v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

Цариград, ( Ромеја - Источнaта Римска Империја - Вториот Рим ) со цел да го разбие етничкото единство на Македонците, во нивната татковина населил туѓи колонисти.

Михаил 4 во 1042 г. ги пренел Aлбанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан, за да ги прекине и ослаби овoj дел на народoт и нивните врски.

Јован Звонара во својата "Хроника" ќе забележи дека во 1064 година:

"Узите (турска група племиња ), преминувајќи го Дунав, ја преполовиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, 60.000 души, такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја заплениле и стигнале до Елада".

Населување на Албанците во Македонија

        Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија, НO, тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека Албанците се најдоцните дојденци во Македонија, дури турците се дојдени порано отколку првиот дојденeц албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. И секој човек кој логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде денеска живеат Албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци се` до половината на 18 или 19 век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17 век во тетовско, госитварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!
Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 г., во Македонија  немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467-1468 г. забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 г.
Вилает Калканделен (Полог) 20  домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје)  2  домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп) 10  домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3  домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7  домаќинства
Нахија Мариово 1  домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41  домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485
 

Првите шест албански села во Македонија
 
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 г.  Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 г. .  Во 1595 г. за прв пат во историјата  е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].
 
Според отомански документ од 1597 г., околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите Албанци во Македонија.
Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар. 

Албанско населување во скопската област

Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).

До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).

Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија. [ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]

Албанско населување на Полог


Почетокот на албанската населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 г. броело 30 македонски семејства, а во 1890 г. опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.

Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид. Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.]. 

Македонците од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.].  Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дошљаци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери , освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 г. бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 г. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.]  И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните. [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].

Албанизација на Кичевија 


Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 г. било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441). 
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 г. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 г., кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437). Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 год. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите албанци се населиле околу 1840 год. од Дебар.

Албанизацијата струшко-дебарскиот крај 

Иако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. 
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 г., сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле:

 “Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на 19. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле).  Македонците исчезнале во почетокот на 19 век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век.  Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил Кънчов''.

 "Македония. Етнография и статистика", Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).

Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра - Поградец и Струга


До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 г. се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).


     Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 г. арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).


Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 г., сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.


До 1870 г. жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен . 

Шќиптари / Shqip(ë)tarët / Albanians

За потеклото на албанците, постојат многу разјаснети одговори. Мојов текст не е за да го разгатнам потеклото на Албанците, туку нивното доаѓање и од кога датира нивното присуство на Македонскиот Полуостров ( Балканот). Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека Албанците најкасно се населиле на Македонскиот Полуостров ( Балканот) . Во антиката, се спомнува народ албанци, ЗА ПРВ ПАТ ВО Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3-ти - Персија . Албанската коњаница била на страната на Дариj 3 - ти и биле поставени на десното персиско крило. 

Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само македонци, илири и епирци. Хрватите се до почетокот на 19 век се изјаснуваа како илири, а нивниот јазик го означуваа како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како илири т.е. потомци на илирите, не постои ниту еден историски албански извор, дека денешните албанци, некогаш и некаде до 20 век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува за помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. ''словенскиот'' јазик. Хрватските интелектуалци до 20 век, својот јазик го нарекуваа илирски, a сите народи на Македонскиот Полуостров (Балканот) ги нарекуваа “илири“, а земјите беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи наречена “илирска идеја“. Во византиска географија од 10 век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за бълг. история, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун- “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6 век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.).  

Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн.Во 1308 г. е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година. 

Вo : Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т. 2 ,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите. Населувањето на Албанците на Македонскиот Полуостров ( Балканот ) во 11 век  Која е татковината на Албанците?! Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавказка Албанија. Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331 п.н.е  Потоа според нив, кавкаските албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на Арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11 век. Дел од албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските власи. 

[ Константинопол т.е. Источното Римско Царство - Ромеи (Византија - Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae ), која во тој период ја контролираше и јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во “Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae” е објаснето дека Ромеискиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 г. ги пренел албанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна северна Албанија), на тромеѓето меѓу Македонците, Србите и Црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски.] Значи како резултат на ова населување настанале Црногорците, Рашките па потоа Србите , а коренот им бил Македонија. За кавкаското потекло на Албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија итн. Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15 и 16 век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Македонскиот Полуостров. 

[Then in 1042, the Byzantine Empire attacked by macedonian insurrection under command to the macedonian leader Petar Delian, after having defeated the Arabs in Sicily and having brought the Sicilian Albanians under their command and christianizing them. The leader of the Byzantines who led the Albanians was named Georgius Maniakos. Maniakos brought Albanian mercenaries from Sicily to fight the Macedonians insurrection and they settled in two waves in modern day Albania, first the mercanaries came, and then came the women and children. After the defeat of Maniakos, the Byzantines would not let the Albanians return, thus the Albanians requested that the Macedonians let them stay on the land. They settled under mount Raban and the city of Berat and from this, the macedonians called them "Rabanasi" or "Arbanasi". The city of Berat was known as Belgrad also, before the Albanians came to settle there. They mostly tended sheep and cattle.]

1. Населување во област Арбан  

Прв пат историските извори спомнуваат присуство на албанци/арвани/арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот во втората половина на 11 век.  Византискиот хроничар Скилица пишувајки за историски настани од 1078 г., првпат во историјата спомнува Албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот (ГИБИ VI, с. 338–339.). Михаил Аталиат пак спомнува Албанци во втората половина на 11 век.  Византиската принцеза Анна Комнена ги лоцира Албанците во 11 век во областа Арбан (северна Албанија), (Анна Комнина, Алексиада. Съст. Я. Любарский. Москва, 1965, с. 351; Ферjaнчић, Б. Албанци у византиjским изворима, В: Илири и Aлбанци, Београд 1988, 287–292... 

Пред втората половина  на 11 век никаде не се спомнува народ Албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ  на Македонскиот Полуостров, а не се спомнува и областа Арбан. Затоа Албанците може да кажеме дека се најдоцните колонизатори на Македонскиот Полуостров - Балканот. Историските пишани извори утврдуваат дека до 1280 г., немало Албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.

2. Населувањето на Албанците во Драч и драчката област  

Албанците од 11 век до 1280 г. живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13 век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле Драч, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1, p. 357.).  Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го опљачкале и потоа заминале од него. Некаде во 1280 г. имало голем земјотрес во Драч, кој го разрушил градот и староседелското население од Драч се иселило, а тогаш прв пат Албанците го населиле Драч (Pachymerеs, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1, Bonnae, 1835, p. 508.). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самоил. Poмeиските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самоил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, с. 292.)

3. Населување на Албанците на југ од Драч

  Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека Албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале да постепено да се селат на југ во 14 век (Веселаго, Е. Известия Лаоника Халкокондила об албанцах, ВВ, 10, 1956, с. 140).  Воедно и Јоан Кантакузин, друг византиски хроничар, пак опишува дека Албанците како номади за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (дн. Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19 век. (Cantacuzeni, I. Eximperatoris Historiarum. Bonnae, 1, 1828, p. 279–280, 450, 474, 495.).  

Но, тоа не била права и масовна колонизација на Албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 г., имало само неколку албански семејства во спомнатите области ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.).

4. Населување на Албанците во областите на Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат)

Според турскиот попис од 1431 г., нема присуство на албанци околу градовите и во самите градови Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат) ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17 век, но не станаа албански доминантни места се` до крајот на 19 век. Турските податоци за Албанците до 15 век Османлиските пописи ни кажуваат дека во 15 век албанци живееле само со турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 г., каде Албанци се зебележуваат во санџакот Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (İnalcık, H. Higri 835 Tarihli Süret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.). Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на макдонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17 век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници против христијаните староседелци.

Шкрети - етнички Македонци кои го прифатиле албанскиот јазик Шкрети е македонски назив за етничките Македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово). Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен.  Самите Албанци (геги) ги нарекувале етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61). 

Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).  

Општопознато е дека Македонците, како хрстијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот. 

Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети.  Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во Албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19 век.  Постојат белгиски сведоштва од 19 век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита.  Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870 година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.). Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните Албанци имаат македонско етничко потекло.

 

Албанскиот терор во Западна Македонија од 1900 до 1904 година

Арбанacи

Aрнаути



Блаже Миневски

Во Архивот за надворешни политика на Русија, пред триесеттина години, за време на своето истражување во руското Министерство за надворешни работи, историчарот проф. д-р Александар Трајановски пронашол ексклузивен, мошне интересен, автентичен архивски материјал од прва рака под наслов: „Список на убиства, грабежи и кражби во селата Галичник, Лазарополе, Тресонче и Росоки во Реканската каза, Дебарски мутесарафлак, 1902, 1903 г.“ Покрај списокот за спомнатите села , во документот постојат податоци и за селото Сушица за 1903 година, иако тоа не е спомнато во насловот. Во документот исто така се спомнуваат грабежи, кражби и убиства во селата Селце, Маврово, Жировница, С’лп во Кичевско, Радиовце – Тетовско и Сарај – Скопско.

Убиства, грабежи и зулуми за да се протераат Македонците од своите села! 

Притоа, иако во насловот се наведени годините 1902-1903, во списокот се дадени автентични податоци за крвавиот „арнаутски терор врз македонското насление од периодот 1900 до 1904 година“.

Освен убиства без никаков повод, качачките банди вршеле и бројни киднапирања, особено на мали деца и овчарчиња, за кои потоа се барал голем откуп. Доколку родителите немале пари да платат за откуп на детото се случувало да бидат егзекутирани а доказ за тоа да биде главата на детето.

„Браќата Бундалевци се преселија во Битола поради зулумите!“

Во документот кој е доставен до Генералниот конзулат во Солун, а се чува во архивата што ја покрива работата на ова руско дипломаско претставништво во Османлиската империја од 1800 до 1917 година, по дати и години се забележани сите убиства, грабежи и зулуми направени само во првите неколку години од минатаиот век од страна на качачките банди во Западна Македонија.

Списокот стартува со трагичните настани во Галичник, почнувајќи со записот од 24 јули 1902 година и завршувајќи со оној за 14 јули 1904 година. Меѓу белешките за злосторствата што ги правеле Албанците во ова македонско село, кое речиси секојдневно било на удар на качаците, треба да се издвојат неколку крвави настани забележани во дописката до рускиот конзул во Солун.

Така, на 6 август 1902 година, „на бачилото на Присоечка Паланина, Таир Шаља го уби Иљо Србинов, а ги рани Трајко Василев и Кузман Гогов“.


Факсимил од документот

Потоа, во продолжение на списокот, во записот за 9 август, значи за третиот ден по убиството, пишува:

„Таир Шаља, незадоволен од убиствата на овчарите, го киднапира Пане Грандзев од истото бачило и го ослободи по добивањето 60 турски лири“.

Но со тоа, се разбира, не заврпил теророт врз Македонците во овој дел на Македонија. Следните денови биле нападнати и другите села, а од многу домаќинства била однесена сета стока и пари кои ги изнудувале со крвничко тепање и малтретирање. Еден месец по убиството на Присоечка Планина, друга злосторничка банда „од бачилото на Трпко Гиновски одзела 200 овци“, а на 18 септември, иста таа 1902 година, „две фамилии Бундалевци, браќата Павле и Иван, се преселија во Битола поради зулумите… Куќата им беше ограбена од „јузбашиските заптии“ на Сали Дема од Грика.“ На дваесетти септември, злогласниот „Џеладин Сефер ја ограби до шајка куќата на Дамјаница Бошкоска и зеде едно петгодишно девојче за откуп…“

Четири дена подоцна, веќе спомнатиот Таир Шаља го „киднапира во црквата Св.Петка Марко Михаилов, кој што по два месеца беше пуштен со откуп од 30 турски лири“. Теророт што се правел во Западна Македонија, односно во мијачкиот крај на Македонија, не стивнувал ниту кога ваквите писма ќе стигнеле до конзулите во Битола и Солун.

Според истражувањето на д-р Александар Трајновски, по секој напад и пустошење, по секое убиство и малтретирање на Македонците од страна на Албанците, жителите на Река се жалеле до турските власти во Жировница, во Дебар или во Битола, кај дебарскиот мутесараф, дебарскиот и битолскиот владика, до рускиот конзул и до валијата во Битола.

Сите жалби за помош билe испраќани со селски печат, но нема податоци дали ваквите барања на Македонците биле позитивно решавани. Можеби поради тоа во Солун, до генералиот руски конзулат бил испратен збирен список на најголемите и најжестоки зулуми што ги правеле албанските качаци во овој дел на Македонија. А разбојниците продолжувале да плачкаат и убиваат без оглед на жалбите, што значи дека турската власт не го заштитувала населението, односно во многу случаи соработувала со бандите или пак некои од нив ги ангажирала во своите редови. Затоа и веќе спомeнатиот Џељадин Сефер, кој го грабнал петгодишното дете на Дамјаница Бошкоска, од Галичник, пет дена по тој настан можел слободно да продолжи да се изживува врз Македонците:


„На 25 декември 1902 година Џељадин Сефер со 15 души дружина ја сруши куќата на Вељо Жантев, искрши три врати и ја зграби сета покуќнина, при што ги уби и двете жени, затоа што го сокриле поголемото дете за да не биде земено во плен.“

И следната година, од мај до октомври, албанските бандити во соработка со власта преку разни притисоци продолжиле да работат на проектот за етничо чистење на Македонците од овој дел на Македонија. Меѓудругото ги тепале и ограбувале печалбарите што се враќале во Галичник, како нападот во месноста „Суво Поле“ каде што биле грабнати Ицо Гечов, Ристо Јанов и Ристо Каржов за кои зеле откуп од 60 турски лири и 13 коња! Не ги штеделе ни затворениците, како што се случило на 7 јули 1903 година кога Гаврил Аврамов, Томе Арсов, Јаким Јевесторов, Глигор Трпков, Крсто Лазаров и Кипро Авромов, враќајќи се од затворот во Битола, биле фатени од бандата на Сеадин Арслан од село Бочишта и Имер од Дарда со 20 души арнаутски бандити, а ги пуштиле претепани и измачени до мала душа дури кога по петнаесет дена им бил донесен „откуп од 250 турски лири и десет ката алишта“!

Дека албанскте качаци слободно оперирале и ги тероризирале македонските села дури и за време на Илинденското востание, може да се види од записот за 26 септември 1903 година, на пример, кога во атарот на Галичник од бачилото на Михаил Деспотов и Михаил Глигоров зеле 250 овци, а од браќата Филипови четири коња.




Факсимил од документот (2)

Во документот не се спомнува дека е претепан или киндапиран некој Албанец, односно дека е укадена макар и една овца од бачило чиј газда бил Албанец. Затоа пак има многу примери кога биле одземани цели стада овци од македонски сточари, како што се случило со стадото на Трпко кое било собрано од банда албански злосторници предводена од Бајрам Бачишта, Кашир од Велебрдо и Сеадин Арслан.

Истите качаци неколку месеци подоцна, на 28 јуни 1904 година „го зеле во плен Тофе Крстев Кукоски од бачилото на Јован Стефан Гуржовски“. Грабнатиот Кокоски бил ослободен дури по добивањето на 39 турски лири откуп! Ваквите акции на албанските качаци продолжиле и во следните месеци, кога бил исплатен откуп од неколку стотици турски лири за грабнати Македонци, како деветнаесетгодишниот Стефан Настев, за кого биле барани 100 турски лири, и други.

Во месец јули месец, или поточно на 16 јули 1904 година, значи една година по Илинденското востание, страотно засилените и дрски албански злосторници што оперирале низ Западна Македонија „го нападнале бачилото на Михаил Деспотов, при што го убиле Дамјан Јосифов, а на останатите во бачилото им заповедале да ги остават овците и да бегаат“.

Ужасот што ни го прават е неопислив!

И во Лазарополе качаците се изживувале врз македонското население. На 15 август 1901 година, „кметот Јосиф Дичов тргнал со двајца придружници и со 60 турски лири за таксим во Жерноница, но Али Ука од Мажишта и Мурат Манјан од Омеже го убиле кај месноста „Вртешка“.

Истиот ден, вечерта, половина час по полноќ, убијците се вратиле придружени со четворица други Арнаути и заедно со селските заптии Адем Лека и Ази Даци од село Зогве, Дан Колец и Суљо Кодра од село Стушан, влегле во Лазарополе, отвориле оган и го убиле Арсо Трпков а потоа собрале многу стока од селото“.

Месеците што следувале биле вистински пекол за Македонците во тој дел на Македонија. И следната година злосторниците не мирувале, постојано го напаѓале Лазарополе, па на 17 јули 1902 година, во гората над селото, ги убиле дваесетипетгодишниот Дојчин Мицков, заедно со Димко Јосифов, Васил Серафимов, и Димитрија Сотиров, а го раниле Рафаел Данаилов:


„По два дена бандата на Али Ука, Мурат Манјак, Адем Лека, Дан Колец, Суљо Кожа и Азис Даци запалиле една од куќите за да излезат селаните и да извршат и други убиства. Кога не излезе никој, застанаа наспротив, зедоа да пукаат преку прозорецот и многу мали деца, кои спиеја, станаа жртви на крвавата драма.“

Во септември истата година „гореспомнатите злосторници ги убија Серафим Симонов и Петар Попов во месноста „Барбарос“, кои оделе за мелење жито во Прилеп. Освен тоа, през целата 1903 година, арнаутските злосторници се хранеа на наш грб: сирење, масло, леб и друго, се што сакаа беше на нивно расположение, а ужасот што ни го нанесоа преку целата година е неопислив. Тие се гоштеваа а ние умиравме од глад! Особено за забалежување во овој запис е злосторникот Кадри Касап, којшто немилосрдно и безбожно не тепаше и глобеше. Покрај тоа правеше конаци за Рам Дука и Таир Тоља, и сите други злодејци и разбојнници, на наш грб и врз нашата мака. Таа банда за нецели два години немислостиво ни истепа 12 луѓе, зрно жито не ни оставаше во куќа и ништо друго за во куќи.“

Во 1904 година, на десетти мај, тогашниот кмет на Лазарополе, Јосиф Патков, одејќи во Дебар за да однесе такса за царските даноци, повторно кај месноста „Вртешка“, како во случајот со кметот Јосиф Дичов пред три години, бил ранет со 3-4 куршуми, а потоа му зеле 110 турски лири. Кметот Патков подоцна најверојатно им подлегнал на повредите:

„Убијци се оние коишто се пишани во жалбата подадена на Н. Високопреосвештенство.“

Во селото Тресонче, пак, албанските злосторници Адем Ела и Рам Леши од Блаца ги киднапирале овчарите Глигор Саржов и Исијан ПШетров на 25 мај 1902 година, а ги ослободиле откако нивните најблиски со судни маки собрале 50 турски лири. Разбојникот Абди Думан од село Стушан го грабнал детето Стале Арсов, а го ослободил дури откако му дале 35 турски лири.


Друг злосторник, извесниот Осман Леши со 16 души арнаутски бандити го собрал од куќата и го зел за уцена протуѓерот Јован Донев. По две недели, откако се собрале 35 турски лири за откуп, Донев бил пуштен со тешки повреди од долгото малтретирање. Во слична состојба биле и Македонците од село Сушица, кои, во записот до рускиот конзул, до Генералниот конзулат во Солун, под датумот 25 ноември 1903 година, пријавиле дека „убиствата, грабежите и зулумите што го праваат Арнаутите не ни даваат можност да одиме на работа за да ја извадиме својата прехрана, поради коишто причини селото е сосема намалено и економски сосипано“.

И Македонците од Росоки, исто како и во другите села, но и во градот Дебар, била приднудувани на секој начин да ги напуштаат своите куќи а потоа нивниот имот да го преземат злосторниците што го спроведувале теророт, најчесто во соработка со турските власти. Многумина од селаните не смееле да се вратат во селото дури не ги исплатат сумите што злосторниците им ги доставувале како божемно побарување за заштита, односно чување на селата. И во Росоки, како и во другите села, секојдневни биле грабежите, зулумите и убиствата на македонското население.

Така, на пример, на 18 јануари 1904 година, злосторникот Шакир до Велебрдо ја собрал сета крупна стока од Росоки и, заедно со момчето на говедарот, ги отерал во Малесија, каде што момчето по десет дена било убиено.

Документот што проф. д-р Александар Трајановски го пронашол во Архивот за надворешна политика на Русија, додека истражувал во руското Министерство за надворешни работи, завршува со записот за 28 јуни 1904 година кога Баше Бачишта зел откуп за овчарчето Иван Гуружов од 39 турски лири, а еден месец подоцна, на 23 јули 1904 година, арнаутските бандити повторно го нападнале истото бачилото, кога биле заробени тројцата овчари, при што едниот од нив бил тешко ранет.

Документ стар 115 години:

Албанскиот терор го испразни селото Росоки! 

„Нашето село од 100 куќи со 150 мажи од 10 години наваму е смалено на 50 куќи и 30 мажи од следните причини:

Бекир Тршан од Дебар, којшто демек имал за земање 35 турски лири од селото, во продолжение на 15 години не јавил никому дека има за земење таква сума. По 15 години се појавува во селото со некаков запис од 35 турски лири и, како си пресметал една безаконска лихва, ни побара 1000 турски лири, а за да не можеме да и јавиме на Владата за неговите барања, зел со себе 15 души Арнаути, сите вооружени и, по негова заповед, дружината бараше секој селанец да им даде по 10 лири а тој што ќе нема да плати му правеа запис; од сто куќи можеа да дадат само пет, а 95-те ги натераа со тепање да му дадат 95 записи по 10 турски лири, и секој со годишна камата од 45 отсто. Жалосниоте селани – сите на печалба во туѓина заминаа, по 4-5 години да седат таму, да работат, да гладуваат, за да се исплатат на Бекир.

Кој можеше да спечали, се исплати во продолжение од 5-6 години, а кој не можеше остана, кој каде се наоѓаше, така што ги оставија и куќите и фамилиите. Ако некој селанец дојде во својот дом треба да плати за 10-те лири 60-70 лири. А сега колку селани што сме останале злосторникот сака секој од нас да му плати и за побегнатите; кога ги гледа во селото мажите, не заплашува и јаде бесплатно со 10-15 души разбојници; собира по некоја лира по најбезбожен начин, и се враќа дома, а по неколку недели пак доаѓа.

И не е само тој. Алмил Даџ од Дебар, собрал по истиот начин 50 лири. Досега има собрано повеќе од 900 лири и бара повеќе од 500 лири. И Оломан Тузлук, исто така од Дебар, собрал по истиот начин повеќе од 300 турски лири и бара уште 300 лири. И Мурат Мула-Бекир од истиот град собрал 200 турски лири и бара повеќе од 150 лири. Сите доаѓаат во селото со 10-15 Арнаути да ги собираат по безбожен начин безаконските свои барања, поради која што причина селаните се разбегаа повеќе од половината, и селото наше е речиси испадено; по истите причини не е можно да ги исплаќаат на време царските даноци и повеќе од 400 турски лири се останати досега неплатени на Реканскиот санџак. Кога го јавуваме горното, миолиме да се уништат безаконските записи кај гореспомнатите лица та да можат разбеганите селани да се приберат во своите куќи“, пишува во записот на селаните од Росоки до рускиот генерален конзул во Солун.

 

Српските власти ги озакониле сите поседи што Албанците насилно ги презеле од Македонците во турско!


Блаже Миневски 

Македонските неуспешни востанија и владеењето на Османлиското царство на овие простори се до 1912 година се главните причини за задоцнетиот почеток на процесот на „европеизација на приватноста“, кој кај некои од другите соседни народи започнал уште од почетокот на 19 век, односно со појавата на нивните современи национални држави, смета д-р Бранислав Светозаревиќ, кој преку истражувањето на животот на Македонците во Тетово, односно преку „историјата на секојдневието“ или „историјата на приватноста“, всушност ја разоткрива суштината на секојдневниот живот на Македонците во првата половина на минатиот век.



Според огромната документарна граѓа собрана за време на дваесетгодишното истражување на тетовското „секојдневие“ и „приватноста“, граѓанските навики кои се негувале во Тетово не дозволувале во историски критичните моменти да дојде до тотална граѓанска меѓунационална војна во која последиците би биле катастрофални.

Во вековите заедничко живеење се создале вредности кои исплеле нишки на меѓусебно почитување на разликите и непишани морални правила кои што имале универзални врердности. Тие вредности ги почивале разликите, а ги санкционирале сите постапки што ги рушеле заедничките вредности, вредностите кои учеле дека меѓусебното почитување и заштита одат во прилог на сите граѓани, како во чаршијата, така и меѓу соседите.

Оттука, смета Светозаревиќ, новодојдените во градот требало да се приспособуваат кон овие вредности, а нив не можеле да ги откријат луѓето кои накратко доаѓале во Тетово. Некои од нив ги насетувале, но не можеле сосема да ги одредат и прифатат. А тие вредности се „криеле“ во секојденвното живеење, комуницирање, во разните сиотуации во кои се ставали на испит совеста и разумот, во макотрпното градење доверба низ стотици и илјадници навидум безначајни примери на соживот.


 

Доселеници и староседелци

Сепак за време на Втората светска војна миграцијата на населението се зголемила. Поголем број семејства од селата во Полог се доселувале во Тетово. Таков драстичен пример бил со Македонците од гостиварското село Сенокос, кои во 1942 година, по убиството на нивниот првенец Павле и заканите за убиства на другите, комплетно се иселиле од ова село. Според сведочењето на осумдесет и петгодишниот Владо Србиновски, пензионер од Тетово, во празните куќи на протераните Македонци од Сенокос се вселиле Албанци од околните села, а Македонците веќе никогаш не се вратиле на свооте имоти. Еден Македонец, кој во 1949 година се обидел да ги собере сливите во својот овоштарник во селото, бил убиен од Албанците доселени во испразнетите куќи на Македонците. Сличен е случајот и со Македонците од соседното село Градец кои континуирано се иселувале пред злосторствата на Албанците. Последните Македонци биле протерани од селото за време на Втората светска војна.



Слична судбина имале и Македонците од тетовското село Требош, кои во најголем дел се преселиле во Тетово. Во тоа време имало и големо иселување на Македонците од Тетово, кои, под притисок на балистичката власт во градот, бегале во Скопје, каде што постоел дури и Одбор кој ги примал бегалците и ги распоредувал по домови кои биле напуштени, а некои од нив се сместувале по роднини. Дел од тетовските бегалци биле сместиле во селото Огњанци кај Зелениково, Скопско. Во Огњанци биле сместени во куќите на некогашните српски колонисти, кои за време на војната се вратиле во Србија и другите краишта од каде што потекнувале.



Според истражувањето на Светозаревиќ, градот Тетово во првата половина на 20 век по националната поделеност на маалата и неговите функции, сликовито може да се прикаже како „куќа со две спални и една дневна, работна просторија“. Во спалните се наоѓале христијанските и муслиманските мааала и домовите во нив, и таму се одвивал интимниот живот на луѓето, строго врзан за религиозните и обичајните правила, а во дневната или работната соба, односно чаршијата, се мешале и меѓусебно комуницирале и работеле луѓе од двете религии. Заедничкиот живот на разлучните националности и вери најмногу бил изразен во чаршијата, каде што најмногу важеле правилата на пазарот и борбата за опстанок.

Затоа авторите што оставиле пишани сведоштва за Тетово од тоа време ја истакнуваат мешавината на влијанија, јазици, несекојдневни појави и обичаи како последица на политичкото и верското минато, што било карактеристика на повеќе градови во Македонија, па и на Тетово. Станува збор за мешањето на секојдневните обврски и соживотот. Влијанието на различните народи, религии и култури придонеле во градот да живеат муслимани-бектеши, потоа повеќе фисови Албанци, со многу различни дијалекти, кои меѓу себе се разбирале само на српски или македонски јазик; Албанци што пред неколку колена биле Срби или Македонци, односно Турци, кои не знаеле турски, и кои во куќите се уште чувале икони, но и православни на кои оџите и дервишите им прават записи, им читаат молитви, или Албанци што посетуваат цркви и манастири итн. Во секој случај, соживотот бил секојдневие а не „политичка програма“, барем за староседелците.

„Една од причините за населување на голем број Албанци во Тетово е поттикнувањето на тој процес од страна на тетовските паши, кои по потекло биле исто така Албанци од областа Мат. Нив ги доведувале од Албанија како момоци и слуги на чифлиците, а со тоа полека создавале мали колонии на Албанци во Тетово и тетовско. Покрај работната сила, од редовите на Албанците се регрутирале и војниците на тетовскиот пашалак, кои според некои податоци, постојано броеле околу 1000 души. Главната цел на пашите била да се парализира силата на христијанското македонско население, кое во тоа време се уште било мнозинско. Затоа турскиот јазик останал доминантен во тетовската чаршија, а се применувал како деловен јазик и меѓу двете светски војни. Според Ѓорче Петров, меѓунационалните односи во почетокот на минатиот век биле доста добри, а една од причините за тоа бил и фактот што „Македонците се Мијаци, па по дух се слични со своите сожители од Албанија“.

Во својот подолг запис за Тетовската каза, Ѓорче Петров забележал дека „облеката им е речиси иста, со мали разлики“. Меѓутоа, според него, „во Тетово се уште владее средновековниот фанатизам на Албанците, кои се однесуваат средновековно грубо кон христијаните а овие нема кому да се пожалат“. Сепак, и покрај се, како зеднички одговор на секојдневните насилства во тетовската чаршија, имало и заеднички настапи на еснафите во заштита на обичното население. Во 1900 година во знак на протест за злоделата на албанските банди во Дебар, христијаните во Тетово и Гостивар ги затвориле своите дуќани, а ним им се придружиле и муслиманите. А неретко жртви на албанските банди биле и муслиманите. Всушност секое зголемување на правата на христијаните ги зголемувало и насилствата. Муслиманите сметале дека им се загрозуваат „интересите на владеачко население“ па во 1905 година Албанците со големи демонстрации пред тетовската општина барале да се отпуштат од работа сите џандари - христијани“, констатира Светозаревиќ во своето истражувае за општествено-политичкиот живот и културата на живеење во првата половина на минатиот век во Тетово.

Според него, врз големите миграции и демографски промени во овој дел на Македонија најголемо влијание одиграло насилното навлегување на Албанците во селата на Шар планина и Полог, кое се одвивало речиси без прекин од Австро-турската војна во 1689 година до дваесетите години на минатиот век, а таквите тенденции со пoголем интензитет се повториле и во Втората светска војна. Огромниот број извори за ваквиот процес укажуваат на повеќе насилни методи – убиства, пљачкосувања, малтретирање, грабежи на движен и недвижен имот, палежи на куќи и цели села, насилно исламизирање и други зла, кои го направиле животот на Македоците во Полог речиси невозможен.

Како резултат на овие насилства дошло до принудно иселување на Македонците од селата во Полог во Тетово, но и низ Македонија и во повеќе тогашни балкански држави.

Македонците и бектешите

„По Првата светска војни Македонците во Тетово се понадевале дека со доаѓањето на српската власт на овие простори ќе се исправи дел од неправадата но до тоа не дошло, поточно, тие не ја добиле ниту морална ниту материјална сатисфакција. Имено, српските власти по 1918 година со еден потег на перото ги озакониле сите поседи на Албанците во Полог кои насилно ги презеле од Македонците во турскиот период. Србите им издале тапии на Албанците.

Според хрватскиот научник Рудолф Петровиќ ваквиот потег на српската власт во очите на ’домашните Словени’, како што тој ги нарекува Македонците, значело легализирање на состојбата која настанала со пљачкосување. Се разбира, ваквите процеси го разградувале соживотот но тој никогаш не бил уништен докрај. Еден мошне позитивен пример на соживот во Тетово била релацијата меѓу Македонците и Албанците-бектеши.

Бектешите се посебен дервишки ред во муслиманскиот свет. Нивната вера се разликувала од класичното муслиманство пред се затоа што потекнувале од некогашните христијани, кои прифаќајќи го исламот не се откажале од почитувањето на некои христијански вредности. Тоа се одразило пред се во обожувањето на Христос и Богородица, во употреба на лебот и виното, и во повеќе други христијански обреди, како, на пример, почитувањето на 12-те имами, слично со 12-те апостоли, во рамноправноста на жените, во толеранцијата кон различните вери и друго.



Сето тоа придонесувало бектешите во Тетово, односно дервишите во Арабати-баба теќе да бидат многу почитувани од страна на Македонците. Тие оделе кај нив за совети, за посета на гробот на Серсем Алија, за кој верувале дека е гробот на Свети Илија, а некои сиромашни христијани добивале и помош во храна или поточно короман, како што се нарекувал лебот во Теќето. За свои свети места, бектешите ги замале оние на христијаните. Сепак, за време на италијанско-албанската окупација на западниот дел на Македонија, меѓунационалните односи меѓу Македонците и Албанците биле во најкритична фаза.

Во тоа време на власт биле најреакционерните сили од албанското население, кои вршеле безмилосен терор и албанизирање преку правни и образовни мерики, па се до принуди за иселување. Сепак, покрај трагедијата со семејството Тантовци и неколку други убиства на познати антифашисти, не дошло до масовни убиства и крвопролевање кои драстично би го загрозиле заедничкиот живот“, вели Светозаревиќ.

Коцкањето во Тетово било присутно во сите слоеви!


Коцкарите воТетово ги нарекувале комарџије. Според сеќавањата на најстарите тетовчани коцкањето во Тетово било присутно во сите слоеви, но најугледните граѓани тоа го правеле дискретно, во своите кучи или викедички додека другите се коцкале по кафеани. Пред „очите на праавдата“, односно непосредно до Тетовскиот првостепен суд, во шарено кафе имало најголемо коцкање.

Младите кои немале пари играле коцка со тоа што оној што ќе изгубел му се ставало на чело талог од кафе и морал да излезе на улица и да вика:

’Кој има бовча за бања?“

Демек тоа значело дека испаднал магаре, па ’људите можа да го тоара’.

Меѓу двете светски војни

Унгарките биле најбројни проститутки во Тетово!

Проституцијата во Тетово во перидот меѓу двете светски војни имала илегална и легална форма. Во градот постоеле три места каде имало жени кои се занимавале со ваква дејност, и тоа во хотелот Београд, и во кафеаните Америка и Белака. Проститутките речиси без исклучок биле од други места, и тоа најмногу од Унгарија. Сите што работеле во овој занает секој понеделник оделе на лекарски преглед во Тетовската болница.


Тетовските терзии занаетот го учеле во Париз, Виена и Белград!

Во дваесетите години на минатиот век во Тетово интензивно започнала да се следи модата, па тоа овозможило терзиоите кои занаетот го научиле во поголемите еврпски градови, како Париз, Виена или Белград, да користат кројачки шеми за најмодерни облека. Ваквите кројачи во Тетово биле наречени Френк-терзие. Меѓу нив најпознати биле Јоше Моне, Тоде Васовски- Тупанче, Тодор Шуме Хаџи Наумовски, Диме Дедија, Горица Богојевич и други. Сите имале свои кројачки салони во кои занаетот го учеле повеќе ученици, па така во кројачките салони на Тоде Васовски – Тупанче и Горица Благојевиќ имало преку 20 ученици и работници. Девојките и младите жени во дваесетите години носеле долги фустани со мало деколте, спуштена половина, рачно плетени јаки и манжетна. Косите на девојките биле долги, во пунџа или плетенка наречена кујрук, кои се носеле само во обични денови. Во празници девојките ги спуштале кујруците и врзувале розова свилена машна и по еден алтан. Подоцна се појавиле и првите специјализирани женски фризуро во таласи и фатени со штипки.

Тетовчани уште во 1873 година писмено комуницирале на македонски јазик!

Според доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, Македонците, Тетовчани уште во средината на 19 век писмено комуницирале на македонски, односно тетовски народен јазик. Потврда за тоа е писмото испратено до патријаршискиот скопски владика Паисиј од поп Симеон Наумовиќ, односно Симо Кушо, идниот српски архимадрит Сава, напишано и испратено на 27 август 1873 годикна. Јазикот на кој му ги пишувал писмата е македонски народен јазик од тетовското говорно подрачје што е мошне близок со современиот македонски литаратурен јазик: 

„Милостиви наш благодетељу, господине господине Арсение, молитвуем вас от души! По прво идем само да ве поздравим и да ви јавим како примих Вашето прелубезно писмо и се научих што ми пишете. Многу смо се засрамиле заради тиа пари, него Ваша милост знаете колку гаилинја ни останаха на наша глава. Милостив бог само. И ако прашате това не е, слава богу от друго нешто, него само от што несмо на мира…Зашто кољку ми смо нешто грешили, и таја нача грешка мислим ви е исвесно които бил ни пратил, можемо да претерпавамо. Имам многу да ви пишам него немам време. Со друго писмо пространо че ви пишам…И молим немоите да ми замеравате зашто от нози ви пишувам, и така остаем во братствена љубов и молитвуечи у бога Вас Всегда!“

Тетово 1973, август 27- Ваш Теоли Молитвеник к Богу Па Симеон Па Наумови.




ДИРЕКТИВА ОД 1943: „Христијаните да се уништат или протераат, а земјата да ја земат Албанците!“


Балисти


Блаже Миневски

При пребројувањето на населението во западна Македонија во 1942 година, Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци туку како Срби или Бугари! Во тој контекст, фашистот Шаип Камбери, пратеник и секретар на Фашистичката партија за Тетовската околија, постојано истакнувал дека нема Македонци туку дека тоа се православни Албанци. Според проф. д-р Ѓорѓи Малковски од Институтот за национална историја во Скопје, кој го истражувал дејствувањето на балистичката организација во Македонија од 1941 до 1944 година, голем број топоними во западниот дел на Македонија добиле албанска форма како прв чекор од великоалбанската тенденција на квислиншките власти за тотална албанизација и создавање етнички чиста територија:

„На улица, дома и насекаде строго било наредувано да се зборува само на албански јазик со цел населението постепено да се албанизира. За албанизација на возрасните се организирале курсеви за задолжително изучување на албанскиот јазик. На тој начин практично се спроведувал засилен и организиран процес за целосна албанизација на населението. Притоа со посебна наредба било побарано сите јавни натписи на установите, трговските и угостителските дуќани да се напишат на албански јазик. Називите на улиците биле обележани со албански имиња. Исто така, со посебна наредба, целокупната администрација на територијата под ’албанска контрола’ морала да се води на албански јазик“, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски во своето истражување на оваа тема.

Диктатурата врз населението била неиздржлива!

Фашистичката поделба на Македонија за време на Втората светска војна воспоставила линии за разграничување, поделувајќи го македонскиот народ под неколку окупатори. Вардарскиот дел на Македонија до почетокот на април 1941 година се наоѓал под окупација и владеење на Кралството Југославија, додека останатите два дела, пиринскиот и егејскиот се наоѓале под окупација на Бугарија и Грција. Помал дел бил окупиран од Албанија. По нападот на Југославија на шести април во Македонија навлегла Дванаесеттата германска армија, во чиј состав била и СС-дивизијата „Адолф Хитлер“, заедно со 18 армиски корпус, а на југословенско-албанската граница веќе биле концентрирани делови од Деветата италијанска армија со 4 и 14 корпус.

На 17 април во Белград била потпишана капитулација на Југославија, а само еден ден подоцна командантот на Дванаесеттата армија издал наредба Педесеттиот армиски корпус да ја преземе командата во Македонија. Прв декрет за воспоставување окупациона административно-управна власт во западниот дел на Македонија бил декретот на Мусолини од 17 мај 1941 година. Веднаш потоа во сите градови во овој дел на Македонија биле формирани ограноци на Фашистичката партија на Албанија. Според документите што ги објавува д-р Малковски, секретари на градските организации биле следните лица: Дебар – Љутви Спахиу, Кичево – Зибер Лимани, Гостивар – Ибраим Адосани, Тетово – Шаип Камбери и Струга – Махмуд Таро, Есад Доко и Наим Амзи. Мрежата на Фашистичката парија на Албанија многу брзо успеала да го наруши соживотот меѓу Македонците и Албанците на овие простори, а диктатурата што ја спроведувале врз населението била неиздржлива.

Во меѓувреме, следејќи ги инструкциите за контрола на окупираната територија, а врз основа на фашистичката платформа од Тирана, веднаш биле формирани голем број фашистички организации како Беса, Фаша, Зото и Таша а особено битно било формирањето на Балистичката организација кон крајот на 1942 година.

„Во подготовките на теренот, италијанската фашистичка власт се обидела да ги влоши односите меѓу христијанското и муслиманското население на верска основа, забранувајќи Македонците да имаат какво било влијание во локалната власт. Воведувајќи го албанскиот јазик како официјален во училиштата, општините и јавното комуницирање, италијанските фашисти го изолирале македонскиот народ во овој дел од својата сопствена татковина како во логор, смета професор Малковски. Целокупната власт му ја дале на многу помалубројното албанско население во западна Македонија, кое пак во тоа гледало ’остварување на својот сон за Голема Албанија’.


Балистичките водачи, во соработка со италијанската власт, настапувале со паролата за создавање на албанска, етнички чиста држава, во која ќе влезат Косово, голем дел од Македонија, Црна Гора и Чемерија во Грција. Врз таа основа Балистичката организација развила голема активност на теренот, особено во Косово и западна Македонија, насочувајќи ги Албанците во борба против македонскиот народ и македонската војска“,

Телефонските разговори морале да се водат на албански јазик! 

Според проф. д-р Малковски, по капитулацијата на Италија, во септември 1943 година, главен балистички центар, под раководство на Кадри Сали, станал Гостивар, но силна била и мрежата што од Тетово ја контролирал Шаип Камбери. Во Тирана било раководството на Централниот комитет; во седиштата на окрузите имало окружни комитети, додека во околиите – поткомитети, а во секое село имало селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови била поделени на реонски комитети или поткомитети кои имале свои групи од 10 до 15 лица раководени од постари и поистакнати балисти. Како командант и водач на балистичките вооружени формации во Гостивар и Гостиварско се истакнале Џемо Хаса од Симница, Акиф Речани и Јусуф Абди од село Речани, Мустафа од Трница, Феим Јонузи од Здуње, Исмаил Ваип од Требиште, Илијаз од Присојница, Осман од Ростуше, Зито Муарем од Горјане и други. Балистичкиот терор врз македонското население го спроведувале банди кои на почетокот броеле по неколку терористи а потоа биле организирани таканаречени бригади кои слободно крстосувале низ западна Македонија, правејќи невидени злосторства врз македонското население.

Во архивските документи пишува дека во западна Македониј имало од 12 до 15 илјади балисти кои вршеле ужасен терор врз Македонците. Така, во периодот од 1943 до крајот на 1944 година, балистите ги запалиле селата Малкоец, Попоец, Лактиње, Црвена Вода, Мешеишта, каде се убиени многу селани, Врбјани, Турје, Кленоец… Било запалено и селото Заграчани а во Радолиште биле убиени стотина селани, меѓу нив и муслимани кои застанале на страната на македонската војска.

Паралелно со етничкото чистење на теренот, балистите ги уништувале и црквите и манастири, кои ни Турците во осмалинскиот период не ги чепнале. Притоа ограбени и разурнати биле манастирот над селото Сидница, потоа црквата кај селото Седларце, црквата во Ростуше, ја кренале во воздух црквата во Горна Река а посегнале и по манастирот Св. Јован Бигорски, од каде се ограбени стари црковни реликвии за кои и ден-денес не знае каде се однесени. Балистичките банди вршеле масовни убиства на Македонци, како што е злосторството што го извршиле бандитите на Мефаил во Карбуница, кога целото население било ликвидирано, бидејќи во Карбуница и во Буковик се одвивале големи битки меѓу партизанските единици и балистите.


Во гостиварскиот крај биле запалени селата Маврово, Леуново, Никифорово, Железна Река, Тумчевиште и притоа биле ликвидирани околу 500 Македонци. На 19 септември 1944 година балистите го запалиле селото Беличица каде што биле убиени 36 лица. Во теророт вршен врз Македоците во западниот дел од земјата учествувале стотици, илјадници балисти како Џемо Хаса, Акиф Речани, Мефаил Зајази, Елез Јусуфи со синовите Цене, Јусуф Садик, потоа Селим Лока, Џемаил Меди, Зендел Капори, Мурат и Мифтар Каљоши, синови на злогласните Лан и Асан Каљоши, потоа Шемси Земури, Шериф од Желино, Џафер Менедит, Џемаил Мегдин, Али Малиќи од Дебар, Исмаил од Требеште, Илјази од Присојница, Џафер Лита, Ремзи Шакир-бег, Асип Алија, Јусуф Илјази, Алип Ајдар, Илмија од Трница, Мемет Алија од Гостивар, Алил Ќазими, Адем Алил, Гавид Биљали, Сами Колоси, Ахмед Биљали, Гафо Османи, Миџамид Камил Руш, Ремзија Шебир, сите од Чегране, Рушко Весел од Добри Дол, Али Мислодежда, Демир Делогожда, Усеин Велешта, Емин од Франгово, Етем Калеши, Адил Решад, Зендел од Кичево, Абиб Каљоши, Раим Алими и Нешат Џабир од Лаквица, Ќазим Љуши, водач на тетовските балисти, и многу други.

„Во 1942 година, по формирањето на Големоалбанскиот комитет во Дебар на чело со Али Реџа и Риза Афус Мемет, започнал планот за брзо иселување на Македонците од градот и околните села. Притоа целата административна власт била вклучена во проектот за протерување на Македонците. При извршениот попис во 1942 година, целокупното население што живееело на оваа територија, без оглед на нивната национална припадност, било запишано како албанско население и добиле албанско државјанство. Друга националност не била признавана. Сите имиња и презимиња на Македонците морале да добијат албански завршеток, целокупната администрација била водена на албански јазик, а строго биле забранети и сите јавни разговори на македонски јазик, дури и телефонските разговори морале да се вршат на албански јазик. Мажите морале да носат кечиња на главата. Се разбура истиот притисок се спроведувал и во другите градови и села во западниот дел на Македонија кој бил под окупација на Италија, односно Албанија. По одржувањето на Втората призренска лига, во септември 1943 година, доаѓаат тешки денови за македонскиот народ под албанска власт. Во Призрен, по обемни дискусии, биле прифатени а потоа дадени и насоки кои се преточиле во директиви ’за борба против христијаните кои сакаат да организираат своја држава’, со инсистирање ’христијанското население да се уништува и протерува а неговата земја да ја земаат Албанци’.


Притоа, на Конгресот, на кој учествувал и Селим Шаип од Тетово, заедно со Хусеин Дерала, Идриз Имери и Неџбедин Селими, биле донесени решенија за ’целосно истребување на христијанското население во новоприклучените краишта од западна Македонија…и целосна албанизација на сите краишта на Македонија…’

Во таа насока, со помош на фашистичката власт во западниот дел на Македонија, на „исчистениот“ простор од балистите масовно се доселувале семејства од Албанија и Косово, со цел Албанците да станат помногубројни од Македонците, бидејќи во тоа време наталитетот кај Македонците бил далеку поголем од наталитетот кај Албанците. По ослободувањето на Македонија, албанските колонисти доселени на имотот на протераните Македонци, наместо да бидат вратени таму од каде што дошле, останаа во Македонија а со тоа почна и продолжи етничката и јазична доминација во западна Македонија, која сега веќе е во таква фаза што опстанокот на Македонците на своите родни огништа, во својата татковина е целосно загрозен“, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски во своето истражување за балистите и нивните злосторства во западна Македонија.

Препорака на Чазим, идеолог на балистите во Тетовско:

Христијанското население да се исели од Полог!

„По капитилацијата на Италија, значи по 8 септември 1943 година, балистите веднаш склучиле спогодба со Германците, тврдејќи дека Албанија е обединета и независна, а со тоа Албанците мора да останат на териториите што ги контролираат. Како благодарност за дозволата да продолжат со своите активности во западна Македонија, доставиле понуда да се борат заедно со Германците против англо-америчко-советската коалиција. Подоцна, по капитулацијата на фашистичка Бугарија, во септември 1944 година, балистичката организација се проширила и во Куманово, овојпат, се разбира, со помош и поддршка од Германците.

Притоа оружјето го добивале од оџите, кои на организационен план одиграле голема улога во стратегијата за етничко чистење на Македонците. Штабот на балистите бил во Матејче, а водач бил Суљо од село Отља. Покрај Суљо во Штабот биле и оџите Џафер Азизи и Иљас Керими, како и Ферат Ибраими и Џемаил Џемаили од Никуштак. Мобилизацијата на албанското население се вршела на верска основа и под паролата за создавање на Голема Албанија, а на лицата што им се приклучувале на балистите им било дозволувано да пљачкаат и да вршат терор врз Македонците. Во Тетовско, на пример, македонското население било изложено на невидени зулуми од страна на настојникот на текијата Чазим, познат идеолог на балистите, кој барал христијанското население целосно да се исели од Полог“, пишува проф. д-р Ѓорѓи Малковски во своето истражување за балистите.

 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.