v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

КЛЕОПАТРА СЕДМА ФАРАОН НА ЕГИПЕД

 

Клеопатра СЕДМА, крајот на 69 п.н.е. – 12 август, 30 п.н.е., била владетел на Египет од македонско потекло која владеела како Египетски фараон – после нејзината смрт, Египет станал римска покраина.

Клеопатра била oд Птоломејската династија која владеела со Стариот Египет, т.е. наследничка на еден од генералите на Александар Македонски кој ја презел контролата врз Египет после неговата смрт.

Клеопатра на почетокот владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј 12 Аулет а подоцна заедно со нејзините браќа, Птоломеј 13 и Птоломеј 14, со кого и се омажила согласно со Египетските обичаи.

        Прочуената египетска владетелка од династијата Птоломеј е родена во 69. г.пр.н.е., а умрела во 30.г.пр.н.е. Владеела од 51 г.пр.н.е., најнапред како совладетел на својот брат и маж Птоломеј 13 кој наскоро завладеал сам, но мошне кратко.

Имено, Јулиј Цезар го победува и ја враќа Клеопатра на престолот. Потоа таа се омажила за својот втор брат Птоломеј 14, кому му го препуштила владеењето зашто во меѓувреме му станала љубовница на Цезар, кој ја повел во Рим (од 46 г.пр.н.е. до 44 г.пр.н.е.).

Враќајќи се во Египет, наредила да го убијат Птомолеј 14 за да го земе за совладетел својот син Цезарион, кому татко му бил, како што тврдела, Цезар.

Потоа му била љубовница на Марко Антониј, кому му родила три деца- близнаците Клеопатра и Александар, како и синот Птомолеј.

Пред да одлучи да го напушти боиштето и да избега во Александрија, не успевајќи да го придобие Октавијан, а кој и го убил Цезарион, како и од страв тој да не ја поведе како заробеничка во триумфот во Рим, заедно со Антониј си го одзема животот со труење, според преданието со каснување на змија отровница. По смртта за децата се грижела жената на Марко Антониј, инаку сестра на Октавијан.

По Клеопатра изумрела династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција.

Постојат потврдени сознанија дека Клеопатра СЕДМА, како што и било официјалното име, била роднина на Александар Македонски. Сигурно се знае дека нејзин далечен предок бил Птомолеј ПРВИ, генерал на Александар и како што веруваат многумина, полубрат по татко му Филип Македонски.

Таа била втората ќерка на Птоломеј ДВАНАЕСЕТТИ Аулет. На смртта на татко и 51 п.н.е. на само 18 години таа станала cовладетел со нејзиниот брат 13 кој подоцна и станал маж. До август 51 п.н.е. таа го испуштала неговото име од официјалните документи што се носело со дотогашните египетски традиции. Понатаму на монетите се појавувало лицето на Клеопатра.

Можеби поради овој напад на независност, Потиниус ја тргнал од власта и откако таа неуспешно кренала востание отпловила со нејзината помала сестра.

Есента 48 п.н.е. Птоломеј ја зацврстил својата власт мешајќи се во работите на Рим. Кога Помпеј го победил Цезар и пристигнал во Александрија барајќи прибежиште, Птоломеј наредил да го убијат за да се обедини тој со Цезар. Но, Цезар бил толку многу згрозен од ваквото предавство што го конфискувал целиот египетски капитал и станал арбитер меѓу Птоломеј и Клеопатра (треба да се спомене дека Помпеј бил маж на Ќерката на Цезар, која умрела раѓајќи го синот).

По кратка војна Птоломеј 13 бил убиен и Цезар ја вратил Клеопатра на тронот со нејзиниот помлад брат Птоломеј 14 како ковладетел. Цезар престојувал во Египет во зимата 48-47 п.н.е. и Клеопатра ги зацврстила своите позиции станувајки му љубовница. Египет останал независен, но биле оставени три римски легии да го штитат. Врската меѓу овие двајца резултирала со син кој бил наречен Птоломеј Цезар (Цезариус) но самиот Цезар одбил да го назначи за наследник, и за таков го ставил внук му Октавијан. Клеопатра и син и го посетиле Рим помеѓу 46 и 44 п.н.е. и биле присутни кога Цезар бил убиен. Пред или по враќањето во Египет, Птоломеј 14 умрел мистериозно (можно е да бил отруен од Клеопатра) по што синот на Клеопатра станал ковладетел и наследник.

Cleopatra - History of Macedonia Клеопатра Теа ФилопатаCleopatra

Клеопатра Теа Неотера Филопата

Во 42 п.н.е. Марко Антониј еден од ''триумфаторите'' кои владееле со Рим по смртта на Цезар ја замолил Клеопатра да се сретнат во Тарсус за да ја потврди лојалноста, Клеопатра пристигнала доста привлечно и Антониј решил да ја помине зимата 42-41п.н.е. со неа во Александрија. За време на зимата таа останала бремена со близнаците Клеопатра и Александар. 4 години подоцна во 37п.н.е. Антониј ја посетил Александрија додека се подготвувал за војна со Партијаните. Ја обновил врската со Клеопатра и од тогаш па натаму Александрија станала негов дом. Можно е да се оженил за Клеопатра иако во тоа време бил венчан со сестрата на Октавијан. Тој и Клеопатра имале уште едно дете Птоломеј. По освојувањата на Антониј секое од овие деца добило територија со која владеело:

 Клеопатра и Цезарион - Египет и Кипар, 

Александар - Армениа, Медија и Партија, 

Клеопатра - Тунис и Либија и 

Птоломеј - Феникија, Сирија и Сицилија. 

Клеопатра го зела прекарот “господар на господарите” (титулата на Александар Македонски, неjзиниот прадедо, има ли подобар доказ, дека била Македонка). Има многу приказни за Клеопатра како на пример таа дека на една вечера со Антониј се обложила со него дека може да потроши 10 милиони сестерци за да организира вечера. Утредента таа нарачала чаша со оцет и во неа ставила еден од своите бисери и ја испила смесата. Однесувањето на Антониј не било прифатливо за Римјаните па Октавијан го убедил Сенатот да кренат војна против него. Во 31 п.н.е. силите на Антониј се соочиле со Римјаните во поморска битка на брегот на Актиум. Клеопатра била пристуна со сопствената флота. Легендата вели дека кога таа ги видела сиромашно опремените бродови на Антониј како губат се повлекла, а тоа го направил и Антониј, но нема дополнителни докази за тоа. По оваа битка Октавијан го заседнал Египет. Како што се доближувал до Александрија, војниците на Антониј дезертирале. Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.

      Според египетската традиција (до која Птолемеите стриктно се придржувале), Клеопатра не можела да владее сама со Египет, па затоа формално била принудена да се омажи за својот помлад брат Птолемеј Тринаесетти. Сепак, таа уште на почетокот на заедничкото владеење, го игнорирала својот брат. На монетите го претставувала само својот лик, а на официјалните државни документи го потпишувала само своето име. Во тој период нивната држава ги загубила териториите на Кипар, дел од Сирија и Киренајка. По тригодишно заедничко владеење, Клеопатра била симната од престолот, а главни виновници за тоа биле советниците на нејзиниот брат Птолемеј Тринаесетти, кои успеале да го убедат дека е подобро да владее сам. Тогаш Клеопатра била прогонета, а на престолот останал да владее сам младиот и неискусен Птолемеј Тринаесетти.

Во тоа време на власт во Рим се наоѓал Јулие Цезар. Во 48 година пред Христа, Цезар дошол во Александрија, а Птолемеј Тринаесетти се повлекол од фараонскиот дворец. Цезар влегол во фараонскиот дворец во Александрија, но не сакал формално да го окупира Египет, туку сакал да стави свој приврзаник да владее со оваа држава. Тоа го искористила Клеопатра, која во меѓувреме успеала да дојде дo Цезар, при што веднаш го освоила со својата привлечност и станала негова љубовница.

Цезар побарал да се сретне и со нејзиниот брат и опонент Птолемеј Тринаесетти. Така Клеопатра и Птолемеј Тринаесетти заеднички биле поканети пред Цезар. Птолемеј Тринаесетти сфатил дека Цезар веќе е под влијание на Клеопатра и веднаш му станало јасно дека таа ќе го замени на престолот. Поради тоа тој, заедно со своите лојални приврзаници, организирал воен бунт против Цезар. Во судирите што следувале изгорел дел од библиотеката во Александрија. Во такви услови и Арсиноја (сестрата на Клеопатра) побегнала од фараонскиот дворец, при што и таа била прогласена владетел, откако добила поддршка од оние Македонци кои биле против Клеопатра.

Во врска со ова, во горенаведеното издание ''Cleopatra VII, Ptolomeic Дѕнастѕ'', (Десигн, Лаѕоут анд Грапхиц Арт бѕ Јиммѕ Дунн, ан Интер Цитѕ Оз Инц Емплоѕее УСА, 1996), читаме:

“Сестрата на Клеопатра Арсиноја побегнала од дворецот и отишла кај Ахила (војсководител и опонент на Клеопатра, з. м.). Таа била прогласена за владетел од македонскиот дел од војската.”

Но Клеопатра победила, во војната меѓу нив, a Арсиноја, прво била затворена во еден храм во Хефест, а пота била ликвидирана по наредба од Клепопатра, се претпоставува дека гробот е таму, откриен. 

 

Судирот со опонентите на Клеопатра завршил со нивни пораз. Главните војсководители биле погубени од страна на Цезар, а загинал и самиот Птолемеј Тринаесетти. Така Клеопатра станала единствен владетел на Египет. Но, за да ја задоволи египетската традиција, таа и овојпат формално била принудена да се омажи за својот уште помлад единаесетгодишен брат Птолемеј Четиринаесетти. Всушност таа си останала љубовница на Цезар и од таа врска на 23 јуни 47 година пред Христа им се родил синот Цезарион (познат и како Птолемеј Петнаесетти). Во 46 година пред Христа Цезар ја поканил Клеопатра во Рим. Конзервативните републиканци негодувале поради неговата врска со Клеопатра, која таму била дочекана со највисоки почести.

     Восхитот кон Александар Македонски, со сигурност му го пренела Клеопатра, па Јулио Цезар се појавувал со оклопот на Александар, ''нaбавен'' во Египед.  Kога бил во Рим, му ''поминало'', за да ги придобие републиканците (тие биле многу задоволни од новиот изглед), ја сменил, фризурата, бидејќи делувал застрашувачки, со коса како на лав, па ја скратил косата, а на бистите, бил бос, што симболизира скромност, но пак, со оклопот на Александар и позата - политика.


    Цезар бил толку опиен од неа што воопшто не обрнувал внимание на негодувањата од републиканците. Тој дури наредил да биде направена златна статуа со ликот на Клеопатра, која била поставена во познат римски храм. Истовремено Цезар отворено изјавил дека и формално ќе се ожени за неа, што исто така предизвикало негодување среде високите кругови во Рим. Но, во 44 година пред Христа Цезар бил убиен во атентат.

Клеопатра, за Церар, вели дека бил многу паметен, најверојатно, преминал во арогантност, но, со сигурност тој не поднесувал, неукост и глупост, како што биле римските сенатори, кои живееле, раскошно и безгрижно во Рим, дури и незадоволниот син, Бруто, зел учество во атентатот.

Клеопатра веднаш се вратила во Александрија, загрижена за натамошните настани. Таа наредила да биде убиен Птолемеј Четиринасетти, а за владетел што ќе владее заедно со неа го прогласила својот четиригодишен син Цезарион (Птолемеј Петнаесетти). Тогаш во Египет владеела голема економска криза.

Цезарион (Птолемеј Петнаесетти)

Клеопатра будно ги следела настаните во Рим, каде на власт заеднички дошле Марко Антоние, Октавијан Август и Лепид. Бидејќи Октавијан Август тешко се разболел, Клеопатра проценила дека најзначајна личност во Рим ќе биде Марко Антоние. Тогаш таа веројатно донела одлука да му се приближи и нему. Клеопатра за прв пат се сретнала со Марко Антоние во 41 година пред Христа во Тарс. Таму Клеопатра го завела моќниот Римјанин. И покрај економската криза во Египет, таа му однела скапи подароци, а себеси се облекла како Афродита (богињата на љубовта). На Марко Антоние му се допаднала идејата да добие жена со “сина крв” од династијата на Птолемеите, затоа што неговата тогашна сопруга Фулвија била од средната класа. Така се родила една од најпознатите љубовни врски во историјата на човештвото. Во 41 година пред Христа Марко Антоние и Клеопатра заеднички живееле во Александрија, а во 40 година Марко Антоние заминал оттаму. Тогаш починала неговата сопруга Фулвија, а тој, за да ги смири односите со Октавијан Август, се оженил за неговата сестра Октавија (која тогаш и самата била вдовица). Во меѓувреме Клеопатра му родила близнаци на Марко Антоние, кои ги добиле имињата Александар Сонце и Клеопатра Месечина.

Близнаците на Марко Антоние и Клеопатра, Клеопатра Месечина и Александар Сонце 

Марко Антоние на Клеопатра и ги подарил териториите на Кипар, Киликија, Феникија, дел од Сирија, Јудеја и Арабија. Така Клеопатра, успеала значително да ја зголеми територијата на својата држава. Тогаш Египет за миг повторно ја вратил својата стара слава. Била изградена силна флота, која всушност му била потребна на Марко Антоние во неговата борба против опонентите во Рим. Но, во 36 година пред Христа Марко Антоние доживеал пораз. Клеопатра била со него во Антиохија. Тогаш им се родил уште еден син, кого го нарекле Птолемеј. Во 34 година пред Христа Марко Антоние извојувал победа во Ерменија, од која добил значителни финаниски средства. Оваа победа била грандиозно прославена во Александрија. На јавната прослава Клеопатра била претставена како божицата Изида, а Марко Антоние себеси се претставил како македонскиот бог Дион. Во тој победнички занес, Клеопатра и Марко Антоние и навистина посакале да создадат светска империја, исто како што тоа своевремено се обидел да го направи и Александар Македонски. Детален опис на овој победоносен занес на Марко Антоние и на Клеопатра дава Плутарх, кој пишува:

“... Беа поставени два златни трона врз сребрена платформа. Едниот беше за него (Марко Антоние, з.м.), а другиот за Клеопатра. Крај нивните нозе беа поставени пониски тронови за нивните деца. Тој ја прогласи Клеопатра за владетел на Египет, Кипар, Либија и дел од Сирија. За владетел што ќе владее заедно со неа го прогласи Цезарион (Птолемеј 15, з.м.), угледнот син од претходниот Цезар, кој ја остави Клеопатра со дете. Неговите сопствени синови од Клеопатра беа прогласени за господари на господарите (титулата на Александар Македонски, нивниот прадедо). На Александар тој му ја даде Ерменија и Медија, заедно со Партија, веднаш откако ќе биде завземена. На Птолемеј му ги даде Феникија, Сирија и Киликија. Александар беше изведен пред народот во медиска носија, со тијара со исправен врв, додека Птолемеј носеше чизми, наметка и македонска капа опфатена со дијадема, каква што по обичај носеа наследниците на Александар... И кога тие ги поздравија своите родители, едниот беше примен од стражари Македонци, а другиот од стражари Меди и Ерменци. Клеопатра тогаш, како и претходните пати кога се појавуваше пред народот, беше облечена како божицата Изида и му се претстави на народот како Нова Изида”.

(Антонѕ бѕ Плутарцх, Транслатед бѕ Јохн Дрѕден).

Во наведеното издание “Цлеопатра ВИИ, Птолемаиц Дѕнастѕ”, (Десигн, Лаѕоут анд Грапхиц Арт бѕ Јиммѕ Дунн, ан Интер Цитѕ Оз Инц Емплоѕее УСА, 1996), откако е даден описот на оваа грандиозна прослава, авторот заклучува:

“Клеопатра сонувала да стане владетелка на целиот свет”.

Максимална експанзија на Египед, под власта на Клеопатра

Дека крајна цел на Клеопатра Седма и на нејзиниот сопруг Римјанинот Марко Антоние, била обновување на Македонската империја од времето на Александар Македонски смета и германскиот историчар Улрих Вилкен. (“Александар Македонски”, Скопје, 1988, стр. 309). Впрочем, фактот што тие покажувале почит кон културата на сите народи над кои владееле (преку јавното презентирање на нивните обичаи, носии и религиозни убедувања) е доволен показател дека тие и навистина сакале да ја обноват империјата на Александар Македонски. Не треба да потсетуваме дека така се однесувал и самиот Александар, кој исто така јавно ја манифестирал својата длабока почит кон останатите народи.

Во 31 година пред Христа Марко Антоние се развел од својата сопруга Октавија. Тогаш тој исковал монети со својот лик и со ликот на Клеопатра. Овие монети денес се едни од најскапите и најбараните во светот на нумизматиката.

cleopatra and marc anthony coins cleopatra and marc anthony coins cleopatra and marc anthony coins

Претходно Октавијан Август и објавил војна на Клеопатра. Во пресудната битка помеѓу Марко Антоние и Октавијан Август, победила флотата на Октавијан Август. Марко Антоние добил лажна вест дека Клеопатра загинала, поради што извршил самоубиство.

Клеопатра се обидела да преговара и со Октавијан Август, но тој не покажал никаков интерес за такви преговори. Наоѓајќи се во безизлезна состојба Клеопатра извршила самоубиство, откако претходно дозволила да биде касната од египетска кобра. Според египетската традиција, сите што умирале од отровот на кобрата, останувале бесмртни. Клеопатра умрела на 12 август 30 година пред Христа кога била на возраст од 39 години.

Веднаш по нејзината смрт, Египет бил окупиран од Римјаните и неговата територија била анектирана кон римската империја.

Последниот формален владетел на Египет Птолемеј Четиринаесетти (синот на Клеопатра од Јулие Цезар) бил задавен по наредба на Октавијан Август. Интересно е тоа што останати деца на Клеопатра (што ги имала со Марко Антоние) останале живи и биле посвоени и израснати токму од Октавија (разведената сопруга на Марко Антоние и сестра на Октавијан Август).

 

Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна.

Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил “македонскиот јазик”!

.. Плутарх, во книгата ''Животот на Антониј'', таа на латински, не модифицираната пред 1830, пишува:

“Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше повеќе изненадувачки затоа што повеќето од нејзините предци владетели едвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запоставија и македонскиот јазик”.

 

Hо исто така зборувала течно 9 јазици но нé и латинскиот, била одлична во матекатика и особено го ценела Цезар како многу паметен човек, за разлика од него Антониј бил помалку интелегентен.

Антониј и Клеопатра

             

Потекло на името

 

     Името за кое викаат дека е јонско, е лага,.. бидејќи сродниците на јонците од Пелопонес ги преведувале на нивен јазик топонимите.. па и личните имиња (пр. Египет кој се викал КМТ.. Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Јонците од Мало Азија да дојдат во Европа и станат сродници на јонците од Пелопонес ).. веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко... сепак се препознава коренот АТА.

Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело “ Вие д'Алеџандер ле Гранд” (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише:

Cродниците на јонците од Пелопонес - Атињаните ги испревертувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Тие на cé давале јонски изглед, дури и во Индија и Персија...”.....

Сестрата на василеон Македонон Александрој ( Александар Македонски ) сé викала Клеопатра.

 

.

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.