v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

     НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ 1990 

Во 1989-1990 година, кога завршува социјалистичкото уредување, кога СФРЈ се распадна и кога на просторите на СФРЈ има воени дејствија, во Република Македонија се втемелува партиски плурализам и се одржаа првите повеќепартиски избори.



Први парламентарни, повеќепартиски избори на 11 ноември 1990 година.

На 11 ноември 1991 година, Собранието го изгласа и Уставот на државата. Се конституира првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, на 20 март 1991 годинабеше избрана Влада на Република Македонија - експертска, на чело со Никола Кљусев како претседател на Влада (за неа гласаа 83 пратеници, 17 беа против, а тројца воздржани), а Собранието го избра за претседател на Република Македонија го избра Киро Глигоров, а за потпретседател на претседателот е избран Љубчо Георгиевски. Најбројна пратеничка група е беше групата на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ, Социјалистичката партија, Сојуз на реформски сили, ПДП, НДП и ВМРО ДПМНЕ се партии кои го сочинуваа пратеничкиот состав на Собранието во мандатниот период 1990-1994 година. Министер за внатрешни работи беше Јордан Мијалков, кој загина во сообраќајна несреќа за која јавноста сметаше дека се случила под мистериозни околноти. На негово место дојде Љубомир Фрчкоски, кој во владата на Кљусев, покрај Јане Миљовски, Илија Андонов - Ченто и Алаетин Тоска, беше министер без ресор. Димитров сам си поднесе оставка, бидејќи не се согласуваше со тогашниот владин предлог околу матичната и педагошката евиденција на албански јазик во образованието. Точно на Велигден 1992 година, Македонија монетарно се осамостои.

Денко Малевски, oд 1991 до 1993 година, бил министер за надовршени работи на Македонија, а од 1993 до 1997 година постојан претставник на нашата земја во Обединетите Нации.

Денко Малевски од говорницата на Собранието на Република Македонија 1991 година ќе изјави:

 

''Јас Денко Малевски неможам да ја видам Република Македонија како независна држава''.

Денко Малевски - '' Независна Македонија без мене''...

 

Меѓу време после ''долѓи'' години, дали професорот зачекори во правиот пpавец, а то е: За Македонија?

28 ноември 2016

Малески: Гостувањето на Курц е дел од лични и државни интереси
Она за што не се зборува е дека во услови на драматична криза периферна држава во ЕУ нема да може да ни помогне, вели професорот.

Интереси, сѐ се врти околу лични и државни интереси, вака професорот Денко Малески го коментира појавувањето на
австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, на партискиот митинг на,...

......... Дури тогаш македонското општество би сфатило дека потешкиот пат, кој води преку тешки, искрени и
сериозни демократски реформи дома, бил вистинскиот пат, а оние кои барале повеќе од нас на тој план, биле нашите вистински пријатели - вели Малески.

 

Премиерот Кљусев од собраниската говорница ги презентираше пред целата јавност првите македонски пари - денари.

Денарот беше пуштен во промет во неколку апоени. Името на македонската парична единица го даде МАНУ. Од битните, државотворни закони, тие денови беше донесен и Законот за одбрана.

Владата на Кљусев изработи пакет економски реформи, но обидот за нивно спроведување пропадна, зашто Собранието тоа лето и изгласа недоверба на експертската влада на Кљусев. Глигоров го даде мандатот за формирање влада на најбројната партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски му го врати мандатот. Глигоров потоа му го даде мандатот на СКМ-ПДП Петар Гошев, но и овој одби да формира влада. Тогаш шефот на државата му ја даде довербата на Бранко Црвенковски, односно, одново на СКМ-ПДП. Во 1992 година Владата на Кљусев поднесе оставка, а влада формира Бранко Црвенковски од СДСМ.

Влади на Бранко Црвенковски 

Важно за него е дека од државотворните закони беа донесени: Законот за знамето и химната, потоа Законот за државјанство на РМ, Законот за лична карта, Законот за преминот на државната граница и движењето во граничниот појас, Законот за движење и престој на странци, Закон за патните исправи на државјаните на РМ.

Освен за знамето и химната, наведениве закони се правеа во МВР. Оние што учествувале во нивното составување денеска се присетуваат дека тоа биле всушност законите од СФРЈ, но само прилагодени на наши услови. Карактеристичен настан за овој мандат беше оставката што си ја поднесе министерот Антони Пешев, откако на 5 март 1993 година се сруши авион на "Палер" кај скопско Арачиново, а потоа и на 20 ноември истата година падна авион на "Авиоимпекс" кај Охрид. Ова беше прва и последна оставка во шестгодишното владеење на владата на СДСМ, со премиерот Бранко Црвенковски.

Во 1994 година, пред вторите парламентарни избори се формираше Сојузот за Македонија, формиран од СДСМ, Либералната и Социјалистичката партија. Изборите ги бојкотираше најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, како и Демократската партија на Петар Гошев, па така, на 19 ноември 1994 година беше инаугурирано новото Собрание со 58 пратеници од СДСМ, 29 од ЛП и 8 на СП, значи дури 95 пратеници од Сојузот. Останатите беа независни пратеници, како и од коалициите на помалите партии. За собраниски спикер одново беше избран лидерот на ЛП Стојан Андов.


Киро Глигоров беше избран за претседател на Републиката со мандат од 5 години. Изборна победа на парламентарните избори однесе Сојузот за Македонија на чело со СДСМ.

од мемоарите на Глигоров

Во Собранието влегоа и Социјалистичката партија, Либерална партија, ПДП, НДП, Партијата за целосна еманципација на Ромите, Демократската партија на Турците и назависни пратеници. СДСМ го предложи Бранко Црвенковски за мандатор, односно за претседател на Влада, во чија влада влегоа министри од СПМ, ЛП и ПДП.

Битно за овој мандат беше што беа донесени основните закони во правосудството - Законот за Републички судски совет, Законот за судовите, Законот за Јавното обвинителство, Закон за народниот правобранител, а се донесе и Законот за начинот на трансформацијата на општествената сопственост.

Hа 3 октомври беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот во 1995 со тешки повреди на главата.

Атентатот е евидентно дека е инструмент на непријателите на Државата Македонија за да се ''разлабави'' тврдиот став нa непопусливост на прецедателот околу знамето и понатаму околу името на Државата Македонија.

Јавна тајна по весниците тогаш е дека Прецедателот на Република Македонија, е дека Тој го предложи знамето ( Сонцето на Филип ) а, потоа и беше усвоено како државен симбол на Р. Македонија. Кога се гласаше зa знамето, беа предожени најмалку 33 предлози за знаме на Република Македонија. И одеднаш се појави Сонцето на Филип како предлог зa знамето, кое во тоа време НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО ПОЗНАТО во јавноста, бидејќи вистината за историскиот МАКЕДОНСКИ СИМБОЛ се криеше и веднаш беше усвоено,.. и нормално македонскиот народ природно се идетификува во својот вековен симбол.

Јавна тајна по весниците тогаш е дека Прецедателот на Република Македонија, сакаше да го ''трампи'' знамето ( Сонцето на Филип ) за уставното име на Република Македонија и на тој начин да го разреши проблемот со Грција.

На 3 октомври 1995 година пред хотелот Бристол во Скопје се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Тогашниот прв полицаец Фрчкоски, не поднесе оставка на функцијата, а во реконструкцијата што следеше по четири месеци, откако Либералната партија на Стојан Андов излезе од Сојузот за Македонија и ја растури коалицијата, замина на чело на дипломатијата.

02/12/2018

Причина било, криминалот што го вршел, Црвенковски, потоа биле ликвидирани и 8 - те телохранители на Глигоров, во неразјаснети околности.

'' Bо Октомври 1995 гoдинa  парламентот нa Република Македонија под притисок на Грција за знамето беше сменетo,... како и закон и измени на уставот како што е ОТКАЖУВАЊЕ НА грижата на  Република Македонија за Mакедонското малцинство во Грција и со напомена дека Република Македонинја нема теритријални претензии кон истата. ''. 

За '' Таа '' измена сносат одговорност и позицијата - влада во оставка ( ВМРО - ДПМНЕ ) и опозицијата ( СДСМ ) која беше на власт во тоа време.



   

знамето на P. Македонија од 1991-1995 и грб 

Bо Октомври парламентот под притисок на Грција за знамето беше сменетo,... како и закон и измени на уставот како што е ОТКАЖУВАЊЕ НА грижата на Македонија за македонското малцинство во Грција и со напомена дека Република Македонинја нема теритријални претензии кон истата. Со што Грција го тргнува НЕЗАКОНСКОТО, НЕ ЦИВИЛНО економско ембарго воведено против Македонија .

ВОЕДНО ПОД ПОСРЕДСТВО НА ОН - Обединетите нации ПРОДОЛЖУВААТ ДА се водат и СРАМНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО на Република Македонија 

Македониjа беше примена под СРАМНАТА КРАТЕНКА ПЈРМ - '' FYROM - former Yugoslav Republic of Macedonia '' 1993, во почетокот како за два месеци,.. ма тоа име сеуште е во сила во ОН а со тоа и прекрашување на 6 - тиот амандман на Обединетите Hации: ДЕКА СЕКОЈ НАРОД СИ ГО БИРА ИМЕТО НА СВОЈАТА ЗЕМЈА И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА СЕ МЕША ОД СТРАНА ВО ТОА . 

Македонија денес е признаета од околу 120 земји под усавното име .... 

 

знамето на и грб P. Македонија од 1995  

државниот Грб денес на Рeпублика Македнија

 

МАКЕДОНИЈА - МАКЕ ДОН И ЈА - И јас сум Македон, дете на Божицата Мајка Ма. Божицата Мајка МА е еквивалентно денес на Богородица.

Некој ќе праша кој е Македон? Македон е нашиот епски јунак. 

Македон е еквивалентно на ''Херкулес''. Некој ''умен'' во минатото го заменил Македон со ''Херкул'', заедно со некој ''свој топоним'' и си направил ''свои'' приказни, приказни кои и ден денешен ''се сервираат'' во училиштата, па и на телевизија и кино салите. 

''Маcedonia'' - Мацедониа или Мачедониа, ''Мazedonia'' - Мазедониа и ред други ''називи'', Македонците НЕМОЖАТ да ги објаснат. Некаде сакат да не прават ''мачиња'', а некаде не ''мазнат''.

Ако додадеме '' ј '' на ''Маcedonia'' ќе испадне ''Маcedonija'', па некои странци ќе прочитаат ''Мацедониџа'' или ''Мачедониха''. Години поназад грчкиот премиер Мицоткис се шегуваше во весниците:

''Не е проблем именувајте се ''Маcedonija'' ( Мацедониџа ), МА НИКАКО Маkedonia''. 

Така да ЕКСПРЕСНО некој '' умен '' го најде решението: '' Маcedonia '' на латиница, СО ТОА не само што станавме '' Бившата Југословнска Република '', МА СТАНАВМЕ и Бившата Римска провинција, каде бевме робови.
Ќе станеме ли, барем на име '' бившата '' Македонска Држава, ма таа на Филип и Александар Македонски, или тоа е само еден сон, на еден Македонец.

Затоа ''Маcedonia'' - Името на нашата Македонска Држава на латиница треба да биде како е што е од памтивек: ''МАKEDONIA''.

Македонија, или официјално Република Македонија - кирилица и е во ред

''Republic of Macedonia'' - латиница, нe e во ред

В Н И М А Н И Е странците постојано треба да се исправуваат кога го изговараат името ''словен'' тие изговарааат '' slav'' - слав, ''slavic''- славик или ''zlav'' - злав, а на нашата татковина ''Macedonia'' -  Мацедониа, е тука за името на татковината сме си криви самите.

НЕ ''Мacedonia''  - Мацедониа, МА ''Мakedonia'' - Македониа, бидејќи '' Makedonia'' - Македониа можеме да објасниме додека ''маcedonia''- мацедониа неможеме. Траѓи - комедијата е во тоа што официјално на латиница сме веќе '' Macedonia'' - Мацедониа,  затоа треба да се исправи во ''Макеdonia''' - Македониа, бидејќи странците читаат ''Мацедониа'', ''Мачедониа'' и ред друго. 

Ако Македонците не си го бранат идентитетоот зошто друѓите да ѓи почитуваат Македонцие.

НЕ ''slav'' - слав, што асоцира на ''sclav'' - склав = роб. 

Ако дозволиме да не оддалечат од ''коренот'' нема да можеме да го докажеме нашиот Македонски идентитет кој е од памти век.

Постои меѓународен закон да имињата на државите, градовите воопшто на топонимите: ''да се пишуваат барем приближно на официјалниот изговор на матичната држава'', додека кај нас во нашата Македонска Држава тоа не се почитува и се ИГНОРИРА. Албанците си го преименуваа нашиот Главен град Скопје во ''Shkupi'' - Шкупи и не само нашиот главен град. 

 

НЕ ''Скупи'', што асоцира ''на куп'', МА С'копје - со копје = Скопје. Во римско било  ''Scupi''.

Официјално главниот град на Р. Македонија - Скопје на латиница е: '' Skopje '', МА ДАЛИ знаете дека странците, претежно тие од западните земји, читаат: ''Скопџе'' или ''Скопхе'', затоа треба да се тргне буквата ''j'' и исправи во: ''Skopie'', така да странците ќе прочитаат, по прецизно ќе изговорат: ''Скопие'', без никаков проблем.

Скопје е главниот град на Р. Македонија, така да не само Aлбанците, МА СИТЕ, како граѓаните на Р. Македонија така и странците, се обврзани според меѓународен закон, ОФИЦИЈАЛНО ( дома нека си го именуваат како сакаат ) да го именуваат како Државата Македонија ќе каже. А не, на кој како ќе му текне.



Во 1996 година се одржуваат локалните избори, граѓаните избираа градоначалници на општините и Градот Скопје и советници на општините и Градот Скопје.

Во 1996 година се донесоа Законот за локална самоуправа и Законот за територијална поделба на Македонија. Од поважните, државотворни закони, фали уште Законот за грб, кој до денеска се уште не е донесен. Во 1997 година се случуваат финанскиско-корупциските скандали со "октоподите" и експлозијата врзана со пропаѓањето на пирамидалните штедилници на чело со ТАТ, и Црвенковски на 29 мај прави нова, последна реконструкција во тогашното шестгодишно владеење.


Влада на ВМРО ДПМНЕ

Во 1998 година се одржуваат третите по ред парламентарни избори на кои изборна победа однесе ВМРО ДПМНЕ.

На октомвриските избори во 1998 година, ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски извојува голема победа. 49 пратеници влегоа во Парламентот. Премиерот Георгиевски формираше коалициона влада со лидерите на ДА, Васил Тупурковски, и на ДПА, Арбен Џафери. Бројот на ресорните министерства се зголеми на 20, плус четири безресорни.


Во Собранието влегоа Демократска алтернатива, СДСМ, Коалицијата ПДП-А - НДП (односно Демократската партија на Албанците, ПДП, Сојузот на Ромите, СПМ. За претседател на Владата е избран Љубчо Георгиевски.

Георгиевски по неколку месеци го менува малку составот на кабинетот. На местото на Чадо го назначува Михајло Толевски, Џабирски си оди, доаѓа Марјан Ѓорчев во земјоделието, а се укинува едно безресорно место - си заминува Ѓорѓи Наумов. Пред Нова година, Георгиевски во 1999 година ја направи третата реконструкција на кабинетот. Го разреши Трајанов, а на негово место, на чело на МВР, ја постави Доста Димовска.

Со победата на ВМРО-ДПМНЕ и ДА, во МНР седнува алтернативецот Александар Димитров, препознатлив со признавањето на Тајван.

Во 1999 година се одржаа претседателските избори на кои за претседател на Републиката беше избран Борис Трајковски. Во 2000 година се одржаа локалните избори. Во 2004 година по трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски се одржаа претседателски избори, а за претседател е избран Бранко Црвенковски


Одбрана 

14 февруари – Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за одбрана на Република Македонија (Службен весник на РМ, број 8 од 15 февруари 1992 година).


21 февруари – Во Скопје е склучен договор меѓу претседателот на РМ Киро Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана на СФРЈ Благоја Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Република Македонија.

 


11 март – Постариот водник Сонко Ангеловски, за прв пат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата "Рамна нива" на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Истиот ден се преземени и караулите "Рамна нива" и "Коприва".

 


17 март – При пречекот на делегацијата на Република Словенија на чело со претседателот Кучан, за прв пат при пречек на висок гостин беше интонирана македонската државна химна "Денес над Македонија се раѓа", првпат беше построена Почесната единица на АРМ со македонско државно знаме и за првпат командантот на почесната единица, полковникот Стефан Лазаревски, на македонски јазик му рапортираше на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Република Македонија.

 


20 март – Заврши примопредавањето на граничните објекти – караули на Република Македонија со соседните држави: Бугарија, Албанија и Грција.
26 март – Во Скопје е преземен последниот и најголем воен објект на Македонија касарната "Маршал Тито", денес "Илинден".

 


27 март – Република Македонија ја презеде контролата над сета своја територија со своја војска. За ова е потпишан договор во Скопје меѓу претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија замина и последниот војник на ЈНА.
14 април – Во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Тоа беше велешанецот Панче Јамандиев, роден во 1970 година.

 


15 април – Во касарните во Скопје, во Штип и во Битола пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
17 април – Во Скопје, тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата, на кој пишува: "Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје". Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и на нејзиното воено осамостојување.
9 мај – Во касарната "Маршал Тито", денес "Илинден", првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска. Следните денови македонските регрути свечена обврска дадоа и во другите касарни на Републиката.
19 мај – На граничниот премин Меџитлија, кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со македонски, а следниот ден и на граничните премини Богородица и Дојран.

28 мај – Собранието на Република Македонија го донесе законот за преминување на државната граница и преминување на државниот појас. (Сл.весник на РМ бр.36/8 од 8 јуни 1992 година).
24 јули – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието "Одбрана".


 

27 јули – Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски – Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.


1993
3 јуни – Владата на Република Македонија донесе одлука со која 18 август, денот на формирањето на баталјонот "Мирче Ацев" во 1943 година, го прогласи за Ден на Армијата на Република Македонија.
18 август – За прв пат е прославен Денот на Армијата на Република Македонија.




1994
14 јуни – Војската на СР Југославија влезе 250 метри на територијата на Република Македонија кај месноста Чупино Брдо, кај Крива Паланка. Се повлече на 2 јули 1994 година.




1995
7 јуни – Собранието на Република Македонија го донесе Законот за Воена академија на РМ (Сл. весник на РМ бр. 30 од 14 јуни 1995)

17 август – Во Скопје, во составот на весникот "Вечер", излезе првиот број на "Армиски збор", весник на Армијата на Република Македонија.
15 ноември – Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО "Партнерството за мир".

????? ???????? ?? 1979 ??????: ?? ????? ?? ? ??????? ?????? ??????? ???

Македонска езерска морнарица


1996
1 февруари – Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ОН – УНПРЕДЕП да станат целосно независна операција во Р. Македонија.
14 јуни – Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски.
14 јули – Единица на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалните воени маневри "Мировен орел '96". Тоа е прва вежба од таков вид на единица на АРМ.


1997
24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година – "Спасител '97".

 


12 – 16 мај – На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба "Спасител '97", прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.
22 – 31 август – Во Пепелиште се одржа билатералната "Медицинска вежба '97-2".


1998
15 јуни – Во Република Македонија беше изведена воздушна вежба на НАТО "Решителен сокол", со учество на 79 авиони. На вежбата учествуваа и припадници на единицата за специјални намени "волци".
11 – 18 септември – На полигонот "Криволак" се одржа мултинационалната вежба "Најдобар кооперативен зафат '98" со учество на 26 земји, од што 13 земји членки на НАТО и исто толку на ПзМ.
2 декември – Владата на РМ донесе одлука за доаѓање на НАТО силите во Република Македонија во функција за извлекување на верификационата мисија на НАТО во Косово.


1999
2 март – Во Скопје, во касарната "Гоце Делчев" се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука, денес Воена академија на РМ.
29 јули – Во Скопје, во ворната академија, е промовирано произведување во офицерски чин потпоручник на питомците од првата генерација школувана во Воената академија "Генерал Михаило Апостолски".


2000
14 март – Претседателот на РМ Борис Трајковски донесе уредба за видот на униформите на припадниците на АРМ.
19 јануари – Во Скопје во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во РМ.
16 јуни – Основана е Првата гранична бригада на Армијата на Република Македонија.
21 април – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието "Современа македонска одбрана".
16 октомври – Врховниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Борис Трајковски и го предаде военото знаме на Првата пешадиска бригада од силите за брзи реакции од првиот корпус на АРМ. Со тоа е промовирана почетната оперативна готовност на Бригадата.
19 декември – Во Скопје, во Воената академија на РМ, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО.

На идеја на претседателот Борис Трајковски, се иницираат расправите за потребата од единствена национална стратегија во областа на безбедноста.

Македонија излезе единствена од СФРЈ без војна, но исто така, остана и без целосното оружје и опрема што ЈНА ја имаше во земјата. Избегувајќи ги конфликтите, тогашниот претседател Глигоров ја остави ЈНА се да изнесе од Македонија, одејќи на варијантата дека на земјата можеби не и е потребна армија, и дека треба целосно да се демилитаризира. Во тоа време, уште се талкаше во дискусиите дали да се формира македонската армија, или, да се браниме со таканаречената политика на еквидистанца, исти односи со сите соседи, што би ја спречило можноста за војна. Ситуацијата малку мрдна со добивањето на околу стотината тенкови Т-55 на подарок од Бугарија, кои го истераа главниот терет на војната, во времето кога минситер за одбрана беше Никола Кљусев.

Македонија набави хеликоптери, авиони и тенкови од Украина, што подоцна беше запрено и од централата на НАТО и од самата Украина.

Главниот дел од создавањето на денешниот армиски арсенал, дојде во времето на министерувањето на Љубен Пауноски, кога и се интензивираа контактите со НАТО.

 

Грчки документ од 1979 година: На Атина не ѝ пречело нашето уставно име

Грчки документ од 1979 година: На Атина не ѝ пречело нашето уставно име

Писмото е потпишано од Константинос Цацос, поранешен шеф на грчката држава, кој беше на власт од 1979 до 1980, а важеше за еден од најблиските соработници на Константин Караманлис постариот

Грција немала никаков проблем да ја именува нашата држава под уставно име во времето на поранешна СФРЈ. Тоа го докажува и овој документ – писмо за именување на генерален конзул на Грција во Скопје од 1979 година од властите во Атина, во кој нашата држава се именува како Социјалистичка Република Македонија.

„Со назначување и прифаќање на номинацијата на г. Antoine Nicolaidis во својство на генерален конзул на Грција во Скопје, со надлежност на територијата на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичката автономна покраина Косово, за сите наши граѓани кои живеат таму, или кои доаѓаат да тргуваат, или да извршуваат други активности, добиваат помош и правна заштита… Ја молиме Владата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија да му овозможи целосно и слободно извршување на своите конзуларни функции и да му ги даде сите права и привилегии што ги уживаат сите конзули од другите земји“, се вели во документот од 14 септември 1979 година.

Како што може да се види, писмото е потпишано од Константинос Цацос, поранешен шеф на грчката држава, кој беше на власт од 1979 до 1980, а важеше за еден од најблиските соработници на Константин Караманлис постариот.

Професорот од Солун, Власис Власидис, за Телеграф.мк го дава своето видување зошто Грција во тоа време без проблем ја именувала како Македонија нашата држава.


- Земјата беше дел од југословенската држава. Тоа беше внатрешно прашање на Југославија, а не меѓународно – смета Власидис.

И од други документи од архивата може да се забележи дека на грчките власти не им пречело уставното име во периодот пред независноста.

Поголемите политички партии во Грција на 13 април 1992 се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Македонија. Грчката дијаспора, исто така, се мобилизира вршејќи силен притисок во Соединетите Американски Држави и во Канада. И денеска, грчките иселеници се најтврдокорни во тврдењата дека Грција во преговорите за името не смее да попушти за тоа зборот „Македонија“ да биде дел од името на соседната држава.

 

Војна 2001



26 февруари – Во реонот на селото Танушевци, во непосредна близина на граничната линија на македонско – југословенската граница (во делот кон Косово) дојде до вооружена престрелка меѓу органите на обезбедувањето на нашата граница со (тогаш) непознати вооружени лица во црни и во маскирни униформи. Почетокот на кризата во РМ.

23 февруари – Во Скопје е потпишан договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ.
14 март – Ескалација на судирите со албанските терористи. Во Тетово е одржан митинг со милитантни пораки. За време на митингот, албанските терористи отвараат оган врз безбедносните сили од Тетовското Кале и од околните села.

13 мај – Формирана Владата на политичко единство со цел да зајакне безбедноста на државата и да дојде до нејзино стабилизирање.
30 мај – Собранието на РМ го донесе Законот за одбрана (Сл. весник на РМ бр. 42 од 1 јуни 2001 година). Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ е донесен на 14 февруари 1992 година.

Текот на војната

ТанушевцииТетово

Планот за воената акција МХ-2 во Тетовско


Конфликтот неофицијално во Македонија започнува со нападот на полициска станица во Теарце на 22 јануари 2001. На 16 февруари 2001 година во пограничното село Танушевци, новинарска екипа на А1 телевизија била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени. По ова започнуваат двонеделни препукувања меѓу безбедносните сили и терористите. На 14 март бојното поле се префрлило во Тетово, во месноста Кале биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција.

 

 

Веќе на 23 март, од страна на властите во Република Македонија била донесена одлука за голем напад врз позициите на ОНА. Македонската армија им нанела голем пораз на припадниците на ОНА. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.

Масакрот кај Вејцe

По околу двонеделно стишие, на 28 април, на патот меѓу селата Селце и Вејце во Тетово, 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени. Според извршената обдукција, утврдена по смртта, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани. По ова, низ поголемите градови во Република Македонија започнал голем револт на месното население. Македонските власти, во меѓувреме упатиле повик кон ОНА за прекин на огнот кој истиот не бил прифатен.

Сторителите

Полициската белешка, насловена како „сознанија за грозоморното убиство крај селото Вејце, Тетовско“, била заведена под број 470/13.11.2001, пишуваше „Време“. Според полициската белешка, како што наведува „Време“, масакрот го раководеле Шинаси Исмаили или попознат како командант Хоџа, Иљас Цека - Ќори, и Билал Цека - Брада, тројцата од Косово. Иљаз Цела бил задолжен со два милиона германски марки да ги исплати странските војници-платеници од западните земји, муџахедини и доброволци од земјава. Билал Цека, пак, бил припадник на Косовската разузнавачка служба и еден од главните организатори на снабдување на ОВК со оружје.

Од „домашните“ учесници во акцијата, покрај Хазби Лика, биле наведени и Иса Лика - Илир, Раим Сами - Зогу, Изаир Сами - Шурли, Асим Бајрами - Пуча, Енвер Рифати - Џаџи, Исак Абдурамани, Муарем Велиу, Екрем Вејсели, Фадил Османи, Љуљзим Ислами, Ибрахим Емини, Џават Џемаили, Башким Рустеми - Кими, Хајри Османи, Хисен Џемаили, Абаз Емини и Рамадан Емини. Повеќето од нив се од Тетовско, а неколкумина од селото Вејце.

Дел од извршителите биле добро обучени како поранешни припадници на ОВК од Косово. Тие неколку дена пред нападот се подготвувале и вршеле обука во логорот во Косово кој се наоѓал во непосредна близина со границата со Македонија. Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Тие, во содејство со група терористи од Тетовско, ја организирале заседата и го извршиле терористичкиот напад врз патролата на македонските безбедносни сили, за што имале широка поддршка и од месното население. По нападот некои од нив се засолниле во селата Вејце, Бродец и Бозовце, а некои се повлекле во Косово, при што го минирале патот по кој се повлекувале, пишувало во службената белешка на МВР, наведе „Време“.

Учество на муџахедини во масакрот кај Вејце

Постојат конкретни сознанија за учество на странски муџахедини во масакрот кај Вејце. Имено, Oџата од Слупчане, кој неодамна донел муџахединска група, а под водство на еден муџахедин што се борел во Чеченија е извршен и масакрот во Вејце.

Муџахедини во Македонија 2001 година. Муџахедините на сликата се Рифат Мујота, Бекир Халими, Мохамеда Али Н. и Јетула Хари (Командант Гури). Дел од нив се од Косово, Саудиска Арабија и Турција. Според весникот Вечер, околу 150 радикални исламски платеници во 2001 се бореа на страната на ОНА.

Постојат сигурни докази дека тој подолго време има директни врски со Јакуп Асипи, оџа од кумановското село Слупчане, кој за време на молитвите го повикува локалното население на света војна - џихад.

Оџата од Слупчане пред извесно време престојувал во една арапска земја, се претпоставува Саудиска Арабија, од каде што со група муџахедини дошол на Косово, по што му се изгубила трагата. Се претпоставува дека муџахедините, обучени за извршување терористички акции, се префрлени во Македонија.


Борби во Кумановско

Планот за воената акција МХ-2 во Кумановско
На 4 мај околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово. Со ова, се отворил уште едно бојно поле. Борби се воделе во селата Слупчане, Ваксинце, Матејче, Липково, Оризаре, Отља итн. Развојот на војната во тој момент бил на страната на ОНА. По ова следеле двонеделни позициони борби.

На 24 мај, македонските безбедносни сили започнале голема акција во селата Ваксинце и Слупчане при што било ослободено Ваксинце. Нова ваква акција започнала на 9 јуни за ослободување на останатите окупирани села главно во Слупчане, Матејче, Оризаре, Отља итн. Во борбите кои почнувајќи од 2 мај се воделе во Слупчане и Кумановско загинале 105 терористи на ОНА.

Лешочки манастир

Остотоци од црквата по разрушувањето во 2001

Манастирот по втор пат бил разрушен за време на воениот конфликт во тетовско на 21 август 2001 година. Уништувањето на манастирот предизвика широка реакција во Македонија и светот. Чинот на рушење бил споредуван со настаните од Авганистан, кога Талибанците ги уништувале будистичките храмови во земјата.

Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата била разрушена до темел, со минирање.

Остотоци од црквата и фреските, 2001

Е евидентно дека терористите oд така наречената ОНА планирале етничко и културно чистење.

Неговото преосветување било на 14 октомври 2007 година, кога Македонската Православна Црква прославувала 40 години од својата автокефалност. На празникот на Покров на Пресвета Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј“. Осветувањето на Црквата го извршил Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а на чинот на осветувањето присуствувале и поголем број од архиереите на Синодот на МПЦ.

 

''Колку малку требаше нечија омраза, па овој храм да се претвори во урнатини, и колку многу љубов требаше потоа па од купот камења повторно да се изгради ова велелепно дело, изјави по осветувањето Поглаварот на македонската православна црква'' - Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Tерористите oд така наречената ОНА планирале етничко и културно чистење.

Зографирањето завршило по 10 месеци активно работење на седуммина зографи од Националниот конзерваторски центар предводени од конзерваторот Момчило Трајковски. Исцртувањето на фреските и уметничкото уредување на внатрешноста почнало во октомври 2006 година.

 


22 јуни – Македонските безбедносни сили ја почнаа решителната офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско.

 


23 јуни – Двата борбени авиони "сухој" 25 на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејства над македонското небо.

 


 

3 јули – Кај селото Радуша, Скопско, безбедносните сили на РМ водеа една од најжестоките битки против албанските терористи.

 

Во видеото е прикажано првото дејствување на борбените авиони „Сухои Су-25“ во битката за Радуша. Ракетите беа исфрлени од Водно и многу прецизно ја завршија работата. Со дејството на Сухоите, офанзивата на терористите од КЗК (Косовски заштитен корпус) и ОНА беше прекината, и веднаш после огромните загуби се повлекуваат, по што заврши битката за Радуша.

Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во советската војна во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.

Во пролетта 2003 година Македонија декларира ''дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони'', а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ. Истовремено, од формацијата на АРМ „исчезнаа“ и четири борбени хеликоптери „ми-24“. Оттогаш четирите борбени авиони почиваат на стојалиште во касарната „Страшо Пинџур“ до скопскиот аеродром.

Последниот официјален став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите на одбраната, ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. „Сухоите“ не постојат во списоците на опрема на АРМ.

Во декември 2011 година заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, изјави дека постоеле размислувања „сухоите“ да бидат модернизирани и да се вратат во употреба како дел од Балканската регионална иницијатива за обезбедување на воздушниот простор (БРААД) преку која НАТО сака земјите од регионот да ги вклучи во единствен систем за набљудување и патролирање на небото, компатибилен со тој на алијансата. Но, досега Министерството за одбрана не донесе таква одлука.

Воени извори велат дека не е невозможно авионите да се доведат во состојба за оперативна употреба, но нагласуваат дека тие веќе девет години стојат на сонце и на ветер на воениот аеродром, а „ресурсите им се одамна истечени“, односно голем дел од системот го поминал животниот век, што е проблем и кај леталата што АРМ активно ги употребува. Модернизацијата на „сухоите“ е уште поскап проект. Згора на сè, во меѓувреме е намален и бројот на пилоти оспособени за лет со ваков вид воздухоплов.

Досега се разгледуваа неколку варијанти за судбината на авионите. Набргу откако беа прогласени за вишок, првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набрзо отпадна. Се разгледуваше можноста да ~ се вратат на Украина во замена за транспортен авион „ТУ-74“ или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но, ни оваа опција до денес не се реализира.

Во преговори со западни сојузници една од варијантите беше „сухоите“ да се дадат како донација на трета земја од партнерските држави, а АРМ да добие донација транспортен авион од западен сојузник.

 

Овој тенк не бил заробен од терористите во битка, ма бил напуштен од резервистите на АРМ, откако бил онеспособен заради механички причини. Тенкот не бил вклучен по тоа во борбените дејства во 2001 година, нo бил користен за пропаганда од страна на терористите.

терористите oд така наречената ОНА


5 јули – Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи
.

 

 

Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. 



На 13 мај 2001, со посредство на меѓународната заедница, во ресторанот на Пантелејмон на Водно, се формира влада за национален спас, широка коалиција, во која влегуваат сите парламентарни партии. ДА е надвор од таа влада, зашто ја напуштаат постепено сите пратеници и влегуваат во новоформирани помали партии. СДСМ влегува со двајца министри и еден потпретседател на владата, ПДП со министер и вице-премиер, ЛДП и ВМРО-вистинска со еден министер. Љубе Бошкоски станува министер за внатрешни работи, а Доста Димовска оди за вице-премиер. Набргу СДСМ и ЛДП излегуваат од широката коалиција, а на нивно место влегуваат доскорешните алтернативци. 

 

припадник на специјалниот одред во мисија

припадник на специјалнитe единици на АРМ 



13 август – Претседателот на РМ Борис Трајковски, и лидерите на ВМРО – ДПМНЕ – Љубчо Георгиевски, на СДСМ – Бранко Црвенковски, на ДПА – Арбен Џафери и на ПДП – Имер Имери, го потпишаа Рамковниот договор за разрешување на политичката и безбедносната криза во земјата. Согласно со Договорот, следеше мисијата "Жетва", а потоа и мисијата на "Килибарните лисици" во нашата земја.

Единици на МВР пред влезот на Арачиново

Hа околу 350 бунтовници им било дозволено да го напуштат селото со своето оружје, со помош на американските трупи кои служеле во КФОР и силите на НАТО во Косово, ОБСЕ и Мисијата на Европската Унија. На македонската страна и било наредено да се повлече.

извлекувањето на терористите од Арачиново

Покрај ангажирањето на НАТО во извлекуваењето на терористие од Арачиново, забележано е присуство на нивни припадници и за време на самите борбени дејствија. Во првиот ден од битката на 21 јуни биле ранети 2 странски државјани во непосредна близина на Арачиново, при што началникот на ГШ на АРМ Панде Петровски бил известен од страна на полковникот Милисав Таштановски дека тоа биле 2 Американци, по што полковникот Таштановски добил наредба да ги испита и да им ги земе документите, а потоа да ги предаде на воениот аташе на САД полковник Роберт Линч, бидејќи генерал Панде Петровски сметал дека тие сакале од непосредна близина да ја набљудуват акцијата како што било случај и со операциите во Куманово. Потоа, на 24 јуни 2001 година, тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, прифаќајќи ја идеата за извлекување на терористите од Арачиново со посредство на НАТО, на претседателот Борис Трајковски му кажал дека во Арачиново се наоѓале 30 нивни луѓе за што ветил дека ќе даде и список по запирањето на акцијата и нивното извлекување.

на цивилите било разделено оружје за самоодбрана

Последен случај на вмешување на НАТО за време на овие настани, било фаќањето на радар на 6 авиони ловци - бомбардери кои имале курс од Италија преку Албанија кон Македонија за што бил известен началникот на ГШ на АРМ Панде Петровски од страна на бригадниот генерал и командант на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана Ѕвонко Стојановски. По ова генерал Панде Петровски издал наредба за следење на авионите и подготовка за пребазирање на хеликоптерите на резервен аеродром во с. Лозово.

Генерал Панде Петровски сметал дека ова било знак дека НАТО биле спремни да употребат сила врз Македонија доколку се продолжи со дејствата.

Македонски специјалци на МВР во Арачиново


Според генералот Панде Петровски, кој командувал со арачиновската операција, АРМ располагала со околу 18.468 војници со оклопни батаљони и професионални екипажи, 54 тенка, со 120-130 минофрлачи, 40 хаубици, 10 лесни ракетни лансери, 135 оклопни траспортери, хеликоптери „МИ-24“, „МИ-17“, „МИ-8“ и два борбени авиони "сухој" 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, за воени дејства и доволно количество муниција за извршување на една завршна операција и целосно разбивање на ОНА.

Битката траела само три дена, откако албанските бунтовници, истакнувајќи бели знамиња, дале знак дека се предаваат. Борбените дејствија траеле непрекинато се до 25 јуни во 13 часот, кога по наредба на врховниот командант и претседател Борис Трајковски, воените активности биле прекинати поради состанокот со високи лица од НАТО и ОБСЕ, со претходен контакт и договор со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Според проценкитен на ГШ на АРМ, бројноста на терористите во Арачиново била меѓу 1000-1500 припадници.

Олеснителна околоност за појавувањето на терористите во Арачиново било тоа што за разлика од другите села во кризните региони чие население ги напуштило селата, населението на Арачиново останало во своите домови, а дел од населението било ангажирано во помошни логистички работи за одбрана.

По повеќе состаноци на Координативното тело за справување со кризата, на 18 јуни е донесена одлука да се нападнат и разбијат терористите во Арачиново.

Граѓански собир и нереди пред Собранието

Како знак протест по повод извелкувањето на терористите со поддршка на највисоките претставници на НАТО и ЕУ, истата вечер околу пет илјади Македонци, меѓу кои голем број на полициски резервисти, се собрале пред Собранието во Скопје на протести, барајќи да им се обрати државниот врв. Граѓаните протестирале околу седум часа, од дваесет до два часот изутрина, заедно со резервниот состав и дел од "Тигрите", а присутните редовни полицајци кои го обезбедувале протестот изјавувале дека се на страната на нивните колеги и на насобраните граѓани и дека ќе одбијат секаква евентуална наредба да удрат по својот народ.

Протестот во кој учествувале резервни и редовни војници на АРМ и спцеијалци на МВР се претворил во масовни немири, кога околу 21:45 група од 50-ина демонстранти влегла во Собраниската зграда, додека разгневените граѓани кршеле прозорци од зградата на Собранието.

Во масовните нереди настрадале повеќе прозорци од зградата на Собранието, бил демолиран дел од внатрешноста на собраниските простории за состаноци, уништени биле 2 возила на МВР и едно на ОБСЕ, искршени и ограбени биле 2 дуќани во ГТЦ. Насобраните граѓани се разотишле по доаѓањето и обраќањето преку мегафон на полицискиот генерал Ристо Галевски.

Причини за војната од 2001 година со сигурност е економската и политичката нестабилност во државата, за тоа било виновно македонското раководство од тоа време.

Дел нa Албанците од Македонија, некои и биле насила вклучени, а помигнати во добар дел од дел на албанците од Косово и структури, ( има и некои друѓи надворешни влијааниа ма нема доволно докази во моментот) биле излажани да влезат во воен конфликт кои неможеле да го добијат,.. нека не се залажваат таа ''битка '' била нерамна.

Што добија грѓаните од деловите зафатени со воени дејства од 2001?,.. апсолутно ништо,.. нивната економска и политичкa положба, не е подобрена напротив е отежната, не се поправа и нема да се поправи со овие политичари како во минатото така и во моментот. Граѓаните за да ја подобрат својта економска повожба се принудени да одат на печалба во странство,.. зборувам и за македонците и за друѓите.

Сеуште има раселени лица од воениот конфликт од ''2001''.

Граѓаните од зафатените места од воениот конфлик од 2001 година, ма не само од тие делови ма и од целата територија на Државата Македонија имаат потреба од економска и политичка стабилност.

Излез од политичката и економката криза како во минатото, така и сегашноста е сите граѓани што живеат во Државата Македонија е да работат во интерес на Државата Македонија. Друг излез нема.

 

Република Македонија за прв пат во историјата доби 6 Хашки случаеви,.. 2 за Македонските бранители и

 4 за ''бунтовниците''. ''Бунтовничките'' случаеви за воени злосторства не поминаа ниту еден ден во затвор во Хаг, додека и двата Македонски ''случаеви'' Тарчуловски и Бошковски ја ''истераа'' казната до крај.

*** 04/092018

Претседателот Борис Трајковски за мир и соживот на 26 септември 2001 година ѓи амнестира сите ''бунтовници'' од ''2001''.

 

Историјата на Република Македонија продолжува ма за жал во негативна насока,.. бидејќи Државата Македонија била и е водена сеуште од неодговорни политичари,.. ма за тоа понатаму,.. тоа е друга историја,.. траѓи - комична за жал.

Нека не се залажуваат непријателите на Државата Македонија, воено безбедносната ситуација денес е многу по различна. Авантури од типот на ''2001'', повеќе нема да биде дозволено на територијата на Република Македонија. 

Владата на Никола Груевски во 2006 година го укина задолжителното служење воен рок, а од 2007 година почна доброволното служење, по 500 регрути годишно.  Потоа генералите на АРМ, прават неуспешни обиди за враќање на регрутниот систем, бидејќи се свесни за грешката, на укинувањето на регрутниот систем,.. е едноставно АРМ, нема војска. Не е исто 20 - 30 000 регрути,  oд 500 регрути годишно. 

Владата и ГШ требаше да стојат, исправено се додека  не се обезбеди соодветен одбрамбен систем на РМ. 

APM со регрути

 

  APM без регрути, празни строеви

         После 2001, редовите на АРМ, се пополниjа со ''помилувани'' терористи, каде бранителите беа отпуштани од работа, а помилуваните терористи остануваа, беа привилигирани, срамот отиде и до таму што помулуван терорист и дезертер стана Министер за Одбрана на РМ. Модернизација, на АРМ никаква, напротив и тоа што го имаше застaри и неупотребливо. Така ли во воен сојуз.

помулувани терористи  станаa Министери  на РМ.

Во 7 годишното ''прецедателство'' на Ѓорѓе Иванов, единствена рефора и модернизирање што ја направи во АРМ е тоа да на почетокот на 2018 да и поклони телевизор ( да му дадеме уште маку време, можеби ќе се разбуди од зимскиот сон ).
Додека Владате на РМ после 2002 единствена реформа е да им набават дигитализирани одела, некоја современа автоматска пушка за мисии,  додека сите борбени (2002 имаше 7-8,.. па им било многу,.. кој ви е ''генералот''?)  хеликоптери  ( 2 ) се приземјени, еден приземјен заради неопходен ремонт, друѓитот имаше несреќа, каде пилотите траѓично загинаа, велат при ''ноќна'' вежба. 

Така ли во Bоен Cојуз. Кој сака Bоен Cојуз со неопремена армија. 

Скопје - Македонија 2016

Заради Глобалното затоплување и промена на климата, Република Македонија е изложена на невреме. 

Негативниот однос на политичарите во Република Македонија ја подложуваат државата, да се справува, без успех, co климатските пореметувања, без да спроведат ефикасен план за справување со климатските промени, а последиците се повеќе од катастрофални.

 

ја уништија  APM,  20/10/1918

 
 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.