v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

Слобода ии смрт, ВМРО, ЗА ЗА СЛУГА,  кон поробената татковина Македонија

Слобода ии смрт, ВМРО, ЗА ЗА СЛУГА,  кон поробената татковина Македонија ??????? ?? ????, ????, ?? ?? ?????,  ??? ?????????? ????????? ??????????

Ванчо Михајлов 

 Ванчо Михајлов Ванчо Михајлов

Ванчо Михајлов, со ВМРО уникатна униформа „ крумката “

Ванчо Михајлов, со ВМРО уникатна униформа „ крумката “...

, нo само за пропагандни цели, не се појави на терен во окупирана Вардaрска и Егејска Македонија,... како млад,.. најверојатно бидејќи и бил секретар на ВМРО, ... знаел многу околу организацијата, само подоцна се појави за кратко во 1944, за преговори со комунистите на Ченто за евентуална Независност на Македонија... под '' заштита '' на Третиот Раих.

        Иван Михајлов Гаврилов ( 26 август 1896 - 5 септември 1990 ), познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко Дејанов,  бил деец на ВМРО, лидер на организациjата во периодот од 1928 до 1934.

       Два факта за Михајлов се неспорни:

- тој дека бил лидер на ВМРО по 1924 и

тој се залага за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

         Ванчо Михајлов е роден во Ново Село, штипско. Од 1910 година Ванчо бил ученик во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Малку пред Меѓусојузничката војна (позната уште и како Втора Балканска војна) го напуштил Солун и се вратил во Штип. Во 1918 година бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во Софија.

Во 1919 се запишал на Правниот факултет во Софија. Истата година бил привлечен во редовите на ВМРО од Тодор Александров во Задграничното претставништво на организацијата во Софија. Во 1920 бил еден од основачите на Македонското студентско друштво Вардар и прв негов претседател. 
            

       Неоспорен факт е дека во Европа во периодот меѓу двете светски војни, меѓу национално - револуционерните движења, кои си поставуваа за цел преразгледување на Версајскиот договор, воено најспособна и за тоа најопасна и ултимативно најефикасна е ВМРО. Нејзината краткорочна цел е присоединувањето на Вардарска Македонија, која што од 1918 година е дел на Југославија, кон Бугарија, а подалечна - обединување на сите делови кои припаѓаат на историската територија на Македонија, во една OБEДИHETA Македонија, на која главен град би бил Солун.

ВМРО се бори против новата југословенска држава од бугарската и од албанската територија, кога секоја пролет преку границата преминуваат меѓу 1.000 и 2.000 илјади униформирани четници. По 1922 година ВМРО формира држава во држава на територијата на југозападна Бугарија - во Петричкиот крај. Тоа станува со согласност на власта во Софија, и покрај нејзините „ шкртања со заби “. Таа држава во држава располага со самостоен даночен, полициски и правен систем, одделни печатени медиуми и банки. Освен тоа, ВМРО има и сопствена фракција во бугарскиот парламент. Нејзиниот голем дипломатски апарат соработува со Турција и со Унгарија, склучува сојузи со СССР и со Италија. Само Вермахтова Германија откажува соработка со ВМРО - макар што и таму голем број политичари, дипломати, претприемачи, интелектуалци и новинари се големи симпатизери на организацијата. 

      Во 1927 година во раководството на ВМРО се јавуваат различни погледи во однос на тактиката на организацијата. Интензивната партизанска борба е заменета со принципот на терористичка дејност: кон познати југословенски лидери се насочуваат тројки или петорки на атентатори; кон претставници на новиот европски повоен поредок се подготвуваат самоубиствени атентати; а против дисиденти во сопствените редици се изрекуваат смртни пресуди. Во 1928 година таа нова тактика доведува до остар внатрешен конфликт, кој ја поделува организацијата на две крила, кои влегуваат во масовно братоубиство. Движечка сила на тој нов развој во ВМРО е Иван Михајлов, познат уште по псевдонимот „ Ратко  Дејанов“. Во 1925 година, една година откако беше убиен харизматичниот лидер на ВМРО - Тодор Александров, Иван Михајлов влегува во тричлениот Централен комитет на организацијата. Тодор Александаров, којшто е прогимназиски учител и бугарски офицер, награден со железен крст од Вилхем II во 1916 година, по Првата светска војна, заедно со  Александар Протогеров, ја реорганизира организацијата создадена во 1893 година, која  се бори за автономна Македонија под заштита на некоја од големите сили .

       Михајлов ја искористува положбата на доверлив човек - негов секретар, ДА ГО ПОМОГНЕ АТЕНТАТОТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ и  за да го наследи неговото место во Централниот комитет. Во 1928 година, Михајлов го порачува убиството на својот колега и противник во Централниот комитет - генерал Протогеров, по што ги поставува во раководството на ВМРО двајцата негови најблиски луѓе - Страхил Развигоров и Иван Караџов и така практично ја презема контролата над организацијата. Приврзаниците на Протогеров, под раководство на Петар Шанданов и Наум Томалевски, жестоко се спротивставуваат. Тоа доведува до долгогодишна внатрешна братоубиствена војна, која зела стотици жртви меѓу активистите од двете завојувани крила. И до денес на бугарски изразите „македонска работа“ или „да завршиш со нешто по македонски“ означуваат да извршиш нешто на особено жесток и крвав начин.   

   Михајлов, болно амбициозен за власт, ќе ги почне чистките во Горна Џумаја ( денешен Благоевград ) кога ќе испрати луѓе да ги ликвидираат наводните организатори на убиството, а истата вечер во Софија ќе определи терористи да ги егзекутираат највидните македонски дејци, лепејќи им ја етикетата на интелектуални убијци и предавници на Македонија. Кога денес, по речиси девет децении, ќе се прочитаат некои документи и спомени на тие што учествувале во крвавата македонска драма што ја изрежирал Михајлов, ќе се дознае вистинската злосторничка димензија на неговиот помрачен ум и ќе се сфати колку штета му нанел на македонското дело. 

     Откако Михајлов ќе се пресмета со своите противници во Софија и со санданистите во Пиринска Македонија, ќе испрати терористи да ги ликвидираат Петар Чаулев, Тодор Паница и Стојан Мишев, кои пред тоа ќе ги прогласи за најголеми непријатели на македонската револуционерна борба. Во рок од шест месеци ќе бидат убиени сите тројца - Чаулев во Милано, Паница во Виена, а Мишев во Штип. 

      Четири години подоцна ќе отвори нов фронт, но овој пат против своите, против тие кои за цело време беа со него и ги одобруваа егзекуциите на македонските левоориентирани револуционери. Откако ќе го осуди на смрт членот на Централниот комитет Александар Протогеров и ќе го ликвидира, ќе започнат петгодишните крвопролевање на софиските улици, нешто што ќе ја потресе европската јавност која ќе бара од Софија да ги спречи братоубиствата на Македонците. Американскиот писател со македонско потекло Стојан Христов, кој во тоа време известувал од Балканот за познати американски весници, чии симпатии во времето на братоубиствата ќе бидат на страната на Михајлов, сепак, ќе признае дека тој постојано подготвувал заговори и контразаговори и изрекол многу смртни пресуди, претворајќи ја славната ВМРО во обична терористичка машинерија. 


      Корените на страшните убиства на Македонците што ќе се случуваат цели десет години, во кои клучни фигури ќе бидат Тодор Александров, генералот Протогеров и главниот егзекутор Михајлов, треба да се бараат во далечната 1924 година кога во Виена беше потпишан познатиот Мајски манифест за обединување на македонските револуционерни сили, нешто со што не можела да се помири бугарската влада. Неа не и одело во прилог обединувањето на македонските револуционери, ниту нивното приближување до Советите, зашто со тоа ја губела Македонија, која била зацртана во нивните идни планови. Затоа, Софија ќе се реши на најрадикалниот чекор, да го елиминира Тодор Александров и на негово место да постави друг, што ќе ја слуша и ќе води сметка за бугарските интереси. А, таков човек таа видела во Ванчо Михајлов. Од тој ден, кога тој ќе биде ликвидиран, Софија и Пиринска Македонија ќе станат крвава арена во која ќе ги завршат животите многу Македонци. 

       Иако Михајлов тврди дека се борел за самостојна обединета Македонија, тој никогаш не бил самостоен и не правел ништо без согласност на бугарската држава. Се' преземал со знаење и со помош на нејзината влада и двор. И за време на ликвидациите во Горна Џумаја и Софија во 1924 година и четири години подоцна, кога Македонците се истребуваа меѓу себе и гинеа на софиските плочници, власта не осуди ниту еден убиец на Михајлов. Софија се оглушуваше и на реакциите на Европа, која бараше да ги спречи терористите на Михајлов. Наместо тоа, таа ќе му ја препушти да ја раководи Пиринска Македонија од која ќе ги испраќа своите атентатори во вардарскиот дел на Македонија и низ Европа. 

Од 1925 до 1934 година биле извршени 85 атентати во Вардарскиот дел на Македонија од неговите терористи, тврди Иван Михајлов во своите спомени. Речиси десет години се водела немилосрдна војна меѓу михајловистичката ВМРО и тогашната српска окупаторска власт. Најголем губитници од тоа бил македонскиот народ, кој платил многу висока цена, зашто одмаздата на Србите по секој атентат била сурова и масовна, при што страдале многу невини жртви. 

Извадок од книгата „Пехчево“ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност:

" Само во 1921 година, ретко некој од возрасните жители на Пехчево не бил изложен на некој вид репресија и затворање.

Режимот на кралството Југославија не ги толерирал дури ни децата и жените. И тие, како и мажите, биле тепани и затворани. Таков е примерот со Ванѓа Василева Цоковска која долго време била срамотена во затворската ќелија од цела десетина џандари зулумџии. Таа по излегување од затворот отишла во манастир и е закалуѓерила, но до кајот на својот живот, во сите средини со кои доаѓала во контакт, го колнела името СРПСКО на злосторниците.

Покрај Ванѓа, од страна на режимските власти биле тепани, изнудувани на бесцелни признавања и апсени: Магда Стамболиска, Марија Рендева, Марија Попова, Руса Попова и други. Последните две биле обесени за нозете со цел бавно да умираат.

Масакрирањето на неколку неполнолетни деца од потесната околина на Пехчево, предизвикала не само огорчен револт, туку и мотив кај пехчевци на кој начин да се УДРИ СРБИЈА ВО НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО - ДА СЕ УБИЕ КРАЛОТ И ТАКА ДА СЕ ОДМАЗДИ ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ И КОСТУРИ, РАСФРЛЕНИ НАСЕКАДЕ ВО РАЗДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА...

Меѓу 1921 и 1925 г. Бил убиен Иван Андонов Клепков, а Маца Мицева и ќерка и Зуица биле малтретирани и уапсени. Никола Попов Карајовов исто така бил измачуван и апсен, Миле Соколов го тепале со пиралка за белење алишта. Тој искрварил и подлегнал на раните. Иста судбина доживеале и Антим Колев, Серафим Медаров, Ефтим Василев, Глигор Аспровски, Коле Смиланов, Катерина Колева Смиланова и Елизабета Василева, додека Благој Илиев Клетнички, Крум Иванов Мицев и Андон Ефтимов Клетнички, ДЕЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 13 И 16 ГОДИНИ, на подмолен начин биле убиени. Децата ги паселе коњите по ливадите. Преку денот си играле, а кога се измориле заспале. Тогаш им се доближиле група СРПСКИ ПОТЕРЏИИ, кои ги избоделе децата со ножеви додека спиеле. Родителите на децата три недели трагале по нив, а кога ги нашле нивните мајки, не можејки да ја потиснат родителската тага за изгубените рожби, трите умреле плачејки."



Познатиот американски писател и новинар со македонско потекло, Стојан Христов, кој во тоа време известувал од Балканот, пишува дека Србите на нападите возвратиле жестоко - со апсења, измачувања, затворања... Убивале сто за еден. Откако не успеале да се справат со терористите на ВМРО ја заградиле целата граница со Бугарија со бодликава жица. 


    

>>>>>>     „Српско - бугарска гранична линија, долга 524 километри, е уникатна граница во денешниот свет. Ја посетив и разгледував голем број нејзини потези, извонредна глетка.

Има места каде што преплетената бодлива мрежа е длабока и до десет метри. Веднаш до мрежата се наоѓаат повеќе ровови (комитаџиите ги нарекуваа ’волчји бездна‘ ), во кои можеа да ве фатат како зајак во стапица.

За да се спречи сечењето на жицата со клешти постои систем од електрични аларми што ја сврзуваат бодливата џунгла со бункерите. Вториве се вистински тврдини од цемент и од железо. Нивните оџаци се покриени со железни мрежи и паравани така што комитаџиите не може да внесуваат бомби низ нив за да ги вознемируваат стражарите што седат околу огништето внатре“,

напишал Христов во 1936 година во книгата Херои и убијци “.  <<<<<<



       За тоа дека тогашната српска власт со невидена жестина ја спроведувала својата репресивна политика врз недолжното македонско население говори и бројот на војници и на полицајци што биле стационирани во Македонија.

Во зависност од потребите, бројот на жандармите од 1921 до 1934 година се движел од 10.000 до 20.000. Покрај тоа, биле формирани и посебни ( четнички ) паравоени организации, составени од српски доброволци.

Во вардарскиот дел на Македонија српскиот режимот држел вкупно 54.700 вооружени луѓе. До 1930 година над 50 илјади лица биле обвинети за политички дела. Во периодот од 1919 и 1929 година, биле извршени 1.400 политички убиства, а 14 села запалени од жандармеријата и од контрачетите. На 3 март 1923 година во селото Гарван, Радовишко, биле убиени 28 селани.

Михајловистичката  активност во Македонија, особено била присутна во втората половина на 1927 година кога биле извршени многу атентати. Тогаш во Штип бил убиен генералот Михаило Ковачевиќ. Димче Зографски, кој по извршувањето на атентатот бил затворен и осуден, напишал дека генерал Ковачевиќ бил убиен на 5 октомври 1927 година, пред портата на куќата во која живеел. Во него стрелале двајца борци на Михајлов - Ипократ Развигоров, роден во Штип, и Благој Кралев, роден во Куманово, испратени специјално од Софија да го извршат убиството. Нив им помагал штипјанецот Илија Лилинков, кој бил емигрант во Бугарија, а потоа се вратил во Штип каде што работел како шивачки работник.

По атентатот, полицијата извршила масовни апсења. Се' што било сомнително се нашло во затвор. Секоја штипска куќа била претресена и кога во ниту една не го нашле соработникот на атентаторите Илија Лилинков, веќе биле сигурни кои се можните убијци на генералот. Два дена по убиството биле откриени двајцата атентатори и нивниот соучесник. Жив го фатиле само Благој Кралев, а Ипократ Развигоров и Илија Лилинков се самоубиле. 

„Атентатот на генерал Ковачевиќ ја повампири малку стивнатата реакција во Штип и во Брегалничко, повторно се појавија на сцена најтемните полициски типови од мафијата на Каламатија. Почнува крвава оргија. Прво во полицијата, за одмазда, со стапови е убиен таткото на Илија Лилинков, 75 - годишен старец, потоа го изведоа од затвор 70 - годишниот Мише Гаврилски ( татко на Ванчо Михајлов ) и убиен е заедно со неговиот син Ристо на мостот на реката Отиња кај Ново Село ( Штип ).

Од затвор се изведени и ликвидирани Ристо Бујуклиски од Штип и Добри Паликрушев, 17 - годишен младинец, член на СКОЈ, исто така, од Штип. Во затвор во една ќелија на 19 и на 20 февруари 1928 година жандари со раце го задушиле Коста ( Коциро ) Развигоров од Штип, брат на атентаторот Развигоров“,

пишува Зографски. 

     Притоа, тој напомнува дека примерот на двајцата браќа Коста и Ипократ Развигоров е најдобра илустрација за големата македонска трагедија, предизвикана од бугарската и од српската пропаганда. Коста бил во четата на Јован Бабунски и учесник во низа терористички акции на овој просрпски војвода, а другиот брат, атентаторот на Ковачевиќ, се нашол на спротивната страна и станал борeц на Иван Михајлов. 

Затворениците во знак на ПРТЕДУПРЕДУВАЊЕ испраќаат писмо до Претседателот на Југословенскато Собрание кое завршува:

"Доколку и Вие бидете исто така жестоки и ја потпишете смртната пресуда, знајте дека ја потпишувате и Вашата."

Потписници на писмото: Крум Хаџи-Андов и Тоде Шуманов - писмото е пишувано со КРВ а го пишувал секратарот на Месниот Комитет на ВМРО во Штип Димче Зографски, а го изнеле од затворот:Милан Камиларов и Илија Вуинов, сечачи на дрва во затворот.Писмото го предале на Василка Камиларова, а таа на Невена Димова која го препишала и го испратила по пошта од Велес. Писмото, кога е пишувано оваа што го пренесувам ,се наоѓало кај Коле Делипетров еден од тројцата осудени на смрт (другите двајца се Дончо Хаџисанков и Панче Бардаров), извршителите на атентатот се: Илија Лилинков, Благој Кралев и Ипократ Развигоров.


Во штипскиот затвор биле донесени и триесетина лица од други места. Според кажувањата на селани од Кочанско, Беровско и од Делчевско, откако ќе ги затвореле, истата ноќ ги одвеле и ги ликвидирале. Зографски спомнува дека вкупно 200 лица по атентатот биле ликвидирани од српската полиција. Подоцна се организирале судења по кои е изречена една смртна пресуда на атентаторот Благој Кралев, а многумина се осудени на повеќе години робија.
 

Во областа завладеале анархија и самоволие. Голем број од жителите за да го зачуваат својот живот, биле принудени да побегнат во планините или преку граница. Од Штипско, Радовишко, Светиниколско, Царево Село ( Делчевско ), Кочанско, Беровско и Виничко се одметнале 575 луѓе, 169 побегнале во Бугарија, а 276 лица биле прогласени за непослушни. 

Во немилосрдната војна меѓу  ВМРО на Иван Михајлов и српската власт не биле користени само атентатите и одмаздата врз населението, туку и разни шпионски и контрашпионски методи.

Жика Лазиќ, задолжен за безбедноста во Кралска Југославија решил да испрати човек за да го убие Михајлов. Тогаш во Белград живеел Македонецот Иван Момчилов, кој бил докажан како лојален човек на српската власт и тој бил избран за да ја изврши задачата. 

Откако Србите му ги обезбедиле потребните документи, од Битола преку Грција пристигнал во Софија каде што стапил во контакт со луѓе на ВМРО, претставувајќи им се како бегалец од српскиот терор во Македонија. Истовремено побарал лично да се види со Михајлов за да му соопшти нешто многу важно. Со него се сретнал по две седмици. Што се случило со Момчилов за да се откаже од намерите да го ликвидира лидерот на ВМРО никој не може да објасни. Кога се видел, место да пука во него, му се исповедал и му признал дека Србите го испратиле да го убијат.



        „ Михајлов, веднаш ја здогледал можноста да го претвори заговорот на Лазиќ во бумеранг. Му рекол на Момчилов дека ако се врати во Белград и го убие Лазиќ, не само што ќе се искупи за петте години служба под непријателот, туку и ќе стане македонски херој.

За да му го олесни враќањето и да го обезбеди приемот кај Лазиќ како херој - убиец на Иван Михајлов, Михајлов пригодно понуди да се прогласи за убиен и да остане убиен додека Момчилов да го изврши контразаговорот. Комитаџиите исценирале лажна битка покрај границата една вечер и следното утро на насловните страници на софиските весници беше објавено дека Иван Михајлов е убиен. Извештајот беше телеграфски соопштен и од новинските агенции низ светот“,

пишува Стојан Христов. 



Момчилов пристигнал во Белград и како „ српски херој “ и лично бил примен од Жика Лазиќ во неговата канцеларија. Само што стражарот ја затворил вратата и Лазиќ му ја подал раката за да му честита, испукал четири истрели во него, а еден куршум во сопствената глава, мислејќи дека го убил. Меѓутоа, Лазиќ бил тешко ранет и преживеал. Станал губернатор на Вардарска Македонија и министер за внатрешни работи на Кралска Југославија. 

Но, и српската власт успеала да го надмудри Михајлов. Во Софија го испратил својот агент Перо Грубер, кој дознал многу работи за михајловистичката ВМРО, за македонската емиграција и поврзаноста на бугарската влада на Андреј Љапчев со Михајлов. Грубер на бугарската јавноста ќе и' биде претставен како војводински револуционер, кој дошол во Софија да бара сојузништво против Белград.
 

Бил гостин на Македонскиот национален комитет, при што му бил организиран свечен пречек. Како што забележува Ангел Динев, за време на здравиците на банкетот тој јавно ќе побара присутните да му се потпишат, за како што рекол, нивните потписи да ги однесе кај неговиот народ за распалување на силата по обединувањето за борба против Белград. Подоцна го прошетале во повеќе места, да запознае многу луѓе, а посети и некои складишта на ВМРО што му биде дозволено дури и да ги сними. Откако си заминал дознале дека Грубер бил српски агент. 

          На негова иницијатива во Женева од 14 јуни 1926 година започнал да излегува од печат весникот "Ла Маседоан". Исто така ги поткрепувал дејностите на Македонскиот Научен Институт во Софија, Македонската Патриотска Организација за САД и Канада и весник Македонска Трибуна.

    Во 1929 година, Михајлов започнува стратегиски промени во ВМРО - оддалечување од целта за присоединување на Македонија кон Бугарија и поставување на нова задача - „ слободна и независна Македонија “, која би ги обединила трите дела, т.е. Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија како „ втора бугарска држава на Балканот “.

Во текот на 1933 година, новиот курс на дејствување се претвора во доктрина на организацијата. Според Михајлов, нацијата на новоформираната држава, која се состои од „ македонски Бугари “, може да се дефинира и како „ бугаро - македонска “, бидејќи е бугарска во етнокултурен и јазичен однос и македонска - во регионален. Така ВМРО си создаде непријател од политичката елита во Бугарија која до тој момент, поголемиот нејзин дел, е поволно расположен кон организацијата. Како резултат на тоа, на 9 мај 1934 година, политичкиот центар „ Звено “ и Bоениот Cојуз ја испраќаат бугарската армија против цитаделата на ВМРО во Петричко. Само за неколку денови стуктурите на организацијата се разбиени, нејзините лидери се интернирани, а во 1935 година на Михајлов му е изречена смртна пресуда. 

      Фатен во тесно, Михајлов успева, за разлика од останатите лидери на ВМРО, во продолжение на неколку месеци да се сокрива во државата и во септември 1934 година, да избега во соседна Турција. Лидерот на нова Турција - Мустафа Кемал Ататурк, роден во Македонија, му дава на Михајлов политичко прибежиште.


     Непосредно по бегството на Михајлов во Турција, ВМРО успева да го нанесе својот најголем терористички удар:

>>>>>>> атентатот во Марсеј на 9 октомври 1934 година, при што загинуваат југословенскиот крал Алксандар Први Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи, Луј Барту. Испраќањето на искусниот атентатор на ВМРО, Владо Черноземски,<<<<<< 

е резултат на тесната соработка на Михајлов со хрватските усташи на Анте Павели против Југославија.

Павелиќ е иницијатор на планот за атентатот и тој ги отценува реално професионалните можности на своите луѓе, ниско - затоа го моли Михајлов за помош.

Откако нервите на тројцата хрватски стрелци на пристаништето во Марсеј не издржуваат, Черноземски ја исполнува успешно задачата што му е дадена од Михајлов. Имено, атентатот во Марсеј ја испровоцира Лигата на народите да се обиде преку Женевската конвенција да го спречува и казнува тероризмот, да ја мобилизира меѓународната јавност за спротивставување против организираниот тероризам и да ја вклучи борбата против него во меѓународното право. 

Треба да се одбележи дека Михајлов, кој го прекинал студирањето право во Софија, нема искуство во партизанската борба и никогаш не влегувал во „ внатрешноста “ на Македонија, т.е. во бојното поле. Тој се обидува да го надмине тој недостиг, кој влијаел негативно на неговата позиција во организацијата, целосно ориентирана кон култот на хероизмот и на мачеништвото, оженувајќи се со една популарна терористка на ВМРО. Во 1926 година тој склучува брак со Менча Крничева која во 1925 година, по лична наредба на Михајлов, го изврши прославениот атентат против македонскиот политички деец во прогонство, Тодор Паница, во виенскиот „ Бургтеатар “, за време на претставата „Пер Гинт“ од Ибзен.

По пресудата, австрискиот суд ја ослободува Карничева поради здравствени причини. 

      За време на четиригодишното прогонство во Турција, кога Михајлов и Крничева се интернирани најпрво во северна Анадолија, а потоа на осторвот Бујук Ада близу до Истанбул, тие се обидуваат без успех да добијат визи за САД. Таму во составот на „ Македонската патриотска организација “ во САД и Канада ( МПО ) со седиште во Форт Вејн, Индијана, ВМРО располага со густа мрежа од поддржувачи. Но, дури и Швајцарија, Романија и Британија, како и бившиот сојузник на ВМРО - Италија на Мусолини, не сакаат да ја примат двојката терористи.

Едваj во 1938 година, Полска им дозволува на двајцата да влезат на нејзина територија, но под услов да се воздржуваат од секаков вид политичка дејност. Михајлов и неговата сопруга добиваат визи на лична иницијатива на полскиот амбасадор во Софија - Адам Тарновски, кој уште во времето на Првата светска војна е дипломатски претставник на Австро - Унгарија во бугарскиот главен град и одржувал тесни врски со ВМРО. И покрај тоа што Варшава ги анулира визите поради бурни протести во Белград, турските власти го натоваруваат семејството Михајлов на полскиот трговски брод „Левант“ кој бил укотвен во пристаништето во Измир.

По долга одисеја низ Средоземното Море, на 23 септември 1938 година, бродот најпосле пристигнал во Гдањск со своите немили и несакани патници. 

И покрај тоа што Михајлов се населува во една глува провинција на Полска, тој има можност, како и пред тоа во Турција, да одржува тесни контакти со своите приврзаници во Бугарија и во Северна Америка.

По влегувањето на Вермахтот во Варшава во септември 1939 година, Михајлов и неговата жена, која говори добро германски, се поврзуваат со Гестапо. Потоа тие се населуваат во Рајхот - колку долго, останува неизвесно. Таму тие се населуваат во привремено живеалиште во Берлин, во населбата Нојклојн, каде што му се непосредни соседи на Анте Павелиќ и на неговото опкружување.

Не е јасно какви контакти поддржувал Михајлов во германскиот главен град со национал - социјалистичката власт - во архивите на Третиот рајх досега не е најдена информација по тоа прашање. Веројатно, во пролетта 1940 година, Михајлов се преселува во Будимпешта. Таму тој ја разгледува можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава, додека Третиот рајх, како и фашистичка Италија се занимаваат со новата територијална поделби на југоисточна Европа.

Влијанието на Михајлов врз преживеаните структури на ВМРО во Бугарија реално намалува многу видно во април 1941 година - по повторната окупација на Вардарска Македонија од бугарските војски и востановување на бугарска административна структура. Поголемиот дел од приврзаниците на Михајлов го одобруваат де факто тоа присоединување како „ повторно обединување “ на Македонија со „ мајка Бугарија “ и прифаќаат функции во окупираната територија.

Германците, односно Вермахтот и Гестапо во Втората светска војна имале одлични информации за теренот во Македонија, каде што Македонците незванично ги признавале како посебен народ.

Германија и званично ја признава Независна Држава Македонија

Доказ за тоа е плакатот кој бил растурен низ западна Македонија од страна на Германската команда за Тетово, Гостивар и Кичево, фотографирана во септември 1943 година (по падот на Италија) од страна на познатиот македонски деец, револуционер и таен агент, тетовчанецот Виктор Аќимовиќ, во кој командата се обраќа директно до МАКЕДОНЦИТЕ, да бидат СЛОБОДЕН НАРОД и да не ги подржуваат комунистите. После една година на 08. септември 1944 година, (по падот на Бугарија) Германија и званично ја признава Независна Држава Македонија.

Михајлов, кој непоколебливо ја следи целта - „ Cлободна и Hезависна Македонија “, прифаќа во мај 1941 година да се пресели во Загреб - на покана испратена од неговиот долгогодишен сојузник Павелиќ, којшто во меѓувреме стана водач („ поглавник “) на германско - италијанската марионетска држава Независна Држава Хрватска ( НДХ ). До 1944 година, Михајлов е најважниот надворешно - политички и воено - политички советник на хрватската управа на усташите, како десна рака на Павелиќ. 

Од Загреб Михајлов продолжува да оддржува тесни контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година, тој се договара со началниците на италијанската армија за формирање на вмровски одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, по преговорите со рахјсфирерот на СС Хајнрих Химлер, Михајлов договара формирање на силна вмровска заштитна група („Обезбедување“) составена од 12.000 мажи, која би била распоредена во Егејскиот дел  нa Македонија, окупиран од Германците.

Меѓутоа, регрутирањето на нејзиниот состав се оддолжува и не ја достигнува договорената моќ. Исто така, останува нереализиран и предлогот на Михајлов даден на Павелиќ за формирање на силна платена армија на ВМРО, која би се борела против различните партизански одреди во босанскиот дел на НДХ

Oд Бугарија - Цар Борис 3, како и власта на военото раководство во државата, гледаат со неспокојство на активностите на Михајлов во Загреб, бидејќи се плашат дека неговиот план да формира „ Cлободна и Hезависна Македонија “ може да успее. За да може да биде контролиран, се поништува неговата смртна пресуда и му се предлага да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија.

На изненадување на Софија и на неговите најблиски соработници, Михајлов категорично го отфрла предлогот.

Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх. На 1 септември 1944 година, Хитлер издава „ фирерска заповед “ за брзо прогласување и формирање на слична таква држава. Така, поради Црвената армија која секавично навлегува на Балканот, треба да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција. 

Михајлов го задржува правото да даде конечен одговор на германскиот предлог, откако ќе направи посета на Скопје. На 3 септември 1944 година тој пристигнува со германски воен авион од Загреб во Софија каде ја разгледува ситуацијата со останатите свои соработници. На 5 септември човекот за врска меѓу Михајлов и СС началникот на Шестата управа ( надворешно - политичкото разузнавање ) во Главната управа за империска сигурност, СС - бригадфирерот Валтер Шеленберг, му телеграфира на Рибентроп:

„ Со неколку расправи - денес и утре, Михајлов треба да се обиде да го спаси она што треба. Меѓутоа, состојбата изгледа безнадежна. И Михајлов е на истото мислење, откако сам можеше да се увери за состојбата на нештата“.

Истовремено СССР и објавува војна на Бугарија. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава што следеше потоа, како и нивното напредување до германската основната сврзувачка линија во Вардарската долина, доведуваат до драматично изострување на воената ситуација. Како резултат на тоа, Рибентроп го притиска германскиот амбасадор во Софија СС - обергрупфирерот Адолф Хајнц Бекерле:

„ Денес фирерот одново нареди да биде прогласена Hезависноста на Македонија - овојпат без повеќе одлагања “. 

Германија и званично ја признава Независна Држава Македонија

Фотографија го прикажува тајниот документ од 05. септември 1944 со кој по наредба на Фирерот Македонија мора да се признае без одложување. Иако фашистичка, Германија ја признала реалноста во Македонија, се разбира заради свои стратешки цели, но сметала на симпатиите на Македонците и нивна неутрализација, но било предоцна. Македонското револуционерно движење, подржано од народот, веќе прогласило своја држава на АСНОМ и покажало во кој правец ќе се движи правичната борба за слобода и сопствена држава.

????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ?????????? ????????? ? ???????? ?? ???????? ????????? ?????? ??????????

На Вермахтот не им пречела картата со границите на етничка Македонија


На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското антибугарско ослободително движење на Методија Андонов - Ченто. Вечерта тој го соопштува своето решение, кое веднаш е е испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија:

„ Комитетот (скопските вмровци) се откажува категорично да прогласи независност на Македонија, убеден од Ванчо Михајлов, и по опстојна анализа на стекнатите состојби.

Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се запира најмногу на:

Прво, отсуство на приврзаници анти - комунисти, кои ќе се подготвени да застанат зад независноста и да ја наметнат

и

Bторо, непрекинато и агресивно деморализирање на целото население. 



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „ оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните. 

Михајлов и неговата жена, заедно со уште неколку верни другари, се евакуирани од СС припадниците од Скопје, прво во Виена, а пролетта во 1945 година тој бил преместен во гратчето Алтаузсее, во австриските Алпи. За разлика од многуте национал - социјалистички величини кои се наоѓале таму, Михајлов не е вознемируван ниту од американските единици, кои пристигнуваат во градот на 9 мај 1945 година, ниту од востановената по тоа британска воена администрација, како што не е вознемируван, кога Титова Југославија официјално бара негово екстрадирање од Англичаните. 

Не е познато каде Михајлов и неговата жена ги поминуваат првите години по војната. Веројатно привремено се запреле во Шпанија на Франко.

Во 1948 година, тој успева да добие жителство на Италија, која во наредните 42 години ја напушта само за да се одмора во Австрија и во Германија. Од 1958 година, тој живее под името на „професор Џовани од Унгарија“ во римската населба Монтесакро на ул. „Виа Понца“ 6/7.

Тој ги ужива привилегиите на својот долгогодишен познаник Анџело Ронкали, кој во периодот од 1925-1934 година е апостолски претставник на Ватикан во Бугарија, а потоа, до 1939 година, е апостолски пратеник во Турција, државата во која Михајлов добива прибежиште. Во 1958 година Анџело Ронкали е избран за папа Јован XXIII. За разлика од Павелиќ и други усташки лидери, Михајлов не ги користи добрите врски со Ватикан за да се извлече преку „ каналот на духовите “ и да најде сигурност во Јужна Америка. 

Кога во 1946 година, во „ народно - демократска “ Бугарија и последните преостанати ченови на ВМРО на Михајлов, под раководство на Кирил Дрангов и Владо Куртев, се ликвидирани, приврзаниците на Протогеров, сега поврзувани со БКП, прават кариера во различни министерства и особено во Државната безбедност на НРБ.

Исто така, и во новата југословенска Република Македонија тамошната комунистичка тајна полиција ги задушува обидите за реорганизацијата на истомислениците на Михајлов. Од тој момент во сталнистичка Бугарија, како и во Титова Југославија, „михајловист“ се претвора во етикета, застрашувачка за живот.

Меѓутоа, сепак во 1978 година, долгогодишниот државен претседател и раководител на партијата на Бугарија, Тодор Живков, дава наредба да се востанови таен контакт со прогонетиот во Италија - Михајлов. Мотив за тоа е разгорениот бугарско - југословенски спор за Македонија, поконкретно: прашањето дали постои македонска нација како тврдат од Белград и од Скопје, или дали поголемиот дел од населението на Македонија се Бугари, како што сметаат во Софија. Факт што во тој спор Михајлов застанува на бугарска страна ( факт кој дополнително ќе се утврдува, зоштo ) , го прави за Живков важен сојузник против Југославија, пред се’, среде бугарската и македонската дијаспора во Северна Америка и во Океанија. Во исто време, Михајлов гледа во комунистичка Бугарија партнер против Тито и Лазар Колишевски и против нивниот проект за одделна македонска нација со национален јазик, национална литература, национална црква и специфична македонска - а не бгуарска идентичност.

Тито и Лазар Колишевски се комунисти за Македонија, HO САМО на Bардарскиот дел на Македонија како федеративна република во сколоп на НР или подоцна СФР Југославија, додека, Михајлов, е анти - комунист кој непоколебливо ја следи целта - „ Обединета, Cлободна и Hезависна Македонија '' со главен грд Солун. 

Треба да се напомене за да Тито и '' учениците '' на Тито ја одржат после 1945 година НР или подоцна СФР Југославија имаат убиено над 170.000 анти - комунисти од различни национални единки,.. само господ зане колку се ставени во затвор или иселени. После 1991 година видовме како заврши тој '' социјал - комунистички сон'' на Тито - ''СФРЈ'' ,.. заврши во уште едно големо крвопролевање.

Податокот од 170.00 лица убиени од страна на кумунистите на Тито бил изјавен кога висока екс југословенска делегација, која отишла за да му ја честита победата на Хомеини во Иран. На прашањето:

'' Зошто одите да му честитате на алатојахот Хомеини... тој за да дојде на власт има убиено околу 10.000 привразаници на штотоку соборениот ирански ( персиски ) Шах ? ''

Одговорот на овој дрзко арогантен нецивилизиран џелат, пардон ''дипломат'', кој името не сакам да му се памети повеќе, ( податокот е добро заведен само нема никаква правна вредност повеќе, ма морална да ), значи одговорот бил:

'' Па ние во Југославија имаме убиено од 1944 па до сега 170.000 анти - комунисти, па никому ништо ''.

Значи југословенските '' ученици '' на Тито имаат егзикутирано '' само '' 170.000 лица,... ма до таа година кога алатојахот Хомеини стапи на власт во Иран.

Денес '' учениците '' на Тито и Тодор Живков се декларирани капиталисти,.. ма '' другари '', пардон ''господа'', наредетесе на ред има колона пред вас.

Што да кажеме за Борис 3, бугарскиот цар со германски корени,.. да така б'лгари имавте германски цареви ,.. германски тирани oд '' увoз '', цареви кои станаа и тие '' прави '' б'лгари, a од народите во Б'лгарија правеа на сила б'лгари, кoj со сите сили настојуваа да го уништат македонското ослободително движење и не само тоа ослободително движење.

Меморијата на цар Борис 3 му беше кратка, заборави во минатото кога македонскaтa патриотскa организација ВМРО го одбрани безброј пати твојот престол од комунистите, како во случајот со Деветојунскиот преврат и Септемвриското востание во 1923 година , едниот водач на ВМРО нареди да се убие - Тодор Александров, а другиот нареди да се осуди на смрт - Ванчо Михајлов. Така да во 1944 немаше повеќе ВМРО, пак да те брани како во минатото од комунистите, па избега како уплашен зајак надвор од комунистичка Бугарија... '' Мајка Б'лгарија'' нете '' искаше '' повеќе.



Запрашан дали многубројните порачани од него смртни пресуди на бугарски и на југословенски политичари и службеници и особено против членови на ВМРО, му тежат на неговата совест, Михајлов одговора дека такви слични пресуди се негово дело само при отежнувачки случаи на предавство или, пак, при злоупотреби со пари на организацијата, како и во случаи кога смртните пресуди правно биле издржани и изречени од легални органи на ВМРО.

„ Ми се наложуваше да потпишувам смртни пресуди на мои пријатели “,

признава Михајлов, сочувствувајќи сам со себеси, за време на разговорот со бугарскиот службеник во Ватикан, Георги Елдаров. Според него, ВМРО била „суверена државна структура“ и „ дејствувала како другите држави “. Тоа дека бројот на смртните пресуди во споредба со другите држави бил повисок, Михајлов го објаснува со состојбите дека „организацијата немала затвори за издржување на тие што ги прекршиле правилата на уставот“. 

По епохалната 1989 година, во Бугарија и во новата Република Македонија се појавуават независни македонски политички партии, кои се сметаат за организации - наледници на ВМРО.

Во сегашна демократска Бугарија, бившиот шеф на ЦК на ВМРО Михајлов е сметан за национален херој. Тоа јасно се гледа од чинот на подигнување на неговата спомен - биста.

Од друга страна денес, во Македонија, Иван Михајлов, роден во 1896 година, во источномакедонскиот град Штип, е делумно рехабилитиран - и покрај неговите погледи за националното прашање. Во 2000 година неколку пратеници од македонското Собрание учествуваат во панихидата што му е отслужена на атентаторот - камиказа од ВМРО, Владо Черноземски, кој во 1934 година во Марсеј се справува исклучително успешно со задачата дадена од Михајлов. Во 2002 година во центарот на Скопје се открива спомен - плоча и за една друга атентаторка - камиказа од ВМРО, Мара Бунева, која во 1928 година, исто така по наредба на Михајлов, застрелува висок белградски службеник, а потоа се самоубива. 

Александров ќе убива бугарски, а Михајлов српски политичари. Од позначајните е атентатот генералот Михајло Ковачевиќ извршен на 5 октомври 1927 година во Штип. Во него стрелале штипјанецот Ипократ Развигоров и кумановчанецот Благој Кралев, испратени од Софија. Ним им помагал штипјанецот Илија Лилинков. Два дена по убиството српската полиција ги открила. Жив го фатиле само Благој Кралев, а Ипократ Развигоров и Илија Лилинков се самоубиле.

По атентатот српската власт немилосрдно се одмаздувала. Тогаш со стапови бил убиен 75 - годишниот татко на Илија Лилинков, а таткото на Михајлов и неговиот брат ги стрелале на мостот на реката Отиња кај Ново Село. Во затворот жандарми со раце го задушиле братот на атентаторот Развигоров. Се смета дека тогаш биле ликвидирани 200 лица. Преживеаниот атентатор Благој Кралев бил осуден на смрт и стрелан.


И атентатот на Мара Бунева врз српскиот службеник Велимир Прелиќ е дел од терористичката стратегијата на ВМРО на Михајлов. За него се подготвувала во Софија. Во Македонија се вратила во мај 1926 година, а од родното Тетово се преселила во Скопје со намера да убие некој од раководителите на српската власт. Се вработила во кројачки дуќан и шиела облека за жените на познатите српски политичари. Живеела под кирија кај семејство кое било во соседство на убиениот Прелиќ.

Атентатот го извршила на 13 јануари 1928 година на кејот на реката Вардар во близина на денешниот хотел „Холидеј ин“. Три куршуми испукала во Прелиќ, а еден во себе. Тешко ранета ја однеле во болница. Починала наредниот ден. Полицијата ја погребала тајно, така што денес никој не го знае нејзиниот гроб. Семејството Буневи биле познато тетовско семејство. Мара имала двајца браќа и три сестри. Постариот Борис станал бугарски офицер и ги подучувал терористите на Михајлов, а помладиот, Лазар, служел во српската војска на Кралска Југославија, исто така како офицер. Неговите потомци денес живеат во Белград.

Најспектакуларен и најголем одглас во светот имал атентатот што го извршил Владо Черноземски на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

Некои тврдат дека најдобриот и најсаканиот кумитa на BMPO бил роден во едно мало село во Разлошко, во кое неговите родители стасале како бегалци од Македонија. Стојан Христов пишува дека бил роден во 1899 година во штипското село Патрик кое денес не постои. Черноземски најпрво бил лично обезбедување на Тодор Александров, кој го унапредил и го префрлил во казнената дивизија на ВМРО.

Откако му завршил многу крвави задачи, Михајлов му го позајмил Черноземски на Анте Павелиќ за да го убие српскиот крал. Атентатот во Марсеј бил извршен на 9 октомври 1934 година. Черноземски покрај кралот го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Притоа бил убиен и тој од француски полицаец, кој го го исекол со сабја. Дека атентаторот е македонски кумитa Французите дознале по четирите букви ВМРО истетовирани на телото на Черноземски.

Пред тоа терористот Иван Момчилов се обидел да го убие српскиот политичар Жика Лазиќ во неговата канцеларија во Белград. Иако во него испукал четири куршуми, Лазиќ преживеал. Станал губернатор на Вардарска Македонија и министер за внатрешни работи на Кралска Југославија.


Македонец, член на ВМРО требало да изврши атентат врз Хитлер. Како што пишува Џулен Емери, човек од британските тајни служби, се’ било подготвено за атентатот, меѓутоа, поради обични човечки слабости сите планови пропаднале. Македонецот требало да го убие Хитлер за време на негова посета на австриски град. Атентаторот обезбедил и добро место од каде требало да стрела спријателувајќи се со тамошниот конзул на Бугарија која беше сојузник на нацистичка Германија. На пречекот на Хитлер требало да седи заедно со конзулот во непосредна близина на Хитлер и така да го убие. Меѓутоа, вечерта, непосредно пред посетата на фирерот, навратил во барот на хотелот, испил неколку чаши, при што му испаднал револверот. Го пријавиле на полицијата која го уапсила и го протерала.

Британскиот таен агент не го соопштува името на атентаторот ниту, пак, го споменува местото од каде потекнувал. Единствено нагласува дека припаѓал на македонска терористичка организација. Боледувал од рак и му преостанувале уште два месеца живот и поради решил да го жртвува животот.


     Фактот дека мирно починатиот на 5 септември 1990 година, на библиска возраст од 94 години, прогонетиот во Италија порачал стотици политички убиства, во Бугарија и во Македонија се пренебрегнува со определена цел.

Вистината дека Турција, Полска, Унгарија, Хрватска, Австрија го прикривала и го заштитувале Михајлов, и покрај тоа што тој официјално бил баран од Бугарија поради обвиненија за терористичката дејност, во тие држави нема никаква улога.

Bо општествената памет на Италија, како и во Германија, сојузникот на Мусолини и Хитлер е целосно заборавен.

Официјалната бугарска политика секугаш е била да од: македонците, траките да не ги заборавиме потомците на Xан Аспарух кои биле верни татари кaкo и другите народи во Бугарија, без разлика на нејзиното државно уредување, да прави од овиe народи '' бугари '' или '' б'лгари '', заедно ма НИКАКО посебно.

Кога ВМРО на писмено во уствот има донесено да се бори за Македонија како НЕЗАВИСНА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА држава и се раздели од Бугарија, преку ноќ ВМРО била забранета во Бугарија, а Михајлов спасил едвај жива глава со бегство. За да не ризикуваат и со друѓите, бугарската влада по наредба од бугарскиот цар ѓи забранила сите политички партии.

Внчо Михајлов бил осуден на смрт од бугарскиот цар и суд, веднаш откато се диќарилал на писмено, само затоа што бил за НЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА со главен град Солун.

Ванчо Михајлов се појави за кратко во 1944, за преговори со комунистите на Ченто за евентуална Независност на Македонија... под заштита на Третиот Раих. На големо разочарување за Ванчо Михајлов,Ченто и македонските комунисти биле против.

Ванчо Михајлов за ја потикне борбата мeѓу македонските против бугаpските комунисти, јавно не признавал македонска нација.

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

Кога Јане Сандански 1912 наздравил пред бугарските офицери во штотуку '' ослободениот '' Солун, за: НЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, едвај спасил жива глава да не биде убиен од бугарскките офицери.

 

МИСТЕРИЈАТА ОКОЛУ УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ СЕ СВЕДУВА НА СЛЕДНИВЕ ФАКТИ:

1. Откако Тодор Александров увидел дека Бугарскиот Цар и Двор немаат никаква, ниту имале нeкаква намера да дадат, ниту се ангажираат за Независна Обединета Македонија ма само глумат, Тодор Александров водачот на ВМРО го потпишува Мајскиот Манифест, во кој сите десни македонски сили ( Македонските кумити од ВМРО ) и македонски леви сили ( Mакедонскките комунисти на чело со Димитар Влахов ), се обединуваат и имаат за цел Обединнување на Македонија во една сувeрена држава со главен град Солун.

2. Ванчо Михајлов кој бил секретар на ВМРО го фотографира штотоку потпишаниот МајскиМанифест, го носи и дава тој дoкумeнт на ''сребрен послужовник'' на Воениот Cојуз на Бугарија, а со тоа и до бугарскиот Цар. Царот на Бугарија преку Воениот Сојуз го ангажирааат потполковникот Георги Атанасов близок пријатл на Алеко Bасилев - Паша, член на ВМРО и докажан анти - комунист ( Aлеко Паша лично го има егзикутирано внукот на Гоце Делчев, кој бил еден од главните организатори на комунистичкото - Септемвриското Востание во Бугарија, во кое земале голем број на македонци ) да најде луѓе кои ќе го убијат Тодор Александров. Со претест на Воениот Cојуз на Бугарија на Алеко Паша дека Тодор Aлександров станал комунист. Hа Aлеко П. му било ветено дека Воениот Сојуз ќе го подржи за да тој стане следниот раководител на ВМРО.

3. Кога T. Aлександров слушнал дека се подготвива атентат врз неговата личност, Александров можеби наводно се предомислил за потпишаниот Мајски Манифест и свикал конгрес на ВМРО, ма се било касно неговата судбина веќе била одлучена.

4. Физичките извршители на убиството биле Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров. Двајцата физички убијци, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.

5. Hа 12 септември 1924 година во Горна Џумаја беа ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани. Таму беа ликвидирани војводата Алеко Паша и полковникот Георги Атанасов, кои, според Михајлов, го нарачале убиството. Ако сметале дека тоа било извршено по нивна наредба, зошто не ги фатиле живи и не ги испитувале, туку веднаш ги ликвидирале?

''Алеко Паша бил убиен од зад грб од Кирил Дрангов, а Атанасов го ликвидирале откако се предал и додека бил носен по улиците на градот. Во него немал ниту пиштол. Зашто ако ги фателе живи и нe ги испрашувале, сигурно некој од нив ќе кажел нешто околу убиството. Значи, некој имал интерес да не се дознае вистината“

Иван Караџов, кој бил сведок на убиството на полковникот Георги Атанасов. Тој во своите спомени раскажува:

„ На разденување јас доаѓав од горниот крај на градот по главната улица кога видов дека наспроти мене ми се покажаа 4 - 5 четници, кои го носеа потполковникот Атанасов разоружан кон мене. Јас подзастанав, беа на педесетина чекори кога четникот Киро Црниот го насочи револверот во тилот на Атанасов и пред да му викнам да не го застрелува, тој пукна викајќи:

'' Уште ли си жив бре куче'',

Атанасов паднал на земја неподвижен.

Ми беше многу мачно, зашто Атанасов кој се предаде, без сомнение, ќе ни откриеше многу тајни во врска со убиството на Тодор. Јас бев убеден дека тој се предал доброволно“,

се сеќава Караџов

Значи ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани.

Со овие факти ма, не само од овие се заклучува дека: Бугарската официјална политика била: монархија, комунизам, или '' демократија '', никогаш не подржувала Независна Македонска држава,.. до ден денес ја негира македонската нација, јазик и култура како посебна, иако нашиот македонски народ и култура постои барем 2 млилениуми по прво од како се појави првиот '' б'лгарин '' на Земјата.

Дека и кнез Фердинанд уште во 1901 бил против Независна Мкаедонска Држава... во врска на така нареченото '' Горноџумајско востание '', каде кнезoт бугарски '' наводно'' го подржувал тоа востание на македонците, ма категорично го саботирал.

..... Кметот на с. Лешко, Китан Ајдучки не само што не ги организирал селаните туку заминал кај кајмакамот на Горнаџумаја со повикот кој го примил од одредот Пирин Планина. Од друга страна во текот на дејствата бугарската влада ги затворила границите за македонските чети и почнала да ги гони и проследува. Во врска со оваа акција Борис Сарафов во интервјуто со Амфитеатров во 1901 година истакнува:

    '' Автономаната Mакедонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство нe толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети?

Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македоските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада.

Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите.

Владата мечтаеше за Санстефанските граници,.... кнезот Фердинанад го примамува ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија ''.

* ( под поимот '' венци '' Cрафов мисли на Тракија и евентуално нa некоја си '' тема ''- провинција - Mизија од Ромејско ).

На 6 април 1896 година, штотуку признатиот бугарски кнез Фердинанд 1 се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ. Фердинанд ја истакнал потребата од српско - бугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија.

Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се расправале за раженот, зајакот се уште бил во шума. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:

Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик.

Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција.

 

Грчкиот премиер Трикупис во 1899 година повеќе мислел на грчко - турска војна, отколку на балкански сојуз.

Според него, грчки ривал на Грција во Македонија била Бугарија. Тој сметал дека расплетот на македонското прашање ќе дојде по една голема војна по 3, 5 или 8 години. Трикупис сметал дека Македонија ќе биде грчка или бугарска, зависно од победникот во војната.

Доколку победат Бугарите, ќе успеат да го словенизираат населението до Тесалија. Ако победи Грција, ќе ги направи сите Грци до Источна Румелија.

 

Во 1908 г., австрискиот министер Алојз Лекс фон Ерентал ја анектирал Босна и Херцеговина. Оваа област, врз основа на Берлинскиот конгрес, била под австриски мандат, но формално-правно таа сè уште била дел од Османлиската империја. Областа била анектирана без консултации со останатите големи сили. Франц Јосиф1 во царска прокламација од 7 октомври 1908 истакнал:

'' Кога пред едно поколение Нашата Војска ја прекорачи Вашата земја, дедено ви е Вам уверување, дека не дошле како душмани, туку како Ваши пријатели со цврста волја, да ги остранат сите зла, кои Вашата татковина со години тешко ја притискале. Овие зборови, дадени Вам во оној сериозен момент, чесно е одржана. Нашат влада отсекогаш сериозно се трудела во мир и законитост внимателно да работи, а на Вашата татковина да и донесе среќна иднина '' ...

Србија од стратешки интереси имала територијални претензии кон оваа област. Србија извршила мобилизација и ја повикала Русија на помош, Австро - Унгарија се обратила кон Германија. Со тоа е создала првата криза која ја тресела Европа во почетокот на 20 - ти век.

Русија била подготвена да влезе во војна, но под влијание на Франција се откажала од таквата намера.

Во целата криза била вовлечена Бугарија и кнезот Фердинанд. На Австро - Унгарија ѝ бил потребен сојузник на Балканот, кој би ја неутрализирал Србија во евентуална војна и Виена го избрала Фердинанд. Неколку дена пред самата анексија, во Виена биле водени тајни преговори меѓу Фердинанд и Франц Јосиф. Кнезот прифатил да биде австриски сојузник, под услов да се прогласи за цар и Бугарија да стане независна држава. Условите биле прифатени. По извршената анексија, Србија своите територијални апетити можела да ги задоволи само кон југ ( Македонија ) и југозапад ( Албанија ).

 

Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов

Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етнич­ките разлики помеѓу Маке­донците и Бугарите, туку и за денешните Маке­донци јасно се ве­ли дека се директни потомци на славните антички Македонци!

Еве што пишува во овој документ:

„Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светски владетели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зошто да не се случи истото и со Македонците?..

Зoшто ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после толку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! ... Бугарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е македонско.

Зошто Бугарија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? Зарем Македонците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари - толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голема! Едните биле на Балканскиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дошле во 7 век... Доста веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ!

Време е да се викне: Македонија на Македонците. Ослободената бугарска Македонија да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Македонија додека е време!“.

Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пишуван е во декември  1932 година. Ова значи дека и меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го прифаќале античко македонско етничко потекло.

Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Alexander the Great” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен владетел. На Собранието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претседател на оваа организација бил Никола Меланов од Костурско, а во раководството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинството членови на оваа организација биле Македонци од преспанските села.

1924 Lorain, Ohio, Macedonian Partiotic Organisation (MPO) Alexander the Great


Огранокот на МПО во 1924 година (Македонска Патриотска Организација) од Лорејн, Охајо, САД, својот огранок го крстил Александар Велики.

1924 Lorain, Ohio, Macedonian Partiotic Organisation (MPO) Alexander the Great.

Во историските записи стои: во три прилики Бугарија понуди да им го предаде нејзиниот дел од Македонија на автономистите, ако Југославија и Грција би дејствувале на сличен начин. Американската делегација на мировната конференција во Париз, поддржана од јапонската и италијанската делегација, официјално предложи автономија на Македонија, но француската делегација, на иницијатива од српската, решително се спротивстави и беше издејствуван компромис преку клаузулите за малцинствата во Договорот од Сен Жермен.

 

 

Софија ги конфискувала значките со натписот „Независна Македонија“ оти внесувале смут во Битолско


Слобода или смрт, ВМРО за Независна Македонија




"Бугаринот Атанас Ј. Пеев, полициски началник во Битола за време на фашистичката окупација на Македонија, на 18 мај 1943 година испратил циркуларно писмо до кметовите и раководителите на полициските станици во околијата со наредба веднаш да се конфискуваат старите значки на организацијата „Илинден“, на кои пишува „Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“,.... и сите да се испратат во Софија.





Бугаринот Атанас Ј. Пеев, полициски началник во Битола за време на фашистичката окупација на Македонија, на 18 мај 1943 година испратил циркуларно писмо до кметовите и раководителите на полициските станици во околијата со наредба веднаш да се конфискуваат старите значки на организацијата „Илинден“, на кои пишува „Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“, и сите да се испратат во Софија.

Според наредбата на Пеев, граѓаните што имаат вакви значки ќе добијат нови без натписот „Независна Македонија“. Замена за „Независна Македонија“?! Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, кој го открил овој интересен документ, истражувајќи во трезорите на институцијата што ја раководи, смета дека документот можеби им е познат на историчарите, но мисли дека сепак би било добро и јавноста да се запознае со него. Станува збор, вели тој, за циркуларно писмо потпишано од Атанас Ј. Пеев, околиски полициски началник на Битола за време на Втората светска војна. 

„До г.г. кметови и раководители на полициски станици. Многумина од членовите на организацијата ’Илинден‘ носат значки со две лица, на едната страна е напишано ’Илинден‘, а на другата ’Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме‘.Тие значки се стари, од пред војната, но нивното носење внесува смут кај населението од регионот...Околиски полициски началник Атанас Ј. Пеев“



Kако што е познато, паролата „Независна Македонија“ ја замени паролата „Автономија на Македонија“ по Првата светска војна. Тогаш таа беше прифатена од сите субјекти на македонското ослободително движење. 

Најголемата заслуга за ширењето на паролата „Независна Македонија“ и нејзиното прифаќање како конечна цел на македонското движење ~ припаѓа на ВМРО на Тодор Александров. Така и Илинденската организација, според тврдењата на Георги Баждаров, кој по Првата светска војна бил член на Задграничното претставништво на ВМРО, се појавила „со благослов“ на тогашниот ЦK на ВМРО во состав Тодор. Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Силата и авторитетот на ВМРО на Александров наложиле паролата „Независна Македонија“ да биде преземена од Kоминтерната со цел да ја привлече организацијата на својата страна. Еден од најспособните разузнавачи, Борис Шпак, по средбата со Александров во декември 1923 година заклучил: ’Најзначајниот политички фактор на Балканот е ВМРО, чие освојување е мошне корисно за ВМРО, не само од причини од воен карактер туку и од политички‘. Властите на Бугарија, плашејќи се од ВМРО, му поставиле на Александров ултиматум да престане со четничка дејност и да ја замени паролата ’Независна Македонија‘ со барања за заштита на националните малцинства, но Александров, се разбира, немал намера да се предаде, да се откаже од главната цел на својата борба – ’Независна Македонија‘ и затоа платил со својата глава“, смета Петровски, додавајќи дека сите индикатори укажуваат дека нарачател на убиството на Тодор Александров е бугарската власт. Според тоа, вели Петровски, се прашувам дали ВМРО на Тодор Александров не заслужува конечно да го заземе своето заслужено место во македонската историја?„Ослободена Македонија“ на знаме од Илинденското востание!

Бугарската фашистичка власт за време на Втората светска војна веројатно заменила дел од значките на кои пишувало „Независна Македонија“ со значки на кои веројатно пишувало „Целокупна Б’лгарија“, но македонското чувство и борбата за македонска независност секако не може да се избришат со декрет и циркуларно писмо. И пред тоа, за време на Илинденско востание, биле изработени повеќе востанички знамиња на револуционерни окрузи, околии и чети кои имаат големо историско значење за македонската историја. 

Знамето на охридската револуционерна организација, според Антон Kецкаров, член на револуционерното началство на Охридската околија, го изработил Kлимент Заров со димензии 105,8 на 79 см, а везилки на знамето биле учителките Поликсена Масин, Василка Размова, Kлија Самарџиева и Kостадинка Настева - Бојаџи. Војводата Христо Узунов, во својот дневник, меѓу другото запишал дека знамето било осветено во месноста „Игралиште“, на Kуратичкиот Рид, во присуство на 600 востаници и многу народ. Осветувањето го извршил свештеникот и револуционер Васил Ангелов од село Лешани. На знамето, на едната страна е претставен разгневен исправен лав, свртен на левата страна, извезен со темноцрвен и малку црн копринен конец. Околу лавот, во форма на круг, со темносребрена срма е извезен текстот: „Бог со нас. Напред момчиња! Победата е наша. Охрид 1903 год.“ На другата страна е извезена девојка, која во десната рака држи меч, а во левата рака држи знаме на кое пишува: „Слобода или смрт“. Девојката е во бел фустан, а до неа стои лав во темноцрвена боја. Лавот со двете предни нозе се држи за знамето. Околу девојката и лавот со темноцрвена срма е извезен текстот: „Македонија, Втор округ, шеста околија“. Значи, не пишува Бугарија, туку Македонија. 

Револуционерното знаме на Струшката револуционерна околија било изработено кон крајот на 1902 година, а за неколку сантиметри е поголемо од охридското знаме. Знамето го навезле Славка, Анастасија и Милица Чакареви, заедно со Царева Деребанова. На едната страна на знамето е извезена девојка. Во десната рака девојката држи меч, а со левата држи знаме со текст: „Слобода или смрт за Македонија“. 

Kратовското востаничко знаме на предната страна има лав во златна боја, а под него стои - „Македонија, 1903 година.“ На знамето на Разловечкото востание од 1876 година исто така е претставен лав, а подоцна, во документите на Димитар Поп-Георгиев Беровски, е најдена белешка со неколку обиди да го прецрта лавот од книгата „Стематографија“ на дојранецот Христофор Жафаровиќ. Затоа лавот на знамето и лавот од грбот на Македонија на Жафаровиќ личат еден на друг. Во книгата на Жефаровиќ македонскиот лав е даден одделно од другите. Тој е црвен на жолто поле, за разлика од бугарскиот кој е жолт на црвено поле. Под македонскиот лав пишува „Македонија“ и се појавил во исто време кога се појавиле и грбовите на Србија, Бугарија и на другите балкански народи. 

Знамето на Разловечкото востание е широко 186 сантиметри, а високо 165 сантиметри. Во средината на знамето има жолто-златен правоаголник со размер 54 на 76 сантиметри. Во полето со копринени лилави конци е извезен разјарен лав, исправен на задните нозе. Знамето било шиено и везено во Солун, кај опитни мајстори, па затоа Разловечкото знаме е најквалитетното историско сочувано знаме на македонскиот народ. Следната година се навршуваат 140 години од неговото настанување, па можеби, би било добро да се одбележи таа годишнина како своевиден празник на македонското знаме, како што се одбележува во некои соседни земји. 

Kумановското знаме од Илинденското востание исто така е изработено во карактеристично црвена боја со востаник во средината. На другата страна на знамето пишува „Ослободена Македонија“! Мошне интересно и убаво е и знамето на македонската револуционерна околија од Kукуш. Специјалното црвено платно било купено од Солун, а знамето меѓу востаниците го однела Ана Малешевска, ќерка на Никола Малешевски. Знамиња со познатиот слоган „Слобода или смрт“, со лав или со девојка што го гази турското, отоманско знаме, имале и револуционерните околии во Kостур, Д’мбени, Банско... Македонија и во револуционерните печати! Македонското востание кое во историјата е познато како 

Kресненско-разлошко востание е кренато на 5 октомври (стар стил) 1878 година во селото Kресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Освен оригиналниот печат на револуционерниот штаб на востанието, со натписот македонско востание, а во средината и началник на штабот, печат кој се чува во Историскиот музеј на Македонија во Скопје, сочувани се и дел од најзначајните печати од Илинденското востание. Пред тоа, во 1894 година и Македонската револуционерна организација имала печат во кој стои врежан називот „Македонски револуционерен централен комитет“. Зачуван е документ од 1896 година со отпечаток на овој печат на македонскиот револуционерен комитет. Меѓу значајните печати секако се и осумте сочувани оригинални печати или отпечатоци од печати на наредби од Илинденското востание, меѓу кои се и печатите на Тиквешкиот, Огражденскиот, Гевгелискиот ,Охридскиот, Ениџе-Вардарскиот и два печата од Kумановскиот револуционерен округ. 

Mакедонските симболи, особено знамињата, револуционерните печати настанале како резултат на потребата од замена на своерачните потписи на војводите или раководителите на македонската револуционерна организација, но пред сe како афирмација на автентичноста и веродостојноста на македонското револуционерно движење. 

Двата печата на кумановската револуционерна околија од Илинденското востание се изработени од бронза. На нив се прикажани вкрстени кама и револвер и текст „Слобода или смрт за Македонија“. Во кружната линија по работ на печатот пишува: „Револуционерна организација - кумановска околија“. Печатот на Огражденскиот револуционерен комитет е откупен од Стојан Нивички за Музејот во Струмица од село Нивичани, син на Атанас Нивички - Брадата, познат војвода од струмичкиот крај и близок соработник на Гоце Делчев. Печатот е изработен во бронза со пречник од 54 милиметри. Во средината на печатот има револвер, кама, бодеж, факел, кеса со барут, а врз нив експлодирана бомба. Над амблемот е изгравирано востаничко знаме со текстот „Слобода или смрт“. 

Оригиналниот печат на гевгелискиот војвода Kоста Попето, исто така од бронза, бил откупен во 1952 година од Сандо Христов од Струмица. Тој е единствен сочуван печат со името на еден војвода од Илинденскиот период. Станува збор за исклучително вредни материјални докази за историјата на македонскиот народ, факти што говорат за македонскиот карактер на револуционерната борба како и за степенот на организирање национално-ослободителното движење на македонскиот народ. 

Според тоа, наредбата на Атанас Ј. Пеев, околиски полициски началник на Битола, од мај 1943 година, за набавка на нови значки, без натписот ’Независна Македонија‘, претставува само панична реакција на власта која мисли дека со конфискација и испраќање во Софија на сите значки со натпис „Независна Македонија“ ќе бидат конфискувани и испратени и во Софија и Македонија, и Македонците и револуционерната борба на македонскиот народ за своја, независна, македонска држава.




Денес прецедателот на ВМРО во Бугарија, Каракачанов нема ништо со Mакедонците, со Mакедонската етничка припадност, бидејќи тој е припадник на етничката припадност ''Каракачани''..... Е да народе, дали знаете дека постојат и ''каракачаните''.

Каракачанов само сака да врши раздор меѓу Mакедонците.

Каракачанов бифши комунист и бифши таен агент на комуниститe. Ќе се согласи ли Ванчо Михајлов за оваа генијална идеја.

Припадниците на ВМРО биле закоравени анти - комунисти.

Ма, Каракачанов знае дека како што Mакедонците сонуваат Обединета Македонија, тој не може ни на сон да си замислли ''Каракачанска Држава'', без Обединета Македонија.

Бугарската политика на асимилација не се разликува од таа на грците, а тоа е дека сите сакаат да асимилирааат. Бугарската асимилациска политика сака од Македонците, Траките, Турците, Pоманците, Pомите, Tатарите итн,.. ај ќе ги ставиме и Kаракачаните што во нај голем број живеат во западна Бугарија со границите на Србија, значи таа бугарска држава сака и прави од различни народи - ''б'гари''... a Каракачанов прецедателот на ВМРО во Бугарија е најголем подрзжувач на таа бугарска асимилациска политика.

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.