен погоре: добрата на отсутните им припаѓаат на оние кои дејствуваат (§ 5). Ако една сила запре да ги брани своите поседи, нејзината негрижа создава една празнина која веднаш е искористена од друга сила. Корените на нерамнотежата не се во силовитоста на оној кој го шири своето влијание, туку во недејствувањето на оној кој се откажал од самоодбрана.

Атинското недејствување, продолжува Демостен, ќе го спречи полисот да ги искористи најпогодните прилики:
Дури да претпоставиме за миг дека ќе го снајде несреќа и дека среќата бидејќи таа секогаш правела за нас повеќе отколку што сме правеле самите ние ќе ви ја направи таа услуга, знаете ли што ќе се случи? Присутни таму, помагајќи во општиот метеж, вие се ќе средите по ваша волја. Ама такви какви што сте, залудно приликата ќе ви го дадe Амфипол, вие ќе бидете неспособни да го преземите, немајќи таму спремни ниту ваши сили ниту волја.

(РШ.. I, § 12)
Заклучокот кој јасно произлегува од првиот став на првата Филипика, е дека состојбата целосно зависи од однесувањето на Атинците. Вториот став е јасно и точно излагање на план за дејствување (§ 13-30).

 Демостен предлага две низи мерки: првите бараат подготовки, вторите мораат да бидат извршени веднаш. Говорникот најпрво предочува еден план со доста голем обем: за да се спречат можните нови навлегувања на Филип, Атинците мораат да вооружат 50 триери, да бидат спремни самите да запловат и да подготват бродови за пренесување на половината коњица (исто така одредена да се испрати на местото на дејствувањето) (§ 16).

 Или овие подготовки ќе го заплашат Филип, или ако се случи поинаку, тој ќе мора да се соочи со атинско навлегување во Македонија додека неговите сили делуваат надвор. Демостен не уточнува кога 50-те триери треба да бидат готови: најкусиот рок, што морало да им биде јасно на Атинците, веројатно бил неколку месеци.
Мерките кои ги предвидува во блиска иднина се поскромни, но тој ги прикажува на многу подробен начин: треба постојано да се држат близу до македонските брегови 2000 хоплити  од кои 500 граѓани, 200 коњаници  од кои 50 граѓани  и 10 брзи триери. Оваа главнина за поход постојано ќе престојува во северен Еге и против Филип ќе води војна на чести препади, на негова територија. Откако уточнил дека присуството на граѓани во оваа главнина е неопходно за платениците и стратезите да бидат приморани да го слушаат народот, Демостен го проценува годишното чинење на оваа војска на вкупно 92 таланти овој износ не ќе е сосема доволен за издршката на војските, но како што тој воздржано вели „ самата војна ќе го надополни остатокот". 

Демостен подготвил и изложил пред народот еден финансиски документ објаснувајќи каде да се најдат 92-та неопходни таланти; за жал, овој документ го нема во нашите ракописи.
По ова излагање, Демостен ги бодри своите сограѓани да го прифатат неговиот план. Тој ги подвлекува воените предности на неговите предлози. Филип не ќе може повеќе да го користи тоа што Атинците се спречени од етесиските ветрови за да ги нападне нивните сојузници. Опсадата на македонските брегови со атинска флота ќе го спречи Филип да ги ограбува островјаните и Македонецот ќе мора да се откаже од пиратството и од брзи потфати против Атика.

По ова оправдување ритамот на првата Филипика се забрзува. Демостен наизменично дели совети и критики се побрзо и побрзо. Составувањето на говорот личи на она од некои драмски сцени на чиј крај по најдолгите тиради доаѓаат стихомитиите (реплики од еден единствен стих). Со тон на жестока сатира, Демостен ја подвлекува бесмисленоста на атинското однесување покажувајќи неколку скандалозни и поразителни спротивности  меѓу Филип и Атина, се разбира, но исто така меѓу уредувањето на игрите и на војската. Демостен го сведува однесувањето на Атина преку сликата на барбарските боксери:
Вие, борејќи се со Филип, го правите истото што го прават барвбрите кои се борат со тупаници. Штом некој од нив е удрен некаде, тој таму ја става раката; го удираат на друго место, неговите раце одат кај што оди ударот; а да се одбрани, да види што доаѓа, ниту знае, ниту мисли на тоа.

(РМ1., I, 40)
Влогот на решението што треба да се донесе е претставен на се појасен и се погруб начин:
Не треба да се оди по настаните, туку пред нив.
Филип не ќе застане ако не му се препречи патот.
Бидејќи не сакаме со него денес да се бориме таму, можеби ќе бидеме на тоа присилени тука.
Ако не сте решени да ја извршите целосно задачата, состојбата е навистина лоша.


Не би можело да се рече дали првата Филипика направила впечаток врз атинските слушатели на Демостен во 351-та Ама неговите предлози не биле прифатени.
Ако првата Филипика е едногласно призната како ремек дело на речитост, некои современи историчари го критикувале планот на дејствување предложен од Демостен. Од една страна трошоците произлезени од овој план би ги надминале финансиските можности на Атина. Од друга страна, од стратешка гледна точка, предложените мерки би биле истовремено неделотворни и опасни: присуството на атински единици на север воопшто не би му пречело на Филип, додека атинската војска би била многу загрозена. Со вакво согледување, Атинците навистина би биле поттикнати да не го прифатат мислењето на Демостен.

Првата забелешка воопшто не е пресудна. Демостен јасно излага колку ќе чини постојаното присуство на 10 триери и 2000 луѓе близу до македонските брегови: тој не го проценува чинењето на можното подоцнежно испраќање на 50 триери и многу хоплити, но овде се работи за претпоставени трошоци, кои би биле направени само ако еден напад од страна на Филип ги наметне. Во тој случај, собирањето на вонреден данок би можело да ги обезбеди неопходните средства 

Втората забелешка е доста слободна. Ненадејни напади на малубројна војска можат да предизвикаат многу штети, дури и на една многу силна земја: доволно е оваа мала војска да знае да го искористи изненадувањето. Освен тоа, планот на Демостен е со две решенија: ако честите напади од 2000 војници не успеат да го одвратат Филип од неговите напади, еден голем поход ќе биде преземен за да го натера да се откаже од заземањето. Постојаното присуство на Атина на север исто така би делувало како заштита и успокојување на нејзините сојузници во областа и предизвикување нови поврзувања.

Крајната цел на овие воени дејства е спомената само еднаш, а Демостен предвидува две можности: четите би морале да издржат, вели тој:

 „се додека ни одговара да преговараме или додека не го покориме нашиот непријател

Важно е да се забележи дека првата Филипика не ја отфрла можноста за иден мир со Филип: ова докажува дека Демостен во 351-та не е воинствен и неодговорен одмазник како што некои си мислеа, ова особено покажува дека неговото надоврзување на предлозите на Филократ во 348-та57 не ќе биде ненадејни свртување, туку исход на долго размислување за условите на мирот. Во времето на првата Филипика меѓутоа, Демостен мисли дека мир е прифатлив за Атина само ако односот на силите пак се урамнотежи во полза на Атина или, барем ако територијалниот одност  запре да се менува во полза на ФИЛИП. Ако некој сака мир, треба најпрво да се подготви да води војна со решителност.... ''si vis pace para belum'' - Ако сакаш мир, подготвувај војна.


Годините 351 и 350 се години на одмор за Атинците. Филип сигурно не мирува, но неговите походи се одвиваат далеку од Егејот, во Илирија и во Молосија. Тој исто така му посветува многу време на финансиското и воено уредување на Тесалија. Додека Македонецот ја зацврстува својата моќ, Атинците  кои се уште се во војна со него  ги уживаат сите предности на мирот. Приходите на полисот се зголемуваат; пристанишната опрема на Пиреј и спомениците на полисот се обновени; богатите не плаќаат повеќе еиспхора и повторно се интересираат за користење на рудниците; сиромашните уживаат во поголем број бесплатни раздавања.

Демостен е убеден дека во блиска иднина ширењето на Филип повторно непосредно ќе ги загрози атинските интереси. Користејќи го привременото затишје што Филип и го остава на Атина, тој ги советува своите сограѓани целосно да го преправат нивното финансиско и воено уредување.

Говорот „За финансиите" 

Помеѓу бројните искажувања на Демостен на оваа тема, нам ни е сочуван само говорот За финансиите изречен веројатно во 350-та.
Демостен почнува така што не застанува ниту на страната на поборниците за парични раздавања  кои според него сакаат само да му се додворуваат на народот  ниту на богатите противници на начелото за овие раздавања  кои се рамнодушни кон судбината на сиромашните граѓани. Неговата програма го задржува начелото на
„Олинтики"

Олинтики

1.  издржување на сиромашните граѓани од страна на полисот, но бара „секоја награда да биде неделива од некоја извршена услуга" 

Секој граѓанин, млад или стар, ќе биде сигурен дека ќе живее пристојно во време на војна и во време на мир, а новиот систем ќе има предност во обезбедувањето на воената моќ на полисот.
Што се однесува до приходите на полисот, како оние кои ги давате самите и кои се губат во непотребни трошоци, така и приходите од вашите сојузници, велам дека тие треба да бидат распоредени така што секој од вас да добие еднаков дел: за возрасните граѓани да служат како плата, за оние најстарите, или како дневница за надзор или за што и да е друго што ќе сакаат. Исто така барам вие да служите лично, без да го отстапувате тоа право на кој и да е; да имате војска која навистина ќе биде војска на полисот, уредена со негови средства, така што вие ќе можете истовремено да живеете спокојно и да го правите неопходното.

 


Овој план исклучува обраќање кон платеницитe: самите граѓани ќе се борат и ќе добиваат плата. Планот на говорот има слиичности со спартанското уредување на класата на Еднаквите, иако Демостен се чува да направи таква споредба.
Демостен го завршува својот говор подвлекувајќи ја целта на реформите кои ги предлага и нивната неопходност: а тоа е да и се овозможи на Атина да ја одржи својата положба во  замјите под Термобили на првото место:
           Срамота би била, Атинци, и тоа каква срамота! да се откажете од славното место кое вашите татковци ви го оставиле. Впрочем, не е во ваша моќ да се откажете од работите во  замјите под Термобили, дури и кога би сакале. Вие отсекогаш сте правеле многу; имате пријатели кои би било нечесно да ги оставите, непријатели на кои е невозможно да им верувате и кои не можете да ги пуштите да зајакнат. Се на се, тоа што сега им се случува на вашите политичари, кои не можат да се повлечат од работите кога сакаат, ви се случи и вам, бидејќи токму вие ја водите политиката во  замјите под Термобили .


Демостен се жали дека неговите претходни предлози имале малку одѕив и дека една второстепена ситница од неговиот „широк план" го задржала вниманието, предлогот да се создаде нова днев- ница од два оболи за некои работи. Се чини дека ниту говорот немал повеќе успех.
Одбивајќи секакво преуредување, Атинците занемариле да се подготват за продолжувањето на борбите и однапред се осудиле на неподготвеност.

Првата „Олинтика"

* Олинтики се нарекуваат трите говори на Демостен во врска со Олинт, најголемиот полис на Халкидик, кој бил на чело на Халкидската лига составена од  колонии на северноегејскиот брег.

На почетокот на летото 349-та, Филип оценил дека дошол часот да се освои Халкидик. Тој им упатил ултиматум на жителите на Олинт барајќи тие да му ги предадат двајцата македонски бегалци, неговите полубраќа Аридај и Менелај. Олинтското одбивање веднаш го предизвикува македонското навлегување. Веројатно е дека барањето за предавање е само еден изговор, но не не би можело сосема да се исклучи дека имало внатрешни немири во Македонија во 351/350-та и дека Олинтијците ги примиле двата аргеадски принца со намера да ги поддржат нивните династички желби против Филип.

Загрозените жители на Олинт бараат сојуз со Атина и нејзина воена помош. Демостен во оваа прилика ја изговара својата Прва Олинтика за да го поддржи цврсто барањето на Олинт. Според него, понудата за сојуз од моќната Халкидска конфедерација е исклучителна прилика. 

 

(2). Атинците мораат „целосно да и се оддадат на војната", принесувајќи ги нивните пари драговолно, борејќи се лично, не дозволувајќи си никаква немарност" 

( 6). Демостен ги потсетува Атинците на нивното птетходно недејствување и на нивната одговорност за издигањето на Филип: „Токму ние, Атинци, го правевме Филип од ден на ден се појак, токму ние му обезбедивме моќ каква што никогаш немал ниту еден владетел на Македонија" 

(11). Желбите на Македонецот се безгранични: ако се дограби до Олинт „ништо не ќе го спречи да се упати каде што ќе посака" а Атинците, бидејќи не го запреле „таму", ќе мораат со него да се борат „овде". Атинците не треба да се однесуваат како непромислени „луѓе кои позајмуваат со голема камата": инаку, ќе мораат „скапо да ја платат нивната негрижа" 

(15).Расудувањето на Демостен е математички строго. Развојот на односот на силите во полза на Филип се објаснува со спротивноста меѓу неговото дејствување и тромоста на Атинците. Ако противниците ги задржат истите ставови, сигурно е дека развојот ќе продолжи „до крај". Бидејќи е исклучено дека Филип самиот ќе стави крај на своето ширење (желбата за освојување е страст на неговиот живот, вели Демостен), само едно менување на однесувањето од страна на Атинците може да го сврти текот на историјата: значи од животна важност е Атинците да ја сфатат опасноста и да се свестат.

По ова предупредување, Демостен го изложува планот за дејствување. Атинците мораат да испратат во северен Еге две единици за поход, едната на Халкидик за да ги одбрани загрозените полиси, другата во Македонија за да го пустоши кралството на Филип. Овој двоен напад кој многу личи на оној што веќе го предложил во Првата Филипика  според Демостен е неопходен за да се натера Филип да ја крене опсадата (17-18).


За да се платат трошоците на овој двоен поход, Атинците, изјавува Демостен, располагаат со повеќе пари од сите други народи: „Ако сакаат да ги употребат овие пари за трошоците на војна, тие немаат потреба од други средства" (§ 19). 

Алудирањето на касата за вojнa е јасно, но Демостен внимателно укажува дека тој не предлага никаков декрет со цел овие пари да се користат за воена потреба (таквиот предлог би бил незаконски). Откако кратко потсетува на својот план за даночното преуредување и жали што народот не го одобрил, Демостен се задоволува да предложи еден вонреден данок:
Мојата замисла е дека треба да подготвиме војска, да имаме со што да ја платиме и да направиме така што секој што зел пари, да го стори тоа што мора да го прави; вие, напротив, сте на мислење дека е добро да се земаат пари во време на празниците без ништо да се прави. Затоа единственото решение, според мене е да се утврди еден општ данок: знажителен, ако трошокот треба да биде голем; ограничен, ако тој е мал. Во секој случај, потребни се пари; без пари, ништо од тоа што е неопходно не може да се направи.


Како во првата Филипика, Демостен заклучува подвлекувајќи ја тежината на влогот: „Вие денес имате избор или да го нападнете Филип кај него или да бидете нападнати од него кај вас".

Втората „Олинтика"

Атинците брзо го склучиле сојузот што го барале жителите на Олинт. Требаше да се почитува овој сојуз и да се испрати помош. Се чини деке одреден број граѓани биле престрашени од идејата пак да се почне активна војна против Филип. Затоа Демостен ја подредува суштината на својата Втора Олинтика за да покаже дека моќта на Филип е кревка. 

 

Филип го создал своето владетелство со кривоклетство и лага: оние кои ги насамарил ќе се кренат против него при најмал пораз  особено Тесалците. Самите Македонци се уморени од војните од кои ги трпат сите маки и сите лишувања, додека сета корист е за Филип. Неговиот двор има само просечни ласкавци: Македонецот, како и сите тирани мрази доблесни луѓе. Неговата империја и зeмјa се „болни", и нивните слабости ќе се покажат само ако Атинците решително тргнат во војна.

Mу забележувале на Демостен дека ги преувеличува слабостите на Филип и особено дека не ја познава приврзаноста на македонските војници кон нивниот владетел. Сепак треба да се одбележи дека жалбите што им ги припишува Демостен ги најавуваат непријателските говори на македонските војници против Александар.
          

 

Но тие, немајќи никаков удел во она што го задоволува неговото самољубие, сотрени од овие постојани походи од земја во земја, страдаат, живеат бедно, затоа што се спречени да работат или да останат дома, дури и без можности да го употребат по своја волја тоа што можат да го заработат, бидејќи пазарите во земјата се затворени поради војната.


Можеме да се прашаме да ли Демостен нема некакви известувања за негодување кај непријателот.
Освен тоа и особено, споредбата на втората Олинтика и побројните говори во кои Демостен подвлекува дека Филип е опасен ја покажува длабоката усогласеност на неговата мисла и на неговиот став. Филип не ќе се запре ако не го запрат, но тој не е ни неранлив ни бесмртен и неговата моќ може да биде урната. Филип да беше непобедлив, неговата среќа да беше постојана како онаа на боговите, борбата против него би била безнадежна. Таков не е случајот: се  може да се смени, за Филип како и за Атина, и токму тоа му ја дава на започнатиот судир сета полнотија.

* Говорите на македонските војници во времето на Александар не можат да се наречат непријателски, бидејќи станува збор за барање за нивно враќање дома поради исцрпеност од една и незадоволство поради вклучување на Персијци во управата на државата од друга страна. Инаку во историјата нема друг пример на меѓусебна доверба, љубов и верност на војската кон својот водач и такво разбирање од страна на војсководецот.


Третата „Олинтика''

Малку време потоа, додека Атинците уште немаат испратено никаква помош, Демостен ја изговара третата Олинтика. 

 

Тој најпрво настојува да ги растера самозалажувањата предизвикани од неколку фалбаџии кои зборуваат за „казнување на Филип". Итната задача, е да „се спасат сојузниците" и „ова е засега доволно". 

Уште повеќе, ако Атинците и понатму го одбегнуваат потребниот напор, не ќе биде загрозен Филип, туку Атика. Дипломатската состојба ја прави заканата многу сериозна: ако падне Олинт, ниту многу слабите Фокидијци, ниту Тебанците, непријатели на Атина, не ќе го спречат Филип „оттаму да им ја покаже тежината на неговото оружје".

По ова повикување кон стварноста, Демостен непосредно ја напаѓа главната законска пречка за решителната политика која се наложува  законот на Еубул за теориконот. Тој бара да се воведе служба номотети за да се укине овој штетен закон, предлагај ќи, без сомнение подбивно, самите творци на законот да дадат поттик за негово укинување. Следува жестока критика за атинските политички навики, која особено е усмерена кон Еубул и неговите пријатели, но без да ги именува. Одгворни за недејствувањето на Атина, се ласкавците кои ја присвоиле народната власт и кои ги претвориле граѓаните во корисници на социјална помош:


'' Сега, напротив, политичарите се тие што располагаат со се, преку нив се прави се; а вие народот, разлутени, лишени од вашите пари и вашите сојузници, доведени во состојба на слуги, при се што сте граѓани, вие сте среќни ако ви раздадат нешто од парите за претстави, ако подготват една поворка во месецот Боедромион
; на крајот одлика на храброст која надминува се  вие сте им благодарни што ви го даваат тоа што е ваше. Што се однесува до нив, откако ве затворија градов, тие ве водат во кавги и ве кротат за да ве припитомат.''


** Boedromion e месец во атинскиот календар = септември.
*** Во оригиналот стои: Овие пак откако ве затворија во градов ве водат кон тоа да ве припитомуваат правејќи да сте им подложни.

 И покрај третата Олинтика, народот не започнува постапка за укинување на законот за теориконот. На крајот на летото Атинците испраќаат на Халкидик 38 триери и 2000 пелтасти под водството на Харес. Малку потоа, тие му наредуваат на Харидем кој тогаш се наоѓал на Хелеспонт да му се придружи на Харес со своите 18 триери, 4000 пелтасти и 150 коњаници. Напорот направен од Атина не е голем, но овие чети за поход, за жителите на Олинт не се безначајна помош: на почетокот на пролетта 348-та, Харидем им гиодзема на Македонците териториите кои тие ги имале освоено. Освен тоа, жителите на Олинт можат да се надеваат дека на оваа прва поткрепа ќе се надоврзат побројни помагања. Веројатно е дека во пролетта 348-та, Атинците барем делумно би ги послушале советите на Демостен и дека би направиле знажителен напор за да се спаси Олинт доколку немирите на Еубоја не го беа свртеле нивното внимание.

Буната на Еубоја

Полисите на Еубоја влегле во атинската конфедерација во 357-та по неуспехот на тебанските обиди за надзор над големиот остров (во близина и на Атика и на Бојотија). Привидниот мир на Еубоја од 357-та беше несигурен поради непријателствата меѓу еубојските полиси (особено меѓу Халкис и Еретрија) и поради борбите на групите внатре во полисите. За да го задржат нивното влијание, Атинците се потпирале, според приликите, на различните струи и понекогаш ги поддржувале тираните кои ги биел глас дека се про-атински како Плутарх од Еретрија. Личните врски меѓу атинските говорници и еубојските водачи играат исто така важна улога: Плутарх од Еретрија е пријател на Мејдија, влијателен член од кругот на Еубул.
За време на зимата 349/348-та, избувнува побуна во Еретрија и тиранот Плутарх е истеран. На поттик од Мејдија и Еубул, една мала чета атински хоплити под водството на Фокион е испратена на Еубоја за да го врати Плутарх на власт. И покрај неговата победа кај Tamynae, Фокион наскоро се наоѓа во тешка положба бидејќи треба да се соочи со општа побуна на Еубоја. Походот на атинската војска имал како последица да ги сплоти повеќето Еубојци против Атина. Востанието го водел еден решителен водач, Калија од Халкис, чија програма се состои во три точки: Еубоја на Еубојците, водство на Халкис и власт за Калија. Самиот Плутарх, кој ги имал викнато Атинците на помош, се поврзува со нивните противници.


Ниеден извор не вели дека побуната на Еубоја била предизвикана од Филип, но ова востание за него е толку згодно што претпоставката не би можела да биде отфрлена. Уште од 351-та, Филип се обидува да крене некои Еубојци против Атина; во првата Филипика (§ 37), Демостен вметнува едно писмо од Филип до Еубојците, особено „дрско" во однос на Атинците. Калија во секој случај бара сојуз со кралот на Македонија; овој се сложува, му ветува своја парична поткрепа и можеби испраќа неколку чети .
Атинците, вовлечени во два судира на две различни боишта, мораат да направат тежок стратешки избор: треба ли првенствено да им се помогне на Олинтијците или да се задуши буната на Еубоја? Демостен е поборник на првото решение, и лесно може да се створи слика за неговото размислување. Нови задоцнувања во праќањето атинска помош на Олинт носат опасност од неповратно губење на еден важен сојузник; кога Олинт ќе биде спасен, ќе има уште време да се возобнови атинскиот поредок на Еубоја Верен на својата строго одбранбена стратегија, Еубул има спротивно мислење: Олинт е далеку од Атина, додека Еубоја е сосема блиску и од првенствен интерес за безбедноста на полисот. Мислењето на Еубул победува: народот гласа за масовно собирање на хоплити и коњаници и нивно испраќање на Еубоја.

Декретот на Аполодор

Истовременото водење на две војни на Атина и прави големи парични тешкотии. Аполодор..

Мешањето на Филип на Пелопонес. Втората „Филипика"

Во 346-та Филип не можел да направи воена прошетка која би го наметнала како арбитар во пелопонеските работи, но состојбата на Пелопонес му дава многубројни прилики да го прошири своето влијание во подрачјето. Најголемиот број полиси доживува мошне жестоки социјални и политички борби: во многу случаи, една од групите (обично олигархиската) му испараќа повик за да ги надвладее своите противници. Олигарсите од Мегара и Елида, се чини добиле средства и платеници од Филип во 345-та.

Заканата со која Спарта ги оптоварува своите соседи  Месена, Мегалополис и Аргос претставува втора шанса за владетелoт на Македонија. He можејќи да сметаат ни на Атина, сојузник на Спарта ни на ослабената Теба, полисите кои се плашат од обновување на спартанската моќ бараат заштита од Филип. 

Еден натпис споменат од Дидим ни открива дека на крајот на 345-та жителите на Месена и на Мегалополис побарале да бидат примани во Амфиктионијата: тие се судриле со одбивање, (еден таков развој би ја намалил нивната важност), но возможно е дека Филип бил наклонет кон ваква преобразба која би му овозможила да спроведе превласт над цел Пелопонес почнувајќи од Делфи.

Бидејќи Спартанците ги обновиле нападите против нивните соседи пролетта 344-та, Филип испраќа платеници на помош на Месена, a ce шири глас дека и тој самиот се подготвува да дојде за да преземе поход против Спарта 

(Phil., 2,  15). Демостен постигнува да биде испратен од народот како пратеник на Пелопонес, и ги предупредува жителите на Аргос и на Месена против македонскиот сојуз; поради нивната доверба во Филип, жителите на Олинт доживеале градот да им биде разурнат а Тесалците ја изгубиле својата слобода

 (Phil., 2,  20-23):

 

 „единствената заштита на демократиите против тираните, е недовербата" (24).

Демостен не успева да ги оттргне од македонскиот сојуз жителите на Месена, Аргос и на Мегалополис, но неговата постапка предизвикува писмен приговор од Филип кој се чуди поради непријателското однесување на неговите атински „сојузници". Додека Атинците се договараат за одговорот што треба да го дадат на ова писмо од Филип, Демостен ја говори својата втора Филипика. 

Bтора Филипика

Спротивно на првата Филипика и на Олинтиките, овој говор не предлага никаква непосредна мерка. Демостен веројатно знае дека на владетелoт на Македонија, Атинците ќе му испратат учтив и помирлив одговор и впрочем не гледа никаква штета од тоа Атина да покаже исто лицемерство како Филип. Втората Филипика сака да влијае врз атинското мислење, тоа е едно разоткривање на краткорочните и долгорочните планови на Филип, и проглас во прилог на една политика на отпор заснована врз недоверба.

Демостен забележува дека, од склучувањето на мирот, Филип постојано ги поддржува Тебанците и нивните пелопонески сојузници на штета на атинските интереси; гласовите за недоразбирање меѓу Филип и Теба засега се целосно незасновани. Оваа пристрасност на Филип е сосема природна:

 

Тој знае дека Тебанците се бореле на страната на барбарите /во 480-та/ и дека жителите на Аргос не сториле ништо за да ги запрат. Затоа е сигурен дека и едните и другите, загрижени за сопствените интереси, воопшто не ќе бидат загрижени за заедничките интереси на Пелопонесот. Тој си вели дека доколку го сака нашето пријателство, ќе го има само под услов да се придржува до правдата, додека здружувајќи се со нив, ќе ги престори во помошници на неговото славољубие.

(Phil., 2 11-12)
Единствено свесни и единствено загрижени за панхеленските интереси се Атинците: овие многу тешки искази за другите  веројатно ја изразуваат раздразнетоста на Демостен по неуспехот на неговиот дипломатски поход на Пелопонес.
На почетокот на 344-та, Атина е исто толку осамена како есента 346-та Состојбата налага претпазливост. Демостен се чува да предложи воено дејство против Филип, но исто така бара од Атинците да бидат свесни за тежината на опасноста. Во својот поговор, тој ги повикува строго да постапат со одговорниот за сегашната состојба оној кој му ги препуштил Термопилите на Филип: јасно е дека тој се подготвува да го обнови својот процес против Ајсхин.

Персиското пратеништво и задачата на Питон

Пред да започне голем поход за му да стави крај на отцепувањето на Египет, Големиот Крал Артаксеркс Охос испраќа редица пратеништва во  полисите. Во Теба и во Арг, задачата на персиските пратеници е јасна: тие треба да добијат дозвола за собирање платеници. Целта на персиските пратеници во Атина е поинаква: присилен малку да ја испразни од војска Мала Азија поради неговиот египетски поход, ахајменидскиот (Ахајмениди е името на персиската кралска династија)  владетел се плаши Филип да не ја искористи така создадената празнина за да почне поход против него во Анадолија. При таква претпоставка, тој би посакувал Атинците да ги обноват непријателствата во Пелопонесот против Македонецот: тој им ветува значајни износи за финансирање на таа војна.

Стравувајќи од договор меѓу Големиот Крал и Атинците против него, Филип испраќа во Атина еден од неговите  придружници, Питон од Bизантион, задолжувајќи го да им ги даде на Антинците сите неопходни ветувања за да ги одврати од персискиот сојуз. Питон ветува преиспитување на договорот од 346-та во склад со атинските желби и се чува да приговори против барањата искажани од Атинците. Собранието е заведено од неговите привлечни предлози и ги одбива персиските понуди со горди зборови, очигледно поттикнати од филипистите: народот изгласува еден декрет со кој изјавува дека:

„пријателството на Атинците кон Кралот  продолжува, само ако Кралот  не преземе ништо против Пелопонесот" додавајќи дека „ако Кралот  предизвика некаков неред, Атинците ќе го повикаат Филип и сите oд Пелопонесот против него".

Филип го постигнал саканото.

Артаксеркс, одбиен од Атинците, стапува во врска со македонскиот двор и можеби склучува таен договор за ненапаѓање.

Сфакајќи дека Атинците се повеќе се заведени од Филип, Демостен и Хегесип избегнуваат отворено да ги отфрлат неговите понуди за преиспитување, туку го подбуцнуваат народот да бара толку значајни измени што Филип ќе биде присилен да ги одбие. На поттик од Хегесип, Атинците предлагаат членот кој се однесува на ''status quo'' („секој да го зачува тоа што го држи") да биде заменет со еден член кој ги признава законските права на двете страни („секој да го добие тоа што му припаѓа"). Еден таков текст би им овозможил на Атинците да бараат враќање на Амфипол и на сите места кои Филип ги приграбил од неговото устоличување. Ова ново формулирање е очигледно неприфатливо за Филип:

''владетелот не го крие лошото расположение, и се однесува многу студено кон атинскиот преговорач  Хегесип''.

Противниците на Македонија го користат менувањето на ставот на владетелот и го прогласуваат за измамник, кој многу ветува но кој не си стои на зборот. Филип повторно станува неомилен во Атина, но овoj пресврт се случува по одбивањето на персиските предлози од страна на Атинците. Во основа, задачата на Питон го постигнала посакуваното.

Судењето на Филократ и процесот за пратеништвото

Се чини дека дошол часот Демостен и неговите пријатели да ги дадат на суд најпознатите филиписти.
Хиперид презема ''eisangolia'' против Филократ изразена вака: 

 

„Како говорник, тој поддржува предлози спротивни на интересите на атинскиот народ, затоа што добива пари и подароци од непријателите на народот."

Собранието начелно гласа против Филократ, и Хиперид го изнесува случајот пред судот. Без да го чека денот на судењето Филократ претпочита да замине од Атина. Тој е осуден на смрт во отсуство. 

Во својот говор против Ајсхин, Демостен ја прикажува поткупливоста на Филократ како општо позната работа:

 

Филократ не само што често признаваше пред вас во Собранието дека земал поткуп, туку уште ви го покажуваше тоа со своите дела, купувајќи жито, градејќи, велејќи дури дека ќе отидеше во Македонија дури и да ие беше избран од вас, увезувајќи дрво, менувајќи злато  пред очите на сите.

(De falsa legatione,  14)
Од своја страна Ајсхин, далеку од тоа да го брани Филократ, се обидува да одрече секаква врска со него. Можно е дека Филократ бил истовремено поткуплив, бесрамен и непретпазлив, но не би можело да се исклучи дека во негово отсуство многу го клеветеле: Демостен за да се обиде да го прокаже Ајсхина со него, а Ајсхин за да му ги префрли сите гревови и самиот да се растовари од нив.

Осудата на Филократ е успех за противниците на Македонија. Демостен го продолжува нападот окончувајќи ја оптужбата за предавство која ја отпочнал против Ајсхин уште 346-та.
Судењето трае цел еден ден. Обвинителот и одбраната располагаат, секој со по 11 клепсидри. Говорот на Демостен За неверното пратеништво таков каков што го читаме е исклучително долг многу подолг од одбраната на Ајсхин, затоа многу толкувачи претпоставуваат дека по судењето Демостен внел во својот текст еден број нови излагања, имајќи го во вид неговото објавување. Главните точки на образложението, сепак, најверојатно не биле менувани.

Демостен уште со навлегувањето во содржината ги означува своите крунски точки на оптужбата:

Ајсхин не ги следел упатствата дадени на пратениците, тој го мамел народот со лажни извештаи, тој придонел Атинците да пропуштат прилики, и сите овие дела ги направил зашто му е продаден на Филип ( § 4-9). Потоа, Демостен потсетува на непријателството што Ајсхин најпрвин го покажал во однос на Филип за време на преговорите во 348-346-та. Смислата на ова почетно потсетување е јасна:

Демостен сака да навести дека Ајсхин толку брзо и толку целосно ја сменил политиката, само затоа што бил купен од Филип за време на неговиот прв престој во Пела.

Без да внимава на редоследот на настаните, Демостен долго ги излага успокојувачките и лажливи говори што Ајсхин ги држел по враќањето од второто пратеништво, јавни говори, кои настаните подоцна очигледно ги порекнале.

На недоволно убедлив начин, тој тврди дека декретите што тогаш ги изгласале Атинците по наговор на Ајсхин и на Филократ се причина што Фокидијците се предале.

''Ако Ајсхин ги изневерил интересите на Атина поради глупост и поради неразбирање, изјавува Демостен, праведно би било да биде казнет, зашто ниеден глупак не е присилен да се занимва со политика. Меѓутоа, ако Ајсхин делувал само од глупост и незнаење, тој великодушно би го советувал народот да го ослободи (§ 101). Ајсхин треба тешко да се казни, затоа што тој му се продал на Филип за да ги изигра Атинците. ''

За ова клучно обвинување, Демостен нема доказ и се потпира на показатели.

Ненадејниот пресврт на Ајсхин очигледно е сомнителен.

Ајсхин би требало да чувствува бес против Филип ако владетелот го излажал:

тоа не е случај (§ 103-110).

Демостен не се двоуми да ги меша работите: Ајсхин му е соучесник на Филократ; а Филократ признал дека зел пари; значи и Ајсхин зел. Демостен ја подвлекува важноста на влогот.

 

Сосема е можно овие луѓе да тврдат дека ќе ја предизвикате омразата на Филип ако ги казните оние чие пратеништво доведе до мир. Јас пак, ако е тоа точно, јас не гледам што би може л друго да најдам, и при многу барање, што би го обвинило Ајсхина потешко.

Навистина, ако човекот кој потрошил пари за да постигне мир, ако тој човек сега e толку опасен и толку моќен што отсега ќе морате да ги заборавите заклетвите и правдата за да испитате какво задоволство би можеле да му причините на Филип, каква ли казна би требало да поднесат одговорните за ова за да бидат казнети како што заслужуваат?

Сепак верувам дека можам дури да покажам дека тоа поверојатно ќе биде почеток на едно корисно пријателство за вас. Всушност треба добро да се знае, Атинци, дека Филип не ја презира вашата земја, дека не затоа што ве оценил како помалку корисни од Тебанците, ги претпочитал нив; туку затоа што бил известен од овие луѓе овде и им го рекол тоа што јас веќе порано го реков пред вас во Собранието без никој од нив да ми одрекне: 

Народот е нешто најнеодредено и најнеусогласено на светот, слично на немирните морски бранови кои се движат без ред; еден доаѓа, другиот си оди; никој не се грижи за заедничкиот интерес или не мисли на него.

Филип треба да има пријатели, кои во секоја прилика, ќе дејствуваат кај вас во негова полза и ќе го остваруваат тоа што самиот тој би го сторил и тој лесно ќе добие кај вас се што ќе посака".

Ако Филип, претпоставувам, разбереше дека оние кои му го рекле тоа биле погубени веднаш по нивното враќање овде, тој ќе постапеше како Големиот Крал /по осудувањето на смрт на пратениците кои ги имал потплатено/.

(De falsa legatione,  134-137)
Co други зборови, ако судот го казни Ајсхин, Филип чесно ќе го побара пријателството на атинскиот народ наместо да купува говорници за да го лаже.
Дури тогаш Демостен пристапува кон главната точка на неговата оптужба, текот на второто пратеништво. Постапката е вешта. Кога Демостен ја прикажува играта на Филип и чудното држење на атинските пратеници, тој веќе им пружил на судиите клуч за толкување на однесувањето на Ајсхин: неговата поткупливост.

Во вториот дел на својот говор, Демостен, преку мали удари, вперува мошне разновидни напади против семејството на неговиот противник, против неговиот приватен живот и против неговото политичко однесување (179-314). Тој се потсмева особено на новата вообразеност која ја покажува Ајсхин, и подмолно навестува дека станал олигарх:

Тој сега е земјишен сопственик и голема личност. Α еве ја стварноста. Пред да и ги причини на нашата земја сите можни зла, тој признавашс дека бил писар и ви оддаваше благодарност за неговиот избор, тој имаше примерно држење. Откако причинил 1000 зла, тој се мурти; речете му: „Ајсхин поранешниот писар", тој е веднаш ваш непријател и се држи навредено; тој се шета на Агората, со наметка која се влече до петиците, со надуени образи, зашто отсега тој ви е, гостин и пријател на Филип, еден од оние луѓе кои сакаат да се ослободат од демократијата, кои во сегашната состојба гледаат само неред и лудило, тој кој досега паѓаше ничкум пред зградата на пританите. (Во оригиналот стои ''tholos''. Toa e зграда со кружна форма во која заседавале пританите.)

(De falsa legatione, 314)
Демостен тогаш со жестина се навраќа на најсилната точка на неговото докажување, разоткривањето на ставот на Ајсхин за време на второто пратеништво и по неговото враќање: благодарение на Ајсхин и на неговите соучесници, Филип ги постигнал своите цели, без непосредно да си го расипе угледот (§ 315-331). Осудувајќи го Ајсхина, заклучува говорникот, Атинците ќе го присилат Филип да прифати попомирлив став во однос на народот, или барем ќе го спречат да најде други предавници за врбување (§ 341-345).

Одбраната на Ајсхин е многу вешта.

Тој прави еден многу јасен приказ за сите преговори со Филип како што биле по ред, што му овозможува да ја истакне соработката на Демостен и на Филократ. Тој многу брзо минува преку главните забелешки што му ги упатува Демостен: тој се задоволува да забележи дека главната причина за уништувањето на Фокида, е Фортуна (Fortuna божица на среќата кај Римјаните, а кај Атињаните е Tykhe.) (131), и дека народот ги споделил неговите „чувства" (Ајсхин избегнува да рече неговите „заблуди") за намерите на Филип. Неодреден за суштинското, Ајсхин подробно ги одбива неточностите на Демостен:

''неточно е дека Ајсхин држел говор недостоен за Атина пред  пратениците на 19-ти ''1aphebolion'', зашто тие не биле дојдени ( 57-62);

неточно е дека одолговлекувањата на второто пратеништво биле виновни за поразот на Керсоблепт, кој се случил пред тоа ( 89-93).''

Неспособен да ги отфрли стратешките и политички образложенија на Демостен, Ајсхин е многу вешт во истакнување на неговите претерувања, неговите лаги и неговите сплетки.

Случката со олинтската пленичка му дава прилика за едно победоносно побивање. Демостен тврди дека за време на престојот на второто пратеништво во Пела, Ајсхин, на крајот на една гозба, наредил да соблечe и да камшикува една олинтска пленичка (Demosth., De falsa legatione, 196-200).

Демостен се обидува да добие сведочење од еден жител на Олинт по име Аристофан; овој одбива, ... и сведочи во корист на Ајсхин дека Демостен се обидел да му изнуди лажно сведочење. Пријателите на Ајсхин веројатно ја рашириле веста помеѓу судиите точно пред судењето, зашто Демостен бил исвиркан кога ја споменува оваа случка (Aeschin., De legatione, §4). Ајсхин со навреден тон одговара на личните напади од Демостен: каква срамота да се напаѓа неговиот татко, кој придонел за уривањето на Триесетмината ( Олигархиска влада во Атина поставена по нејзиниот пораз од страна на Спарта во 404-та год.) (§ 147-148)!

'' Каква срамота кога еден дезертер како Демостен се обидува да осуди еден храбар борец како него'' (Ајсхин ја користи приликата за да ги наброи своите походи) ( 167-170).

Овие налутени приговори не го спречуваат Ајсхина да го проткае својот говор со злонамерни приказни за приватниот живот на неговиот противник. Тој особено го повторува срамното, често повторувано, озборување за брачниот живот на големиот говорник: 

Демостен го вселил под неговиот покрив својот љубимец Кносион, a неговата сопруга, огорчена, му се одмаздила станувајќи му љубовница на Кносион; бракот на Демостен бил брак меѓу тројца.

Ајсхин е ослободен, но за влакно, со само 30 гласови мнозинство.

Невештините и нечесностите на оптужбата на Демостен веројатно раздразниле неколку судии; отсуството на очигледен доказ за поткупливоста на

Ајсхин веројатно поттикнал неколку други на попустливост; сведочењата на Еубул и на Фокион без сомнение оделе во негов прилог.
Сепак ослободувањето на Ајсхина, по осудата на Филократ, ја одразува поделеноста на атинското мислење и неговите колебања Многу Атинци, колку и да се разочарани и раздразнети од неуспехот на преиспитувањето на одредбите на мирот, уште се двоумат дали сосема да ја осудат помирливата политика спрема Филип чиј главен гласноговорник е Ајсхин.

Нови предлози на Филип; Говорот за Халонес

Филип сепак ги продолжува своите мешања во Пелопонесoт. Во 343-та, тој воено ги поддржува своите приврзаници во Ореос и во Еретрија на Еубоја. Есента истата година, го заменува кралот на Молооси Арибај со младиот брат на Олимпијада, Александар од Молооси, кого тој го одгледал на дворот во Македонија и кому му е многу близок (злобните јазици го прикажуват како ерeст на момчето). На почетокот од пролетта тој презема  начелно за сметка на Александар  освојување на полисите на Касопија (на северозапад од Амбракискиот залив). Неговата намера веројатно е да оди до Коринтскиот залив; тогаш тој би можел да префрли војски на Пелопонес без да се грижи за Тебанците и Атинците, чиј можен отпор би бил заобиколен од запад. Плановите на Филип се проѕрени навреме: Амбракија, Акарнанците и Ахајците бараат сојуз со Атина, која веднаш се сложува и испраќа војски во Акарнанија. Пред овој решителен отпор, Филип не настојува и се враќа во Македонија.

Подучен од ова атинско вмешување, Филип страхува дека Атина ќе успее да ги собере против него полисите и народите загрозени од неговото славољубие. Напротив, во ослободувањето на Ајсхин гледа охрабрувачки знак: можеби не е изгубена сета надеж за обновување на довербата во односите со Атинците.
Заземањето на островот Халонес од македонската флота му пружа на Филип прилика за дарежливо однесување: бидејќи овој мал остров им припаѓал на Атинците пред да го присвојат пиратите, Филип предлага да им го даде на Атинците. Во истото писмо, тој предлага да се решат сите мали судири кои ги спротивставуваат Атина и Македонија:

'' тој предлага да се даде на арбитража прашањето на тракиските места кои ги приграбил  како и граничниот спор кој ги спротивставува жителите на Кардија и клерусите во Херсонес. Тој предлага склучување на трговски договор, и заедничко дејствување против пиратството во Егејското Mope.

Ha крајот, тој предлага сите од Пелопонесот да имаат можност да му се придружат на мирот на Филократ: откако се вовлекол јужно од Термопилите, Филип е сосема расположен за еден заеднички мир кој би ја озваничил неговата водечка положба.''

Во Собранието започнува расправа. Некои говорници изјавуваат дека ова писмо е „добар текст", но Демостен и Хегесип го убедуваат народот да се спротивстави со јасно отфрлање на сите предлози на Филип. Во однос на Халонес, и едниот и другиот истакнуваат дека Филип треба да им го врати островот на Атинците (apodounai), a не да им го даде (dounai).

Ајсхин, во му забележува на Демостен дека ја скарал Атина со Филип „препирајќи се за слогови".

Отфрлањето на сите предлози на владтелот од странa на атинското Собрание сведочи за растечкото издигање на антимакедонските говорници; политиката на отпор победува над помирливата политика проповедана од филипистите. Филип сфаќа дека развојот на атинското мислење не му оди во прилог и се откажува од обидите да го придобие.

Писмата кои тој продолжува да им ги испраќа на Атинците не се повеќе изјави на пријателство ниту понуди за отстапки, туку приговори и закани.

Атинското сепнување

На крајот на 342-та уште не се наѕира непосреден судир меѓу Атина и Филип. Меѓутоа, атинското вмешување во Акарнанија на почетокот на годината го зацврстува угледот на Атина; во многу полиси, противниците на Македонија  а особено демократите го зголемуваат нивното влијание благодарение на надежта во атинска поддршка. Атина излегла од својата дипломатска осаменост, a Демостен развива бројни врски со намера да ја рашири мрежата на сојузи на полисот.
Филип, сепак, се фрлил во освојување на цела источна Тракија се до Црното Mope. Овој поход кој ги загрозува морските теснеци од Херсонес до Bизантион истовремено ги загрижува Атинците и  полисите во областа.

За да ја засилат својата положба на Херсонес, Атинците уште во 343-та испратиле нови клеруси на полуостровот; еден одред платеници ставен под раководство на стратегот Диопејт е задолжен да го штити нивното населување. Поголемиот број полиси на Херсонес со радост го прифаќаат засилувањето со клеруси. Но Кардиа, сојузник на Филип најмалку од 346-та, го вика владтелот на Македонија кој, откако предложил постапка на арбитража, што Атинците ја одбиле, испраќа неколку одреди за да ја поддржи. Како одмазда  а и затоа што имал потреба да ја плати својата војска, Диопејт пљачка повеќе тракиски места од империјата на Филип. Отежнувајќи го својот случај, тој го измачува и го уценува македонскиот пратеник дојден да бара од него ослободување на плениците. Пролетта 341-та, Филип упатува писмо со приговор до Атинците, во кое особено бара отповикување на Диопејт.

Некои атински говорници ценат дека префрлувањата на Филип се засновани, дека неговото барање е оправдано и дека одбивањето да се води сметка за тоа ќе повлече војна.

Демостен во својот говор За Херсонес, изговорен во оваа прилика, жестоко се спротивставува на таква оценка:

 

Многу често, Атинци, ме чуди она што обично се вели овде; сепак никогаш не бев (изненаден) повеќе од вчера, кога слушнав, во Советот на 500, како некој изјавува дека треба јасно да ви се даде да одбирате меѓу две можности: или да се војува или да се мирува. .., без сомнение, изборот е можен ако Филип, од своја страна, сака да биде мирен, ако не задржува, и покрај договорот, ништо од тоа што е наше, ако не ги подбуцнува сите против вас; во тој случај, да, да не велиме ништо, да живееме во мир; и добро гледам дека, од ваша страна, и вие сте спрсмни на тоа.

Но ако нашите меѓусебни заклетви; ако условите на мирот кои ги прифативме се пред нашите очи, ако нивниот текст останува напишан, и ако, и покрај тоа, очигледно е дека од првиот ден, пред тргнувањето на Диопејт, пред испраќањето на клерусите за кои денес се тврди дека се причинители на војната, Филип, против секое право, зазел многу од нашите владенија а вашите обвинувачки декрети се тука, се уште важечки, за тоа да го потврдат , ако впрочем, оттогаш, тој не запира да си го присвојува тоа што им припаѓа на другите сонародници и на барбарите за да го употреби против нас, што значи оваа изјава, дека треба да се војува или да се мирува?
He, не, ние не треба да правиме ваков избор; една друга можност ни останува, можност која ја налагаат правдата и нуждата, а тоа е да се браниме против насилникот кој напредува.

(De Chersoneso, 4 - 7)
Од правна гледна точка, оптужбата на Демостен е неточна: Филип дотогаш грижливо се чувал да не прекрши ниедна од одредбите на мирот на Филократ (барем не од оној на кој се заколнал три месеци по Атинците), додека Диопејт е сторител на повеќе битни прекршоци.

Неговата оценка на севкупната стратегија на Филип напротив подвлекува една очигледност: ширењето на Филип во сите правци ја загрозува Атина. Демостен не одрекува дека Диопејт можел да направи неколку испади (ублажувањето е задолжително), секогаш ќе има време да се казни, ако треба, во часот на поднесувањето на сметките. Но сепак би било погубно да се отповикаат испратените одреди на Диопејт, како што некои предлагаат: тоа би значело да му се препуштат Херсонес и целата област на морските теснеци на Филип.

Демостен претскажува дека жителите на Bизантион, засега ce глуви на понудата за сојуз од Атинците, самите веднаш ќе ги повикаат нив кога Филип ќе ги опседне, 15. Залудно е да се праќаат одреди кога Филип веќе нападнал, треба да се спречат неговите напади со едно воено присуство на лице место.

Мислењето на Демостен е одобрено од Советот и Собранието: Диопејт и неговите платеници се задржани на Херсонес.


Третата Филипика

Во говорот За Херсонес, Демостен ја оправдува поддршката на Диопејт со неопходноста да и се прават пречки на волјата за власт на Филип. 

Третата Филипика, изговорена неколку недели подоцна, го презема и проширува разоткривањето на делата и славољубието на Филип и предлага еден збир од воени и дипломатски мерки за да се сочува слободата на Атина . Секоја седница на Собранието, или речиси секоја, дава повод за расправи за Филип. Се чини, никој повеќе не се осмелува уште да поддржува дека Филип е во право, но многу говорници го предупредуваат народот за опасностите од една политика која води во војна.

Да се фали Филип станало недолично, да се слави мирот е многу пожелно. Демостен прифаќа дека мирот е претпочитан од војната, но Атинците не треба да бидат излажани од зборовите со кои се служи Филип. Тие можат, ако сакаат, да го подражаваат неговото лицемерство, но важно е тие да бидат остроумни:

''Ако нашиот противник, кој има оружје в рака и се опкружува со значајни сили, се покрива со зборот мир, истовремено оддавајќи се на војување, што ни преостанува да правиме освен да се браниме?

Ако ви се допаѓа сепак да речете, како него дека и покрај тоа вие ќе мирувате, нема да бидам јас оној кој на тоа ќе се спротивстави. Само, да се сфаќа како состојба на мир состојбата која ќе му овозможи на Филип, откако ќе заземе се што останало, да дојде да не нападне дома, тоа е прво чиста лудост; а иосле е нарекување така на она што за него несомнено е мир доколку зависи од нас, но никако не е за нас доколку зависи до него''.

(Phil., Ill,  8-9)
Вмешувањата или намерите  на Филип во Мегара, во Еубоја, во Тракија, на Пелопонес се „воени направи" против Атина (18). 

Демостен потоа ја проширува својата анализа и му предлага на народот да „расправа за интересите на сите сонародници, зашто тие се во голема опасност". Ако се спореди власта на Филип со хегемониите од минатото, тоа што изненадува, е недејствувањето на сонародниците наспроти Филип: тие не ги прифатиле неправдите од Атинците и Лакедајмонците во минатото, ама на Филип му го отстапуваат „правото да делува своеволно, да ги оштетува и уништува по своја волја сите сонародници едно по друго, да напаѓа градови и да ги поробува" ( 22).

Демостен во однос на  градовите држви презема едно образложение кое го развил уште во Првата Филипика во врска со Атина, кое ја прогласува виновна за успесите на Филип:

''волјата за власт е природна, недавањето отпор на завојувањата на другиот е болест со погубни последици''.

Одговорноста за злото тој им ја припишува на политичарите поткупени од Филип. Објаснувањето може да изгледа недоволно. Всушност, одбивајќи да сфати дека небрежноста на градовите дрзжви можела да произлегува од една декадентност на нивните особини или од помала приврзаност кон слободата, тој исто така ги става под сомнеж сите граѓани од различните полиси.

''Поткупливоста помалку би се развила ако народот продолжел да ги казнува расипаните поединци со истата строгост.''

Влијанието на поткупените говорници би било помало кога народот не би ги слушал нивните ласкања и нивните штетни совети: толку е попријатно да се верува дека состојбата на мирот продолжува и дека секој напор е непотребен... (§ 64).

Градовите држви мораат итно да ги сменат навиките. На Атинците им е својствено да возвратат и да ги поттикнат другите полиси да возвраќаат. Тие мораат да воспостават најширока можна мрежа на сојузи.  Демостен дури предлага да се испратат пратеници кај кралот на Персија, „зашто и тој има интерес, да не дозволи Филип да стави се под негова власт" (§ 71).

Тие мораат во исто време да подготват триери, пари, војска: овој воен напор е неопходен ако сакаат нивните дипломатски потези да бидат сфатени сериозно.   


 
Делото на Демостен и другите извори за говорникот 295 на беседникот, туку, ако му се верува на Дидим, подражавање од историчарот Анаксимен од Лампсак, вклучено во 8-та книга на неговите Филипики (Philippica).
 

Најпосле, 4 - та Филипика понекогаш е оценета како едно подоцнежно подражавање, бидејќи таа буквално презема некои разработки од други говори на Демостен. Образложението не е убедливо: секој говорник вклучен во една тешка политичка борба мора да се повторува ако сака да убеди.

Изречени и сочувани говори

Говорите на нашите политичари денес се снимени, и најчесто објавени во Службениот весник или во печатот. Во 5-οτ век во Атина нема ништо слично. Демостен дури немал, како Чичерон, роб стенограф кој би ги бележел неговите говори додека тој ги изговарал. Во Атина, еден неподготвен говор, какво и да било неговото непосредно политичко дејство, е неповратно изгубен за иднината.

Познато е дека Демостен не сакал да говори неподготвен. Тој грижливо ги подготвувал повеќето негови настапи во Собранието и во судот, но ова не значи дека тој целосно ги пишувал сите свои говори. Збирката од 49 Пролози која е сочувана во повеќе ракописи ни овозможува да навлеземе малку во „работилницата на говорникот". Знаејќи дека пристапот кон предметот е најважен, тој однапред составил една цела низа уводи за да одговори на најчестите случаи (некои од овие уводи не одговараат на сочуваните говори).

Другите Филипики од 4-от век се исто така изгубени, поточно онаа на Анаксимен од Лампсак (околу 380-320), кој особено се занимавал со настаните во Атина и кој во својата Историја внел едно подражавање на Демостен, доволно успешно за да биде вклучено во збирката на Демостен.
Општата историја на Ефор 46 (405-330), која почнува со враќањето на Хераклидите (во 1104-та, според него), продолжува се до опсадата на Перинт од Филип во 340-та. Последните книги од ова многу славно дело во Антиката се однесувале на Филип и Демостен, но ние немаме сочуван ниеден дел.

Некои локални истории за Атика, најпосле, и даваат истакнато место на борбата на Демостен против Филип. Таков е особено случајот со Атинската историја (Atthis) од Филохор (околу 340-261). Овој автор последниот голем историчар на Атика  исто така е патриотски демократ кој играл важна улога за време на побуната против Македонија во 268-261 (Хремонидовата војна). Драгоцените податоци кои ни ги даваат ретките сочувани делови од 6-та книга на Атидата 48 не тераат да жалиме поради губењето на остатокот од делото.

Помеѓу подоцнежните историчари чие дело ни е сочувано, Диодор од Сицилија (околу 90-20 г. п.н.е.) го обработува времето од 360-та до 336-та год. во неговата 16-та книга, но тој им посветува исто толку место на случувањата на Истокот и на Сицилија колку и на оние во  Пелопонесот и Македонија. Неговиот расказ кој ги опишува случките од година во година пружа една драгоцена временска рамка, но содржи чудни празнини: Диодор, на пример, го раскажува заземањето на Елатеја, но не вели ништо за случајот со Амфиса ниту за четвртата света војна што го предизвикаа вмешувањето на Филип во Акаранија.

Што се однесува на Филипиките од Трог Помпеј (1 в.п.н.е.), нивниот наслов може да излаже, зашто станува збор за Општа историја која ни е позната само преку преголемото скратување на Јустин (веројатно од 3-от в.н.е.). Книгите 7 до 9, кои го прикажуваат владеењето на Филип, подробно ги опишуваат прелагите, глобењата и развратот на владетелот  што сигурно не е без интерес , но тие на збркан начин ги пренесуваат политичките и воените напредувања на македонскиот владетел.

Реткоста и просечноста на сочуваните истории за владеењето на Филип се во спротивност со бројот и со изобилството на извори посветени на самиот Демостен.

Ние всушност имаме бројни биографски белешки за Демостен. Двата најдетални „Животописи" се оној на Плутарх (околу 50-125 н.е.), кој ги споредува Демостен и Чичерон, и оној кој се наоѓа во „Животописот на десетте говорници"50. Покрај тоа, многубројни млади луѓе кои го изучувале делото на Демостен во школите за беседништво имале потреба од уводи, белешки, толкувања и од речници. Помеѓу големиот број толкувања посветени на Демостен од говорниците од 4-от век се до poмeиско време, ние ќе наведеме само неколку особено интересни дела.
Драгоценото историско толкување на александрискиот толкувач Дидим (околу 80-10 п.н.е.) познато ни е преку големи делови кои се најдени на папирус.
Огледот За стилот на Демостен, на Дионис од Халикарнас (современик на Август) со одушевеност ги објаснува причините поради кои Демостен е најголемиот атински прозен писател. 

Првото 1. 302 Делото на Демостен и другите извори за говорникот писмо до Амај, во кое Дионис се обидува да го утврди датумот на главните говори на Демостен, е уште поважно за историчарот. Дионис им ги спротивставува текстовите на Демостен на историските прикази со кои располага, особено на Атидата од Филохор. Постапката по своето начело е одлична, но Дионис ни го дава само резултатот на неговите трагања, никогаш расудувањата кои го довеле до него. Некои од неговите заклучоци упатуваат дека тој секогаш не го разбрал наполно политичкото и стратешкото значење на текстот на Демостен. Може да се биде голем литературен критичар а да не се разберат сосема добро проблемите на надворешната политика
Во 4-от век, големиот говорник Либаниј составил воведна белешка за секој говор, која накусо ги посочува околностите и заложбата. Овие мошне ценети белешки се преземени во многу ракописи на Демостен.
По еден застој, толкувањата на Демостен повторно почнуваат, во време на poмeиската Ренесанса, претставена особено од Фотиј, патријарх на Константинопол од 858-та до 886-та и голем љубител на класичната атинска  литература: Фотиј му посветил на Демостен една одлична белешка во својата Библиотека (490а-495а).

 

Да ти Демостене имаше сила колку памет, никогаш немаше да завладеат со Атињаните, воинствените Македонци -  од споменикот на Атињаните за Демостен 

 

 

" Атињаните и нивните сојузници... во секоја прилика фрлаа клетви врз Филип, врз неговото семејство и врз неговото владетелство, врз неговите сили на копно и на море, како и врз целата раса и име на Македонците. " - Ливиј

 

 

 

 

 

 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

 *** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил адреса: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

МАКЕДОНOH

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.