v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

  МАКЕДОНИЈА ОД 1941 ДО 1990 година   

 

 МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА   

-- Во 1941 година, веднаш по распаѓањето на грчката држава, четворица националистички генерали на тогашниот квислиншки диктатор, генерал Чолакоглу, во Атина ја распнале картата на Балканот и на собраните офицери, од типот на џелатот Зервас, им ги дале своите упатства: Зад Олимп е Македонија и вие морате да го дадете животот за да ни ја вратите повторно таа земја во нашите пазуви, ако одбивате да го дадете животот во името на Елада, тогаш останете во Атина и живејте како просјаци..!

 

        Откако Грција во 1941 е окупирана од Италија, Германија и Бугарија, на територијата на Северна Грција се формираат неколку организации на отпорот. Некои од нив се борат против фашистичките окупатори, како ЕДЕС (десна организација водена од Наполеон Зервас), додека други се колаборационистички - но заедничко за сите нив е што сите го напаѓаат невиното македонско население во северна Грција, гледајќи ги Македонците како потенцијална опасност.

     Овој терор е продолжение на теророт за време на режимот на Метаксас, но со многу поѕверски средства. Тука е и ЕЛАС, партизанска армија водена од Комунистичката партија на Грција (КПГ). Иако ЕЛАС во неколку наврати навлегува во македонските села и врши присилна мобилизација, Македонците ја симпатизираат заради позитивниот став на КПГ кон етничките малцинства во Грција.

  Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Батаљони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западна Егејска Македонија. Конфискации, силувања на девојки и егзекуции извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.  

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија, меѓу отсечените глави е и главата на Васил Чакаларов

 грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија, меѓу отсечените глави е и главата на Васил Чакаларов   

жените на македонските борци тепани и силувани

жените на македонските борци тепани и силувани

      

,... Hадвор од селото упатувајќи се се до Русилово, Кдрво. Имено, Поповски бил ангажиран во пренесувањето на партизани до одредена дестинација. Раскажува за тоа како со уште двајца другари пренеле некои личности од Југославија, кои се наоѓале во Жерви, преку Русилово за Кдрво, влашко село над Каракамен. Кон крајот на 1943 година заминал за Родево. Кога се воделе борбите на Мухарем со бугарската охранаа (заштита), која ги изгорела селата, тој бил курир. Во 1944 година, кога се насетувал крајот на војната и кога Грците сакале да ги разоружаат Македонците, а при тоа да ги измешаат партизаните со грчките единици, македонските единици кои биле поорганизирани се префрлиле во Југославија.

Се потсетува и на тоа како една група партизани од Битола тргнала пеш кон Велес, каде им бил организиран убав пречек, па потоа дошле во Скопје, по што својата единица ја пронашле во селото Врапчиште, Гостиварско. Задачата на таа бригада била да ги исчистат балистите, остатоците на фашистите. Во овој крај останале до февруари.


 

Автентични сведоштва на учесниците и жртвите на Граѓанската војна во Грција што сеуште трае 

 

   МАКЕДОНИЈА -   ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА  (ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА )

На 19 април 1941 г. при навлегувањето на бугарските единици во Струмица,.... 

 

 

злосторства на бугарската окупаторска армија и полиција врз населението во Централна Македонија 

????? ??????????? ??? ??????????? ?? ??????? ??????????

На заседанието на АВНОЈ 1943 во Јајце, Македонскиот народ бил признаен за рамноправен со останатите народи во идната Југославенска држава

'' MAKEDONIA UNDER BULGARIAN OCUPATION - PIRIN PART OF MAKEDONIA''

'' 1946 Bulgaria, under the leadership of Geogi Dimitrov officially recognizes the existence of the Makedonian nation and the right of the Pirin part of Makedonia to be attached to the People's Republic of Makedonia. The majority of the population in the Pirin part of Makedonia declares itself as Makedonian in a free census for Bulgaria .

1956] In the Bulgarian census of 1956, the majority of the population of Pirin Makedonia again declares itself as Makedonian. Since then Bulgaria under nationalist Todor Zhivkov reverts its decision of recognizing the Makedonian nation and once again forbids free expression of Makedonian nationality and language''.

Писмото што е испратено на 17 август 1946 е официјална кореспонденција помеѓу генералниот секретар на Бугарската работничка партија (комунисти) Георги Димитров и Јосип Броз Тито. Документот денес се чува како реликвија на официјалната документација со која располагал Централниот комитет на СКЈ и КПЈ.

Пиринскиот крај да се присоедини кон Македонија

Димитров во дописот го информира Тито за одлуките на десеттиот проширен пленум на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (БРПк), кој бил одржан на 9 и 10 август 1946 година.
Дописот почнува со констатацијата дека основната цел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија. За тоа да се случи, пишува Димитров, треба да претстои организирано обединување на другите делови на македонскиот народ врз база на Македонската Народна Република, која би функционирала во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.
Понатаму авторот изнесува друг заклучок на Бугарската комунистичка партија, кој вели дека требало да се направат соодветни подготовки за да се формираат потребните услови целиот процес да се изврши, а со што би се финализирал планот за обединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија.
Токму присоединувањето, според бугарскиот комунист и тогашен водач на Бугарија, било од големо значење како за самите Македонци така и за Отечествениот фронт на Бугарија и на Федеративна Народна Република Југославија.


Да се учи и да се шири македонскиот јазик и култура

Димитров во својот службен допис до Тито посочува дека за да се изврши присоединувањето на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија требало систематски да се работи врз културното зближување на македонското население од овој крај со она население што живее во Народна Република Македонија.
- Треба да се популаризираат во јавноста успесите на Македонската Народна Република, на македонскиот јазик и на македонската литература, а со тоа во пиринскиот крај луѓето да се запознаат со историјата на македонскиот народ.
Понатаму, според она што е напишано во документот, Димитров предлагал во училиштата во пиринскиот крај да почне да се учи на македонски и да се работи активно врз олеснувањето на пограничните услови помеѓу Македонија во Југославија и пиринскиот крај.
Шефот на Бугарската работничка партија му објаснува на Тито дека во иднина двете држави требало заеднички да работат на подобрување на широкиот заемен контакт на македонското население од едната и од другата страна на границата и да се преземат низа други мерки што би гарантирале културна автономија на пиринскиот крај, со што би се овозможило да се развива националната свест на македонското население и би се олеснило неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во Народна Република Македонија.


Дописот детално разработува стратегија што вели дека е неопходно активно учество на Македонците во борбата на Отечествениот фронт заради зацврстување на демократскиот режим во Бугарија.
- Македонците од пиринскиот крај треба да имаат свои македонски кандидати на изборите за Великото народно собрание, а во самото Велико народно собрание своја македонска парламентарна група - пишува Димитров.


Бугарскиот комунист објаснува дека тогашниот весник „Пиринско дело“ треба да има главно македонски карактер и во сето време треба да води решителна борба против михајловистите и нивните странски покровители, кои се опасни непријатели на националното обединување на македонскиот народ, на расцутот на Македонската Народна Република, на братскиот сојуз меѓу Бугарија и Југославија и на словенското единство.
Токму овие активности, истакнува Димитров, ќе помогнат да се спречат великобугарскиот, великосрпскиот и великогрчкиот шовинизам на овие простори, а со тоа ќе се воспостави најтесна соработка меѓу пиринските Македонци и македонската емиграција во Бугарија, заради активна поддршка на Македонската Народна Република.

Присоединување со сојузен договор

Во службениот допис на БРП(к) доставен до КПЈ уште се наведува дека територијалното присоединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија треба да биде врз база на сојузен договор меѓу Бугарија и Југославија. Токму овој договор требало да ги земе предвид волјата и заедничките интереси на самиот македонски народ, исто така и правото на кооптација (воведување) на бугарското државјанство за жителите на пиринскиот крај, кои евентуално би сакале да го искористат тоа право.

Бришење на границите меѓу двете земји

Самиот договор со кој ќе се регулира македонското прашање ќе го опфати и враќањето на западните окупирани покраини на Бугарија, кои сега се наоѓаат во Југославија. Тука се мисли на деловите од сегашниот димитровградски и босилеградски крај. Димитров во писмото посочува дека БРП(к) смета дека сѐ што ќе се случи со ваквиот договор би било во интерес на македонскиот народ и на државите Бугарија и Југославија.
Самиот план што го разработеле комунистичките партии на Белград и на Софија предвидувал да се изврши практично спојување на двете држави преку територијата на Македонија. Тоа би било изградено на начин што фактички не би постоела царинска или која било друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква граница не постои меѓу Народна Република Македонија и другите единици на Федеративна Народна Република Југославија. Писмото Димитров го завршува со ветување дека тој ги обврзува сите членови на партијата и пред сѐ членовите од пиринскиот крај да се придржуваат строго и да ја спроведуваат практично оваа партиска директива за македонското прашање и ѝ препорачуваат на македонската емиграција со сите средства да го помага зацврстувањето на овој договор врз база на сојуз меѓу Отечествено-фронтовската Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија.


Од историјата е познато дека во Пиринска Македонија до 1948-та постојат библиотеки, училишта, театри и литература на македонски јазик, но тогаш Бугарија ја напушта политиката на признавање на македонското малцинство, за што свое влијание има и Комунистичката интернационала. Димитров и Тито не успеваат да ја реализираат идејата за обединување на двете држави во една федерација. Сепак, Македонците во Пиринска Македонија не исчезнаа, и покрај тоа што официјална Софија ги асимилира со децениската денационализаторска политика.

Во 1890 година во Кнежевството Бугарија биле попишани 3,5 милиони лица

Еве два такви документи:

Во првиот, кој претставува писмо од британскиот амбасадор во Виена Франсис Планкет до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, маркизот од Ленсдаун, од 9 март 1901 година, се прави јасна разлика меѓу Бугарите и Македонците, кои се непожелни во Бугарија, бидејќи „им го зедоа лебот од устите на Бугарите“.

Во почетокот на писмото амбасадорот Планкет му се обраќа на маркизот Ленсдаун со зборовите: „Ве молам да ми дозволите да Ви доставам краток извадок од еден извештај што денес беше објавен во весникот „Information“, во кој е изнесен бројот на офицерите, службениците итн., кои се родени Македонци, и какво влијание има тоа врз владата и администрацијата во Кнежеството (бугарското)“.

Следува извадок од статијата, во која се вели:

„Статистичките податоци во врска со бројот на Македонците што живеат во Бугарија фрлаат јасна светлина врз македонското прашање. Според последниот попис на населението во Кнежеството, тоа изнесува 3.500.000 лица и од последниот попис во 1890 година има пораст од 600.000 лица. Порастот се должи претежно на емиграцијата од Македонија и од Одринскиот вилает.

Емигрантите не носеле со себе ништо, освен своето знаење за разни видови трговија, во која се натпреварувале со Бугарите. Дваесет илјади Македонци се населиле во Софија, 8.000 во Пловдив, а во другите градови бројот на македонските населеници е во пропорционален пораст. Статистичките податоци покажуваат дека една третина од офицерите во бугарската армија се Македонци. Меѓу 86.000 учители има 2.600 Македонци, а меѓу 38.000 службеници 15.000 се Македонци. Четворица од осумте митрополити се Македонци по раѓање, а од вкупниот број 3.112 попови, 1.262 се Македонци.

Понатаму, секоја година, во потрага по среќа, во Бугарија доаѓаат по 200 до 300 македонски студенти од училиштата во Егзархијата. На тој начин, јасно е дека македонското прашање многу одамна за Бугарија престана да биде само политичко прашање. Тоа повеќе наликува на прашање со внатрешно-економски карактер.

Затоа, Бугарите апелираат до Европа да им даде на Македонците реформи – автономија, кралство или република, без разлика што било, само тие да можат да се вратат во својата сопствена земја – тие дојдоа да бараат слобода, а им го зедоа лебот од устите на Бугарите. Европа мора, порано или подоцна, да ги сослуша овие апели, бидејќи нема сила на земјата што може да го запре македонскиот офицер, војник или учител да не ја преминува границата оттаму каде што востанието само што не избувнало“.

 

Меморандум од британскиот конзул во Скопје, 1945 год.

Пропусница за второто заседание на АСНОМ

“…Комунистичката партија чија потчинетост кон Тито е без секое сомневање, се повеќе и повеќе ја контролира македонската влада. Во првата македонска влада, формирана во април, претседателот Лазар Колишевски е секретар на Македонската Комунистичка Партија; двајцата потпретседатели се комунисти и сите останати со исклучок на двајца министри. Во локалните национално ослободителни комитети секретарот, кој нормално е нејмоќен член, секогаш е непроменливо комунист. 

       Се повеќе и повеќе клучните места се непосредно контролирани од централната влада. ОЗНА која се чини има право на вето на многу одлуки на федералната влада и од корпусите за национална одбрана, кои дејствуваат како гранична стража, се засилени во Македонија и се одговорни непосредно на Министерот за национална одбрана. Границата со Бугарија е обновена и преминувањето меѓу Бугарија и Македонија стриктно се контролира. Дозвола за премин се добива само во Белград или Софија. Рудниците и железничките линии се ставени непосредно под контрола на Министерството на рудници и комуникации во Белград. Во овие две служби Македонците се обврзани да примаат српски техничари. Системот такса со исклучок на малите локални такси за локалните служби и снабдување на пари на федералната влада наскоро ќе биде координиран од страна на централната влада.

Формирани се граѓански судови и службата на јавниот правобранител за Македонија ќе биде директно одговорна на Министерот на правдата во Белград за водење на судските работи во федералната единица. Секој важен предлог закон од федералната влада мора да биде во детали упатен до Белград пред да биде активиран. Скопското радио, досега независно, е ставено под контрола на Белград. 

Во почетокот на јуни македонската воена команда беше распуштена и 5-та југословенска армија беше преселена во Македонија со Главен штаб во Скопје. Иако оваа армија се состои од македонски единици, се верува дека содржи најмалку една српска дивизија и една хрватска дивизија размислува да им се придружи. Таа е команда на генералмајор Родиќ кој со својот штаб, политичкиот комесар и поголемиот дел од неговите службеници се Срби. Се чини, исто така, дека Белград ја држи Македонија сосема изолирано од некои основни потреби и покрај тоа што помошта од УНРРА се очекува, таа се уште не почнала да пристигнува. 

Ова секако може да е чекор на централната влада за да им стави на знаење на Македонците колку се тие зависни од Белград…”

“Велика Британија и Македонија” (1945-1948)
документи, ИНИ, Скопје 1996, том II, стр.45-47;

 

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

 

 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.